Афтер шок од поплави и земјотреси
(Интервју со д-р Ставре Грамов)
Реката Нил е со должина од 6.695км и воедно најдолгата река во светот која одиграла огромно културно влијание во човечката историја. Почнува од планините во Етиопија и централна Африка а се влева во Медитеранското море.
  Оваа река поплавувала огромни површини во Еѓипет но во времето на фараоните, со измислување на системите за иригација, разорната моќ на Нил се претворил во културно богатство. Имено, водата од реката почнала да се користи за вештачко наводнување во текот на целата година а посебно во сушните периоди. Затоа 365 денови се одгледувале житни култури, потоа банани, памук, краставици, домати, лубеници, кајсии и сите овие производи сеуште успешно се одгледуваат на истото место.

  Огромниот бенефит за Еѓипетската популација имал социјално, политичко и религиозно значење до таа мерка што тамошните свештеници почнале да го слават Богот Хапи, за кого се мислело дека има моќ да им дава плодови на луѓето преку водата на реката Нил.

  Системите за иригација за првпат се појавиле пред околу 6000 години пред појавата на Исус Христос, или 6000B.C. во Персија односно денешен Иран каде сеуште користи исти канали кои потекнуваат од пред 600 години B.C.

Систем на иригација во време на фараоните-Еѓипет, фото: Monashores

Еѓипетски Бог Хапи, фото: Geocities

  Во Македонија на археолошките локалитети Скупи, Стоби, Скопско Кале а посебно Аквадуктот јасно укажуваат на познавање на овој систем за пренасочување на водата со канали. Технологијата ја донеле експертите од Римското царство кои долго време биле во Македонија а и тие ја знаеле оваа техника уште 150 години пред раѓањето на Исус Христос. Со себе ги донеле и своите знаења за искористување на топлата вода за т.н. „Топли бањи“ и Сауни. Катлановска бања, која се наоѓа на околу 25км од Скопје, сеуште ги користи истите извори на топла бања кои биле користени и во времето на Римјаните, од Римското царство.
  Речиси 8000 години поминаа од измислувањето и примената на првите канали за иригација, односно 6000 години пред и уште точно 2016 години од раѓањето на Исус Христос а ние во Македонија сеуште сме загалавени со главата во кал. Нашите политичари на функција се како еден голем Ној, кој многу често знае неговата глава да ја заринка во кал и од таа позиција ги игнорира сите 8000 години од постоењето на системите за иригација. Нашите политичари во Македонија се заостанати и затоа може слободно да се каже за нив дека тие живеат во времето од пред 8000 години. Исус Хрустос, па што е тоа? Кој е тој? Не верувам дека воскреснал!

Аквадуктот во близина на Скопје, фото: Pinterest

  Елементарните непогоди секогаш предзвикуваат штети и во таа смисла поплавата која се случи на 6 Август во околината на Скопје, с.Стајковци, с.Арачиново и другите села предизвика голема деструкција правејќи материјални штети.
  Преживеаните жители на овие села дури и денес се соочуваат со последиците од поплавата која воедно предизвика стресна реакција кај нив. Некои се адаптираа и успееа да се приспособат на лошите услови но некои не можат.
  Постојано чувствуваат напнатост и чувства кои не можат да си ги објаснат, но знаат дека се негативни чувства. Уште еден доказ дека дури од дамнешно време пред 8016 години големите водени површини имале силно влијание врз човештвото како од социолошки така и економски, политички и религиозен аспект. Водените потенцијали во Македонија не се искористуваат во позитивна смисла, за жал.
  Секоја година се соочуваме со огромни количества на вода која спонтано и многу лесно, без контрола, се излеваат од своите корита и предизвикуваат страшни последици, пред се здравствени. Акутниот стрес се јавил кај сите од поплавените подрачја на 6 Август и многумина бараат сеуште психијатриска, психолошка помош иако поминаа повеќе од 30 денови. Некои од нив побараа помош од психијатарот д-р Ставре Грамов и во разговор со него откриваме многу повеќе од тоа што ни се нуди на ТВ со национална концесија. Телевизии кои, за срамота, се под влијание на партиски инструкции. Телевизии кои се однесуваат исто како и нивните политичари, како еден голем Ној.

