Шест дена по терористичкиот атак во Ница, во четвртокот на 21 Јули министерот за правда на Франција Франсуа Молин – François Molins даде изјава во која потврди дека на Мухамед му асистирале уште 5 други лица за кои постои сомневање, а во моментов се во притвор.
Инаку, Франсуа Молин е на министерската функција од 17 Ноември 2011 година чие седиште на министерството е во Парис.
  

This Is an Article.

Double-click the text box and begin editing. Use the text editor to customize your text. It's that easy!

Камионот со кој се прагазија пешаците во Ница, изрешетан од куршуми, фото: AFP Борис Хорват

  Бивши агенти од ФБИ кажаа свои мислења во медиумите, истиот ден кога се случи атакот, дека било добро за време на истрагата да се вратат многу работи назад во времето за да се видат пропустите на обезбедувањето како и начинот на радикализација. Односно како Мухамед Булел од ситен крадец се претворил во терорист и прегази 84 лица на булеварот ,,Прошетка на Англичаните“ во Ница? Доказите презентирани за јавноста во Министерството за Правда на Франција покажува дека токму така и се работело, за расветлување на многу прашања.
  Овој процес на радикализација на терористите оди по т.н. ефект на ,,Снежна топка“ кој се случува како резултат на охрабрување. Имено, по терористичкиот напад во Парис 2015г. Ноември, некои велеле дека ако може да се направи атак во зима тогаш може и во лето. Нападот во Ница, како годишно време во лето, навистина се разликува од нападот во Парис кој се случи во сезона есен/зима.

  Безбедноста во фокусот на Tour de France

  Сите 5 осомничени биле презентирани на судии за анти-тероризам а јавните обвинители на Франција барале овие терористи да се обвинат и за конспирација за извршување тероризам, покрај другите криминални дела. Петте обвинети лица се 22 годишниот Franco-Ramzi A. од Тунис, 37 г. Chokri C. од Тунис, 40г. Mohamed Oualid G. од Тунис, 38г. Artan H. од Албанија и неговата жена Enkeledja Z. која имала две државјанства Француско и Албанско.
  Интересно е да се спомене дека ниту еден од овие 5 не биле познати на Францускиот интелигентен сервис за борба против тероризам и криминал. Освен Артан кој бил роден во Ница, по потекло од Албанија, е осудуван за ситен криминал и криминал поврзан со нелегални активности со дрога.
Во расветлување на овој терористички напад биле вклучени околу 400 инспектори и тие ги приложиле доказите во Министерството за Правда на Франција. Врз основа на фактите Франсуа Молин изјавил дека Мухамед бил опишан како: ,,Некој кој не практицирал Муслиманска религија, јадел свинско месо, пиел алкохол, земал дрога и имал чести сексуални активности“.
  Првичните докази од истрагата покажале детали кои откриваат восхитување на Мухамед од Џихад светата војна. А во Мај 26, 2015 г. тој сликал фотографија од текст за дрогата Каптагон, амфетамин кои го користат Џихадистите во Сирија.
Во Јули 2015г. тој бил присутен на националниот празник Бастиља и направил фотографии од луѓето кои го гледаат огнометот. На 4-ти Април оваа година Chokri C. му испратил на Мухамед Булел, на неговиот Фејсбук профил, порака: ,,Натовари го камионот со 2.000 тони железо...ослободи ги кочниците мој пријателе и јас ќе те гледам“.
  Во истиот ден, 21 Јули, 2016г. Францускиот парламент донел нови мерки, меѓу која е забраната за собирање во групи доколку нема доволно обезбедување за да се спречи евентуално проповедање на омраза и насилство од свештени лица.

Цвеќиња на булеварот ,,Прошетка на Англичаните“ во спомен на загинатите

  Но Франција не се предава туку денес е во фокусот на Tour de France најголема велосипедска атракција во целиот свет. Нивото на овој спортски настан не се симнува ниско до кукавичлук, како тоа го направија терористите, туку јавно преку сателит се пренесуваат сите фази на велосипедската стаза од почеток до крај.
Французинот Микаел Шерел, учесник во Tour de France изјавил: ,,Ние сме шокирани. Јас мислев на мојата фамилија бидејќи тие можеше да бидат таму, ние живееме 15км од Ница“.
Сепак ниту еден велосипедист во трката не се откажал од натпреварот кој е во самиот финиш. Резултатите од вчера, петокот 22 Јули на 19 -та рута од Албертвил до Сен Жермен Мон Блан, 146км се следниве:

Индивидуална временска класификација на велосипедисти и тимови, фото: Letour

  За безбедноста на велосипедиската трка се грижат GIGN група за интервенција на националната жандармерија на Франција. За првпат формирана во 1972г. како резултат на неуспешниот одговор на тогашните безбедносни сили кон терористичката група со цел да ги ослободат заложниците. Вкупно 11 Израелски спортисти, беа заробени од терористичка група, а требаше да учествуваат на Олимписките игри во Минхен, Германија.

  Тогаш за првпат почнало сериозно да се размислува за создавање на успешни анти-терористички групи кои ќе можат да се носат со предизвиците. Француската GIGN како и Германската GSG 9 беа формирани и специјализирани да се справуваат со инциденти на брод и во авиони.

  GIGN ја обезбедува трката на Tour de France од самиот почеток на 2 Јули и во составот на нивното набљудување се вклучени околу 600 нивни припадници како и специјални хеликоптери. Предлозите на некои луѓе да се одложи трката заради масакрот во Ница, не беа прифатени од припадниците на GIGN сметајќи дека таква одлука би била прерана. Бидејќи, подготовките за безбедноста на велосипедиската трка започнале 3 месеци пред стартот.

Припадници на GIGN, фото: Reddit

  Францускиот претседател Франсуа Оланд – François Hollande неколку пати даде изјави за медиумите а последната беше во Даблин, Ирска каде кажал: ,,Кога има трагедија, во овој случај еден напад со многу мртви...природно ќе има прашања“ мислејќи на полициските активности и докази кои секојдневно се изнесуваат поврзани за масакрот во Ница.

Францускиот претседател Франсуа Оланд изјава за медиумите

  Денес, 23 Јули се вози претпоследната 20-та етапа од Тур на Франција, на релација Межев-Морзин Авориа во должина од 146.5 км. Овие две 19-та и 20-та етапа се сметаат за најтешките од сите предходни но за апсолутно најтешката е 19-та етапа која започнува од Албертвил до Сен Жерве Мон Блан. Вистинските велосипедисти токму тука си ги одмеруваат своите кондициони и физички способности завршувајќи ја етапата на врвот од планината.
  Последната 21-ва етапа од Tour de France ЛИНК завршува утре, во недела на 24 Јули, а релацијата е Шантили – Парис Елисејски полиња во должина од 113 км.                                                                                                                 
Пишува: Игор Манев
23 Јули 2016