Светли перцепции во високото образование во Македонија

Прашање е дали насловот за една јавна трибина, дебата на која се дискутираше пред публиката, требаше да биде толку оптимистички со оглед на тоа дека реалната состојба во високото образование во Македонија е поразителна.
  Мерниот инструмент за успешноста и квалитетот на секој универзитет се вика Шангајска ранг листа и тука нема што повеќе да се дискутира и расправа! Тоа се верни податоци кои ги создаваат Ректори, Декани од далеку повеќе најуспешни и поуспешни универзитети во светот за разлика од УКИМ и останато во Македонија. Каде се наоѓа УКИМ, на кое место? Србите велат:„Богу иза леџа!“.
Според овој мерен инструмент, според овој високо образовен критериум нашиот „најуспешен“ универзитет св. Кирил и Методиј не се наоѓа во првите 1500 места во светот а за понатаму, зарем е потребно да се истражува? Што е важно на кое место се наоѓаме сите ние членови на Академската заедница ако УКИМ го нема во првите 1500 места.

  Што е причината за толку низок степен на рангирање, зошто нашето високо образование падна на рекордно најниските гранки на едукација? Одговорот е висок степен на корумпираност, октопод кој ги зафати сите факултети без разлика во кој Универзитет се наоѓаат. Темната флека или дамка во високото образование се открива преку податоците на УНЕСКО на чиј официјален сајт се открива податок кој корелира само за 2002 година а се однесува за Македонија. Понатаму, за останатите години до 2016г. цели 14 години не постои ниту еден податок за тоа колку нашата Влада вложила финансии во македонските универзитети. Црна дупка во финансирањето на високото образование, односно нетранспарентност во изложување на податоците за тоа како се менаџираат парите. Владата на Р.Македонија цели 14 години не поднесува Рапорт за економијата во факултетите без разлика дали се работи за приватни или државни универзитети.

  Првиот и најголем државен универзитет е дисеминиран, неговите едукативни вредности се разводнети. Големото езеро истекува во мали поточиња и реки кои се насочени кон приватни, квази, универзитети кои себеси се нарекуваат државни. Предавањата и праксата тука се одвива преку еден куп Визитинг професори, кои со набиен распоред, предаваат неколку денови few days а потоа си заминуваат. Овој нов прототип на професори се претвори во постојана пракса на работа во високо образовните центри ширум во Македонија, несваќајќи дека Визитинг професори создаваат Визитинг студенти.

  Ваквиот деградирачки начин на работа може да се толерира само со нетраспарентност во високото образование во кое начините на финансирање се вистинска тајна, што би требало да биде предизвик за истражување на тајни агенти од типот на Џемс Бонд 007. Па, впрочем за да можат да се откријат тајните во финансирањето на универзитетите мора да постојат тајни агенти. „Клин со клин се избива!“
Што би можело да се открие доколку се насочи силна светлина кон овие црни дупки или темни флеки во високото образование во Македонија? Симболично и најблаго речено сигурно ќе се откријат „крокодили кои мирно си лежат во топлата вода и чекаат нов плен.“ Објаснувањето би било дека крокодилите се тајните менаџери, професори кои лежат во универзитетите (топла вода која се објаснува како една пријатна средина) нивната пријатна средина во која се чувствуваат комфордно и на крај, секако чекајќи го новиот плен а тоа се нови финансиски средства кои постојано пристигнуваат од ММФ – Меѓународно монетарен фонд.
Луѓе со перцепции од овој вид раководат без никаква одговорност, затоа си лежат безгрижно, а последиците во високото образование можат да се опишат и како јавашлук во Униерзитетите во Македонија.
На 7 Ноември во просториите на „Секој студент“ се одржа една јавна расправа на тема: „Светли перцепции во високото образование во Македонија“ на која учествуваа професори активни и пензионирани, изложувајќи ги слабите точки во највисокото образование.

  Г-дин Сем Вакнин, Израелски писател, вели дека постојат голем број на студии кои покажуваат зголемување на бројот на нарцисистички професори и студенти. Индикации за сериозни патолошки нарцисистички проблеми кај професори во целиот свет. Дури 94 % од професорите изјавиле дека се исклучително вешти, добри и талентирани во тоа што го работат. Нарцисистички професори привлекуваат нарцисистички студенти и тие формираат мали здруженија кои наликуваат на култови каде студентите го обожуваат професорот а професорите ги наградуваат со добри оценки и ги унапредуваат во нивните студии.

