Како е можно ситен крадец да направи терористички масакар во Ница?

  Човекот кој се сврте против луѓето во туристичкото градче Ница потекнува од мало градче Msaken, околу 10 км северно од крајбрежниот град Sousse во Тунис. Син на разведени родители од Француско-Туниски мешан брак, кои сеуште живеат во Франција. Овој човек имал и роднини во Msaken што често ги посетувал а неговата последна визита била пред околу 8 месеци.  
  Mohamed Lahouaiej-Bouhlel бил на возраст од 31 година, оженет и татко на 3 малолетни деца. Официјално во брак но повеќе не живеел со нив. Тој бил исфрлен надвор од станот во кој живеел во Le Ray, населба во Ница, пред повеќе од 1 година бидејќи ја тепал неколку пати сопствената жена.

Станот на Мохамед во Ница, фото: AFP

  Од Le Ray се префрла во стан во Abattoir работничка населба во Ница. Таму неговите комшии го опишуваат како многу мирен и тивок осаменик. Некои од нив го поздравувале но тој никогаш не им одговарал бидејќи поздравите ги игнорирал.
  Мохамед поседувал велосипед и комбе кое го паркирал недалеку од станот во кој живеел на први спрат. Скоро секојдневно комшиите го гледале како го качува велосипедот во неговиот стан.
Што се однесува до неговата религија комшиите го опишуваат како не премногу религиозен па, го нарекле Себастијан и затоа не им изгледал сомнителен. Но се потенцира еден случај кога Мохамед побарал од негова комшика да му го изнајми нејзиното поштенско сандаче. Таа го одбила на што Мохамед реагирал бурно и ја навредил кажувајќи ѝ ,,гадна“ - nasty.
  Обвинителот Francois Molins – Франсуа Молин изјавил дека Мохамед Лаујеј Булел имал проблеми со полицијата дури од 2010. Во последните 6 години тој бил суден за претење со употреба на сила, насилство и ситна кражба. А во Март 2016 г. судот на Ница го обвинил за напад на моторист со импровизирано оружје и го осудиле на 6 месеци условна казна затвор.

  Мохамед во своја сопственост поседувал само возачка дозвола, зелена карта за престој во Франција, банкарска картичка, точак, комбе и неговиот 19 тонски камион кој всушност го рентал на 11 јули во Saint-Laurent-du-Var источно од Ница.


