Марш на империите, можност за нови пријателства


Просечен рејтинг на играта од нејзините корисници е 4.2 од вкупно максимум 5 ѕвезди. Оваа игра спаѓа во категорија на Стратегија, што би значело дека повеќе интерес ќе предизвика кај машката популација отколку кај женската. Објавувач на играта е Gameloft и се препорачува за возраст од 10 години и нагоре. Во текот на играта може да се користат 16 јазици од кој најмногу се користи Американскиот Англиски јазик.
  Иако Марш на империите се игра на оперативни системи Windows 10, Windows 8.1, Windows 10 Mobile, Windows Phone 8.1, Windows Phone 8, мора да се спомне дека од мобилните апарати кои го користат Android OS исто така можат да ја инсталираат играта. Паметните телефони на Sony Xperia одлично ја следат играта со нејзините апдејти-updates.
  За жал персоналните компјутери и лаптопи кои користат Убунту и Линукс не можат да ја инсталираат Марш на империите. Не е познато од кои причини. Можеби затоа што играта е во сопственост на Мајкрософт.
 
  Ок, денес ви пишувам за тоа што всушност се случува во самата игра, во која и јас лично сум вклучен како (Manka), или поточно во Алијансата БУД Станкониа (BUD Stankonia). На Ранкинг листа во самата игра оваа Алијанса се наоѓа на 10-то место од вкупно 100. Првите места се во постојана промена но за сега водат 1. Royal Guards, потоа 2. Resistaиce и на трето место 3. Sanli Ordu.

ПК игри

  Јачината на секоја Алијанса зависи од силината односно Total might на секој играч посебно. Колку повеќе силни играчи толку по високо некоја Алијанса се искачува погоре на табела. Во Станкониа има околу 10 силни играчи но на рејтинг листата за Total might се наоѓаат само четворица играчи. Еве го нивниот редослед како тие се рангираат.
  На 29 место се наоѓа играчот Slovenia со околу 418 милиони поени. Потоа следуваат 59th.Gregor – 308mil; 69th.RiBeach – 290mil; 86th.El Pacer – 260mil; Овие се нашите борци кои се во првите 100 на Ранк листа од Марш на империите. Силни играчи но по 100-то место се La Fleur – 205mil; Memock – 204mil; BDF – 180mil; The Gost 135mil; VORS – 126mil; Talon36 – 125mil. Мојот профил е Manka – 48mil и се наоѓам на 1343 место. Во просек нашите најсилни играчи се посилни околу 5-10 пати повеќе од просекот на сите играчи во Станкониа.

  Лидер на оваа силна Алијанса е Gregor пред неколку дена успеа да достигне силина од 300 millions Total might. Овој негов успех беше поздравен од членовите на Алијансата. Тој има можност да ја надгледува целата територија да издава наредби што да се прави но исто така и да одлучува за напредувањата на членовите во рамките на Станконија.