г-дин Сем Вакнин, Израелски писател

  Г-дин Сем Вакнин зборуваше за Нарцисизмот во високото образование – општо. Тој бил вклучен директно во процес на транзиција во многу земји. И лично смета дека постојат 2 причини за застапеноста на професорите во политиката. Првата е дека не постоела алтернативна елита во минатото со исклучок на Менаџерите. Така да, на почетокот на транзицијата елитата ја превземале тие две групи Менаџерите и Академиците. Втората причина е дека Академиците, професорите одеднаш ги откриле парите. Сватија дека доколку се инволвираат во политиката и доколку следат одредени конкретни политики тие ќе бидат парично наградени од страна на западните институции, од страна на западните академски институции и со пристап до средствата на државата, некои се корумпирани, отворено корумпирани или крадат. И некои се корумпирани на скриен начин со тоа што ги плаќала Светска Банка, ММФ на невидлив начин „под маса“…
...Денес работам во Русија, не во Македонија. Кога ќе погледнам во историјата на Русија во последните 30 години тоа беше сосема исто! На почетокот по комунизмот професорите беа тие што ја превземаа политичката елита во Русија, разни професори станаа членови на ДУМА. Олигарсите се појавија како втори а не на почетокот, а потоа директорите на Гас индустријата и нафта а на крај банкарскиот систем. Единствената разлика меѓу Русија и Македонија беше во тоа што во Русија имаше елита на криминалци. Елита бидејќи тоа беа криминалци кои зборуваа странски јазици имаа контакти надвор од Русија и водеа меѓународен бизнис. Тоа не беа улични криминалци туку криминалци од поранешната КГБ кои влегоа во инфраструктурата на елитата. И не се шегувам, сите професори беа прогонети надвор од земјата или убиени или затворени. Денес тие луѓе немаат никаква улога...                                                                                                                                                                         
  Проф. д-р Владимир Борозанов зборуваше за Значењето на практичната работа во високото образование. Според неговото мислење еден факултет кој што беше нешто сега веќе станува селска болница. Вчера се зборуваше за хируршка хибридна сала а нека помине некој да ги види ходниците и купатилата во таа иста болница каде ќе се прави хибридна сала.
  ,,Во ова црнило што се случува во медицинското образованието голем дел имаат и докторите. Огромна вина имаат! Јас сум бил и претседател на Лекарската Комора и знам колку е мачно, меѓутоа и докторите се предадоа на „Епикурејството“ да кажам условно. Малку повеќе парички, ако ќутиш ќе добиеш хонорарче, ќе добиеш ова, она и сите да си ќутиме.

проф. д-р Владимир Борозанов

  Нема перспектива од медицинските кругови, нема ентузијазам, немаат желба да се истакнуваат да бидат лидери туку, едноставно си ја сакаат професијата.
Стручните здруженија на докторите ги нема никаде, незнам дали сте ги слушнале во јавноста за било што се однесува лично до нив, а не дај Боже, за студенти или за настава некој да се произнесе. Но затоа Педијатриското здружение прави реклама за минерална вода која можат да ја пијат и бебињата! Или за вештачко млеко од Нестле а не кажуваат дека имаме околу 180-200 инсуфициентни педијатри особено на примарно ниво во државата. За тоа никој, никој не го интересира“…

  Проф. Гордан Калајџиев говореше за Значењето на Автономијата во универзитетите во Македонија. Според негово мислење Автономијата подразбира слобода и некој степен на самостојност која првенствено е однос према политиката. Бидејќи, автономијата практично од никој друг не е загрозена, би било добро да е загрозена во интерес на бизнисот и би имало смисла и правци кон тоа како да се студира. Мислам дека би помогнало а не би одмогнало. За жал единствениот притисок што доаѓа до студентската организација и академските структури доаѓа од политиката, политичката елита. И од тука прашањето за автономијата се поставува како однос кон политиката.

