Книга: Малигно самољубие - Нарцисизам повторена визита

  Јас сум, како што реков, мој сопствен кошмар. Вистина, светот е добро снабден со моите придонеси и јас сум да биде многу забава во околина. И навистина, најмногу придонеси како моите не се резултат од мачни души. Но многу повеќе отколку вие можете да си посакате и да поверувате дека се. И ако по случајност ве фатат на мојот Веб, јас можам да ви го направам вашиот живот вистински пекол. Но запамти го ова. Јас сум во тој Веб исто така. Разликата меѓу вас и мене е дека вие можете да излезете.                                                                                           
  Ken Heilbrunn, M.D.
  Seattle, Washington, USA
                                                           За авторот                                                                              
  Самуел Бен Давид ,,Сем“ Вакнин - Samuel Ben David ,,Sam” Vaknin е роден во Април 21, 1961г. во Qiryat-Yam, Киријат-Јам во Израел како најстар од 5 деца на мајка Турчинка од која Вакнин верува дека можеби е Нарцисист и син на татко кој бил градежен работник од Мароко. Сем опишува тешко детство за кое тој напишал дека неговите родители ,,биле лошо екипирани за да се справуваат со нормални деца, остави ги сами талентираните“. Вакнин пријавува дека тој има IQ коефициент на интелигенција 180.

  Тој го напуштил домот за да служи во Израелските одбранбени сили од 1979-1982 во тренинг и единици за едукација. Меѓу 1980-1983г. тој основал ланец на компјутеризирани информатички киосци во Тел-Авив и во 1982г. работел за Несим Д. Гаон Груп – Nessim D. Gaon Group во Женева, Парис и Њујорк. Од 1986-1987г. тој беше генерален менаџер на ИПЕ-IPE Ltd. во Лондон. Тоа беше во средината на 80-те кога тој станал свесен за тешкотиите во неговата врска со сопствената сопруга и дека имал променливи расположенија. Во 1985г. Побарал помош од Психијатар кој му дијагностицирал Нарцисистичко пореметување на личност – NPD. Вакнин не ја прифатил дијагнозата во тоа време. Се вратил назад во Израел каде станал директор на Израелска инвестициска фирма Микбатц Тешуа – Mikbatz Teshua. Тој бил исто така претседател на Израелската Глава на црковно професорско обединување за светска мировна академија.

  Во Израел во 1995г. тој бил прогласен за виновен по три обвинувања за берзанска измама, заедно со уште тројца мажи. Бил казнет со 18 месеци затвор и 50.000 шекели-shekels, околу 14.000 УСА долари, додека компанијата била казнета со 100.000 шекели. Во 1996г. со условна казна, тој се согласил на ментална здравствена евалуација која била забележана како варијанта на пореметување на личност. Според Вакнин тој вели: „јас бев на граница со Шизофренија но, најдоминантна беше NPD“ и во таа прилика тој ја прифатил дијагнозата затоа што како напишал:„Тоа беше олеснување да знам што имав“.

  Вакнин се преселил во Скопје, Македонија каде ја оженил македонката Лидија Рангеловска. Тие основале Нарцисистички Публикации во 1997г. во кои објавувале трудови на Вакнин. Меѓу 2001-2003г. Вакнин бил постар бизнис коресподент за United Press International. Toj исто така пишува за Central Europe Review за политички настани во Балканот, исто како и за Middle East Times. Сем Вакнин е еден Израелски писател. Тој е автор на книгата ,,Малигно самољубие – Нарцисизам повторена визита (2001). Неколку седмици пред септември 2002г. кога биле македонските избори, тој служел како советник на Македонското Министерство за Финансии.

  Како надополнување на неговата позиција главен уредник на Global Politician веб сајтот, тој пишува редовно за други публикации како International Analyst Network и онлајн веб сајтот American Chronicle.

  Еден модел на квантизирано време quantised time бил предложен од Вакнин во 1982г. во неговата дисертација насловена како „Асиметрија на време повторена визита“. Дисертацијата била објавена од Мирамар Универзитетот во Калифорнија. Тој го објаснува постоењето на честички chronon. Во предложената теорија времето е резултат на интеракција на хроноси, слично како други сили во природата кои се резултат на интеракција од некои партикли.

  Во неговите размислувања за Нарцисизмот Вакнин вели дека Нарцисистите го изгубиле нивното „вистинско Јас“, сржта на нивната личност која е заменета со делузија и грандиозност односно „фалш Јас“. Затоа тој верува дека тие не може да бидат излечени затоа што не постојат како реални личности, само како рефлексија:„Фалш Јас го заменува Нарцисистичкото Вистинско Јас и е со намера да го заштити од повреда и Нарцисистички физички повреди преку самоимпутирање на омнипотенција...“

  Во 2007г. Вакнин се појавил во епизода на „Егоманија“ на Британскиот канал 4, дел од документарната серија Манија. Во 2009г. тој беше субјект на еден Австралиски документарен филм ,,Психопат“ режиран од Иан Вокер. Во филмот Вакнин подлегнува на психолошка евалуација во која тој спаѓа во критериум за психопатија според Hare psychopathy checklist но, не спаѓа во критериум за Нарцисизам.                                                                             
Пишува: Игор Манев
датум: 8 Арил 2016