Бродот на ВМРО нема доволно резервни чамци

Срушени насипи кај автопат Обиколница, фото: Никола Деспотовски 7 Август 2016г.

  Земјотресите се случуваат постојано низ целата планета Земја и доколку се со посилен интензитет тие исто така можат да бидат елементарна непогода. Но тоа не ја исклучува одговорноста на првите луѓе кои биле вклучени во изградба на објекти со субстандарди.                                                                                                                       
  Таков е примерот со земјотресот во Тајван во септември 1999г. кога Сеизмолозите пријавија јачина од 7.6 степени по Рихтер а најсилно ја погоди населбата Тајчунг. Зградите и куќите се рушеле една врз друга како домино и од тие причини загинаа околу 2.109 а беа ранети околу 7.824 луѓе. Секако дека се работи за елементарна непогода но сепак Тајванското Министерство за Правда, по неколку дена испитување, излезе со конкретни обвинувања. Зошто Тајванците обвинија луѓе со име и презиме ако се работи за елементарна непогода? Земјотресот не го предизвикал ниту еден Тајванец!
  Заменикот при Министерство за правда на Тајван Tseng Yung-fu излегол со документи во јавност со кои се докажало дека некои згради биле криминализирани, односно се граделе со субстандарди за градба. Изведувачите на тие згради употребувале празни пластични шишиња и метални корпи наместо цигли. Еден од изведувачите, кои градел 4 објекти во областа Јунлин, бил уапсен и според Тајванскиот закон го осудиле на 5 години затворска казна. „Ова е чиста повреда на законот за градба“ завршно изјавил заменикот при Министерство за Правда господинот Tseng Yung-fu – Ценг Јунг Фу.
  Во континуитет на трагичниот настан со смртни последици по животите на Тајванци се префрламе во с.Стајковци Република Македонија. На 6 Август 2016г. се случи елементарна непогода чија причина беше огромно количество вода кај автопатот Обиколница чии насипи не успееја да ја задржат или пренасочат водата. Огромното количество вода излезе од контрола, го победи насипот, го сруши и со голема брзина во форма на воден бран удри по куќите и било какви објекти во делот кај с.Стајковци, с.Арачиново и околните села. Водениот бран збриша буквално сė што се најде на неговиот пат, вклучувајќи и луѓе. Затоа смртниот исход беше 22 мртви, засега.
  Кој беше изведувачот на насипите кај автопатот Обиколница? Дали насипите се правеле по субстандарди за градба и дали е повреден законот за градежни работи? За жал, на овие прашања никој од нашите политичари не одговорил ниту пак, Македонското Министерство за Правда обвинил некого по име и презиме.

Срушена зграда во Тајван, плави пластични шишиња, фото: CNN

  Од фотографиите можеме сите да видиме дека иако насипот бил висок над 2 метри сепак тој пукнал и се одлеал по водениот тек претворувајќи го во мешавина од кал и вода. Како тоа јавноста не е запозната со градбата на автопатот Обиколница? Зошто не знаеме ништо за насипот? Зошто дури и денес се кријат информации за градежните работи во тој дел?

Оштетени куќи и покуќнина во близина на с.Стајковци, фото: Тања Станковска 7 Август 2016г.

  Многу неодговорени прашања има и за каналите за атмосферска вода во населба Ченто, кои се изградени од 1963-64 година а денес нивното одржување е парцијално и помпезно. Секогаш кога ќе се исчистат само 50 метри тоа веднаш мора да се пренесе на ТВ. Што се фалиш толку градоначалниче Тони Трајковски? Вистинската должина на Главниот канал е неколку километри почнувајќи од Железарското езеро па до хотел Белви општина Арачиново.
  Зошто нашите политичари немаат желба да ги одржуваат редовно каналите? Затоа што немаат профит, затоа што побргу сакаат да стават цевки од кои можат на напишат сметка за исплата а потоа преку фирми на роднини да ќарат профит. Нема ништо на нивно име но затоа трагата на сметките секогаш може да се следи и да се докаже каде завршиле финансиите „собрани“ преку градежна изведба во името на државна институција.
  На улица Финска се изгради „колектор“ чија градежна работа од 2014 година сеуште не е завршена, имено горниот дел е само бетон иако требаше да се покрие со асфалт. Во чија сопственост е фирмата „ААГ АБ“ која учествуваше во изградбата на „колекторот“ и зошто по 2 години работата не е завршена? Кој е изведувачот на овој т.н. проект за улица Финска?

Изградба на колектор со фирмата ААГ АБ, улица Финска, фото: Игор Манев 8 Август 2014г

  Мора да се констатира дека ОРА – Омладинска Радна Акција во времето на Југославија подобро ги чистеше каналите отколку денес во населба Ченто, поранешен Синѓелиќ. Голораки момци и девојки со песна, дружење работеа напорно и со копачи, лопати и други алати расчистуваа сè што можеше да го намали протокот на атмосферската вода во Главниот канал. А тоа беа потполно истите работи што и денес, вегетација, дрвца, трски, трева, наноси од земја, шут… Организациската поставеност и системот за работа на тогашниот „Водовод и Канализација“ беше за 100 пати поефикасен отколку што тоа денес се прави со механизација и т.н. стручни партиски кадри.
  Гледаме дека нешто се прави, гради но во поглед на поплавите резултатот е ист дури и полош. На пример, на улица Маџари по реконструкцијата на патот како и цевките за одвод на канализациска и атмосферска вода, на 6 Август имаше повеќе вода по улиците отколку што тоа беше пред реконструкцијата.
Се зборува меѓу народот дека отпадните води од канализација се мешаат во иста цевка со атмосферските води, па затоа за време на поплава водата излегува во куќите на граѓаните преку цевките за одвод, канализација. Куќите на граѓаните во Ченто се поплавуваат од вода која се излева во нивните купатила, преку ВЦ шољи, кади, мијалници. Слично се случува и со кујните!
  Се зборува дека било платено за поставување на цевки, на улица Маџари, со димензии од 100см а се купиле и поставиле цевки со дијаметар 50см. Се зборува дека требало да има две цевки, една за атмосферска вода а уште една за канализација. Но за време на реконструкцијата се поставила само една цевка во која се мешаат канализациона и атмосферска вода. Ете, работа за нашите испектори на терен.

