АТФ, фото: Влатко Поповски

Кето недоразбирање

  Во јавни трудови и книги за кетонските тела пишува(ло): “Ketone bodies are a by-product of the incomplete breakdown of Free Fatty Acids in the liver.” Од тука започнува своеволното толкување и недоразбирања за нивното значење. Во превод таа реченица би значела дека кетонските тела се нуспродукт на нецелосното согорување на масните киселини (ослободени од триглицеридите).                                                                                                                                                                                                                                                        Како такви „нуспродукт“, сѐ уште по литературите и мрежата, за нивното создавање, присуство во крвта и користење како енергија (кетогенеза, кетонемија и кетоза) може да се сретне дека тоа е болест, дисфункција, абнормалност, нарушување и во најдобар случај како алтернативно гориво за време на гладување и кога нема доволно гликоза во крвта. Оваа дис-интерпретација (лошо толкување и објаснение) се пренесува преку науката, медиумите и човештвото забегува во болести.

Не е така!

  Кетонските тела не се „нуспродукт“ и кетозата не е „аномалија“, тоа е организиран систем за самоодржување на организмот. Ги снабдуваат со гориво и градиво и на (ин)директен начин, го обновуваат мозокот и нервниот систем, и заедно со масните киселини, прават многу други поволности. Најлесно се објаснува дека се создаваат од слободните масни киселини доколку ги има во доволно количество во црниот дроб. Имено, кога организмот си ја користи својата основна храна триглицеридите, ги ослободува масните киселини, кои преку крвотокот се разнесуваат и го хранат телото. Оние масни киселини кои организмот не ги искористил, со крвта се враќаат во црниот дроб. Кога во црниот дроб ќе се собере доволна количина масни киселини тој почнува да ги претвора во кетонски тела. Што значи, за организмот да создаде кетонски тела му се потребни многу маснотии, за доволно масни киселини во џигерот како репроматеријал за кетонски тела. Се разбира, биохемиски ова ќе го објасниме поинаку, но процесот главно се сведува на ова.

  Кетонските тела, за мозокот и нервниот систем не се замена за гликозата, туку се главно гориво кое согорува заедно со гликозата и градиво од кое си создава маснотии. За мозокот е подобро повеќе да користи кетонски тела, а помалку гликоза.
  Кетогенеза – создавање на кетонските тела во организмот

  Семантиката, “incomplete breakdown of FFA in the liver”, помислив дека се однесува за оние масни киселини, кои не согореле низ организмот и се вратиле назад во џигерот. Но подоцна кога видов како се создаваат кетонските тела увидов нешто друго.
  Во клетките низ целиот организам, за енергетски потреби, трите основни горива, гликоза, слободни масни киселини и кетонски тела, и другите горива, секое на свој начин, се конвертираат во Ацетил Коензим А (Ацетил КоА) и влегуваат во Кребсовиот циклус за да се претворат во Аденозин трифосфат (АТФ) енергетска валута.

АТФ, фото: Влатко Поповски

  Но како организмот ги создава основните три горива.
Гликозата ја создава од јаглените хидрати, слободните масни киселини ги ослободува од триглицеридите, и остана уште да расчистиме како се создаваат кетонските тела. Ова, заради сложеноста на процесот, во јавноста било пласирано во упростена форма што навело на шпекулации и дезинформации.                                                                                                                                  Погоре спомнав дека сите горива се конвертираат во Ацетил Коензим А. Доколку производството и количеството на тој Коензим А во џигерот е поголемо одошто Кребсовиот циклус може да го прими тогаш во црниот дроб се претвора во кетонски тела, и како такви влегуваат во крвотокот. 
  Тука настанува забуната. Некој изгледа си мислел дека целиот Ацетил Коензим А во џигерот треба да влезе во Кребсовиот циклус, и ако не влезе, се сметало дека тоа е нецелосно согорување на масните киселини, па создавањето на кетонски тела го нарекле нуспојава.
Кетонските тела, преку крвотокот се пренесуваат низ телото и во клетките повторно се претвораат во истиот Коензим А којшто влегува во Кребсовиот циклус и дава АТФ енергија.

  Сега се поставува прашањето зошто во јавноста е пласирано дека кетонските тела се создаваат од масните киселини. Еве зошто.

  Од гликозата не може да се создаде доволно Ацетил КоА за генеза на кетонски тела, бидејќи од една молекула гликоза при аеробно согорување се создаваат 36 расположливи АТФ (Аденозин три фосфат) енергетски валути, и кога ќе потснема кислород во клетката почнува анаеробното согорување кое ослободува две расположливи АТФ енергетски валути. Доволно Ацетил КоА, за продукција на кетонските тела, може да се создаде само од масните киселини затоа што од една молекула се ослободуваат од 129 до 300 расположливи АТФ енергетски валути, зависно од должината на ланецот на тие масни киселини. Кога организмот живее од маснотиите, во џигерот се произведува повеќе од споменатиот Коензим А одошто Кребсовиот циклус може да прими, па има и за генеза на кетонските тела. Затоа се вели дека кетонските тела се создаваат од масните киселини, иако хемиски гледано тие се создаваат од споменатиот Ацетил КоА. Овој факт, дека насушните (неопходните) кетонски тела може да се создадат само со согорување на масните киселени, ги става триглицеридите во категорија на единствена автентична енергетска храна за човекот. Без разлика дали ги внесува преку уста или организмот си ги јаде (согорува) сопствените телесни масти. Додека јаглените хидрати бидејќи ја попречуваат кетогенезата, и од други токсични причини, ги става во категорија на скриени подмолни отрови, кои што се корисни само ако се консумираат во исклучително мали неопходни количини.

  Тогашната наука напишала дека кетонските тела настануваат од `вишокот` Ацетил КоА кој не влегол во циклусот за создавање на енергија. Всушност се работи за сосем погрешна интерпретација. Нема `вишок` Ацетил Коензим А, туку тоа е количество кое е потребно за кетогенеза и може да се добие само од маснотиите. Да живеат триглицеридите!

  За мене засега останува енигма зошто велиме дека анаеробното согорување на шеќерот дава експлозивна енергија, кога ослободува само две расположливи АТФ енергетски валути. Можеби тој циклус се повторува зачестено кога сме под силни напрегања или едноставно не е така.

  Создавањето на кетонските тела е добро организиран систем за самоодржување на организмот, преку низа сложени процеси. Но консумирање на маснотии не е доволно за кетогенеза. Поважен е нискиот внос на јаглени хидрати преку исхраната. Редовното и/или обилно консумирање на јаглени хидрати, преку низа сложени метаболични, биохемиски, физиолошки, хормонски и ензимски системи/процеси, ја попречува кетогенезата и липолизата. Го попречува разложувањето на маснотиите и создавањето на кетонски тела. Дури и да имате кетонски тела во крвта, се додека има шеќер на располагање, организмот прво посегнува по него, за да го нормализира нивото на гликозата во крвта.  
  На сликата горе се гледа дека Ацетилот Коензим А може да продолжи да се развива во повеќе правци. Од тоа каде ќе го насочите зависи дали ќе бидете здрави, вити, болни или гојазни (обезни). Насочувањето на Ацетилот КоА пред се зависи од хормонскиот и ензимскиот стимулус што го правите со исхраната, животните практики и навики. Со ниско јагленохидратна и полномасна исхрана, задно со зеленчуци и прескокнување оброци целиот организам се насочува во липолитички, кетоген и здравословен правец.

Ацетил КоА, фото: Влатко Поповски

Пишува: Влатко Поповски

Датум: 17 Октомври 2016г