Трзавици пред полагање

(колоквиум в.с. испит)

Прв дел                                                                                                                                                
  За време на студиите на Карлов Универзитет, во Прага главниот град на Република Чешка, како странски студент имав можност да се соочам со работи кои предизвикуваа вистинско задоволство да се студира. И тоа е причината зошто ви пишувам за Медицинскиот факултет во Прага само колку да ви доловам една огромна разлика во начинот на студирање кога се споредуваат студиските програми од Карлов Универзитет и тука, кај нас, Медицинскиот факултет во Скопје, Македонија.
  Во што е задоволството да се студира во Прага? Што е тоа толку уникатно што секој студент, па дури и странскиот, го прави посебен? Одговорот е многу едноставен и прост! А тоа е дека централната фигура на Карлов Универзитет се студентите и точка! Сите обврски на тамошните професори се вртат околу студентите бидејќи знаат дека без студенти нивните предавања ќе бидат некомплетни. Замислете си некој професор кој влегува во празен амфитеатар без студенти и предава лекција која никој не ја слуша. Дали е тоа нормално?
  Да, нормално е во Македонија! Но, дали е тоа битно, што е важно дали има студенти во УКИМ? Тоа што е најбитно за професорите на Медицински факултет а најверојатно и на останатите факултети од УКИМ е да земаат редовна плата на крајот од секој месец и да се политички активни за да се дофатат до повисока функција во рамките на факултетот.
Разликата меѓу Карлов Универзитет и Кирил и Методиј е како небо и патос. Каде височината на Карлов Универзитет е небото а на УКИМ за жал не е ниту земја туку едноставно патосот. И како што можете да претпоставите на овој патос професорите ги влечат сопствените студенти. Нема потреба јас дополнително да ви објаснувам затоа што доказот е евидентен на Шангајска листа на Универзитети каде Карлов Универзитет, Charles university in Prague, е меѓу првите 201-300 универзитети во светот.
 
  Често се поставува прашањето каде е УКИМ на Шангајска листа? Одговорот поедноставно може да се најде преку една Српско-Хрватска поговорка која вели :„Богу иза леƀа“. Во моменти кога Србите и Хрватите сакаат да опишат локација која е толку далечна што не може со зборови да се објасни тогаш, тие така одговараат. И навистина оваа поговорка е вистинската слика за УКИМ бидејќи тој не постои на Шангајска листа на универзитети затоа што таму се објавуваат само првите 1000 места во светот и крај! Во времето на Југославија УКИМ беше рамо до рамо со универзитетите од Љубљана, Загреб и Белград а за тоа можат да посведочат постарите професори од Медицински факултет кои денес се во пензија и за жал за нив не постои статус ЕМЕРИТУС професор! До 2010г. УКИМ беше меѓу првите 600 универзитети, во 2012г беше меѓу 800-900 место, 2016г 1200 место а денес 2022г УКИМ се наоѓа на 1596 место според ВЕБ ранкинг листа на Универзитети која е „некаков“ линк за Шангајска листа. Ама на Шангајска листа никаде не пишува дека се во линк со ВЕБ ранкинг листа на универзитети. Што значи дека точната локација на УКИМ не се знае и затоа Српско-Хрватската поговорка „Богу иза леƀа“ е апсолутно точна во случајов со нашиот ,,најдобар високо образовен систем“ во Македонија.
  Пред некоја вечер на Алфа тв, гостин беше еден пензиониран инспектор кој велеше дека УКИМ е најдобар во Македонија. Откако ја слушнав неговата изјава навистина не знаев дали да се смеам или да плачам. Како може да е најдобар кога воопшто не се наоѓа на Шангајска листа според која за рангирање на универзитетите се употребува специфична методологија. Според која методологија или параметри УКИМ е најдобар? Но, ете ,,колку пониско на листа толку подобар универзитет“ е денешната девиза за проценка на образовниот систем. Иначе, бившиот инспектор работел во Министерството за образование.
Еден од главни показатели дека студентот е централна фигура во рамките на Карлов Универзитет е секако бројот на испитни сесии. Имено, во текот на една учебна година студентите можат да полагаат вкупно 24 пати.

