Како резултат на недостаток на љубов, во рамките на некое семејство, децата кои растат и се развиваат во такви услови со текот на времето остануваат емотивно неразвиени. Тие физички се развиваат и растат во возрасни луѓе но нивните морални вредности се на многу ниско ниво токму заради тоа што не почуствувале што е тоа вистинска љубов од сопствените родители. Овие „вечни деца“ во психијатријата се третираат како Нарцисисти и за тоа пишува во стручна литература во голем обем.
  На тема Нарцисизам разговарав со господинот Сем Вакнин а повод за интервју беше неговата книга кој тој ја објави за читателската публика.
  Игор Манев: Што се случува со Нарцисистите кога ќе остарат, кога нема да бидат толку атрактивни како млади. Дали нивната фантазија се менува со годините или пак останува иста?                                                               
  Сем Вакнин: Да, фантазијата останува константна бидејќи Фалш Јас останува многу ригидна конструкција која е создадена многу рано во животот. Не можете да го промените Нарцисистот воопшто. Можете да го модифицирате но не можете да го промените, илузијата за реалноста останува иста. Премената ја ветуваат само професионалци терапевти кои сакаат да заработат пари. Со текот на годините илузијата останува и однесувањето на Нарцисистот не можете да го промените никако, дури ни со масивна траума. Значи фантазиите остануваат исти но староста или ако останат инвалиди или хронични болести се многу тешки за Нарцисистите бидејќи можностите да си најдат набавка Supply стануваат повеќе и повеќе лимитирани. Во таква ситуација тие минуваат низ две фази, првата е декомпензација и тоа значи кога личноста се распаѓа. Одбрамбената функција на Нарцисистот не функционира, Набавката не доаѓа и целата структура се распаѓа. Затоа е психотичен, до работ на психоза и тоа е тотален распад на неговата структура. Тоа се вика декомпензација.
  Втората фаза е активен аут, состојба кога Нарцисистот е агресивен кон другите луѓе, збудален е, почнува да се губи. Ова е многу типична фаза за сите Нарцисисти. 

Малигно самољубие-Нарцисизам повторена визита

(Интервју со Сем Вакнин, трет дел 3.)

Фантазија на Нарцисист водена од светло на Илузија, фото: интернет

  Игор Манев: Може ли да се каже дека е тоа Нарцисистички бес?                                                                                  
  Сем Вакнин: Нарцисистите се бесни целиот нивен живот. Активен аут всушност значи дека тој се однесува неочекувано, непредвидливо, збудалено, лудо. Деструктивен е кон себе и другите а посебно кон себе и не е можно да се предвиди од секој нормален човек, нормален акт.                                                                                 
  Игор Манев: Во минатото работевте и за Македонската влада, имате искуство контактирајќи со многу наши политичари. Што мислите дали меѓу нашите Македонски политичари има Нарцисисти?                                                   
  Сем Вакнин: Да има!                                                                                                                                                   
  Игор Манев: Тоа ли е причината зошто имаме тешка економска криза?                                                                            
  Сем Вакнин: Економската криза не е заради Нарцисистите туку обратно, тоа што имате економски проблеми е затоа што имате многу Нарцисисти во политиката. Нарцисистичките лидери доаѓаат на моќни позиции затоа што имате Нарцисистичко општество. Траумата во детството креира Нарцисист а колективна траума создава колективен Нарцисизам. Нарцисизмот е одбрамбен механизам од траума и злоупотреба. Вашата колективна нација е константно колективно злоупотребувана од сите! Како на пример Грци, Срби, Албанци, Бугари, Црно-горци, Турци од нив сте константно злоупотребувани. Вие, односно вашата нација, посебно по осамостојувањето на државата си создадовте Нарцисистичка одбрана, вушност си развивте патолошки Нарцисизам. Колективен Нарцисизам кој се создал како резултат на траума и затоа за Нарцисистичкиот лидер да дојде на моќна позиција, неговите шанси се многу поголеми во Македонија отколку на друго место. Хитлер, на пример, никогаш немал да стане премиер во 1880г. туку стана премиер-канцелар во 1930г. затоа што германската нација беше предходно искористувана и злоупотребувана. Истото се однесува и за УСА, господинот Трамп пред 5 години беше кловн, идиот! Јас исто така пишував за него дека е идиот и тој навистина е идиот. Тој навистина е кловн.