Зелена карта за престој во Франција, фото: ibtimes.com.uk

Камионот со кој е извршен нападот во Ница, фото: Reuters

Следниот ден по масакрот, фото: nbcnews

  Дали безбедносниот систем во Франција е скршен? Според бивши член на ФБИ, во изјава за Ал Џазира, безбедносниот систем покажува слабост само во еден дел, инаку системот функционира. Безбедносните сили знаат дека вулнерабилни групи се луѓе кои се наоѓаат во поголем број. Тоа е таргетот на терористичките групи, затоа се случуваат масовни убиства и масакри.
  За време на фудбалскиот Евро куп во Франција 2016 се превземале многу превентивни мерки од страна на француските безбедносни сили, со поставување на многу безбедносни пунктови и рампи низ Парис и целата држава. Во меѓувреме се правеле новинарски анкети со обичните граѓани за тоа дали се плашат од терористички напад за време на Евро купот? Тие одговориле дека не сакаат да седат дома како кукавици и да чекаат туку, да излезат надвор на јавни места и да си функционираат нормално во секојдневниот живот. Што покажува дека Французите верувале во безбедносниот систем на нивната држава.
  По нападот на невини луѓе, цивили, веднаш се појавија прашања дали овој немил настан беше Атак или Инцидент? Но веднаш со поврзувањето на предходните масакри во Парис на 13 Ноември 2015 и нападот во агенцијата на сатиричниот магазин Шарли Ебдо дилемите се расчистија. Тоа што се случи на 14 Јули околу 22.00 часот во Ница е дефинитивно атак и тоа терористички.
  Со 19 тонскиот камион Мохамед Лаујеј Булел возел 2 км по булеварот Promenade des Anglais – Прошетка на Англичаните и вртел лево десно со намера да убие колку што е можно повеќе луѓе. Буквално ги прегазувал нив а притоа пукал на тројца полицајци од прозор, 300 м по пукањето бил убиен во кабината близу до хотелот Palais de la Mediterranee.
  Овој тип на напад – attack, според бивши агенти на ФБИ и ЦИА се опишуваат како напад на ,,меки цели“ при кои се убиваат цивили во градинки, училишта, супермаркети, ресторани, театри. Сличен таков пример имаше во Еврејското училиште во Тулуз 2012г и супермаркети во Багдад и Парис.
  Нападите се карактеристични за ИСИС и Алкаеда. Веднаш по атакот членови на ИСИС постирале прослави на Твитер, социјална мрежа, во име на успехот на Мохамед но сепак, што се однесува за последниот терористички напад во Ница, француската влада до сега не обвинила ниту една од овие 2 групи.
  Овој човек бил тотално непознат за францускиот интелигентен сервис, никогаш не бил заведен со знаци на радикализација. Сите сомнителни од француската интелигенција се означуваат со fiche S, ознака која се поврзува со ИС исламистичка држава. Мохамед не бил член на џихадистичка организација и тој не бил регистриран во регистерот на радикални исламисти на Франција. Многу од Француските џихадистички убијци го почнуваат своето патешествие кон милитантен ислам како ситни криминалци. Нападот во Ница го следеше истиот пат.

Авиони учесници во прославата на празникот на Бастиља, фото: air race 21

Француско обезбедување, фото: nation.com.pk

  Во првите информации пласирани од интернационалните медиуми се говореше дека бројот на жртвите, кои смртно биле прегазени од камионот што го возел Мохамед, бил 73 а ранети околу стотина. Дали беа тоа само Французи? За жал меѓу жртвите беа цели фамилии со деца, муслимани, христијани и туристи. Сите заедно пешачеле и го прославувале националниот празник на Франција 14 Јули, денот на Бастиља. Овој масакр во Ница е уште еден доказ дека терористите таргетираат ,,меки цели“ без разлика на нивната националност, религија и возраст.
  Кои биле намерите на Мохамед со оружјето што го носел во камионот? По неговото убиство во кабината, покрај хотелот Палата на Медитеранот, полицијата нашла автоматски пиштол, куршуми и две реплика пушки за напад, фалсификат пиштол и гранати. Мохамед не се самоубил ниту пак предизвикал голема експлозија со камионот, туку возел 19 тони тешко возило цик-цак и газел луѓе на левата и десната страна од булеварот со брзина од 25-35 милји односно 40-56 км/час.

Жртви од масакрот во Ница истата ноќ, фото: Scallywagandvagabond

  Толку ли е лесно да се направи терористички напад? Некои го поврзуваат нападот во Ница со аудио порака на ИС од портпаролот Mohammed al-Adnani, 2014 година, кој им рекол на подржувачите ,,Ако не можете да детонирате бомба или испукате куршум, менаџирајте се самите...прегазете ги со своето возило. “

Преживеаните жалат за жртвите, фото: cdn.mg.co.za

  Веднаш по терористичкиот масакр се појави и францускиот претседател Франсуа Оланд – François Hollande кој за ТВ медиумите изрази сочуство до фамилиите на жртвите. Во тој момент бројот на жртвите беше 77 и затоа претседателот го опиша овој настан како масакр и многу насилен чин кој се случи баш за време на прославувањето на францускиот национален празник Бастиља. Претседателот Франсуа Оланд говореше дека личноста е убиена и се бара негова мотивација за тоа што го сторил. Франција е допрена од исламистички терористи и затоа безбедноста во Франција се зголемува со вклучување на Полиција, Армија и Резервисти кои се потребни на секаде а посебно на границите на Франција. Ова е напад кој се случи на наша територија и затоа ќе се превземат безбедносни мерки во сите градови.
Датум: 16 Јули 2016 г.