ироткоД во ЛИРАК (трет дел 3)

Во писмениот извештај за извршена обдукција на институтот за Судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, издаден на 16.11.2014 година се запишани доволно прецизно сите податоци кои се однесуваат на состојбата на организмот, телото по смртта на Иван Билински.
  Но тоа што предизвикува чудење е дека податоците од КАРИЛ се дадени во форма на медицинска белешка која содржи штури, инсуфициентни податоци за медицинската помош што му е пружена на Иван додека тој сеуште бил жив!
  Медицинската белешка е додаток кон Писмениот извештај за извршена обдукција но не постои званичен, јавен и посебен документ од КАРИЛ. Имено, во белешката издадена до Судска медицина е наведено дека Иван бил пренесен на КТ-компјутерска томографија со Oxylog. КТ за да се видат внатрешните повреди на телото на Иван. Со Oxylog за да се спроведе контролирана вентилација, односно размена на кислород и јаглерод диоксид, која им помага на белите дробови да направат размена на гасови на ниво на алвеоли. Oxilog е практичен медицински апарат бидејќи може да се транспортира заедно со пациентот од една просторија до друга и притоа дишењето да се одржува во рамките на нормалното.
  Пред да започне снимањето со КТ Иван прави срцев застој - cardiac arrest и затоа е реанимиран со масажа прекордијално - на предната страна од градниот кош, срцето. Истовремено се дадени ампули Адреналин, Атропин, ДОПА. Со оглед на тоа дека Адреналинот како хормон има стимулирачко дејство и предизвикува вазоконстрикција и возбуда затоа Иван се „вратил“ и неговото срце повторно почнало да чука. Но по 5 минути повторно срцев застој и повторно реанимиран на истиот начин плус додавање плазма. Плазмата е белковинскиот дел од крвта и тоа секако ја подобрило состојбата на Иван.                                                                                      
  Во меѓувреме се повикани Торакален хирург д-р Џ. потоа Неурохирург д-р М. кои и двајцата ги виделе снимките од КТ скенот. На снимката се гледало дека има раширен мозочен едем, потоа исполнување на синусот на горна вилица лево, крварење во пределот на вратот и затоа дишникот бил избуткан на страна.
  Што се однесува до дишникот мора да се спомене дека тој бил скинат односно руптуриран дишник Section tracheae и секако се гледа на КТ а тоа значи дека Торакалниот хирург сигурно тоа и го видел. Затоа Иван имал недостаток на дишење - респираторна инсуфициенција. Со оглед на тоа дека трауматско, насилно кинење на дишник се третира со хируршка операција се поставува прашање зошто Торакалниот хирург не го направил тоа?

Оксилог , апарат за вештачка вентилација                              Видео, Операција на дишник, кликни на фотката

  Медицинското интензивно лекување продолжува со некој си Кардиохирург кој направил пунктирање на срцевиот перикард – срцево ќесе и извлекол 40 мл. крв. Во срцевото ќесе има негативен притисок и затоа секое дополнително количество течност, во овој случај крв, предизвикува позитивен притисок кој со својот волумен го притиска срцето. Името на Кардиохирургот не му е запишано во медицинската белешка, зошто недостасува? Кој е тој што направил пункција на Перикард?                                                                                                                        
  Торакалниот хирург и тој ставил дрен во thorax – градниот кош и издренирал 1800 мл крв. Во меѓувреме се дало и крв со крвна група АБ а за целото време Иван го масирале прекордијално и му давале ампула Адреналин. Потоа следува вентрикуларна фибрилација – коморна вибрација на срцето и затоа Иван го фибрилирале со апарат Фибрилатор, за да срцето добие нормален ритам. По 2 часа реанимација Иван повеќе не ја прифатил реанимацијата и не се ,,вратил“.                                                                                                                                      
  Според штурите и недоволни информации од КАРИЛ, за кои засега не постои официјален документ, може да се заклучи дека Иван и покрај тешките физички повреди на неговото тело и внатрешни органи тој всушност починал од задушување. Доволни се само 5-10 минути без присуство на воздух и човечкиот организам влегува во клиничка смрт, но во овој случај тоа е продолжено бидејќи Иван се транспортирал со Oxylog за да колку - толку неговото дишење е контролирано. Сепак, се работи за физичка обструкција на дишникот и тоа требаше да се третира веднаш во хируршка сала или барем со трахеален стент интубиран со бронхоскоп. Зошто овие медицински процедури не се извршени врз повредениот Иван Билински?