Ној и човек со глава во кал, фото: Acrossculturesweb

  Игор Манев: тие што побарале психијатриска помош од вас за намалување на анксиозноста, што ви кажуваат од кога започнале да ги чувствуваат тие чувства на напнатост, стегање?
  Д-р Ставре Грамов: во изминативе месец дена имав неколку случаи да видам пациенти од овие подрачја кои беа поплавени и побараа помош и веќе имаа од таа симптоматологија на Анксиозност. Тие се јавуваа во различни интервали, некои дојдоа непосредно по настанот а некои дојдоа 1 – 2 седмици подоцна. Доминантно кај сите пациенти беше таа напнатост.
  Игор Манев: дали предходно имале такви симптоми, пред поплавата?
  Д-р Ставре Грамов: имав само еден пациент кој веќе се лекуваше предходно и кај кого се влоши состојбата поради стресот, се реактивизира веќе постоечката состојба. Вкупно 5 пациенти ја посетија ординацијата.
  Игор Манев: како ги опишуваат овие чувства, на што се жалат, што им претставува проблем?
  Д-р Ставре Грамов: најчест симптом кај овие пациенти е еден „летечки страв“ еден нејасен страв со чувство на телесни тегоби во вид на гушење, стегање на градите, немир во нозете, едно чувство на стегнатост на целото тело и проследено со други симптоми несоницата. Но анксиозноста е со доминантен страв кој има елементи на постојано исчекување дека нешто пак ќе се случи. Тој настан, поплавата, направи таква деструкција таков пробив на нивниот психосоцијален еквилибриум што веќе тие го чувствуваат континуирано. И беше присутен кај сите кои доаѓаа тука како доминантен симптом.
  Игор Манев: дали и другите членови на фамилијата се жалат на слични симптоми, според кажувањата на пациентот?
  Д-р Ставре Грамов: пациентите воглавно беа фамилијарни луѓе на возраст меѓу 30-50 години и веројатно тие беа најпогодени од самиот стрес. Генерално се работеше за лица од женски пол, веројтно нивната полова припадност им носи повеќе ризик од таква реакција. Машката популација беше повеќе ангажирана околу санација на нивниот имот и така тие го разрешуваа својот стрес, кои сите го доживееја, преку активност која им помогна спонтано да го разрешат. Како се санира работата секој ден веројатно тоа дава и позитивна енергија дека нешто се завршило или пак, се јавиле на друго место на психијатар.
  Имаше една екипа од Министерство за здравство која делуваше на самото место, еден мој колега кој беше постојано таму. Ресурси имаше доволно но сепак, тоа беше една голема популација, мислам околу 20.000 луѓе и затоа дел од нив се сместија кај роднини, пријатели или по државни домови. Самото чувство на сигурност ја намалуваше таа Анксиозност.
Овие кои се јавија најверојатно имаа и некои свои ендогени карактеристики кои реагираа на овој начин.
  Игор Манев: дали чувствата на несигурност, страв, напнатост, нетрпеливост, бес, дали има само лоши чувства или пак има и психосоматски пореметувања?
  Д-р Ставре Грамов: кај овие 5 пациенти имаше ситуации каде што имаше психосоматски еквиваленти во вид на вегетативни изразени знаци. Лупање на срце, стегање во градите, гушење, по некогаш стомачни тегоби но тоа се придружни елементи на стресот. Иначе, како типични соматски растројства не се јавија бидејќи тие треба да се следат во еден поголем временски период. Овие симптоми се акутни кои така се манифестираат како гушење, немање на воздух, чувство на кнедла во грло.
  Игор Манев: зошто чувствуваат страв, дали е тој повторно поврзан со тоа дека повторно ќе се случи поплава?
  Д-р Ставре Грамов: стравот е едно најстаро, исконско, чувство кое се јавува кај човекот уште од времето кога човекот бил Хомосапиенс а можеби и пред тоа. Стравот е едно непријатно чувство и најчесто се јавува во ситуации кои за човекот се непознати. Тој се соочува со својата немоќ да се справи со непознатото. И од тука произлегуваат оние маѓиски верувања во разни богови, кај Полибожството, во предмети и други материјални но и верување во Бога како што е кај Христијанството. Значи тоа е еден од начините како да се разреши тој страв.         Верувањето дека молњата, маѓиските верувања, удира на различни места во зависност од нашето однесување.
Чувството на страв се јавува кај луѓе со повисока интелигенција и кај луѓе со пониска интелигенција, врзан е за човечкиот живот и се јавува особено во вакви катастрофални ситуации каде се соочуваме со елементарни непогоди од ваков карактер. Тоа се состојби на акутна катастрофична ситуација каде што човекот се соочува со непосредна животна закана.
  Закана за здравјето, за животот, да не зборуваме за имотот тоа е веќе една доцна одложена реакција. Примарен страв кој се јавува непосредно од трауматскиот чин.
  Игор Манев: зошто чувствуваат несигурност дали тоа чувство има корен од чувството на страв. Дали овој страв е поврзан со преживување, буквално за живот или смрт?
  Д-р Ставре Грамов: кај сите кои се јавија го почуствувале тој страв, им се јавил тој страв во моментот на поплавата но, тој кратко трае и брзо поминува. Ние сега се соочуваме со оној суштински страв т.н. секундарен страв. Тој се јавува откако ќе помине акутниот страв и кога ние ќе почнеме да се соочуваме со последиците од тоа што поминало. Тогаш веќе влегува во игра нашиот разум, нашите проценки, се вклучуваат нашите останати психички функции како нашата перцепција кога гледаме колкава штета настанала. Гледаме дека ние сме оневозможени во некои наши суштински работи, кога гледаме дека нашите најелементарни работи ни се нарушени. Како на пример потребата од вода, потребата од храна, потребата од топлина, кров над глава. Значи, тоа се елементарни работи!
  Да не зборувам за ситуации каде во некои фамилии, погодени од поплавата, имаше и загуба на човечки животи. Кај тие пациенти беше малку покомплицирана ситуацијата. Иначе, стравот е поврзан и со тие егзистенцијални работи „Што ќе биде утре? Дали тоа ќе се повтори? Дали утре ќе го имам тоа што го имав вчера? Дали ќе имам егзистенција? Дали ќе имам храна? Дали ќе преживеам и дали моето семејство ќе преживее?“ Голем дел од луѓето живееја од тоа што го работеле како земјоделски дејности. Голем дел од нив жевееја од приходите кои ги добиваа од бавчите и нивите кои беа поплавени. Сеуште не знам во каква состојба е земјата, дали се тие употребливи. Значи, тој страв ќе трае сеуште додека не се отстранат сите последици и додека не се создадат тие антистрес мерки.
  Игор Манев: Стресорот сеуште трае, последиците од поплавата, материјални штети. Поминаа повеќе од 30 денови од 6-ти Август и луѓето сеуште се соочуваат со последиците од Стресорот, дали се чувствуваат исцрпено, истоштено?
  Д-р Ставре Грамов: последиците од поплавата најверојатно ќе остават подолготрајни последици материјални. Јас знам дека голем дел од нив не можат да ги користат плодовите од својата работа. Немаат основна егзистенција и тоа носи чувство на несигурност „што ќе биде утре?“ Иако таа помош е спроведена, да кажеме дека првичниот удар е амортизиран. Но допрва ќе доаѓаат некои одложени реакции на страв, пострауматски. Јас мислам дека тоа што најдобро помага кај овие семејства, кои ја прежевееја поплавата, е тоа што тие одат да живеат кај свои роднини, пријатели додека се санираат овие материјални проблеми. Во други живеалишта каде во поширок круг на фамилија ќе може да се почувствува таа топлина, тоа делува антистресно и веројатно ќе делува антианксиозно и против тој страв. Но еден дел, најверојатно поголем дел од нив, ќе имаат долготрајни последици. Значи, во очекување дека оваа ситуација ќе трае уште 2-3 месеци!