Македонија и соседни држави, фото: интернет

Келн, Германија по II св. војна, Апокалиптична деструкција на градот, фото: интернет

  Игор Манев: Во последно време во американските медиуми може почесто да се сретнат критики на сметка на Трамп обвинувајќи го дека е фашист. Има ли вистина во тоа?                                                                                         
  Сем Вакнин: Сега бидејќи американската нација е сериозно трауматизирана во последните 15 години, трауматизирана од 9/11, трауматизирана од Буш, трауматизирана од Обама, трауматизирана од миграција, трауматизирана од работните места кои ја напуштаат земјата, трауматизирана економски, политички, геополитички, само кажи што..! Постои масовна траума во УСА, масовна. Околностите комплетно да се оживее Трамп како претседател се имплементирани. Исто е и со Македонија. Вашите Нарцисистички лидери, а ги имате неколку, се во позиција да бидат лидери бидејќи вие како колектив сте многу повеќе Нарцисисти, вие сте многу помалку ориентирани кон јавноста, помалку колективни, помалку симпатии а многу повеќе индувидуалисти и на тој начин овозможувате развој на такви Нарцисистички лидери. Вие сте како еден вид Петриева плоча во која на одлична подлога се развиваат бактерии, чисто како за споредба земам пример од Микробиологија.

