Трзавици пред полагање
(колоквиум в.с. испит)
Втор дел...                                                                                                                        
Доколку студентот не ги положи испитите од тековната сесија тој мора повторно да плати иста сума на пари на факултетот. Ама како студентот ќе положи навреме ако нема сесии?
  Вкупниот број на предмети од прва до последна шеста година, отсек општа медицина е околу 47. Но ако се земе во предвид дека на секој завршен испит му претходат 2 колоквиуми тогаш бројката е 94 колоквиуми + 47 предмети = 141. Оваа бројка кажува дека секој студент во текот на студиите од прва до шеста година треба да полага 141 пати за да ги положи сите колоквиуми и завршни испити од првпат. Ама бидејќи просекот на положување е два пати, скоро секој студент положува од вторпат, тогаш бројката е премногу висока и таа изнесува 282 пати полагање за да се положат сите Колоквиуми и завршни испити. Но и оваа бројка не е дефинитивна бидејќи има студенти кои положуваат од трет пат. Затоа велам дека ако не се полагаат Колоквиуми тогаш бројката ќе биде 47 пати, односно 94 пати полагање само за завршни испити со просек од два пати полагање до положување и оценка во индекс.

Завршен испит, видеомонтажа Игор Манев

  Во овој дел, морам да ја спомнам и една постара група на студенти, вкупно околу 40 и сите се водат во т.н. 0 нула група, кои се префрлија од Стара студиска програма во Е.К.Т.С. и кои беа ослободени од полагање Колоквиуми. Еден дел од нив положија доста завршни испити на тој начин но, од Јунска сесија 2022 тоа веќе не важи. Еве како, се дава дозвола на некои студенти од постара генерација, нула група, да полагаат директно Завршен испит а потоа дискриминација врз други постари студенти со забрана за полагање Завршен испит. Значи во иста ситуација, од нула група, еден број постари студенти положиле предмети само со Завршен испит а од останатите студенти во нула група сега се бара најпрвин да полагаат Колоквиум 1 и 2 за да добијат право да полагаат Завршен испит. И така редоследно за сите предмети во иднина. Ваквиот дискриминаторски однос на Деканската служба и професорите кон овие постари студенти е класичен пример за злоупотреба на Автономијата на Медицински факултетот и прекршување на законот за спречување и заштита од Дискриминација во однос на образование. Видео материјалот е доказ дека на Завршен испит еден постар студент веќе полагал директно Завршен испит во септември 2020г затоа што бил ослободен од колоквиуми. Но сега во 2022г Јунска сесија тоа повеќе не важи. Допрва истиот треба да полага колоквиуми! Оваа постапка во рамките на Медицински факултет, за студенти од нула 0 група е прекршување на законот за дискриминација во членот 8 за директна дискриминација. Или сите ќе се вратат назад да полагаат Колоквиуми или сите ќе одат само на Завршен испит, во спротивно тоа е директна дискриминација.                                                                    
Дискриминација е секое разликување, исклучување, ограничување или давање првенство што се заснова на дискриминаторска основа, со сторување или несторување, што имаат за цел или резултат спречување, ограничување, признавање, уживање или остварување на правата и слободите на одредено лице или група на еднаква основа со други. Ова ги опфаќа сите форми на дискриминација вклучително и оневозможување на соодветно приспособување и оневозможување на пристапност и достапност на инфраструктурата, добрата и услугите.
(1) Директна дискриминација постои кога со едно лице или со група се постапува, се
постапувало или би се постапувало понеповолно во однос на друго лице или група во  фактичка или можна споредлива или слична ситуација, врз дискриминаторска основа.
  Ако се земе во предвид дека литературата на Медицински факултет е обемна тогаш како ќе се постигне положување на завршен испит со само три сесии? Колку за пример ќе ја земам книгата Интерна Медицина од проф.д-р Мирослав Ристиќ која е во два тома, првиот има 797 страници а вториот завршува со 1502 страница. Книгите по Анатомија, Микробиологија, Патологија, Неврологија, Физиологија, Инфектологија, Епидемиологија, Хирургија, Гинекологија со Акушерство, Педијатрија, Судска Медицина, Трудова Медицина ит.н. сите се во просек од 500-1500стр. И тоа е доказ дека навистина Медицинската литература е обемна.
 
