Пред околу една година и половина на ден сабота 15.11.2014 во 16 часот и 20 минути, улица Теодосиј Гологанов, во близина на Католичка црква во нас. Центар. Се случила трагична сообраќајна несреќа. Иако постојат сведоци сепак, овој немил настан сеуште претставува мистерија во Македонскиот суд.                                      
  Приказната започнува на истиот ден кога синот Иван предходно се најавил на татко му, Стево Билински, дека ќе излегува во некое кафуле со неговото друштво за да се прошетаат. Откако татко му Стевче му рекол да си дојде порано за ручек, Иван потврдил а потоа заминал за да се види со другарчињата.                                                    
  Неговата мајка Перса Билинска била во Сити Мол со другарка нејзина Лидија за да прошетаат низ продавници. Во тоа време се јавува кај Перса на мобилен, другарче на Иван, кој кажува дека Иван бил удрен од кола но не знаејќи ја вистинската состојба рекол ,,ама не е ништо страшно“.                                                                                     
  По разговорот на мобилен, Перса заедно со другарката заминуваат со такси во Ургентен центар. Таму веќе биле другарчиња на Иван како и неговиот татко Стево со насолзени очи. Поради силната вознемиреност една медицинска сестра им понудила средство за смирување апчиња и инјекција. Мајката Перса во тие моменти била многу нервозна па од тие причини и на нејзе и понудиле инјекција за смирување, но Перса одбила. Во оваа стресна ситуација на едно од другарчињата на Иван му се слошило а потоа и на другарката на Перса. Медицинскиот персонал веднаш интервенирал и им дале инфузија.
Перса Билинска, Кустос во
музејот-црква св.Спас во Скопје, фото Игор Манев
  Во интервјуто со Перса Билинска, кустос во црквата-музеј св.Спас, разговаравме токму за овој настан кој го заврте за 360 степени нивниот живот, нејзиниот и на сопругот.
 
Игор Манев: Каде бил Иван пред да се случи сообраќајната несреќа?                                                                                   
  Перса Билинска: Биле во кафуле во близина на Католичка црква, во нас. Центар, околу 16.00-16.10ч. тргнале од кафулето и пешки се упатиле кон пешачкиот премин за да ја преминат улицата Теодосиј Гологанов и од таму секој на пат за дома.
  Семафорите трепкале на жолто светло за автомобили, ама нема врска тоа! Како прво што возачот треба да има во глава е пешачки премин и плус треба да намалува брзина. И поминувајќи на пешачкиот премин Иван тргнал прв а позади него биле неговата другарка Т.Д и другарот П.П. Кога Иван стигнал до средина на пешачкиот премин тогаш црвен автомобил Хонда го заобиколила и продолжила. А џип Туарег со голема брзина, не 100км како пишуваше во весник туку, со 125км на час возел. Тоа значи дека готово! Го усмртува Иван. Што бил жив Иван? Бил жив до 19.25ч.             
  Игор Манев: Што велат првите сведоци, неговите другарчиња за овој настан?                                                            
  Перса Билинска: Другарчињата велат дека црвената Хонда го заобиколува и потоа одма го удира Туарегот. Се гледаше и од фотографии дека Туарегот од напред е смачкан. Е сега овие, Туарегот, што го бранат возачот на Туарегот префрлаат дека Хондата го удрила, не било така!                                    
  Игор Манев: дали Иван покажувал знаци на живот по ударот?                                                                                 
  Перса Билинска: Покажувал да, покажувал знаци на живот, дишел уште. По ударот другарката Т.Д. спискала ,,Леле Иван…!“ а потоа заедно со П.П. дотрчале до него. Таткото на П.П. работел во Брза помош и откако синот му јавил за сообраќајката тој веднаш дошол за 2 минути. Го земале Иван и итно го однеле во Државна болница во Урегентен центар. Сакам да кажам дека Иван не може да биде удрен од црвената Хонда.

  Игор Манев: Што вели Полицијата, нивните документи за местото на несреќата?

  Перса Билинска: Полицијата има направено записник!

  Игор Манев: Што кажуваат податоците од тој записник?

  Перса Билинска: Податоците покажуваат дека Туарегот со голема брзина се движел и го удира Иван, а не го удира црвената Хонда. Туарегот го удира потоа застанува а Иван по ударот паѓа на земја и едната патика ваму а другата патика таму.

