Поврзаност меѓу загадување на амбиенталниот воздух
и развојот на белите дробови кај деца
Во испитувањата е докажано дека постои директна поврзаност меѓу загадување на воздухот и намалување на белодробниот капацитет кај деца. Аеро загадувањето го зголемува и ризикот од појава на астма. 
  Тренирани техничари исто така работеле во испитувањето според стандардите на Американското Торакално здружение, каде за секое дете правеле мерења со Спирометар за FEV1-форсиран експираторен волумен и FVC-форсиран витален капацитет. Овие спирометриски испитувања биле спроведувани кај деца во групите Ц и Д секоја година односно на возраст од 10-18 години. Додека кај децата во група Е испитувањата биле на секоја втора година.
  Со помош на мониторинг станици поставени во секоја општина континуирано се мереле концентрациите, секој час, на Нитроген диоксид, ПМ2.5, ПМ10 и Озон. Читањето на нивото на загадување за потребите на испитувањата се земале во предвид од 1994 година.
   Целта на сите овие анализи на долг период била да се испита поврзаноста, асоцијацијата, меѓу подобрувањето на квалитетот на амбиеталниот воздух и белодробната функција кај децата на вораст од 11-15 години. Студијата е објавена во The new England journal of medicine.
Регионалниот квалитет на воздухот драматично се променил за време на Здравствената студија за деца. Тоа се гледа по намалување на нивото на 4 аеро загадувачи ПМ2.5, ПМ10, Нитроген оксид и Озон во период од 1994-2011г. во петте јужно-калифорниски општини. Обоените вертикални траки на табела 1 ги претставуваат 3-те целни групи на деца Ц, Д и Е а косите хоризонтални линии го покажуваат намалувањето на честичките од аеро загадувањето во 5 општини.
  Периодот од 11-15 годишна возраст кај децата е одбран од причини што во тоа време, кај машките и женските тинејџери, белите дробови се развиваат многу брзо. Нивниот развој трае до 18-20 години. Тоа значи дека колку повеќе се развива нивниот белодробен капацитет во тенејџерскиот период толку подобро за нив во подоцните возрасни години од животот. Бидејќи зголемениот дишен капацитет го намалува ризикот од предвремена смрт.
  Мерењата за намалувањето на Озонот покажуваат дека белодробните заболувања и не се толку поврзани туку, дека главните загадувачи кои се директно поврзани со намалувањето на белодробниот капацитет се всушност ПМ2.5, ПМ10 и Нитроген диоксид. Овие честички најповеќе се испуштаат од големи автомобилски мотори на бензин и дизел гориво.
  Главните правни директиви во Америка во 1970г. со законот за Чист воздух – Clean air act, доведоа до подобрување на стандардите за квалитетот на амбиеталниот воздух и заштита на јавното здравје. Што значи дека политичката воља на политичарите за почист воздух е важен фактор. Анализите покажуваат дека дури и мало подобрување на квалитетот на воздухот водат до подобрување на здравјето.                                                                                                                                                                                                                   Подготвил: Игор Манев
датум: 22 Февруари 2016
  На долг период, децата кои биле изложени на аеро загадување, докажано е дека кога ќе пораснат тие се во зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања и зголемен морталитет. Во УСА, Јужна Калифорнија, историски била позната по големо ниво на аеро загадување заради присуство на многу индустрии. Најголемо бродско пристаниште во УСА, големи камиони и природно опкружување кое го „заробува“ загадениот воздух над Лос Анѓелес базенот.
  Како дел од 20 годишна здравствена студија кај деца, во која бил вклучен и професорот Џејмс Гудерман, три одвоени групи на деца имале мерења на белодробната функција на возраст од 11-15 години во 5 области во близина на Лос Анѓелес. Во исто време биле мерени нивоата на Нитроген диоксид, озон, како и ПМ честички помали од 2.5 μm (PM2.5), помали од 10 μm (PM10), и помеѓу (PM10–PM2.5)
   Првото испитување започнало во период од 1992-1993 г. и 1995-1996 г. во кое биле вклучени деца од 4-то одделение основно школо од 12 јужно Калифорниски општини. Овие деца биле поделени во 2 групи и тоа група Ц и Д. А во третата група Е биле вклучени деца од градинка и 1-во одделение основно школо чие испитување било подоцна во период од 2002-2003 година во 13 општини. Но поради финансиски ограничувања белодробните испитувања биле спроведени само во 5 општини и тоа во Лонг Бич, Мира Лома, Реверсајд, Сан Дима и Апленд. Во испитувањето биле вклучени вкупно 2120 деца, во Ц групата=669, во Д=588 и во Е=863 деца. Протоколот за испитувањето бил одобрен од бордот за хумани студии при Универзитетот на Јужна Калифорнија.

Загадување во Лос Анѓелес, УСА

„Заробено“ аерозагадување во Лос Анѓелес. Фото: интернет

Табела 1, Фото: New England journal of medicine

Табела 2 Белодробен капацитет кај деца

  Кај сите 3 студии значењето на FEV1 кај женските деца пораснал од 2274мл на возраст од 11 години до 3150мл на возраст од 15 години. Значи во период од 4 години белодробниот капацитет пораснал за цели 876мл. Додека кај машките деца FEV1 пораснал од 2311мл на 11 годишна возраст до 3831мл на 15 годишна возраст. Односно за 4 години раст од 1520мл. Слични резултати имало и кај мерењата на FVC. Табела 2. Овој значителен раст на белодробниот капацитет и нивната функција кај децата се случувал како кај тие со астма така и кај тие без астма.