  Да бидам јасен, читањето не е проблем ниту пак времето да се одвои за да се спреми било кој испит на Медицински факултет туку, студиската програма Е.К.Т.С. која е програма за Виша школа а не е за било кој факултет. Во оваа прилика морам да го спомнам проф. Денко Скаловски од Филозофски факултет кој иако не ми дојде на јавната трибина на која се разговараше за ,,Светлите перцепции во високото образование“ сепак морам да ви пренесам што тој ми рече во локалното кафуле во рамки на Филозофски факултет. И ми вели: „Игоре, Европскиот Кредит Трансфер Систем е за виша школа а не е за факултет. Ако ЕКТС беше добар систем ќе го прифатеа на Кембриџ или било каде на Универзитетите во Англија.“ И навистина беше во право затоа што единствено што перфектно функционира на Медицински факултет со Е.К.Т.С се само двете букви а тоа е Кредит Трансфер читај Money Transfer = Пари Трансфер. Еден кредит е 40 денари а секој предмет на Медицински факултет Скопје има одреден број на кредити кои се множат со 40 денари и така се добива сума од околу 10.000 – 20.000 денари за семестар. Доколку студентот не ги положи испитите од тековната сесија тој мора повторно да плати иста сума на пари на факултетот. Ама како студентот ќе положи навреме ако нема сесии?
 
  Заклучокот е дека студентите на Медицински факултет се соочуваат со обемни испити а притоа немаат можност да полагаат на начин како што е во другите Универзитети кои се на Шангајска листа. Од тие причини уште во прва студиска година студентите сфаќаат дека се максимално интелектуално оптеретени и почнува да ги фаќа страв. Најчестите прашања кои ги поставуваат се: Дали ќе стигнам за испит? Дали ќе го положам испитот? Дали да се префрлам на друг факултет? Што ми требаше да се запишам на Медицински? Има ли ова крај? Дали ќе успеам да завршам факултет? Дали да го одложам испитот? Колку пати треба да полагам еден ист испит? Дали да се откажам од факултетот?
  Сите овие прашања укажуваат дека на Медицински факултет студентите ја немаат слободата како студентите од Карлов Универзитет бидејќи стравот од ,,паѓање на испит“ е во голема мерка проширен кај повеќето од нив. Трзавици пред полагање, со рацете како на жичан инструмент, трзачки инструмент, со трзалица во прстите од рацете.
  За среќа еден од предметите кој се предава во прва година е Психологија и во таа книга може да се прочитаат и препознаат сопствените емоции на страв но таа релација е лична и субјективна затоа што Медицински факултет не го менува начинот на полагање за Завршен испит и Колоквиум. Понатаму, во книгата за Психологија студентите можат да прочитаат и за терминот ,,Брнаут-  Burnout“ што значи психичко согорување. Оваа состојба е многу важна да се превенира затоа што студентите на Медицински факултет се соочуваат со максимално интелектуално оптеретување заради обемната литература а притоа можноста да се полага испит се сведува на минимум од само три сесии годишно. Неофицијално, меѓу студентите има симптоми на депресија, анксиозност, изолација и најчесто проблеми со исхрана па дури и Булимија. Има голем број на млади студенти кои во средното образование покажувале одличен успех но на Медицински факултет постигнуваат потпросечни резултати. Тоа е огромен шок на високообразовниот систем кој го предизвикува врз новите студенти. Недостигот од вистински критериум придонесува влошување на здравствената психичка и физичка состојба кај младите студенти. Во моментот кога студентот ќе сфати во каква ситуација се наоѓа и дека за толку краток временски период не може да стигне, да се спреми испитот, тогаш тој/таа бараат помош а тоа е секако „врска за професор“ и повторено плаќање на истите кредити за неположени испити. Не се стига!
 