Ранг листа според Шангајска и ВЕБ листа на универзитети, фото: интернет

  Што е причината и зошто имаме таков огромен пад на УКИМ во последните 12 години? Една од причините е партиската инволвираност во рамките на УКИМ па од таму и партиската борба за избор на шеф на катедра, директор на Институт или Клиника, Продекански функции, Декан, Проректорски функции и на крајот изборот за Ректор. Сите без исклучок се избираат со „партиски клуч“ без разлика дали се работи за кадри на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Изразот ,,партиски клуч“ всушност значи клучот од канцеларија со кој влегува одбраниот партиски обоен професор на функција во рамките на УКИМ.
  Резултатите од таквата работа се мизерни. Еве, колку за споредба ќе ви посочам две книги кои се доделуваат бесплатно на студенти во Карлов Универзитет и Медицински факултет УКИМ. Факултетот за општа медицина во Карлов Универзитет доделува книга на студентите од прва година со наслов ,,Листа на предавања - Sеznam přednášek. чешки јазик“ која има вкупно 178 страници. Оваа книга изобилува со објаснување на поими со кои младите студенти ќе ги слушаат за време на студирањето а меѓу тие е секако и поимот Апсолвент. Понатаму, од 104-117 страница во книгата се наведени вкупно 470 Педагози, со име презиме и академска титула, кои работат во рамките на Карлов Универзитет и постојано го следат, запишуваат и анализираат методот и практиката на наставата, особено како академски предмет или теоретски концепт. Го следат и односот помеѓу професорот и студентот. Педагогија од грчкиот збор Agogos – лидер. Бидејќи само професор/наставник е постар назив кој означува стар, досаден професор со затнат нос. Затоа професорот покрај стручното знаење треба да има и понапредно знаење Advanced knowledge од Педагогија. Тој не може да ги знае во потполност двете професии, во случајов Медицина и Педгагогија, па затоа за нивна помош и консултација на универзитетот се вработуваат Педагози.
  Од 42-103стр. Се наведени сите професори за секоја катедра, со име презиме и титула, во рамките на Медицински факултет на Карлов Универзитет. А во останатите страници од книгата ,Листа на предавања - Sеznam přednášek. чешки јазик“ има многу објаснувања за работењето на Медицински факултет кои се корисни за студентите.

Карлов Универзитет, Прага, Република Чешка, фото: Чех универзитис

  Во споредба со Карлов Универзитет на нашиот Медицински факултет УКИМ новите студенти добиваат книга со наслов „Студентски информатор“ со вкупно 93 страници од кои за Општа Медицина се посветени само 31стр. Останатите страници се однесуваат на тригодишни студии за Медицински сестри, Радиолози, Логопеди, Физиотерапевти…
Во сите 93 страници не постои ниту едно име на Педагог или професори во рамките на Медицински факултет УКИМ освен името на Деканот, Продекани и секретар. Единствените имиња кои можат да се прочитаат во „Студентскиот информатор“ се само тие кои се ангажирани во Деканската управа на Медицински факултет.             Најголемата база на факултетот а тоа се сите професори не постојат во книгата која всушност значи и основно запознавање на студентите во текот на сите студиски години. Разликата од 31страница За УКИМ со 178 страници од Карлов Универзитет ја покажува посветеноста на раководната структура на УКИМ да си ги презентираат сопствените професори. Разликата е скоро 6 пати помалку страници и ако ова се земе како некаква мерка за посветеност тоа би значело дека УКИМ е 6 пати помалку заинтересиран/посветен кон сопствените професори.
  Навистина не знам што е причината зошто имињата на професорите од Медицински факултет и од сите отсеци не се објавени. Најверојатно, можеби се работи за нерешен работен статус или едноставно политичка дискфалификација/промоција во високообразовната институција.

Книга за студенти на УКИМ и Карлов Универзитет, кликни на фотка

  Еден од главни показатели дека студентот е централна фигура во рамките на Карлов Универзитет е секако бројот на испитни сесии. Имено, во текот на една учебна година студентите можат да полагаат вкупно 24 пати. Затоа што во секој месец од годината студентот може да полага два пати. Во првите 15 дена и во последните 15 дена од тековниот месец. Во случај студентот да не положи од првпат тогаш, истиот со пауза од десетина дена може повторно да полага ист предмет односно кај ист професор. Просекот на положување е од вторпат. Се полага буквално секој месец па дури и во текот на летниот период Јуни, Јули и Август. Секако дека професорот треба да биде присутен на факултет пред да оди на одмор или откако ќе се врати. Исто е во текот на зимските одмори почнувајќи од Божиќ во Декември па дури до Јануари. Полагањето на Карлов Универзитет е постојан процес кој не запира затоа што на тој начин студентите се ,,ослободуваат“ со постојани ангажмани и постојано се во тек со студиите. Тајната за добивање на чувството на слобода е во намалување на стравот од ,,паѓање на испит“ која како негативна емоција е присутна на минимално ниво. Стравот ги лимитира студентските способности и затоа во рамките на универзитетот постојано се разговара за емоциите на студентот и неговите размислувања.
Repetitio est matter studiorum-lat.

Деканат на Медицински факултет, фото: Игор М.

