100% те љубам, знај дека е така!

За Наташа и нејзиното семејство,
моб: 078 221 640
трансакциска сметка:
200002834558145
АД Стопанска банка
  Поминаа 20 денови од поплавата на 6 Август и сеуште се соочуваме со последиците кои останаа како резултат на деструкцијата предизвикана од големото количество вода. Сеуште се чувствува влага во воздухот иако во последните 2 седмици заврна само еднаш дожд. Влага која има свој специфичен мирис, одор што нашето сетило не го поднесува бидејќи сите не потсетува на нешто прљаво и одвратно.
  Уништеното домаќинство масовно се исфрла од нашите домови, остануваат само најнеопходните работи за живот а тоа се храна и вода. Цунамито што ги погоди, најмногу куќите во с. Стајковци и с.Арачиново дефинитивно ги врати граѓаните назад кон нивните основни инстинкти за преживување и сега сетилата за мирис и вкус станаа доминантни преку кои се перцепира околината. Истите инстинкти преку кои се водат и животните, куче, маче, стока, живина.

Улица во с.Стајковци, десно домот на Наташа, фото: Игор Манев

  Во помалку погодените подрачја во споредба со тие, во с.Стајковци, с.Арачиново и останатите села во околината и во споредба со тие подрачја каде се изгубија животи, во нас. Ченто секојдневниот живот тече нормално но сепак и тука трае расчистувањето на собите, ходниците и уште по некое ќоше од домовите на поплавените.
Нашите политичари ветуваа 100% исплаќање на штетите но дали е тоа е реално? Бидејќи сите треба да добијат финансии во вредност од 500е. а не сите штети се подеднакво исти. Некаде се многу поголеми а некаде помали.     Доколку земеме просек за еден салон со површина од 25м² чиј патос е поставен со најефтин ламинат во вредност од 380ден = 6.2евра за м², во тој случај вкупната цена само за ламинатот ќе изнесува 9500 денари = 155 евра. Тука не се вклучени останатите соби потоа, работна рака и цена за оштетен мебел, облека, постелнина и електронски апарати. Зошто автомобилите не се обесштетуваат од поплавата?
И за крај, постои ли цена за загубените животи, колкава е цената за еден живот?
  Нашите политичари мораат да знаат дека сега кај сите граѓани кои ја преживееја поплавата доминира чувството на замор. Без разлика дали седат, пешачат или лежат тоа чувство постојано е присутно како резултат на преживеан стрес од поплавата – PTSD пост трауматско стресно растројство.

  Реалноста полека, полека ја сваќаат сите и затоа станува потешко. Бидејќи се согледуваат сите работи и сега во овие моменти погодените граѓани од поплавата чувствуваат потреба да зборуваат. Отворено, за нивните случувања и до најмали детали. Можат да се слушнат и лоши и добри работи но сепак, заклучокот е дека сите тие сакаат да ги споделат нивните искуства од 6 Август и потоа.
  Во разговор со Наташа од с.Стајковци се открива една интересна приказна која кажува што всушност се случувало таму:

Игор Манев: Колкава е штетата што поплавата ја предизвика во вашиот дом?

Наташа: Целата куќа е поплавена, сите соби, гаражата е поплавена, подрумот, дворот, колите, вода од сите страни. Водата од сите страни извираше и од доле преку плоча, преку врати.
Во моментот на поплавата јас бев на работа но кога дојдов следниот ден водата беше прљава и само калта беше останата, тињата. Водата беше кафена, црна. И многу смрдеше! Според тоа што ми кажуваа водата исто така се излевала во купатило од шољата во тоалетот. Девојчето, свекрвата и сопругот беа дома за време на поплавата.

Дворот и собите во домот на Наташа, фото: ќерката на Наташа 6 Август 2016

Игор Манев: Зошто се случи поплавата, твое мислење?

Наташа: Мое мислење, незнам ништо што се случило. Можеби поради тие канали што се запушени, можеби поради тие цевки што не можат да ја соберат водата, нема каде да оди водата. Можеби и божја работа, така.

Игор Манев: Дали веруваш дека поплавата е само божја работа или има и човечки фактор?

Наташа: Па и двете работи можеби се. И едното и другото. И да е божја работа ако човечкиот фактор направил нешто за да не може таа вода да оди каде што треба пак е тоа…

Игор Манев: Дали сметаш дека постоечките канали во с.Стајковци, за атмосферска вода се сосема доволни за да спречи некоја друга поплава во иднина?

Наташа: Не, не! И доколку не ги сменат пак може да се случи таква работа и од најобичен дожд, затоа треба да си сменат. Овие канали не се доволни.                                                                                                                                      
Игор Манев: Од кого побаравте помош и кој ви пристигна на помош?

