Пинг-понг во зимска сезона
Во пресрет на ракометот за светски шампион, во Франција, истовремено во утринските часови во Скопје во сала „Борис Трајковски“ се одржа натпревар во пинг-понг.
Со почеток во 11.00ч, сабота 21 Јануар, започнаа мечевите во пинг-понг за мажи во две добиени. Иако нема полово ограничување сепак, засега нема кандидати жени во оваа игра. Учесниците од понежниот пол би можеле да играат меѓусебно или пак против некој играч од спротивниот пол.
Од лево, победниците за 2-ро Александар Стојановски, 1-во Кристијан Наумовски, 3-то Андреј Гулевски
Резултатите од последниот финален натпревар во пинг-понг се:
Кристијан Наумовски - Александар Стојановски (2:0)
Во полуфинале играа: Кристијан Наумовски – Стефан Блажевски (2-1),
а вториот меч се одигра меѓу: Александар Стојановски – Андреј Гулевски (2:1)
Победникот за првото место беше Кристијан Наумовски, второто место го освои Александар Стојановски и трето Андреј Гулевски.
Еве како изгледаше распоредот на победниците по освоените места:
1. Кристијан Наумовски
2. Александар Стојановски
3. Андреј Гулевски
Пишува: Игор Манев
Датум: 23 јануар 2017