  Игор Манев: Што велел возачот на „Туарег“ Џенис Мекиќ по несреќата?

  Перса Билинска: Тој излегол од џипот и се тресел а медицинскиот персонал од Брза помош му дале апчиња за смирување. Најверојатно од втората Брза помош од болница ,,8-ми Септември“. Џенис Мекиќ не зборувал ништо. Кога дошол неговиот татко тој му се обратил со зборовите: „Што си направил бе сине, што си направил…?“ Така кажуваат сведоците. И него го однеле одма во „8-ми Септември“. Сакав да кажам дека во записникот на полицијата пишува дека Џенис Мекиќ имал 0.0 промили алкохол и не примил никакви седативи. Како може тоа? Можеби бил пијан, можеби пиел седативи.

  Игор Манев: Дали Брза помош од Клинички центар и Брза помош од „8-ми Септември“ имаат некаква евиденција дека му дале седативи на Џенис Мекиќ?

  Перса Билинска: Незнам тоа дали од Брза помош му дале седативи, тоа треба да се испита убаво. И веднаш го однеле во „8-ми Септември“ двајца доктори од кои за едниот знам дека се викаше Омер.
Иван Билински, син на
Перса и Стево Билински
  Игор Манев: Дали медицинскиот персонал од првата Брза помош му пристапиле на Иван со помош, каква медицинска помош му пружиле?     
  Перса Билинска: Веднаш го кренале и го однеле во Ургентен центар.    
  Игор Манев: Што правел медицинскиот персонал во Ургентен центар?  
  Перса Билинска: Го анимирале, го проверувале срцето, го ставиле на компјутерска томографија да видат скршеници…                                            
  Игор Манев: За целото време дали Иван беше жив?                                         
  Перса Билинска: За цело време беше жив до 19.25ч. а предходно го качиле горе на КАРИЛ. Една сестра ни велеше: „Не се секирајте...“ ние бевме во болница цело време натаму-наваму и дури во 22.30ч. ни ја кажаа веста дека Иван умрел.                                                                             
  Игор Манев: Како се чувствуваше ти тогаш?                                            
  Перса Билинска: Се тресев целата, незнам, како да лебдев целата. Така се чувствував. Стево беше за никаде, тој уште повеќе, уште повеќе да плаче да вика да ова, да она…                                                                      
  Игор Манев: Бидејќи сега целиот овој случај се презентира сеуште на суд, дали првичните изјави на сведоците се разликуваат сега во денешно време? Дали изјавите на полицајците се разликуваат од тогаш и сега? 
  Перса Билинска: Изјавата на полицајците е иста, како што било, чисто како солза! Изјавата на полицајците е дека Туарегот го удира Иван и толку. Нема едно, две! А ова е сосема друго, што самите овие си мислат, си кажуваат дека црвената Хонда го удира Иван па тој летал по закон на Физика и паѓа на Туарегот. Тоа не може да биде, никогаш!                                                                                                                                                                                     
  Игор Манев: Покрај сообраќајниот нацрт записник од Полицијата, дали имате некои други видео материјали од камерите кои се поставени во тој дел на градот во близина на несреќата?                                                              
  Перса Билинска: Има две камери, едната гледа кон Католичката црква и тротоарот а втората камера од другата страна.                                                                                                                                                                           
  Игор Манев: Дали вие имате видео материјали од тие камери?                                                                                    
  Перса Билинска: Немаме ние како родители ама на едно судско рочиште дојде човек од МВР и тој извади видео материјали, гледавме.                                                                                                                                  
  Игор Манев: Што видовте на видео материјалите?

  Перса Билинска: На метеријалот ништо не се покажува, требало камерите малку да ги доближат до местото на настанот.

  Игор Манев: Дали се гледа местото на настанот?

  Перса Билинска: Местото на настанот не се гледа ама се гледа дека не беше затемнето, сеуште беше денски, еве ги и децата така кажуваат. Не е како што велат овие дека било затемнето и само светлата од Туарегот се гледале. Ме разбираш? Е тоа.

  Игор Манев: Значи од МВР потврдуваат дека на снимките го нема моментот на ударот на Туарегот во Иван, така ли велат во судница?

  Перса Билинска: Да, да ете, снимките ги гледавме ние во судница.

