Сеќавања за д-р Анте Поповски, земјотресот 1963

  Дали се споделуваат здравствените проблеми со било кого? Болните очекуваат нивните роднини да им помогнат но тие не се кадри за тоа, иако ја имаат целата доверба. Тогаш, кој може да ги реши нивните проблеми, кој може да ги излекува болните?
  Далечната 1958 г. во Дебар доктор Анте Поповски беше началник, директор на здравствениот дом и токму тој можеше да ги лекува болните. Да ги научи како да се грижат за сопственото здравје, да обрнат повеќе внимание на себе, за своето сопствено тело. И да ги научи да следат едно начело во Медицината дека во здраво тело има здрав дух.
  Многу пациенти од Дебар и околината, западна Македонија, ги споделувале своите здравствени проблеми со   д-р Поповски и неговата сопруга Соња, која тогаш работела како главна медицинска сестра. Болните пациенти споделувале и почуствувале дека тие двајцата се нивните најблиски. Нивните чувства на доверба се претворувале во пријателство. Во медицината на релација меѓу доктор и пациент, се создаваат пријателства но кај Анте тоа било многу често, имало многу пријателства. Одличен дијагностичар кој лекувал, пораѓал жени, а со пријателите знаел да ги почести во кафеана, па дури им давал и парични заеми.
Гане Тодоровски лево, во средина Анте Пoповски,
десно Петре М. Андреевски, фото: архива на фам. Поповски
  Бранови се ширеле наоколу како од армија коњаници кои брзо галопираат и уште не стигнати а веќе пред нив се чувствува тресење на земјата. Силни сеизмички бранови го најавиле доаѓањето на катастрофалниот земјотрес во Скопје 1963 година, кој потоа уништил преку 80 проценти од главниот град. Модерните изуми на Архитектурата од 20-от век биле збришани за само неколку секунди а тие што останале живи, само по некое чудо не биле повредени од смртоносната сила која дошла од Епицентарот. Само позитивниот електрицитет, кој шири позитивна енергија можел да ги спаси луѓето.
  Во новиот дом на Анте, во неговата соба, токму на местото каде тој спиел, голема крепа од таванот паднала на неговиот јастук. Но, за среќа тој не бил таму! Од сите 4 спрата, во населбата Пролет, само првите три останале. Креативниот електрицитет на Анте бил еден вид невидлив штит за него и неговата фамилија, заштитувајќи ги од деструктивните подземни сили со страшни последици.
  Креативното е Божјо дело а деструктивното е ѓаволско.

 Рушевини во центарот на Скопје, 1963 г. фото: Glogster                                         

д-р Анте Поповски на различна возраст, фото: архива фам. Поповски

  Во куќите на Скопјани, меѓусебно вербално комуницирале сите членови на фамилиите. Децата ги кажувале своите мали проблеми а родителите ги советувале како најдобро знаат и умеат. Во нивните домови цели фамилии го наоѓале сопствениот мир и спокој. Топлината која зрачела меѓу нив е таа која создала силна врска и чувство на сигурност меѓу граѓаните на нашиот главен град.
  Но земјотресот ги погодил скоро сите домови и модерни градби за тоа време. ,,Театарот го нема, банката ја нема, офицерскиот дом го нема и железничката станица повеќе ја нема...“ Тоа биле првите импресии на Скопјани, така тие ја опишувале својата околина во која жевееле. И само тие најдобро знаеле што имало на истите места каде за неколку секунди речиси сè се претворило во купови парчиња од цемент и цигли. Веднаш по земјотресот немало никаква организација и никаква комуникација бидејќи телефонските и телеграфските линии биле прекинати. Чувството на сигурност се загубило.
Како млад доктор Анте Поповски,
фото: фам. Поповски

Американски авион со товар за помош во лекови, храна и многу други неопходни работи. Во хуманитарна помош за настраданите во земјотресот 1963 г. Скопје, фото: Yugoslavian.blogspot

  Разбирајќи ја тежината на својата професија д-р Анте Поповски веднаш, доброволно се пријавува во медицинската служба на Државна болница за помош на настраданите. Никаква навигација и детектори не можеле да ја одредат вистинската локација на исчезнатите домови! Освен колективната меморија и ментална перцепција на преживеаните. Еден од нив побарал помош од д-р Анте Поповски, се жалел на главоболка, мачнина, повремени вртоглавици. Тој не загубил никој од најблиските ама тешко му било на душата а не знаел зошто. Зборувал тој така некое време а докторот го слушал внимателно, за да потоа д-р Поповски го прашал:,,Зошто носиш црни чорапи?“
  Човекот изненаден му одговорил со прашање:,,Зарем е од тоа?“
,,Брзо соблекувај ги и облечи со друга боја а не црни!“ му наредил д-р Поповски.
  Следниот ден повторно дошол истиот човек на контрола. Анте видел дека човекот облекол нови чорапи со друга боја и го прашал:„Како се чувствуваш сега?“
„Подобро ми е“ одговорил човекот задоволен.
  Тоа била привремена ментална реконструкција на неговите мисловни процеси со која д-р Анте Поповски успеал да ја создаде, со Плацебо ефект, врз човекот кој доживеал огромна траума од природната катастрофа. Во првите часови на земјотресот, а во деновите кои следувале исто така, лекарите од сите специјалности во Скопје се соочувале со вистински предизвик како да им помогнат на настраданите, бидејќи имало огромен недостаток на лекови или било какви медицински препарати, помагала и апарати.
  За овие вистински и несекојдневни случувања јас слушав лично од д-р Анте Поповски во нашата куќа во Лазарополе. Тој често доаѓаше кај нас дружејќи се со татко ми.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                              Пишува: Игор Манев
 датум: 25 Јули 2017 година Republished

Портрет на Анте Поповски, од уметник Коле Манев

 Рихтер скала 6.1 степен и споредба со други држави,            фото: Slideplayer.us          

Бранови се ширеле наоколу како од армија коњаници кои брзо галопираат и уште не стигнати а веќе пред нив се чувствува тресење на земјата. Силни сеизмички бранови го најавиле доаѓањето на катастрофалниот земјотрес во Скопје 1963 година, кој потоа уништил преку 80 проценти од главниот град.
  Дружењето со пријателите продолжило и во Скопје. Само еден ден пред земјотресот како птици преселници долетале д-р Анте Поповски од с. Лазарополе, Петре М. Андреевски од с. Слоештица – Демирхисарско, Гане Тодоровски од Скопје и други истомисленици. Сите во кафеана ,,Македонија“. Во нивниот пријателски електромагентен круг, тие цела вечер како славеи се натпреварувале рецитирајќи поезија. На тој начин освојувале нови културни полиња исполнети со креативен електрицитет.
  И одеднаш земјотрес...26 Јули во 5.17 мин. Наутро...
Никогаш предходно, во модерната историја, не се случило големите градови комплетно да бидат уништени.