Кетоза?...
Што тоа значи!

Што е кетоза (ketosis), секој може да прочита на интернет. Но, што тоа значи, на порталите и книгите што ги најдов, објаснето е многу штуро, нестручно или премногу научно. Така јас не можам да добијам права слика колкаво е значењето на кетозата, па барам некој да ми каже.

Клучни зборови во овој текст се: кетонски тела, кетогенеза, кетоза и кетоацидоза. Ќе се спомнат и липо-адаптација и кето-адаптација.

Кетони во хемијата се органско-хемиски соединенија што содржат карбонална група (-СО-). Овие во природата ги има во голем број разни видови и не се од интерес на оваа статија.

Кетонски тела се хранливи состојки што организмот на човекот самиот ги создава, додека ги разградува триглицеридите, и се од големо значење за целокупното здравје и функционирање на организмот.

Кетогенеза е процесот во кои се создаваат кетонските тела.

Кетоза (гер. keton, грч. osis состојба), во физиологијата значи состојба на постоење на кетонски тела во организмот, во оптимална количина. Во хемијата кетоза (ketoza – вид шеќер) е нешто друго и тоа не нѐ интересира.

Кетоацидоза е патолошка метаболична состојба на прекумерно количество на кетонски тела, пратено со други неповолни состојби на организмот. Се намалува Ph факторот на крвта и станува помалку алкална (базна), што значи се закиселува.

Да почнеме од почеток. Трите горива на организмот се гликозата, слободните масни киселини и кетонските тела. Вторите две се добиваат со разградба на триглицеридите. Кетонските тела, заедно со гликозата, го хранат мозокот и други ткива и органи, а слободните масни киселини, заедно со гликозата, го хранат срцето и други органи и ткива.

Организмот е создаден да ги разградува мастите и од нив да живее, но нешто се има случено изминативе сто години. Со развојот на технологијата многу лесно се доаѓа до храна, па човекот почнал редовно да се храни и тоа по повеќе пати во денот. Тоа е првиот момент. На ова се надоврзува пропагандата дека маснотиите, особено од животинско потекло, не се баш најдобри за човекот. Кога овие две работи влегле во спрега, што почнало да се случува? Луѓето се фрлија на јадење жито, компир, ориз, благо и овошје. Овие работи ги консумираа по повеќе пати во денот и така организмот редовно го снабдуваа со шеќери. Масти слабо се внесуваа, метаболизмот на мастите (тиглицеридите) закржлаве и организмот тешко влегува во кетоза. Тоа значи не го снабдуваа мозокот со неговата омилена храна, кетонските тела, и од тогаш почнаа современите мозочни болести, ниту го снабдуваа срцето со неговата омилена храна слободните масни киселини, па почнаа современите срцеви болести. Се појави гојазноста, дијабетот, канцерот, паразитите во организмот, расипани заби и многу други проблеми, вклучувајќи ја и нервозата кај луѓето. Лекарите ова од секогаш го знаеле, но проблем е што мајките не го знаат. Па лошиот начин на исхрана се пренесува транс-генерациски.

Организмот секогаш си ги разградува триглицеридите и се доведува во кетоза освен кога редовно го снабдувате со `шеќери`. Шеќерите бргу горат и организмот секогаш прво ги троши нив. Затоа, за да го доведете телото во кетоза, треба да ги намалите јаглените хидрати, зголемите внос на маснотии и да прескокнувате оброци. Кога ќе му се поднамалат гликогенските резерви и гликозата во крвта организмот почнува да ги согорува сопствените телесни масти и живее здраво. Правилното вежбање, одмори и спиење го помага овој процес. Како и сончањето и други нешта.

Кетозата е знак на здраво и правилно живеење (диета) и исхрана. Освен присуство на кетонски тела, автоматски значи и значително присуство на слободни масни киселини. Состојба без или со прекумерни кетонски тела е нездрава. Исто така е нездраво состојба без слободните масни киселини. Но сега мене ме интересира нешто друго и ве молам да ми помогнете да дојдам до одговорот.

Не-кетозна состојба, од долгорочен аспект, е нездрава работа, но што значи без-кетонска состојба за време бременост. Додека мозокот на фетусот се развива во стомакот на мајката, претпоставувам дека му се потребни кетонски тела. Ако мајката не е во кетоза, односно во себе нема кетонски тела, ниту доволно масни киселини, со сигурност можам да кажам дека не е добро за бебето во нејзиниот стомак, но не можам да кажам колку не е добро. Сега алудирам на без-кетонска состојба за време бременост и се почестиот аутизам кај децата. Ако земеме предвид дека првото мајчино млеко наречено колострум е полно со масти, претпоставувам дека, додека растело бебето во стомакот на мајката многу му требале масти. Знам, тие може да се создадат и од вишокот шеќери, но кетонски тела не се создаваат така, ни слободните, ниту есенцијалните масни киселини. Моето прашање е: „Дали и колку не-кетозната состојба во бременоста влијае неповолно во развојот на (мозокот на) детето, и не дај боже дали можеби тоа е еден од факторите за оштетување на мозокот и нервниот систем, односно аутизам?“

Секој ќе прочита дека кетоацидозата е штетна, како за човекот така и за фетусот, но што е со состојбата кога нема кетоза, кога бројот на кетонски тела и/или слободни масни киселини е недоволен.

Другото прашање ми е: „Дали со редуцираниот внос на маснотии, изминативе децении, со тоа и редуцираниот внос на есенцијални масни киселини и холестерол, доведува до аутизам.
Одамна се знае дека есенцијални масни киселини се потребни во поголеми количини за време на бременоста како би можело детето целосно да го изгради неговиот (нервен) систем, па советуваат за време бременост да се земаат омега масни киселини. Денешната модерна исхрана е многу сиромашна со тие есенцијални масни киселини, особено омега три, кои некогаш биле редовни во човековата исхрана!

Познато е дека трудницата полесно влегува во кетоза, но ако кетозната состојба е непозната на нејзиното тело и ако за време бременост редовно зема јаглени хидрати, се плашам дека тоа може и да не се случи. Со таква исхрана може и да не внесе доволно холестерол, омега (три), квалитетни триглицериди и други маснотии кои го градат и крепат нашето тело и организам.

Под хранливи липиди (маснотии), подразбирам масти, масла, масни киселини, холестерол ...

Без-кетонска или не-кетозна, ја нарекувам состојбата без или со недоволно кетонски тела во организмот.

Липо-адаптација е исхрана и начин на живеење кој што го (ре)активира метаболизмот на маснотиите (липидите). Воспоставување на природна состојба на организмот да живее повеќе од маснотии, особено триглицериди, отколку од јаглените хидрати.

Кето-адаптација во оваа статија значи нормализирање на организмот и негово постојано функционирање во кетоза.                                                                                                                                                                                         
Влатко Поповски
20 мај 2016












Граѓаните прашуваат, лекарите даваат совети.

Значењето на Кетозата

Липидна прехрана и кетоза во бременост