Пинг-Понг кандидати за професионална игра

Во спортскиот центар Борис Трајковски, денес се одржа аматерско натпреварување во пинг-понг. Сите учесници, без старосна граница, активно беа вклучени и се бореа рамноправно за освојување на првите 3 места.

  Натпреварот започна околу 10:00 и во период од два и половина часа веќе се искристализираа подобрите играчи од послабите, се знаеше кој ќе продолжи во полуфинале и финале. Се играше на две добиени до 11 освоени поени, со по две сервирања за секого. Финалето се играше до 3 добиени мечеви.

  Еднаш создадени рефлекси за овој спорт и понатаму, тие тешко се менуваат. Имено, најупорните и најзаинтересираните си наоѓаат начин како да ги подобрат своите рефлекси. Во мали и самоорганизирани групи пинг-понгот и натаму жевее.
  Во една група од околу 16 учесници, денес постоеше вистинска жар која се презентираше преку сопствени комбинации на бекхенд и форхенд а се дел од техниките на учесниците чија цел беше да се победи во играта. Тоа што не се гледа на прв поглед е дека во таква група, од околу 16-тина, секогаш има 1-2 играчи кои кристално јасно се истакнуваат над другите.
  Аматери но ептен заљубени во пинг-понг а како да не бидат кога енергијата што гори ја покажуваат на дело со нивната брзина, силни и ефикасни удари на топчето и повторно бекхенд, форхенд, спинови… Неоткриени таленти кои можат директно да се вклучат во некое поголемо професионално првенство на пинг-понг. Тие се секогаш во финале!

Победници на турнирот, од лево Стефан Блажевски (2), Бојан Богдановски (1) и Кристијан Наумовски (3); фото: Игор Манев

  На денешното натпреварување во пинг-понг првото место и златна медала го освои Бојан Богдановски, второ место со сребрена медала Стефан Блажевски и третото со бронзена медала Кристијан Наумовски.
  Останатите учесници Андреј Гулевски, Манев Игор, Дејан Кузмановски, Срџан Медаровиќ, Кристијан Митиќ, Никола Чипов, Томо Јосовиќ се бореа релаксирано за 4,5,6,7,8,9 место и така до 16-то место.

За освоено 6,7,8-мо место од лево Дејан Кузмановски (7), Срџан Медаровиќ (8), Игор Манев (6); фото: Игор Манев

  Новите предизвици и шанси за реванш остануваат за 5-ти декември, во пинг-понг за ветерани, каде повторно ќе се одржи натпревар во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
 
26 Ноември 2016г.