Да не се заборави, кулите Близначки во Њујорк на 9/11, фото: интернет

  Сем Вакнин: Вашата економска ситуација е како резултат на таа траума иако мислам дека таа не е доминантна. Затоа што бев во Македонската влада и работев таму. Го советував и претседателот на Сиера Лионе и во споредба со вашата земја Македонија е Беверли Хилс. Сиера Леоне е многу, многу, многу сиромашна држава. Затоа сметам дека со Македонија не е главно економски проблем. Но од било која причина вие во Македонија развивте многу јасен Нарцисизам, колективен Нарцисизам. И тоа е за жалење бидејќи ќе добиете уште повеќе самодеструктивни лидери а тоа е многу опасен циклус затоа што, со колективен Нарцисизам добивате Нарцисистички лидери а од овие лидери кои се selfdestructive добивате уште поголема траума од нив. Па следните лидери што ќе ги одберете ќе бидат уште по деструктивни Нарцисисти и така додека тотално не се уништите како Нацистичка Германија. Ништо не остана, ниту една зграда не остана читава и тогаш ќе се разбудите. Кога ќе се започне тој Нарцисистички циклус тој не е кршлив и затоа лидерите стануваат полоши и полоши. Затоа УСА го доби Обама а по Обама најверојатно ќе дојде Трамп а по Трамп кој знае што ќе дојде! Тој систем е потполно луд, ненормален како Хитлер. Само станува полошо. Истото важи и за Македонија, вие започнавте со Нарцисистички циклус како колектив и сега морате да чекате долго време и да платите многу голема цена. Како што ќе бирате повеќе и повеќе деструктиви лидери а тие ќе ве уништуваат повеќе и повеќе сè додека не се разбудите и ќе видите дека сте тотално уништени како Германија.                                                           
  Игор Манев: Се надевам дека нашите политички лидери нема да забегаат до толку. Ок, во вашата книга велите дека Нарцисистот слуша свои ,,внатрешни гласови“ кои му велат што да прави. Кога нема Набавка тој не може да се воздржи без suply, што всушност значи внимание, и во моменти кога можеби не сака да бара внимание сепак, му се јавува тој ,,внатрешен глас“ кој му го наредува спротивното. За каков ,,внатрешен глас“ се работи?       
  Сем Вакнин: се работи за suply која е како дрога.                                                                                                         
  Игор Манев: Нема дилема?                                                                                                                                        
  Сем Вакнин: Не нема дилема, не постои дилема. Ако Набавката му е потребна тој како зависен од тоа ќе оди и ќе го направи тоа. Доналд Трамп пред да стане кандидат за претседател тој правеше многу работи кои превлекуваа внимание. А се додека го добива вниманието тоа е во ред за него. Во суштина Нарцисистите се антисоцијални и дури во екстремни ситуации психопатични. Бидејќи се ,,наркомани“, зависници тие одат само во една дирекција и не обрнуваат внимание на последици, никогаш не обрнуваат внимание на колатерални штети. На нив им треба таа ,,дрога“ и ако им се најдете на патот ти ќе ве убијат но ако им дадете ,,дрога“ тогаш сè е во ред. Не е баш дека ќе ве убијат.                                                                                                                     
  Внатрешните гласови се нешто друго тоа е т.н. интро проекција. Тоа се гласови од важни луѓе во Нарцисистичкиот живот како мајка, татко, пријатели… Сите ние имаме наше Интро проекции. Тие се како Диктафони кои си ги слушаме од нашите најблиски луѓе, личности кои многу ни значат во нашиот живот. Наши омилени лидери, професори и слични личности кои во одреден период од животот нешто ни кажувале. Ние не ги покануваме ,,гласовите“ тие сами ни се обраќаат на нас. На пример, ќе му кажам на моето дете,,Немој да зборуваш со странци!“ Кога тоа дете ќе направи 50г. тој во присуство на странци ќе го слушне тој глас од неговиот татко ,,Немој да разговараш со странци!“. Тоа е тоа, гласот – интро проекција.                                                 
  Кај здравите луѓе ,,внатрешниот глас“ е конструктивен, продуктивен, здрав глас, убав глас. Глас кој во одреден момент ни помага да се справиме со одредени ситуации. Можеби за 100 години тој глас ќе е се вика Господ. Ќе видиме, кој знае? Хе, хе. многу е интересно во секој случај гласови кои ќе ни помогнат. Ангели чувари, Господ како сакаш можеш да ги наречеш. Интересни гласови кои ти кажуваат што мајка ти ти кажала, татко ти и така натаму. 
  Сем Вакнин: Но кај Нарцисистите ,,внатрешните гласови“ се садистички. На пример неговиот глас би му се обратил како „Немој ниту да се обидеш бидејќи нема да успееш!“. Или пак ,,Ти си толку глуп“. Понекогаш дури и ние си ги кажуваме тие гласови во ситуација кога ќе скршиме чаша ,,Ти си толку глупав, толку си несмасен“. Тоа е разговор, тоа не сме ние туку нашите мајки кои во такви ситуации токму тоа ни го велеле. Тоа не сме ние туку тој ,,глас“. Нешто што ни било кажано на возраст од 4 години, а кога ќе станеме 50г и ќе скршиме чаша ние си го велиме истото. Ние сме ,,мајката“!                                                                                                                                                                                                                                    
  Игор Манев: Значи, затоа е толку важно што ќе се случи кај децата на возраст од 4-9г. како нивните родители ги третираат и како разговараат со нив?                                                                                                                                                                                                                                       
  Сем Вакнин: Точно така, баш на таа возраст се создаваат тие ,,внатрешни гласови“ а по 9-та година се проектираат и други личности како наставник, пријател и слично но тоа не се веќе внатрешни гласови туку меморија. Гласовите доаѓаат сами и се многу моќни, толку моќни да ние понекогаш си разговараме самите со себеси.                                                                                                                                                                 
  Нарцисистичките гласови се садистички. Тоа се гласови кои ги буткаат надолу, со пораки како „Ти си лузер, ти си глуп, нема да успееш и сл.“ Поради тие садистички гласови понекогаш доаѓа до несогласување и самиот Нарцисист е константно како на суд. Не знае зошто е на суд, зошто го судат а тоа што го знае е дека ,,судијата“ го осудува и му вели дека е виновен. Тоа е константен дијалог во внатрешноста на Нарцисистот.                                
  Игор Манев: Дали детето на Нарцисистот добива контакт, со допир со галење, мазење. Дали Нарцисистот може вистински да го почуствува сопственото дете?                                                                                                                                                                                                           
  Сем Вакнин: Нарцисистот е добар кон сопственото дете само ако тоа му се восхитува, ако не му оди контра. Нарцисистот набавува внимание од него и толку. Сè додека детето ја врши таа функција тогаш неговите родители се добри и тие го сакаат. Но во моментот кога тоа ќе отстапи од тоа правило тогаш има проблеми. Нивното сопствено дете станува Нарцисистички непријател и тогаш Нарцисистот ги користи сите средства како родител за да го уништи детето.                                                                                                                                  
