Модел на Ролс Ројс, фото: Rolls Royce

Вашата имагинација Ролс Ројс ја реализира со Bespoke
  Сите планови на идниот сопственик можат да оживеат со рацете на врвните занаетчии кои сопствените традиционални вештини ги комбинираат со најнови технологии. Детални цртежи, компјутерски шеми и планови, сè што претставува идеја може да се претвори во реалност. Со примена на ласерски прецизни технологии и употреба на дрво, бои и најквалитетни материјали кои во комбинација на Мастер техники нечија визија може да се претвори во реалност.
  Во внатрешен дизајн спаѓаат и материјали, секако, од природно дрво кое може да се обработи а да потекнува од вашиот имот, како на пример орев, и да се искористи за дизајнирање според желба. Bespoke тимот од дрвените материјали може да обликува најразлични форми, обогатени дополнително со фурнири.
  Кожата за ентериерот е од најдобар природен квалитет кој се добива од бикови одгледувани на планински врвови во Бавариа на висини каде нама комарци. Овие ситни инсекти можат да ја оштетат кожата на биковите и таа да зарасне со лузни. Во природната средина биковите живеат слободно, во смисла дека можат да се движат без да бидат ограничени од жичани огради кои исто така можат да ја оштетат нивната кожа. Потребни се 12 А-класа кожи за да се обложи 1 автомобил на Ролс Ројс.

Седишта од високо квалитетна кожа, фото: Rolls Royce

  Откако ќе се одберат примероците нивните кожи се носат во Goodwood центарот каде се изложуваат на Климатски тест. Во специјални комори на темпертури од -10С° а потоа брза промена до +100С° и повторно до -10С°. Така константно во период од 24 часа 10 дена по ред. Тоа е причината зошто кога седите на кожата, во Ролс Ројс автомобил, таа не крцка и можете да се поместувате, лизгате, по седиштата безвучно.
Бојата на кожата може исто така да се одбере според желба. А реализацијата продолжува со нанесување на различни колор нијанси пигменти низ целата површина на кожата. Пигментите пак овозможуваат кожата да „старее“ на прекрасен начин.
  Екстериерот на Ролс Ројс, на неговата лимарија, се бои со палета на фарби. И повторно по желба. Баш таква нијанса каква си замислил сопственикот. Порано во процесот на фарбање биле вклучени раце на робот во комора и овој начин бил комплетно автоматизиран но, заради предноста на рачната изработка во однос на автоматизацијата, денес повторно се вратени човечките вештини на занаетчиите кои со раце го поминуваат целиот процес на обојување од почеток до крај. Дизајнот кој се креира, доаѓа по комплетното фарбање на автомобилот, се изведува од занаетчии кои понекогаш за само една линија по цела должина на страничниот дел од лимаријата поминуваат 3 саати со уметничка четка и боја. А да не спомнуваме дека во зависност од желбата може да се нацртаат повеќе линии и монограми.

Монограм на страничниот дел од Ролс Ројс, фото: Rolls Royce

  Bespoke тимот продолжува понатаму, на кожата на седиштата, панели на врата, перничиња за глава, може да се навезат слики, лого, монограми со дури 25.000 дупчења на еден пример. Резултатите што се добиваат од овие форми даваат 3Д димензија а не рамна слика. Примерот со тигарот од фотографијата покажува дека доколку на него се насочи светлина тогаш на главата и на носот истата ќе се одбие а останатиот дел ќе остане во сенка во однос на оние детали кои треба да се потенцираат.
  На инспирацијата и нема крај, идните сопственици можат слободно да учествуваат во создавање на многу елементи од нивниот Ролс Ројс автомобил. Со имагинација која може да се оживее со експертите во тимот на Гудвуд, затоа оригиналноста е толку присутна кај овие коли бидејќи секој примерок е уникатен.

Подготвил: Игор Манев
Датум: 22 Февруари 2016
  Но Хенри имал подобра идеја а таа била да направи кола со најдобар квалитет без разлика на цената. Од тогаш, во далечната 1904 година, па до денес тимот на Ролс Ројс се води со истата желба за создавање на автомобили до перфекција. Од 1 јануар 2003г. локацијата Goodwood plant е официјално отворена за бизнис и служи како главен центар за дизајн, производство и собирен центар на Ролс Ројс.
  Производството продолжува со истиот начин, до перфекција. Во просек се потребни околу 450 работни саати и 60 пара раце за да се дизајнира ентериерот до совршеност, да се конструира и рачно изработи пред да биде на дофат на сопственикот.
  Bespoke сервисот нуди можност вашата инспирација да оживее. Идните сопственици своите замислени идеи, со помош на дизајнери, ги претставуваат на бела хартија со цртежи на кои се претставени познати астрономи, легендарни кралеви, европска уметност, форми на тигар, коњ, ѕвездени констелации итн. А потоа се реализираат со рацете на вештите занаетчии. Би било оригинално во внатрешниот дизајн да се креира македонско сонце од Вергина со 16 зраци, каде на црвена основа би сјаело извезено со златни конци на седиштата од чиста природна кожа во моделот Ghost Series II Extended Wheelbase.
  Пред околу повеќе од 112 години кога господинот Хенри Ролс го дизајнирал својот прв Ролс Ројс, еден негов пријател добронамерно го посоветувал со зборовите „направи кола во која можеш да веруваш и со ниска цена“.