  Како што напишав и погоре, постои голема група на професорски кадар кои се политички инструирани без разлика што не се правници или политиколози. Желбата за успех ги прави алчни и затоа нивните постапки мора да се осудат, мора да се критикуваат. Во период пред политички избори или турбуленции во Македонија, како што е сега во Јули 2022г, овие професори прават блокада и притисок врз студентите на Медицински факултет. Па така, имаме партиски професори на ВМРО-ДПМНЕ кои прават притисок врз студенти кои се про СДСМ и партиски професори за СДСМ кои прават притисок врз студенти кои се про ВМРО-ДПМНЕ.
  Притисокот се прави преку одложени термини за полагање на завршен испит/колоквиум а знаеме дека има само три во текот на цела година. Ако се одложи еден термин се пропушта можност за полагање. Потоа, студентот го нема на список, каде е списокот? Зошто ме нема на списокот за положени/неположени? Некои професори бараат параф = читај пари во индекс. Се спроведува дискриминација кон една група студенти, поединци а дозвола за полагање на друга група студенти. И секако најефикасното средство за елиминација е самиот чин на полагање Колоквиум или Завршен испит. Секој професор знае многу повеќе од студентот па така испитните прашања, кои се под дифолт полесни, се поставуваат на студенти од иста политичка партија или лично фамилијарно познанство а на тие кои се од другата политичка партија се поставуваат ,,потешки прашања“. Доколку професорот реши да го бутне студентот тогаш, тој/таа немаат шанси да се одбранат. Не е исто кога професорот молчи за време на испитот слушајќи го студентот додека зборува и кога професорот постојано му поставува прашања на студентот. Со други зборови професорот го малтретира студентот maltraité – fr. лош третман, го малтретира. Вербалната комуникација на студентот често знае да се прекине со постојани прашања на професорот и притоа се прекинува мисловниот процес на студентот додека одговара на испит.
     Горило Џорџ, филм Rampage             црква св.Благовештение, Клинички центар мајка Тереза,                                                                                                                        фотошоп Игор М. 
  Ех, тука многумина професори од Медицински факултет чекаат и демнат како бели мајмуни кога ќе начекаат банани на дрво. Белите мајмуни цврсто се држат со своите раце на секоја гранка од дрвото наречено Медицински факултет. Но, нивните силни дланки и доброто здравје не се најголемиот проблем, туку нивното срце. Затоа што овие бели мајмуни не веруваат во Бог па дури одат и до таму што на свои предавања го спомнуваат Бога во негативна конотација. И така Бог се става во пример за лоша Хипотеза како работа која не може да се докаже. Баш ме интересира дали нивните колеги од Теолошки факултет би се сложиле со оваа медицинска Хипотеза, незаборавајќи дека и тие се професори од УКИМ.