Интервју со д-р Ставре Грамов, кликни за видео. 

  Игор Манев: веќе рековме дека најголемиот дел од настраданите веќе чувствуваат Тахикардија, Анксиозност. Дали имаат главоболки и каде се тие локализирани?
  д-р Ставре Грамов: многу се чести во состојби на Анксиозност особено болки и стегање во вратот, чувство на напнатост, затегнатост т.н. болки во тилот заради анксиозноста и немирот. Несоницата која е проследена знае да даде замор, малаксаност и сето тоа да биде проследено со главоболки. И најчести други симпмтоми, како што веќе кажав, тахикардии, гушење, стегање во гради. Значи, повеќе лепеза на симптоми кои со текот на времето ќе се повлечат бидејќи тие немаат структурираност но последиците подоцна можат да се манифестираат во форма на панични напади, фобично растројство, подоцна некоја депресивна реакција и други состојби кои не можеме да ги предвидиме.
  Игор Манев: до кој степен одат овие главоболки, дали се тоа фотосензитивни при кои на пациентите им смета светлина?
  Д-р Ставре Грамов: повеќе се тоа тензиони главоболки, повеќе во пределот на вратот позади заради анксиозноста и немирот кој се јавува, грчот на мускулатурата во тој предел. Тоа се типични главоболки, тензиони неуротски главоболки заради главоболката. Згрченоста на мускулите некогаш предизвикува и немир во нозете, тоа што велиме „играат нозете“ и тогаш може да се јави болка во нозете, во подколеницата.
  Игор Манев: вознемиреноста, анксиозноста постојаната напнатост проследена со главоболки, дали тие се јавуваат само преку ден или и навечер кога се обидуваат да заспијат?
  Д-р Ставре Грамов: овие симптоми најчесто се манифестираат кога луѓето се во мир. Додека работат и додека се движат тогаш таа Анксиозност може да се растерети, да се намали. Тие кои се повеќе интровертни, кои не се со ангажман, тогаш таа анксиозност може да трае и подолго време, цел период со денови.                                                                                                                                                                                                                 Пишува: Игор Манев                                                                                                                                              
Датум: 13 Септември 2016

Интервјуто со д-р Ставре Грамов продолжува …