Наташа: На помош пристигнаа колегите од работа и колешките, двајца. Собраа сè што е нормално од стварите дома што беа, шпорет, фрижидер, бидејќи само тоа остана. Натоварија во комбе а другиот ден дојдоа и вадеа паркет од цела куќа средуваа, во гаражата средуваа. Дури и парично малку ми помогнаа.
Помогнаа и Бугарите што ја црпеа водата со пумпи од гаража од каналот, од подрумот и од дворот.

Во домот на Наташа 15 дена подоцна, фото: Игор Манев 21 Август 2016

Игор Манев: Како се чувствуваше следниот ден кога пристигна дома и виде каква штета имате, што чувствуваше во тој момент?

Наташа: Никако, грозно, ужасно! И исплашено и незнам.

Игор Манев: Што си помисли кога ја виде куќата уништена од поплавата и на кого си помисли?

Наташа: Дека среќа што ми се сите живи здрави дома, тоа е најбитно! Друго нема што да помислам тоа биднало што биднало.

Игор Манев: Децата првенствено така?

Наташа: Да, да, да

Игор Манев: Каде беше првата ноќ?

Наташа: Во Автокоманда кај баба ми бидејќи немав пристап до дома да си отидам бидејќи вечерта беше блокирано, патиштата.

Игор Манев: Вие сеуште сте сместени во домот „Партениј Зографски“ колку дена сте веќе таму?

Наташа: Цела недела веќе, седум дена.

Игор Манев: Дали сметаш дека условите во домот се пристојни?

Наташа: Пристојни, не би рекла дека се којзнае колку пристојни меѓутоа имаш јадење колку толку, каде да преспиеш бидејќи немаш дома каде да преспиеш. Тоа е. Ние каде сме во тој дел е реновирано, ново е. Тоалетите и собите им се со нов намештај, за разлика од другата страна каде што е стариот дел.

Игор Манев: Дали добивте помош од Црвен крст и каква помош?

Наташа: Од Црвен крст добивме пакети со храна, две пакетчиња со храна, вода. Носеа нон-стоп вода. Ќебиња не. Само храна и вода. Помошта ни ја донесоа до дома.

Игор Манев: Дали добивте помош од некои други организации кои доаѓаа во с.Стајковци?

Наташа: Други организации, додека бевме таму во Стајковци, само ако поминеш по главната улица на селото ќе добиеш помош, ако не отидеш не! Бидејќи никој не одеше по куќи да носи. Сега од „СОС детското село“ ни донесоа за детево за помалово облека, патики такви работи. И за во иднина, ми рекоа, требало како храна за деца млека од некоја си компанија и тоа треба да се дели. Меѓутоа кога тоа ќе биде, не се знае.

Игор Манев: Како се вика главната улица каде делеле помош во с.Стајковци?

Наташа: улица Климент Охридски беше по старо, сега сè е по бројчиња распоредено.

Игор Манев: Дали имаш здравствени проблеми, кожни инфекции од прљавата вода, било какви проблеми со здравјето?

Домашното куче со кожни инфекции, фото: Игор Манев 21 Август 2016

Наташа: Кожни инфекции не! Меѓутоа стрес доволно и покрај тоа што не сум била таму кога се случувало тоа, тахикардија на срцето и притисокот ми се спојува. Брзо лупање, тахикардија навечер посебно пред легнување.

Игор Манев: Дали имаш проблеми со спиењето заради тоа?

Наташа: Навечер не можам да спијам воопшто.

Игор Манев: Дали пиеш некакви лекови, на своја рака?

Наташа: Да пијам Дијазепам. На своја рака, не сум посетила доктор. Имаше во домот ми мереа притисок меѓутоа…

Игор Манев: Тоа беа докотори по општа медицина, но психијатри, психолози?

Наташа: Не нема такво нешто. Ми се понудија во детсково село за децава да ги однесам таму, имаат психолози. Се договоривме за утре, ќе одиме обавезно.

Игор Манев: Дали имаш некава идеја како да се решат проблемите со поплавите во иднина во с.Стајковци?

Наташа: Идеја јас немам, тоа треба надлежните да средат како да се среди за да не се случи пак иста работа во иднина. Најубаво така ќе си биде, тој што е надлежен тој да си најде идеја како да го среди тоа.

Игор Манев: Немаш некакво решение како да се реши?

Наташа: Немам јас решение само барам за куќата да си ја средиме и да можеме нормално да си живееме. А другите работи улици, атмосферски канализации и незнам што нека си средува Владата. Мислам дека за тоа се платени.                                                                                                                                                                   
  Разговорот со Наташа и другите жители на с.Стајковци и околината, како и погодените населби на градот Скопје, јасно покажува дека постоеле страшни проблеми со поплавата, штетите предизвикани од тоа и проблеми во деновите потоа поминати во санирање на домовите. Во најголемиот број случаи граѓаните си го решаваат проблемот самостојно или со помош на нивните најблиски. Помошта во било каков облик е секогаш добредојдена.

