Пред повеќе од петнаесет години, при еден мој престој во Париз, во изложбените простори на Луксембуршката палата, ја посетив изложбата на Жаклин Госен-Салмон. Таа за време на Втората светска војна, поради нејзиното еврејско потекло, беше принудена да го напушти Париз и со своите две деца се засолни во југозападниот дела од Франција. На изложбата беше приложена и нејзината книга „Молитва во ноќта“ која, пред да ја напуштам изложбата, ја купив и откако ја прочитав бев убеден дека трагичниот живот на Жаклин Госен-Салмон, а посебно нејзината љубов кон творештвото, се добар материјал за филмско сценарио.

 

Книга: Сценарио зошто да не?

Како една песна, Мост, Златна рипка, Големиот пат, Посттранзиција, Патување кон назад

                                                                          За авторот                                                             
  Коле Манев е роден на 11 Ноември 1941 година во с. Бапчор, Егејска Македонија – Грција. Покрај ликовната дејност на која целосно е посветен, Манев често се навраќа и на филмското творештво. Во 1972 г. го снима ТВ филмот „Баскарските извори“ за кој истата година, на фестивалот во Блед - Словенија, ја добива првата награда. Ова признание му донесува и награда за едномесчен престој во Прага каде има можност да види документарни материјали за егзодусот на децата бегалци од граѓанската војна во Грција од 1946-1949 г. По враќањето во Скопје понуди сценарио за документарен филм со наслов „Тулгеш“ во филмска компанија ,,Вардар филм“. Во 1976 г. почнува неговото снимање, а во 1977 г. на „Мартовски фестивал за документарен филм“ во Белград добива награда „Гран-при“ за најдобар филм и за најдобро сценарио. Истата година снима материјал за филм „Дае“ по сценарио на Анте Поповски. Во 1984 г. за потребите на „Вардар филм“ реализира краток игран филм „Црно во црно“. Во 2003 г. за првпат остварува долгометражен ТВ филм „Мост“ финансиран од „Совет за радиодифузија на Република Македонија“.                                                                                                                                                   
Пишува: Игор Манев
Датум: 23 Март 2016