проф. Гордан Калајџиев

  „Зошто се одлучив на оваа тема? Бидејќи многу малку се посветува на истата. Иако многу нови настани, особено во последно време, околу студентските случувања и околу студентскиот параламент и судирот меѓу тие две структури, на некој начин лева и десна во рамки на студентската организација се токму одраз на оваа проблематика а тоа не е ниту регистрирано ниту одреализирано. Морам да признам дека дури еден од ретките, единствена анализа што се прави на овој сектор каде има посебна графа, каде некои меѓународни релевантни организации го набљудуваат и оценуваат напредокот и случувањата во Македонија е извештајот на Стејт Департментот. Извештајот за состојбите со човековите права во Македонија е единствен кој има поглавја за Автономија на универзитетот. И таму за жал, се констатира дека нема проблеми со автономијата иако сите знаеме дека тоа е сериозен проблем“…

  Проф. д-р Самуел Садикарио говореше за Рефлексии во високото образование, во минатото и иднината, во Македонија. При една средба со неговиот професор, Гуру, тој му поставил прашање: „Што е тоа едукација? “ а тој му одговорил: „Замисли да немаш едукација, што ќе бидеш ти? Како некој дивјак, како Тарзан, така ништо“. Што значи едукација е интеграција на сè она што е наназад научено во последните 10.000 години најмалку и за едно кратко време за еден човек кој ништо не знае да го создаде да знае.
„Второ прашање е дали ние во Македонија треба да сме задовлни со нашата едукација општо? Мојот одговор би бил двоен, Да и Не. Не сум задоволен со себе, што сум постигнал сум можел многу повеќе да постигнам. Но со Македонија токму обратно, покрај толку насобран посимизам кој што јас го имам, од сè она што го кажавме. Да треба да бидеме задоволни.

проф. д-р Самуел Садикарио

  Се враќам со еден муабет со генерал Апостолски, воедно претседател на МАНУ. Тој често пати доаѓаше кај нас дома со моите родители беа и пријатели работеа на некои студии за Еврејската историја, во тие муабети еднаш тој вели дека во 1945г. околу 95% од луѓето не знаеле да читаат и пишуваат во Македонија. 95% неписмени! За да десетина години подоцна кога јас бев прво одделение тогаш, се организираа и вечерни школи а жените беа скоро тотално неписмени. Јас памтам 4-то одделение беше голем успех. Јас кога се запишав сите деца одеа, некои даваа отпор, нивните родители со одговор: „Што е тоа школо нека оди таму да копа!“ За таквите Комунизмот имаше некои чудни мерки, децата со полиција ги носеа на школо. Еве, јас се сеќавам.
Имам и некои пријатели од исламската заедница и тие велат дека порано родителите даваа отпор, посебно за девојчињата, а сега девојчињата повеќе сакаат да одат во школо и да студираат од машките. Значи драстични промени во последните 50 години се случиле“...

  Како организатор на оваа јавна трибина, моето име Апсолвент на Медицински факултет Игор Манев, исто така учествував во оваа дебата на тема Зошто не се почитуваат правата на Апсолвентите?
Правата на Апсолвентите се тие да излезат на дипломски испит, да го положат и да добијат лиценца за работа како доктор по медицина. Зборот Апсолвент се разликува од зборот Студент, со тоа што првото означува некој кој го поминал целиот образовен процес од 1-ва до 6-та година, на Медицински факултет, а Студент е тој кој почнал да студира или пак е трета, четврта година и сеуште не го завршил целиот образовен процес.
Потенцирав за нетранспарентноста во финансирањето на високото образование во Македонија кое се гледа на официјалниот сајт на УНЕСКО. За тоа никој јавно не сака да зборува во Македонија и затоа не се знае колку се финансира и каде се движат, насочуваат парите во сите универзитети во Македонија. Транспарентноста би се состоела во изнесување на податоци, во бројки доставени во форма на рапорти до УНЕСКО и македонската јавност, за тоа како и колку вистински се финансира во сите нивоа на образование почнувајќи од основното, средното и секако високото образование.
  Токму од тие причини се јавуваат примери на интелектуално заплашување односно intellectual bullying кон студентите со разни методи, со цел тие да прифатат „нови“ начини на едукација кои во суштина се далеку од вистинско и правилно едуцирање. Со заплашувањето одат и „модерни начини“ на уцени преку кои се бара отворено од апсолвентите да платат износ кој никогаш порано не бил и не се барал во текот на студирањето. Притоа се нудат принтани документи на кои нема никакви официјални ознаки како Лого, печат, потпис или воден жиг.

Апсолвент на Медицински факултет Игор Манев

  Во споредба со другите универзитети, кои се рангираат високо на Шангајска ранг листа, таму се објавуваат пораки како на пример: „Никогаш не е доцна да се дипломира“. Притоа се стимулираат луѓе од сите возрасти, слободно да се запишат на нивните Американски универзитети и да се стекнат со диплома која има значење, вредност и критериум потполно ист како и кај оние кои дипломирале во помлада возраст.

Пишува Игор Манев                                                                                                                                                 18 Ноември 2016г.

Јавната трибина комплетно видео, кликни на фотка