Dendroaspis во Медицинското високо образование

Да ми кажуваше некој немаше да поверувам, бидејќи ова што се случува во високото образование е надвор од секоја норма, нешто што може да се спореди со елементарна непогода-поплава.
  Бидејќи, за да се поверува треба да биде очевидно, реално ама во исто време и хумано. Затоа што само хуманото е за луѓе а деструкцијата која произлегува од луѓето е нехумана и плод на психички пореметени личности. Во религијата чинот на деструкција се опишува како дело на Сатаната, дело на Ѓаволот. Можеби тема за научно фантастичен филм?
  Ајде еве, да кажеме, да си замислиме дека е филм со истиот жанр science fiction и поставувам прашање каде би се случувало такво дејство во кое е тешко да се поверува? Претпоставката би била дека би се случувало во некоја далечна галаксија, надвор од нашата Млечен пат – Milky way, на планета во која нема доволно Атмосфера за да може нормално да се дише кислород. Затоа тамошните жители на таа сува планета со црвена боја би живееле под земја, во темница. Поради недостаток на светлина очите на домородното население се закржлавиле, не се развиле и станале помалечки од човечките, слично како кај кртовите кои живеат под земја. Во недостаток на образование овие домородци би живееле во оскудни услови, во сиромаштија. Затоа што без знаење нема подобар живот. Без знаење дека садењето на дрва, може да го подобри нивото на кислород над земјата и така да се преселат од живот под земја, во пештери, во живот над земја на нови локации од нивната црвена планета. Живот на светлина наместо темнина.
  Синопсис, би требало да се случува во нашите фантазии нели? Но, тоа што ви го пишувам во пасосите кои следат се случува во реално време, толку е реално што сеуште не можам да поверувам дека токму мене ми се случува.
  Се работи за Медицински факултет, државна установа која е во рамките на УКИМ, и чија деканска управа во 2015г одлучува кофинансирањето од 50 евра, за Апсолвенти, да го зголеми за 8 пати или 800% до износ од 400 евра за една година. За да биде со уште погорчлив вкус Апсолвентите се враќаат назад во 3-та студиска година за да може, секако, да се добие супер профит од 1600 евра од Апсолвент. Додека завршат со студиите треба уште 4 и нешто години а тоа значи сума меѓу 1600-2000 евра до дипломирање. Притоа, за одлуките на Деканатот, Апсолвентите не се информирани и не се во тек туку со условувачки интелектуални заплашувања bullying се бара од нив плаќањето да се одвива во 2 рати по 12.000ден иначе, Апсолвентите ќе мора да се вратат на приемен испит на Медицински факултет. 
  Понатаму начинот, на кој се бара од мене и од другите Апсолвенти да се спроведе приклучување кон ЕКТС програма е со цел на дознака ,,Испис“ и „Презапишување“ на истата уплатницата која треба сами да си ја платиме. Тоа значи самите да се отпишеме и самите да се запишеме на истиот факултет. Па, нели е тоа финансиска манипулација? Или правна манипулација со сопствените студенти, Апсолвенти? Дали се работи, можеби, за злоупотреба на Автономијата на факултетот? Во три случаи спомнувам манипулација.
  Дефинитивно се работи за прекршување на законот за високо образование Член 108 кој вели: … Запишувањето на студии се врши врз основа на јавен конкурс кој го објавува универзитетот, односно самостојната високообразовна установа кој ги реализира студиите најмалку пет месеци пред започнувањето на наставата... 
  Според тоа, како е можно Апсолвентите сами да уплатуваат за ,,Испис и Презапишување“ кога тоа е нелегално и противзаконски? Имено, Апсолвентите веќе се запишани на Медицински факултет преку јавен конкурс. Згора на тоа уште и да плаќаат 400 евра на нелегален начин.
  Во текот на моето долгогодишно студирање на Медицински факултет во ниту еден момент немав финансиска подршка и сите трошкови за студирањето беа на моја сметка. Нејсе, во последните 5 години од 2010-2015 редовно си ги плаќав пријавите за година во износ од 3000ден. како и сите пријави за испит на жиро сметка и новиот начин со СМС порака. Стипендии, кои според мене, се вистинска помош и прогрес во студирањето не беа достапни за останатите студенти затоа што тие критериуми се исто така компромитирачки.
  Каде се наоѓа Македонија во споредба со останатите балкански држави кога се работи за образованието? Одговорот е поразителен! Додека ја гледате табелата на УНЕСКО ќе видите неверојатни податоци за состојбата во Македонското високо образование, толку неверојатна состојба што дури солзи на очите потекуваат. Бидејќи, се работи за реална ситуација во која тешко е да се поверува а сеуште се крие од Македонската јавност.
  Оваа табела покажува колку македонската влада вложува во високото образование a тука податоците се поразителни. И не само тоа, туку информациите недостасуваат во период од 2002-2016г. за финансиското инвестирање во УКИМ и останатите приватни универзитети. Значи македонската влада, или поточно Министерството за образование, не пренесува податоци до УНЕСКО from government sources за финансиското вложување во високото образование. Колку за споредба, од табелата, може да се види дека африканската земја Џибути континуирано вложува во високото образование многу повеќе од Македонија. Македонија не е дел од Европа, Македонија е дел од Африка!