Дел од предавања на Медицински факултет - Хипотези добри и лоши

  Зошто мајмуните се споредуваат со луѓето?
На почетокот од 7 век црковните отци Григориј од Насианѕус и Исидор од Севиља (Gregory of Nacianzus and Isidore of Seville) ги споредуваат мајмуните со пагани а воедно и двајцата ги негираат мајмунските способности за разум. Faculty of reason.
Морам да го истакнам Шпанскиот католички свештеник Исидор од Севиља кој во 600г. e избран за Архиепископ. Во текот на неговиот живот оставил зад себе едно големо дело ,,Етиологија” коe претставува Енциклопедија од 20 книги. И токму во 12 книга тој ги опишува животните со нивните карактеристики. Па така, мајмунот Сатир, Satyr го опишува со мило лице и немирни гестови со пантомима.
  Мајмуните се споредуваат со луѓето затоа што тие го имитираат она што го гледаат, често го копираат човечкото однесување. Средновековните свештеници ја носеле и зборувале на оваа тема, сугерирајќи дека мајмуните биле така наречени затоа што го „мајмунирале“ нашето однесување. Значи нашите мали мајмуни се спомнуваат затоа што тие потекнуваат од долгата традиција на духовна пародија и сатира за глупоста на нивниот најблизок роднина, хомо сапиенс, нас луѓето! Со тоа што нè прават да изгледаме смешно, нè враќаат долу на земјата ако станеме премногу горди или значајни сами за себе!
  Навистина не знам дали во Македонија има некоја црква од постаро време во која се нацртани мајмуните. Но, во св.Алдатес, st. Aldates катедрала во Оксфорд, Англија, која постои од 14 век има витражи каде може да се видат мајмуни кои се свртени со лицето еден кон друг.
  Во Православната библија, но и во Протестанска и Католичка, мајмуните се спомнуваат на неколку места и секогаш тие се во комбинација со злато, сребро и гордоста како голем човечки грев.
  Царевите 10:22, Летописи втора книга 9:21 (Славата на Соломон), бидејќи царот имаше на морето тарсиски кораби заедно со Хирамовите кораби и во три години еднаш доаѓаа тарсиските кораби и донесуваа злато и сребро, слонова коска, мајмуни и пауни.
  Исход 20:23 И му рече Господ на Мојсеја: Не правете си сами богови сребрени, ниту богови златни, не правете сами за себе.
  Мудрост Сирахова, 10:7-17, Горделивоста е одвратна и за Бога и за луѓето, неправдата е омразна и за обајцата. Власта преминува од еден народ на друг поради неправди, навреди и користољубивост. Зошто се гордеат правот и пепелта кога уште додека се живи утробата им е нечиста? Долгата болест го вознемирува лекарот, оној што денес е цар, утре ќе умре. Човекот кога умира станува плен на влекачите, ѕверовите и црвите. Почетокот на гордоста е оддалечувањето од Господа, кога срцето на човекот ќе отстапи од Создателот негов. Горделивоста е почеток на гревот, кој ќе ѝ се предаде ќе изблуе одвратност. Затоа Господ го казнува со страшни казни и наполно го уништува. Господ урива престоли на силни а на нивното место кротки издигнува.

Витраж со мајмуни лево и десно, Катедрала св.Алдатес, Англија                                                        Скулптура на мајмун                                                                                                                                                                          филозоф-Еволуција

  Белите мајмуни веруваат во теоријата на Чарлс Дарвин дека човекот потекнува од мајмун. Но кога ќе ги прашате дали знаат од кој вид на мајмуни тие лично потекнуваат? Дали докторот професор, исполнет сам со себе, потекнува од Сатир, Горило, Орангутан или Шимпанзо? Од какво животно потекнува нивната фамилијарна лоза во претходните 10.000 години? На ова прашање гордите бели мајмуни не само што немаат одоговор туку дури се лутат и го сметаат за навреда. Епа, како тоа тврдат дека Бог е Хипотеза или пак, како тоа тврдат дека човекот потекнува од мајмун а притоа тие самите не знаат од каков мајмун потекнуваат?
  Во време кога имам проблеми или во моменти на невоља одам во црквата             св.Благовештение која се наоѓа во дворот на Клинички центар мајка Тереза. Палам свеќа и се молам на Бога ... Искрено да ви кажам понекогаш имам чувство како Бог да се смее на моите планови. Но сепак, не ме напушта вербата дека јас и сите живи суштества на планетава Земја сме креација на Господ. Помислата дека потекнувам од човек ми ја крепи душата. Подобар доказ од тоа Амин.
Автор: 
Игор Манев
датум: понеделник, 4 Јули, 2022