  Игор Манев: Што се случува со децата одгледувани од Нарцисистички родители, деца кои се претвориле во Нарцисисти и растат во возрасни личности. Што се случува со нив кога родителите ќе им умрат?                                  
  Сем Вакнин: Се јавува чуство на бес и чувство на ослободување. Чувство на бес бидејќи не ја завршил сметката acВашата економска ситуација е како резултат на таа траума иако мислам дека таа не е доминантна. Затоа што бев во Македонската влада и работев таму. Го советував и претседателот на Сиера Лионе и во споредба со вашата земја Македонија е Беверли Хилс. Сиера Леоне е многу, многу, многу сиромашна држава. Затоа сметам дека со Македонија не е главно економски проблем. Но од било која причина вие во Македонија развивте многу јасен Нарцисизам, колективен Нарцисизам. И тоа е за жалење бидејќи ќе добиете уште повеќе самодеструктивни лидери а тоа е многу опасен циклус затоа што, со колективен Нарцисизам добивате Нарцисистички лидери а од овие лидери кои се selfdestructive добивате уште поголема траума од нив. Па следните лидери што ќе ги одберете ќе бидат уште по деструктивни Нарцисисти и така додека тотално не се уништите како Нацистичка Германија. Ништо не остана, ниту една зграда не остана читава и тогаш ќе се разбудите. Кога ќе се започне тој Нарцисистички циклус тој не е кршлив и затоа лидерите стануваат полоши и полоши.
  Затоа УСА го доби Обама а по Обама најверојатно ќе дојде Трамп а по Трамп кој знае што ќе дојде! Тој систем е потполно луд, ненормален како Хитлер. Само станува полошо. Истото важи и за Македонија, вие започнавте со Нарцисистички циклус како колектив и сега морате да чекате долго време и да платите многу голема цена. Како што ќе бирате повеќе и повеќе деструктиви лидери а тие ќе ве уништуваат повеќе и повеќе сè додека не се разбудите и ќе видите дека сте тотално уништени како Германија.                                                                                                                                            
  Игор Манев: Се надевам дека нашите политички лидери нема да забегаат до толку. Ок, во вашата книга велите дека Нарцисистот слуша свои ,,внатрешни гласови“ кои му велат што да прави. Кога нема Набавка тој не може да се воздржи без suply, што всушност значи внимание, и во моменти кога можеби не сака да бара внимание сепак, му се јавува тој ,,внатрешен глас“ кој му го наредува спротивното. За каков ,,внатрешен глас“ се работи?                                                                                                                                                             
  Сем Вакнин: се работи за suply која е како дрога.                                                                                                 
  Игор Манев: Нема дилема?                                                                                                                                  
  Сем Вакнин: Не нема дилема, не постои дилема. Ако Набавката му е потребна тој како зависен од тоа ќе оди и ќе го направи тоа. Доналд Трамп пред да стане кандидат за претседател тој правеше многу работи кои превлекуваа внимание. А се додека го добива вниманието тоа е во ред за него. Во суштина Нарцисистите се антисоцијални и дури во екстремни ситуации психопатични. Бидејќи се ,,наркомани“, зависници тие одат само во една дирекција и не обрнуваат внимание на последици, никогаш не обрнуваат внимание на колатерални штети. На нив им треба таа ,,дрога“ и ако им се најдете на патот ти ќе ве убијат но ако им дадете ,,дрога“ тогаш сè е во ред. Не е баш дека ќе ве убијат.                                                                                                               
  Внатрешните гласови се нешто друго тоа е т.н. интро проекција. Тоа се гласови од важни луѓе во Нарцисистичкиот живот како мајка, татко, пријатели… Сите ние имаме наше Интро проекции. Тие се како Диктафони кои си ги слушаме од нашите најблиски луѓе, личности кои многу ни значат во нашиот живот. Наши омилени лидери, професори и слични личности кои во одреден период од животот нешто ни кажувале. Ние не ги покануваме ,,гласовите“ тие сами ни се обраќаат на нас. На пример, ќе му кажам на моето дете,,Немој да зборуваш со странци!“ Кога тоа дете ќе направи 50г. тој во присуство на странци ќе го слушне тој глас од неговиот татко, од родителите. Во психологијата тоа се вика Нерешен конфликт.                                                                                     
  Игор Манев: Значи ли тоа дека неговите/нејзините чувства се подобруваат или се влошуваат?                                                     
  Сем Вакнин: Секако се работи за голема криза затоа што Нарцисистот постојано се споредува самиот себеси со неговите родители. Ако Нарцисистот чита книга тоа не е заради него туку за да ги задоволи родителите. Или обратно, ако мајката вели ,,ти си лузер“ тогаш Нарцисистот прави да биде успешен за да докаже на сопствената мајка дека не е во право. Мајката и таткото се референтни точки, како сонце кое ги претставува родителите. Ако сонцето исчезне тогаш нема да има гравитација и ќе има тотален колапс. Тоа се нарекува Неразрешен конфликт кога Нарцисистот постојано прави нешто за да ги задоволи родителите или обратно за да докаже дека не се во право. И кога родителите исчезнувааат тогаш и референтната точка исчезнува. А со тоа и докажувањето на Нарцисистичкиот живот изчезнува комплетно. Затоа по смртта на родителите има бес и фрустрации и слично.                                                                                                                                               
  Од друга страна е големо ослободување. Затоа што сè додека родителите на Нарцисистот се живи тој/таа е во „затвор“. Додека родителите се живи Нарцисистот не може да биде сам на себеси. Мора да биде нешто во релација со родителите. Мора да биде инструмент, алатка на родителите или да им докажува на родителите нешто. Не може да води самостоен живот, мора да биде ,,менувач“ (од автомобил) - gear за потребите на родителите. Кога родителите ќе умрат тогаш Нарцисистот почнува да живее вистински живот а тоа е големо ослободување. Но тоа е оптичка илузија бидејќи Нарцисистот не знае како да живее нормален живот. Затоа се случува тој/таа да направат некои глупави работи, како на пример, да имаат неколку љубовни афери, да отворат-затворат неколку бизниси. Тоа е т.н. Токсичен излез. Нарцисистите прават така за да ја почуствуваат сопствената слобода.                                                                                                                                                
(Крај на интервјуто со Сем Вакнин)                                                                                                                                                                                                                                                     
  Пишува: Игор Манев
  датум: 14 Април 2016

Правилен развој на сопствено дете

Нарцисист кој се чувствува како да е во затвор