  Игор Манев: Што велат сега неговите другарчиња првите сведоци Т.Д. и П.П. дали во нивните следни сведочења ги променија изјавите?

  Перса Билинска: И двајцата го кажуваат истото што првично го кажаа за записникот на лице место на несреќата и плус изјавите за обвинителството, го кажуваат истото. Кажуваат исто дека црвената Хонда го заобиколува Иван.

  Игор Манев: Сите тројца, Иван и неговите две другарчиња стигнуваат до тротоарот и сите стапнуваат на пешачки премин на улицата. На пешачкиот премин од едниот до другиот тротоар на таа улица што се случило?

  Перса Билинска: Иван оди малку понапред од децава, потоа Т.Д. и П.П. стигнуваат скоро до половината на пешачкиот премин а Иван, толку имало, само на еден чекор да стапне на тротоарот од другата страна толку! Црвената Хонда го заобиколува Иван а овој со голема брзина и го „собира“.

  Игор Манев: Дали, кога се случува ударот во Иван, неговите другарчиња веќе биле на пешачкиот премин од улицата?

  Перса Билинска: Е како не биле? Биле исто.

  Игор Манев: Дали Хондата поминува меѓу Иван и другарчињата Т.Д. и П.П. ?

  Перса Билинска: Да, да, да.

  Игор Манев: А потоа доаѓа Туарегот и го удира Иван, така ли?

  Перса Билинска: Да, да.

  Игор Манев: Дали на суд бил некој од медицинските лица, Брза помош, од тие што биле на местото на несреќата? Имаше ли нивни сведочења во судница?

  Перса Билинска: Не

  Игор Манев: Зошто не ги повикате да сведочат?

  Перса Билинска: Ние да ги повикаме?

  Игор Манев: Да предложите, вие имате право да предложите а некој друг да ги повика.

  Перса Билинска: Брзата помош кога дошла, таткото на детево, го земале Иван и го однеле во Ургентен центар, толку. Иван почина од повредите дури и додека беше жив уште така нешто мрдаше…

  Игор Манев: Дали имавте сведоштва од тие што го прегледуваа во Ургентниот центар? Дали имате изјави од докторите?

  Перса Билинска: Не, не, не никакви изјави. Кој да им земе изјави, кој? Никакви изјави нема!

Записник - нацрт од Сообраќајна полиција, фотошоп: Игор Манев

Пасоси од Записникот за сведоци 22.12.2014г., фотошоп: Игор Манев

  Иако некои имиња и презимиња се познати сепак, во интерес на истрагата и правилното судење, во интервјуто тие се означени само со нивните иницијали.
  Понатаму, во записникот за изјави на сведокот П.П.(2) од 22.12.2014 се наведува дека на самото место на несреќата имало уште двајца сведоци кои досега не биле присутни во судница на Јавното судско обвинителство.   Се работи за жена која била странски државјанин, нејзиниот сопруг со мало дете во количка и сите заедно се движеле по тротоарот на улица Теодосиј Гологанов. Жената била доктор специјалист гинеколог и таа самата изјавила дека била сведок на сообраќајната несреќа. Оваа жена го проверила и пулсот на Иван, додека тој лежел, а Брзата помош сеуште не била стигната. Докторката исто така рекла дека Туарегот и црвената Хонда се тркале, затоа возеле многу брзо и Туарегот го удрил Иван. Не спомнала дека имало кочење од Туарегот. Иако изјавите на странската државјанка даваат информации кои се поклопуваат со изјавите на Полицијата и другарчињата на Иван Т.Д. и П.П. сепак, до денешен ден таа воопшто не е повикана да сведочи за овој немил настан. Не јасно, ниту пак има објаснување зошто се пропушта такво оригинално сведоштво по сообраќајна несреќа која се случила пред повеќе од 18 месеци.

                         (Прв дел интервју со Перса Билинска, мајката на Иван Билински. Продолжува…)

Пишува: Игор Манев
Датум: 13 Мај 2016

Сонцето на фамилија Билински позади црни облаци


Приказната започнува на истиот ден кога синот Иван предходно се најавил на татко му, Стево Билински, дека ќе излегува во некое кафуле со неговото друштво за да се прошетаат. Откако татко му Стевче му рекол да си дојде порано за ручек, Иван потврдил а потоа заминал за да се види со другарчињата.