  Литературата од предметите на Медицински факултет е обемна и во просек се движат од 500-1500 страници па така, за да се совлада целата материја треба време и секако доволно сесии за да се положи. Во книгата ,Листа на предавања - Sеznam přednášek. чешки јазик“ се спомнува само зборот „Испит“ а зборот „Колоквиум“ не постои затоа што во основа тоа е едно исто Ústní zkouška=усен испит. Еве, како Чесите го дефинираат зборот Колоквиум:
  „Колоквиум е збор со повеќе значења. Тоа може да биде колективно интервју, собир на експерти кои се занимаваат со заеднички прашања или универзитетски испит. Во овој случај се работи за устен испит, но терминот колоквиум се смета за застарен.
Лицето кое ќе го положи овој испит мора да го покаже соодветното знаење пред стручна комисија или испитувач. Резултатот е доделување сертификат, титула или негово отфрлање.“
  Од ова може да се заклучи дека „Колоквиум“, без разлика што е застарен термин, има скоро исто значење како и зборот „Испит“ затоа што исходот е или ќе положи или нема да положи. И према тоа, или ќе се полага само Испит или ќе се полага само Колоквиум! Не може да постојат двете работи заедно бидејќи крајниот резултатот е добивање на оценка во индекс за знаењето на студентот.
  Најважната причина зошто во Медицински факултет УКИМ студентот не е централна фигура е бројот на испитни сесии во текот на една учебна година. Имено, некаде до 2011г. Постоеа 9 испитни сесии освен во Јануари и месеците Јули и Август. И тоа е периодот во кој УКИМ покажуваше многу подобри резултати додека студентите студираа по т.н. Стара студиска програма а на Шангајска листа УКИМ беше околу 600-то место. Сепак, дури и во тоа време на Медицински факултет УКИМ немаше доволно сесии како тие на Медицински факултет Карлов Универзитет. Споредбата беше 24 сесии со 9 сесии, што значи дека до 2011г. Карлов ун. имаше 15 сесии повеќе а во 2022г има 21 сесии повеќе. Затоа што на Медицински факултет во Скопје има само три сесии за полагање на т.н. Завршен испит и тоа во Септември, Јануари и Јуни.
 
  Најголемата забуна всушност ја прават Колоквиумите кои во голем дел се полагаат писмено или онлајн па, постои можност да не се положи. Неположен колоквиум бара повторно преполагање, полагање по вторпат, третпат… Но, доколку се положи професорот не пишува оценка во индекс што значи дека се разликува од оригиналната дефиниција дека ,,Колоквиум=усен испит=Ústní zkouška“. Толкувањето е дека освоените бодови од Колоквиум влијаеле на оценката при Завршниот испит. Како и да е, ова објаснување е квази толкување и нема врска со високото образование.

Видео од колоквиуми на Медицински факултет, видео монтажа: Игор М. 

Дел од Семинарска работа на студенти за предметот Микробиологија, презентација во ППФормат

Дел од Семинарска работа на студенти за предметот Фармакологија, презентација во ППФормат. 

Колоквиумска задача за студенти на Европски Универзитет

  Како за позитивен пример ќе го спомнам Европскиот Универзитет, факултет за арт и дизајн, во Скопје. Студентите за Колоквиум креираат уметнички дела, ликовно обликување во дизајнот. Тоа е Kолоквиумска задача 2Д дигитален дизајн коjа студентите ја презентираат на професорот и за кои дискутираат, разговараат, објаснуваат како дошле до таква идеја. Иако немаат допирни точки со Медицински факултет сепак, фотките објавени јавно на Фејсбук, покажуваат дека Колоквиумската задача нуди многу поголема можност за креативност на студентите.                                          А добар пример за Семинарска работа/колоквиум на Медицински факултет се ПДФ презентации по предметот „Рационално препишување на медикаменти“ потоа ,,Клиничка Микробиологија“ и ,,Трудова Медицина“ со т.н. албуми. За време на овие презентации студентите разговараат и објаснуваат за темата што им е дадена а притоа нема никаква оценка за Семинарска работа. Нема положил/неположил туку успешно завршил.


  Што се бара од студентите за да го положат Колоквиумот а што од Завршен испит?
Да замислиме дека еден предмет има материја од 700 страници. Со Колоквиум 1 од студентот се бара да ги научи првите 0-350 страници за да положи а од Колоквиум 2 вторите 350-700 страници. Со Завршен испит од студентот се бара да ги научи сите 0-700 страници за да положи. И тоа е парадокс! Ако студентот положил два Колоквиума тогаш зошто да полага по третпат со Завршен испит? Затоа доволно е само Завршен испит бидејќи тој ја содржи целата материја од 0-700стр. и сосема е доволно за да се положи и да се добие оценка во индекс. Притоа излезноста на студентите на испити се сведува на една соодветна и нормална бројка.                                                                                                   
Продолжува втор дел…
Автор: Игор Манев
датум: 27 Јуни 2022