Кликни на фотка за видео, Камник и ул. Јужноморавски бригади, населба Ченто,  видео: интернет 6 Август 2016г

  „Поучени од тоа дека во последните 20-30-40 години немало такво невреме во градот Скопје...“ е дел од изјавата на градоначалникот Коце Трајаносвски, 5 Август 2014г, каде можеме да слушнеме исти зборови давајќи акцент на елементарната непогода, невремето. Истите зборови по 6 Август 2016 г. можеа да се слушнат по големата поплава во с. Стајковци и с. Арачиново. Во изјавата се спомнуваат нови пумпи кои го дуплираат капацитетот на исфрлање вода од 3600 на 7200 литри во секунда. Како што можевме да дознаеме по 6 Август 2016г на истиот булевар „Киро Глигоров“ кај супермаркетот Бриколаж и универзитетот ФОН, таму имаше огромни количества вода по улиците. За какви пумпи зборува градоначалникот Коце Трајановски?

Кликни на фотка за видео, Коце Трајановски изјава за МТВ, видео: Игор Манев 5 Август 2014г

Кликни на фотка за видео, Поплава во центар на Скопје, видео интернет 6 Август 2016г

  Веднаш по трагедијата на 6 Август 2016г тие што најчесто можевме да ги гледаме на ТВ беа нашите политичари. Облечени во чизми, ракавици и друга опрема. Фрлаат лопати расчистуваат во период од 30 секунди бидејќи, толку трае прилогот на вести. Но тоа не е ништо спектакуларно, не пренесува никакво чувство дека се грижат за граѓаните.
  Имено, таква реакција имаше и кај патниците на бродот Титаник. Веднаш по ударот и навлегувањето на водата во бродот сите патници почнаа да си помагаат меѓусебно, некои затвораа врати за да не се пропушта вода по ходниците, други затвораа прозорци, се извлекуваа патници, се гасеше електрика за да не предизвика пожар а музичарите на бродскиот оркестарот свиреа за да го намалат стресот на патниците. Откако сите се качија на палуба и решија да се спасат со резервни чамци сватија дека бродот Титаник имал помалку чамци отколку што се потребни. Бродот бил направен со 100% сигурност дека никогаш нема да потоне. Илузија на конструкторите која патниците ги чинеше живот.
  Истата илузија постоеше и за насипите на автопатот Обиколница и истата ги чинеше животи граѓаните на Македонија. Политичарите помагаат во с.Стајковци и околината ама бродот ВМРО никој не може да го спаси од пропаст.

  Медиумите се посебна приказна, на ТВ можеме да видиме сè од движењето на политичарите и да слушнеме нови ветувања но од народот ниту трага ниту глас. Тоа што би требало да се пренесува на ТВ се граѓаните, да се видат како страдаат, колку се тажни, каква болка чувствуваат и што размислуваат. Постојат такви видеа но тие се поставени на интернет. На ТВ не би требало да гледаме политичари идиоти кои си прават политичка пропаганда.
  Нормални и здрави емоции луѓето можат да си ги развиваат само ако се живее во општество чиј систем функционира нормално. Но во општество, како македонското, во кое се владее со лаги, интриги и манипулации нејзините граѓани тешко дека ќе успеат да си го задржат своето достоинство за нормален живот. Општество каде во здравствениот систем има Електронски Здравствени Картички со пиратски чип, Образовен систем каде Апсолвентите се враќаат во прва студиска година, Комуникациски систем во кој медиумите се под контрола на власта а ТВ и радио пренесуваат селективни информации. Последните „одбрани“ информации кои се однесуваат на поплавата во с.Стајковци и с.Арачиново ги надминува сите црвени граници за слобода во медиумите и правилно информирање.
  Македонскиот народ мора да се ослободи од минатото, од угнетувањето на ВМРО-вската пропаганда бидејќи истата во периодот од 1927-1933 сееше смрт меѓу македонското население. Денес се случува нешто слично но со други инструменти на угнетување. Овој опасен и злокобен круг мора да се прекине инаку, во иднина ќе биде уште полошо. Се случија поплави во Скопје 2014г, поплава во Пелагонија 2015г и денес поплава во 2016г. Која од која по страшна. Лесно може да се предвиди дека следната поплава може да биде многу по силна и да предизвика по големи материјални штети и губење на човечки животи.

  Затоа во Македонија би требало да се отвори судска расправа на која ќе се повикаат сите одговорни лица кои во моментов извршуваат политичка функција а се поврзани со поплавата на 6 Август 2016 година. Нешто слично како по втора светска војна со т.н. Нирнбергшки процес чија цел не беше да се казнува туку Германскиот народ и неговите поданици-нацисти да се соочат сами со себе, да се видат во огледало, што направиле и да разберат дека направиле огромна грешка.
  Меѓународна интервенција исто така би требало да има и за време на судскиот процес, учеството на Америка, која би помогнала во правилно спроведување на законот, правото во Македонија.
16 Август 2016г.