Пченица, Пченка и Леќа во цели зрна. Фото: Игор Манев

  Ј.Х. се главната храна или извор на енергија за мозокот. Кога некој скратува од Ј.Х. тоа значи намалено количество на енергија за овој орган кое се манифестира како „замаглување“ Brain fog. Оваа манифестација се потенцира кога покрај намалениот внес на Јаглени Хидрати, нивото на   гликогенската резерва е на намалена. Што всушност значи ова состојба?  „Замаглувањето“ значи намалени ментални функции на мозокот. Во моментот кога Гликогенот е потрошен, или на многу ниско ниво, вашето тело почнува да користи масти при што се ослободуваат мали фрагменти на Кетони кои сега служат како нов извор на енергија. Резултатот од тоа се манифестира со лош здив, сува уста, замор, слабост, вртоглавици, инсомниа, нагон за повраќање и намалување на ментални способности. Всушност имате чувство како да сте добиле грип. Не е толку страшно но во суштина се работи за енергија која не се добива од Гликоген, Глукоза туку од Кетоза. Во ваква состојба сигурно ќе имате намалени способности да пресметувате бројки преку математички операции, доколку сте по професија наставник по Математика или Банкар. 

„Замаглување“ - Brain fog, фото: интернет

  Целите зрна се одличен извор на железо, магнезиум, калиум, витамин Б и Е. Овие минерали и витамини се неопходни за одржување на нивото на енергијата во вашето тело и доколку овие елементи не се доволно присутни во организмот тогаш вашите клетки ја намалуваат својата функција заради недоволен внес на истите.
  Внесот на целите зрна имаат ефект за подобрување на вашето здравје и преку тоа колку растителни влакна тие содржат во себе. Според една студија од Nutrition research, а објавена и во Woman's healt, се открива дека 92 проценти од возрасните Американци не земаат доволно зрна. Влакната, кои се составен дел на растенијата, не само што го стабилизираат нивото на шеќер во крв туку, го намалуваат ризикот од дебелина, хронични болести, ги одржуваат вашите редовни WC навики...
  Растителните влакна ја спречуват апсорпцијата на штетните маснотии во дигестивниот тракт, тенко црево, а истовремено ја подобрува Перисталтиката по целата должина на органот за преработка на внесената храна.
  

Серотонин-Невротрансмитер, фото : интернет

  Типот на зрна што ги скратувате од вашето мени прават голема разлика. На пример една студија објавена во PLOS ONE открива дека рафинираните Ј.Х. (бел шеќер, колачи, торти…) придонесуваат да се зголеми нивото на т.н. Палмитолеична киселина која го зголемува ризикот од срцеви заболувања и тип 2 дијабетес. Рафинираните Ј.Х. не се толку популарни бидејќи го креваат шеќерот во крвта до кров. За да ги намалите треба секако да бидете физички активни или да се откажете од нивното консумирање. Во меѓувреме, според American Heart Association, целите зрна го регулираат холестеролот во крвта и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, удар, дебелина и тип 2 дијабетес.
  Но, ако јадете сендвичи со лист од Марула во кој сте завиткале нешто вегетаријанско, без употреба на леб вие секако ќе внесете доволно растителни влакна за еден оброк но исто така повторно ќе го намалите внесот на Ј.Х. Без разлика дали Ј.Х. се природни или рафинирани, тие го зголемуваат нивото на Серотонин невротрансмитер кој ви овозможува да се чувствувате убаво. Значи ако скратите од Ј.Х, како на пример цели зрна од ориз, вашето ментално здравје оди паралелно со скратувањето. Се смета дека ниското ниво на Серотонин, кој се лачи од мозокот, е причина за појава на депресија.
  Кога го редуцирате внесот на Ј.Х. првата работа што можете брзо да ја приметите е дека телесната тежината опаѓа. Но не е исто и со масните наслаги. Тоа што всушност изгледа како намалување на тежината не се масните наслаги туку количеството на вода во организмот. Секој грам од Ј.Х. задржува 3-4 пати повеќе вода. Значи ако скратите од Ј.Х. ќе изгубите добро количество на вода од вашето тело. Или за 100гр. потрошени Ј.Х. ќе изгубите и околу 300-400 милилитри вода. 
  Во Биохемија јаглените хидрати се синоним за сахариди кои се поделени во 4 групи и тоа моносахариди, дисахариди, олигосахариди и полисахариди. Сите се шеќери. Тоа што треба да се знае е дека во организмот доминира Глукоза кој е моносахарид и се депонира во црниот дроб во форма на Гликоген. Гликогенот врзува за себе уште 3-4 дела на вода и затоа кога се намалува нивото на депонираниот шеќер Гликоген се намалува и нивото на водата во организмот.
  Ј.Х. се исто така примарниот извор на енергија и за мускулите. Сите физички вежби вклучувајќи ја и издржливоста на подолг рок бараат доволно енергија. Доколку ги скратите Ј.Х. вие ја скратувате вашата енергија а посебно доколку нивото на Гликоген во мускулите е на минимум. Гликогенот покрај тоа што се депонира во црниот дроп-хепар, тој се депонира и во мускулите. Ако нивото на овој моносахарид-шеќер се намали тогаш сигурно ќе ви се намали силата и енергијата за движење, а доколку се работи за спортски резултати тогаш тие сигурно нема да бидат задоволителни.                                                                                                                                                Подготвил: Игор Манев
Датум: 22 Февруари 2016
Што ќе ви се случи доколку се откажете од леб?

                        

    Тие што се на диета често експериментираат со намален внес на јаглени хидрати за да видат  колку далеку можат да отидат, да издржат без леб, без храна која содржи јаглени хидрати (ориз, компири, житарици…)

  Од друга страна пак, за време на тие експерименти, се јавува т.н. јагленохидратна криза која станува сè посилна и посилна во зависност од тоа колку подолго се апстинира со јаглените хидрати. Без разлика дали скратувате од Ј.Х. во форма на рафинирани шеќери или природни цели зрна ефектот на кризата може да варира различно. Еве една широка палета на работи кои можат да ви се случат кога во вашата диета не употребувате леб.