Доколку ја отворите страницата на ДИК ќе видите опции кои за граѓаните на Ченто се конфузни, а под претпоставка дека слични чувства доживуваат и останатите граѓани во другите нааселби на Скопје. Зачудува фактот дека од листата на населени места, источниот дел од Скопје или населба Методија Андонов Ченто, не постои а како избор напишани се нас.Синѓелиќ и Скопје-Гази Баба. Населбата Синѓелиќ го носеше ова име по србската историска личност Синѓелиќ кој во време на Отоманската империја имаше титула Бан и ја поседуваше токму оваа територија. Но веќе поминаа години и години, во поново време, откако населбата од Синѓелиќ се преименува во нас. Методија Андонов – Ченто историска личност од најновата македонска историја. Имено, тој беше првиот претседател на Президиумот на антифашистичка борба за ослободување на Македонија. Од тие причини на главниот плоштат Македонија, во Скопје, е поставен негов споменик. 

Избирачкиот список наместен од ,,Кибритџии“

Апелот од државната изборна комисија до граѓаните на Македонија активно да се вклучат во проверка на нивните податоци на живеење е добар бидејќи стимулира граѓанската должност за пријавување на сите изборни нерегуларности. Избор кој им се нуди на жителите на Македонија да одберат меѓу демократија и апсолутистичко владеење-тоталитаризам.
 
  Избирачкиот список не дава вистинска опција, во која граѓаните на оваа населба би можеле да се пронајдат, за гласање на кое ќе можат да се употребат реални, вистински, податоци. Што се однесува до опцијата населено место значењето е исто како и за населено место со кое означува град, село или населба што значи дека поимот населено место не кореспондира со прецизно значење. Поточно е доколку стои само населба бидејќи истата Методија Андонов Ченто е заведена токму така во општина Гази Баба. Значи, има разлика меѓу населено место, населба и општина. 
Избирачки список, состојба на податоци.
Фото: Игор Манев

Споменик на Методија Андонов Ченто на плоштад Македонија, Скопје. Фото: wikipedia

  Граѓаните на нас. Ченто, скратено, можат да го најдат името на својата улица доколку кликнат на опција Скопје-Гази Баба и да продолжат со барањето на сопствениот куќен број. Опцијата за бројките е исто така конфузна! Потенцирам дека понудени се бројки со нули кои во суштина, математички, даваат исти резултати. На пример, куќниот број 0002, 002, 02 и само 2 во суштина е исто односно еднакво = 2 два. Со таа разлика дека ако вистинската домашна адреса е ул.Антон Попов број 2 понатаму, може да се додадат нови фантомски гласачи на иста улица но со различен број 02, 002 и 0002. Земајќи во предвид дека просекот на македонските фамилии бројат околу 4 членови тогаш се добиваат 12 фантомски гласачи. По 4 членови од куќен број 02, куќен број 002 и куќен број 0002 дава токму таков просек на фантомски гласачи. 

Куќни броеви, фото: интернет

Лево, Избирачки список со броеви на улица

  Дека манипулацијата со куќните броеви постои доказ е дека никаде на куќните фасади нема домашни броеви за адреса со бројка која почнува со нула. А такви броеви во избирачкиот список има многу повеќе отколку тие без нула. Дополнително на овие манипулации се и опциите за влез и стан кои како податоци беа злоупотребувани во сметките за струја на ЕВН. Писмата за коресподенција стигнуваа на вистинската домашна адреса со реалните куќни броеви, но броилата за потрошените киловати беа заведени на адреса со напишани влезови и станови кои не одговараа на вистинската домашна адреса. Значи, на една адреса стигнуваат податоци за потрошена струја со различни куќни броеви. 
Поштенско сандаче со куќен број,
фото: интернет, фотошоп: Игор Манев
  Според демографските податоци од попис на население во 2002г. во нас. Методија Андонов – Ченто живеат околу ±72.000 жители од кои:
 - Македонци = 53,497 (73.67%)
 - Албанци = 12,502 (17.21%)
 - Срби = 2,097 (2.9%)
 - Турци = 606 (0.8%)
 - Власи = 236 (0.3%)
 - Останати = 887 (1.2%)
  Овие податоци покажуваат дека за изборни манипулации постојат опции во кои можат да се „наместат“ сите националности во една од најголемите населби во Скопје при општина Гази Баба.
 
  Името Гази Баба потекнува од времето на Отоманската империја а се поврзува со Ачик Челеби турски поет, преведувач и биограф кој живеел во период од 1520-1572г. Неговиот прекар бил Гази Баба што во превод значи воен ветеран и татко.

  Како цреша на крем се поистоветува и т.н. додаток а се мисли на буквите кои одат заедно со куќните броеви. Од фотографијата може да се видат 3 опции од кои две се потполно исти. Иако треба да има А, Б, В! Затоа куќните броеви се запишани како 0002 А и повторно 0002А затоа што буквата 0002 В не постои. И во овој случај на понудени опции во избирачкиот список се можни манипулации чија комбинаторика нема крај. Па се прашувам дали тие што ги нудат овие опции, во рамките на Државна изборна комисија, се писмени или не се? Многу е очигледно но сепак ако не се обрне внимание се создава конфузија. 
  Медицински дијагностички може да се констатира и болест која се нарекува Дислексија која се манифестира токму на тој начин. Имено, болниот гледа и чита меѓутоа постојат букви или бројки кои не ги приметува, регистрира, и затоа не ги изговара. Примерот со буквите на куќните броеви го покажува токму истото, ако пациент со Дислексија не може да ја регистрира буквата В затоа тој/таа два пати пишува буква А,А. Оваа болест се јавува како резултат на мозочни пореметувања и повреди, иако интелигенцијата не е допрена. Дали во македонската државна изборната комисија работат луѓе со такви пореметувања?

  И на крајот токму заради вакви неточни податоци се случува резултатот да биде еднаков на нереалните податоци што се нудат како опции за клик на страницата на државната изборна комисија. Доколку успеете да стигнете до податоци кои барем приближно ја посочуваат вашата домашна адреса, ќе добиете приказ во кој имате број на изборно место, адреса, куќен број кој почнува со нула, вашето име и презиме. Но, на истата адреса се јавува и втора личност која е всушност сопственик на имотот а најверојатно податок што се поврзува со Катастер на имот. Бидејќи на финалниот приказ се појавуваат двајца со различни имиња тогаш, како да се бројат овие гласови како еден или двајца?

  На камени мост во Скопје сеуште одвреме-навреме можете да сретнете т.н. ,,Кибритџии“ кои многу вешто знаат да вртат со 3 кибрити или 3 чаши во кои е скриено едно мало топче направено од алуминиумска фолија. Се обложувате во однос 1:5 дека сигурно ќе го погодите топчето во неговата вистинска позиција. Ако дадете 50 денари и ако погодите ќе добиете 250 денари. Но оваа игра го мами окото поради брзината на рацете на „кибритџијата“. Тој работи многу вешто и брзо го преместува топчето од една во друга чаша така да, скоро да е невозможно да се прати позицијата на истото. Башка, што постои опција со рака топчето да се собере и да се скрие во дланка а тој што гледа не може да го види тој трик. И кога доаѓа време за погодување муштеријата со голема самодоверба покажува со прст на една од трите чаши. Меѓутоа, кога чашата се открива се гледа дека таму нема ништо, што значи дека муштеријата е во зијан од 50 денари. Овој пример докажува како човечкото око може да се измами а такви опции постојат и во избирачкиот список на ДИК.

Пишува: Игор Манев
датум: 11 март 2016

Куќни броеви со буква