  За да се напредува во оваа игра многу е важно да се биде дел од било која Алијанса. Можете да напредувате и сам во сопствена Алијанса но тоа оди многу споро. Затоа најсигурниот и најбрзиот начин да освојувате поени е да бидете вклучени во силна Алијанса каква што е Станкониа. Само побарајте помош, доколку ви требаат ресурси, веднаш стигнува од посилните играчи или пак тие кои имаат вишок ресурси. Но не очекувајте премногу бидејќи и ресурсите се лимитирани. Во секој случај можностите се големи за секој играч да собира жито, камен, дрво, железо и сребро на територијата од сопствената Алијанса. Станкониа има голема територија и многу достапни ресурси за секој нејзин играч сам да си ги собере.
  Во момент кога одите до одредена локација за да земете ресурс, вашата патека е означена со зелени стрелки. Се случува во ист момент да одат кон ист ресурс двајца членови од Алијансата. И тогаш се појаваат две стрелки, а тој што ќе пристигне прв без да забрзува тој ќе го собере ресурсот. Вториот стигнува до истата локација но се враќа назад без да се судри или да изгуби војска од првиот.
  За територија се водат војни со други послаби или посилни Алијанси, во зависност од тоа кој прв објавил против кого. Замоците кои достигнале максимум ниво од 30 може да соберат војска дури до 8 милиони. Милионските војски се опасност за малите војски, секако, ама се гаранција за силна Алијанса. Играчот Memock имаше неколку такви судири и за среќа завршија со победа. Милионските војски по ретко се судруваат едни со други но и тоа се случува. [BUD] Memock со војска од 2.27 милиони го нападна играчот Stenchcatt [RmF] со 2 милиони војска и победи. Memock победи бидејќи употребил вистинска стратегија и имал посилна војска со ниво Т-5, што претставува максимално ниво. Постојат многу стратегии но секој играч си одбира според неговите проценки а ако победите тогаш сигурно ќе добиете и многу ресурси.
  Не секогаш морате да имате милионска војска за да победите и да соберете ресурси. Таков е примерот со [BUD] Green кој победил со милионска војска против Huntingington кој воопшто немал војска, или пак ја испратил некаде, но затоа имал силина Total might. Бидејќи тој не бил ниту дел од било која Алијанса, за да се заштити, затоа бил лесна цел и Huntingington загубил дури 6 милиони од неговата силина.
  Еве што советува [BUD] Memock пред да нападнете: ,,First make sure that talents and gear are in battle, then set the best formation for troops that you have mostly there are bows behind swords, if is the fist hit set couple siege squads then if enemy has defenses you won't have loses from them also to kill range enemies, check if there is hero or not in enemy castle when you are getting him solo, when is a rally make sure to send troops that will help in there if team is not sending spears for example if you send them maybe you'll have more loses and a weak squad in rally, also knowing about who's leading rally stats helps to know what to send“.                                                              
  Војна и мир одат рака под рака во оваа игра. Стратегиите за напад на нечиј замок се една работа но заштитата е сосема друга. Имено, постојат два сигурни начини за заштита а тоа е Мировниот штит – Peace shield кој се добива доколку ги следите Настаните – Events и во кои од вас се бара да соберете одредена количина ресурси, создадете војска од 3000, поени од Авантура и слично. Мировниот штит е достапен во траење од 8 часа, 24 часа и 3 дена. За играчи кои во просек се со околу 50 милиони, и за најсилните над 100 милиони поени, многу е важен Мировниот штит од 24 часа. На тој начин се добива на време да се создаде нова војска, да се соберат доволно ресурси и да се следат настаните, кои постојано се менуваат во тек на 24 часа.
  Марш на империите е игра која се игра со месеци. Во [BUD] Stankonia има играчи кои се присутни подолго од 7 месеци а можеби и една година. Сеуште не се знае колку долго ќе трае играта која се игра онлајн на интернет. Значи, за да станете силен играч треба да играте подолго време, сигурно подолго од 6 месеци.
Како што веќе спомнав предходно Мировниот штит е многу важен и баран меѓу играчите на посилните Алијанси.     Првата причина е заради времето кое треба да се одвои и да го посветите на оваа игра. Приватните домашни обврски се приоритет и затоа Мировниот штит ги заштитува вашите активности во играта. Ви дава можност да напредувате а притоа да сте заштитени доколку одите на работа или некаде на забава.
Во Маршот на империите имате опција за купување на Мировен штит кој ќе ве заштити цели 3 дена. За жал имаме негативни искуства од неколку наши играчи кои иако биле заштитени сепак, некако, таа Мировна заштита паднала и играчите биле на удар на други силни Алијанси. За време на тој напад била направена штета, односно одземени многу ресурси и секако уништена војска. Такво искуство имале Goddess1, talon36, Gregor и VladorF.
 
  Според Goddess1 на 1-ви Мај 2016 нејзиниот замок бил уништен за време на Мировен штит кој требало да трае 3 дена. Goddess1 испратила осум различни мејлови до центарот на Gameloft од каде добила одговор „Извинете не можеме да ви помогнеме“. Затоа Goddess1 се јавила телефонски таму и во разговор со еден вработен во Gameloft тој ветил дека случајот ќе го разгледат. На крајот Gameloft исплатил 100 долари како компензација за направената штета на профилот Goddess1.
  Слични искуства со 3 дена Мировен штит имале talon36 и Gregor. Додека VladorF имал негативно искуство со 24 часовен Мировен штит. Оваа опција се добива безплатно доколку следите Настани. Сепак, според неговите пишувања, Мировниот штит паднал по 15 часа а кога тој се приклучил на интернет видел дека замокот е нападнат и уништен.

  Најважната работа во Марш на империите е секако онлајн дружењето и новите пријателства кои се стекнуваат од Европа, Македонија, Еквадор, Америка, Кина, Русија. Иако се работи само за чат онлајн сепак профилите од оваа игра стануваат поблиски доколку ги разменат и нивните Фејсбук профили. Се споделуваат добри и лоши моменти. Смешните моменти исто така се интересни и се случуваат спонтано, сосема случајно а тие дополнително влијаат да се стакнат нови пријатества. Еден од таквите примери е честитањето роденден за [BUD] talon36 од [BUD] Manka. Но всушност честитките не беа испратени до него туку по грешка до [TMO] Talon, заради сличните имиња на нивните профили. Грешката беше корегирана но дејството предизвика смеење.                                                                                                                                                                                     Пишува Игор Манев                                                                                                                                     Датум: 31 Мај 2016