Видео, Бронхијален стент, кликни на фотката за видео

  Од Медицинскиот извештај за извршена обдукција може да се види дека, во внатрешниот наод, мозокот на Иван имал повреди кои на предно лева страна имало мало нагмечување и точкести крварења. Значи немало обилно крварење во мозокот, туку дифузно раширено. Доколку останал жив Иван ќе имал церебрални отстапувања кои не се знае како би се манифестирале во неговото секојдневно функционирање. Сепак, изгледа дека овие повреди не биле животно загрозувачки.

Медицинска белешка, наведена во Писмениот извештај за извршена обдукција

  Тешка повреда се наведува кај рбетниот мозок во висина на вратните пршлени C6-C7 Fractura collumnae vertebralis C6-C7 при што има комплетно прекинување на рбетниот мозок Sectio medullae spinalis со растојание од 2см. Повредите на овој дел од рбетниот мозок предизвикуваат целосна парализа квадриплекс – раце и ноѕе. Во случај ако Иван останеше жив тој дефинитивно ќе беше парализиран.
Во овој дел од вратот на Иван се наведува и исчашување на првиот вратен пршлен C1=Атлас од тилната коска Luxatio articulatio atlanto-occipitalis.
 
  Од останатите информации за срцето на Иван, во Писмениот извештај од Институтот за Судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, се наведува дека на срцето има малку точкести крварења но во целост се работи за нормална големина на срцевиот мускул како и на неговите залистоци.
  Белите дробови се со повреда на горниот резен - дел од десното белодробно крило но останатиот најголем дел од истото и целосно левото белодробно крило се опишуваат со нормална препознатлива структура и розево - сивкаста боја.
  Сите други негови внатрешни органи се со нормален изглед како на пример Црн дроб, Слезина, Бубрези, Црева, Мочен меур, Полови органи.

Пасоси од внатрешен наод од Писмениот извештај за извршената обдукција  

  Неговиот Коскен систем има фрактури на рбетниот прешленски столб, лицевата коска, челната и лева нога и раце. Дел од неговиот мускулен систем исто така претрпува повреди во форма на кинење и нагмечување.

  Иако Медицинскиот писмен извештај за извршена обдукција е комплетен, во споредба со медицинската белешка, сепак недостасуваат многу медицински податоци кои се додадени во истиот извештај. Најголемата борба за спасување на било кој човечки живот се одвива меѓу првите доктори или специјалисти по медицина и пациентот. Тие кои први пристапуваат, а во овој случај се специјалистите од КАРИЛ. И затоа е многу чудно зошто баш овие информации за реанимацијата на Иван Билински недостасуваат? Наликува на непрофесионален однос, аматерски, пристап кон трауматизираниот. Однос кој многу лесно доведува до ситуација пациентот да се „испушти“ од контрола на неговите витални органи и да настапи биолошка смрт. Мора да се спомне и тоа дека до сега ниту еден од ироткоД на ЛИРАК не присуствувал на суд за да објаснат усмено што се случувало, what a fuck was going on? Читај наопачки.
  И покрај тешките повреди, сепак Иван имаше шанси да остане жив а најверојатно како парализиран. Ама во разговор со неговите родители тие велат дека би посакале тој да им се вратеше дури и во таква состојба. Додека е човек жив секогаш постои надеж.                                                                                                                                                                                                                                                                                         Пишува: Игор Манев                                                                                                                                              Датум: 26 Мај 2016