  Според законот за високо образование во член 81 се вели: Средствата за финансирање на јавните универзитети и на студиите од јавен интерес се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и од други извори определени со закон, според Програмата за високообразовна дејност... (Види фото горе)
  Ако вкупниот износ од Буџетот на Република Македонија за финансирање на
универзитетите не е достапен за обичните граѓани тогаш, зошто финансиските средства не се достапни за УНЕСКО? Прашање е дали сите политичари во македонскиот парламент имаат увид во вкупниот износ?
  Социо-економската состојба во Македонија влијае на финансиската состојба кај сите
студенти. Што се однесува до зголемениот паричен износ кој се бара во рамките на Медицински факултет и во форма на кофинансирање е преголем, но сепак, Апсолвентите би се согласиле со покачување на исплата ама во износ тој да не биде поголем од 100% од предходниот 3000ден. за година.
  Барајќи одговор за финансиските манипулации на Медицински факултет се обратив писмено и до Министерство за Финансии претпоставувајќи дека тие се одговорни за прераспределба на Буџетот на Македонија. Но нивниот одговор повторно посочува на Министерството за Образование
  Се прашувам дали, износот од 24.000ден. за една студиска година односно тотално 96.000ден. за сите дополнителни 4 години до завршување, е вистинската стимулација на некои луѓе во образованието?
Начинот на кој сумата за кофинансирање се зголемува ме потсетува на времето на Југославија кога државата беше во голема инфлација и како еден вид ,,превенција“, на книжните динари, многу често се додаваше 1 нула, потоа 2 нули, 3 нули па и повеќе. Тоа сите нас не правеше виртуелни милионери а потоа и милијардери. За да на крајот се случи финансиски колапс. Нејсе, денес Република Македонија има сопствен финансиски систем. Но сепак, останува нејасно зошто толку драстично покачување на финансиите за студирање од 800% ?
Со оглед на тоа дека Медицински факултет е финансиран од Буџетот на Македонија, се прашувам зошто толку екстремно зголемување на износот за конфинасирање на Апсолвентите и тоа само за 365 дена? Дали Медицински факултет е пред финансиски колапс?
  Зголемувањето од само 50% е веќе знак за сериозни финансиски поместувања, но сепак би рекол дека е прифатливо за да се уплати. Ама 800% зголемување на кофинансирањето е начин за кој јас искрено немам назив, терминологија, како да го објаснам тоа. На интернет најдов објаснување кое е, претпоставувам, многу блиску до оваа финансиска ситуација. Имено, Elasticity of Demand and Total Revenue се преведува како: Еластичност на побарувачката и вкупниот приход. И тоа се објаснува дека доколку цената на производот се зголеми за 10% тогаш и вкупниот приход ќе се намали за -10%. Во случајов со Медицински факултет и со примената на оваа Економска формула би се добил сличен ефект но со огромни размери. Зголемувањето за 800% ќе доведе до минус - 800% приход. А тие кои што бараат во Медицински факултет сме токму ние Апсолвентите, со други зборови, ние би требало да се откажеме од студиите. Бидејќи побарувачката за финансиските студиски услуги на Медицински факултет е зголемена за 800% па, ќе се намалат и приходите на Медицински факултет за минус - 800%. Односно ние нема да уплатиме толкав износ. И тоа навистина се случува. Објаснување од Yale university.
  Dendroaspis е латинското име на зелена Мамба која има способност да се исправи дури до висина од 2 метра за да стигне до гранка на некое афричко дрво. Откако ќе се замотка околу гранката мамбата тргнува кон птичје гнездо во кое има јајца или малечки пилиња кои ги проголтува живи.
  Знакот во Медицината, кој е интернационално прифатен, е змија која е замотана околу еден сад во кој таа го излачува нејзиниот отров а понатаму со преработка се користи за производство на лекови.       Но, овој пат изгледа дека змијата избегала од нејзината знаковна позиција и како Мамба се движи слободно кон медицинските студенти – пилињата.
  Симболиката со змијата често се користи за претставување на опасност како Неофашизам, зелени долари кои се нечесно заработени, мафијашки организации кои скришно работат и слично.
  Вистинската едукација е моќен инструмент во борба против сиромаштијата и нееднаквоста. Поставувањето на едукацијата на нејзиното вистинско место ги поставува основите за економски раст и развој на една земја. The world bank Светска банка собира информации за сите држави за вложувањето во нивното образование, одржување, ефикасност и резултати. На сличен начин работат и Обединети нации Едукација, Наука и Културна организација УНЕСКО (UNESCO).

Пишува: Игор Манев
датум: 5 март 2016

фотокопии од Жиро сметки, Фото: Игор Манев

Закон за високо образование на Македонија

Финансиски вложувања во % за образование во Македонија, фотошоп: Игор Манев, Фото: УНЕСКО

Dendroaspis - Зелена Мамба, фото: интернет