Комшиска куќа преку пат од Наташа, фото: Игор Манев 21 Август 2016

  Кога се слушаат овие приказни а посебно доколку лично се ангажирате, волонтирате или донирате било каква помош за настраданите можете да почуствувате топлина околу вашето срце.
  Но има и такви кои не веруваат во оваа вистинска солидарност на луѓето туку веруваат во сосема споредни работи, како на пример дека силната дождовна бура во Скопје и околината е предизвикана од ХААРП антени. Конспиративни изјави и текстови објавени на интернет, како и други медиуми, со злокобна содржина во која се објаснува учество на Американската армија, тајни агенции и слично. Обвинувања кои не се поткрепени со факти. Без разлика дали тие текстови се читаат или не, важно е дека такви конспиративни текстови предизвикуваат исто така штета колку и поплавите. Бидејќи тоа е ширење на антиамериканска пропаганда.
  Во замена за таква анти пропаганда би било убаво да се слушне каде и во која фирма во Македонија вработените добиваат скратено работно време? Дали настраданите од поплавата работат сеуште со полно или скратено работно време? Мора ли погодените од големата вода да бидат физички повредени за да добијат одмор неколку дена, лежејќи во медицински центри? Тоа се прашања на кои би било убаво да се одговори, доколку постојат такви случаи. Но за сите 100% од настраданите а не само индивидуални примери.                                              
Јаково Послание, Вера и дела, 2:14-17
Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела?
Може ли верата да го спаси?
Ако некој брат или сестра се голи и без секојдневната храна, па некој од вас им рече:
„Одете си во мир, стоплете се и наситете се!“ а не им даде она, што им е потребно за телото, каква е ползата?
Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе.                                                                                                           
Пишува: Игор Манев
датум: 25 Август 2016
  За среќа нашата држава има пријатели кои во овие тешки моменти испраќаат помош за настраданото население во Македонија. Имено, нашата соседна земја Бугарија испрати 6.200 детски лажички и 5.000 памперси потоа, 22.000 литри флаширана вода, 8.200 конзерви и друга храна, според дирекција за заштита и спасување. А ние обичните граѓани можевме да ги видиме специјалните Бугарски тимови кои помагаа со материјално-технички средства за справување со штетите од поплавата.
  Нашиот стар пријател Холандија исто така испрати помош преку фирмата „Букенстајн транспорт“ донација која беше дистрибуирана до здравствените домови во кои се лекуваа пациентите од местата погодени од поплавата.
Еврејската заедница од Македонија, која броеше околу 10.000 Евреи пред Холокаустот, денес има околу 250 членови. Тие заедно со Американскиот Еврејски Дистрибутивен Комитет и Холокауст фонд испратија помош за Македонија.
  „Нашиот одговор го става во акција Еврејското учење дека секој индивидуален живот има вредност и наша должност е да понудиме помош и олеснување во времиња на катастрофа, без разлика на минатото на личноста или верување“ рече Алан Гил, ЦЕО на ЕДК.
  Хигиенските пакети дистрибуирани вклучуваат медицински сапуни, раствори за дезинфекција и средства за чистење за да се санираат домовите исполнети со остатоци од поплавата. Тие беа доделени на околу 5.000 луѓе во с.Стајковци, с.Смилковци, с.Брњарци, с.Инџиково и нас.Ченто.

  Помошта стигнуваше и од најблиските пријатели и роднини кои преку мобилните телефони ја нудеа својата помош во храна, вода или места за сместување, преспивање во првите часови и денови по поплавата. Членови на Евангелистичко-протестантска црква Crossroads во Македонија исто така одеа од куќа до куќа и нудеа сместување, храна и облека за настраданите. Истото и со православната христијанска црква МПЦ како и Католичката црква.
  Младите од цела Македонија се пријавуваа како волонтери и заедно со Црвен крст и Армијата на Македонија АРМ се вклучуваа во расчистување на наноси, земја која навлегла во домовите и дворовите на настраданите. Синови и ќерки самостојно најавувале на своите родители дека сакаат да помогнат на настраданите од поплавените региони. Дозволата секако ја добивале што само ја потврдува и солидарноста на нивните родители.
Македонците барале помош од своите комшии, по потекло Албанци и обратно Македонските албанци барале помош од своите први комшии Македонци. Помош, кој колку можел но најмногу во храна и вода. Од Македонци, Срби, Власи, Албанци...
  Постојат фирми за продажба на мебел кои нудат 10% попуст за настраданите од последната поплава.