Програма Еразмус + и минус II

Многу е добро напишано во самата програма за тоа колку средства за ученик или персонал следува. Колку за пат а колку за дневница во Шпанија. Зависи од училиштето како и на кој начин ќе го спроведе тоа. Меѓутоа се знае дека следува на пример 120 евра дневница плус пат… сето тоа е пропишано и многу е лесно да се пресмета. А имало ,,све и свашта“ но, во принцип се знае како е пропишано според правилата на Еразмус.
Втор дел                                                                                                                                       
  Во Македонија веќе неколку години младите кои се желни за ново знаење имаат избор да аплицираат за едукација низ програмите на Еразмус+. За сите кои се прашуваат, што е тоа Еразмус+? Еве ви можност! Имено, тоа е ЕУ програма за подршка на едукација, тренинг, млади и спорт во Европа. Еразмус има буџет од околу 26 милијарди евра кој е приближно дупло финансиран за разлика од претходната програма во периодот 2014-2022.
  Новата програма за 2021-2027г. строго се фокусира на социјална инклузија, зелена и дигитална транзиција и промовирање на млади учесници во демократскиот живот. Ги подржува приоритетите и активностите кои се спроведуваат во Европската едукативна област, дигитален едукативен акциски план и Европска агенда за вештини.
 
  За да дознаете повеќе за состојбите во Националната агенција и детали за Еразмус+ го поканив г-н Марко Ѓоргиевски на интервју:

м-р Марко Ѓоргиевски директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Конзилиум прес дали универзитетите имаат право да учествуваат во апликација за грантови од Еразмус програмата?
м-р Марко Ѓоргиевски најголемите корисници се токму тие. Самата програма е така започната во 1987г. со мобилност на студентите и затоа најголемиот дел од средствата завршуваат кај универзитетите. Тие ги трошат средствата на мобилност за сите деца кои отишле на Еразмус во друг универзитет за да достудираат или да се доедуцираат, се всушност средства кои доаѓаат преку Еразмус.
Игор Манев - Конзилиум прес дали универзитетите поднеле апликации за грантови за средства кои би се трошеле за купување на научни помагала во високото образование?
м-р Марко Ѓоргиевски има две работи а тоа се К1 и К2 каде што во првиот се мобилности каде студентите аплицираат во одреден број, заедно студенти и вработени стаф – staff. На одреден универзитет му се одобруваат 30 студенти и 5 стаф. Он си распишува оглас, си става критериуми и тие студенти си добиваат мобилност да одат на тренинг во период од 1, 3, 6 месеци некаде во странство на друг универзитет со кој имаат потпишано Меморандум за соработка. Најголемиот дел од средствата се трошат токму во К1.
  Во другиот дел е К2 каде што се работи на проекти и таму се поделени по полиња. Поле за училишно образование, поле за стручно образование, поле за високо образование, поле за возрасни, поле за млади. Во полето за високо образование аплицираат високо образовни институции каде работат на проекти на различни наставни програми, курикулуми ит.н.

УКИМ св.Кирил и Методиј, фото: Игор Манев

Конзилиум прес кој ги пишува тие критериуми за тоа колку студенти и кои студенти ќе влезат во програмата на Еразмус за доедукација на универзитет во странска држава?
м-р Марко Ѓоргиевски: самите универзитети си ги пишуваат сопствените критериуми.

Конзилиум прес бидејќи се спомнуваат лица кои нуделе напишани проекти во соработката меѓу туристички агенции и образовни институции. Дали има малверзација во пишувањето на критериумите?
м-р Марко Ѓоргиевски: еве, ќе го земеме примерот со Правен факултет. Таму критериумите се во однос на оценки, успех и по некои други работи на пример за студенти со помалку можности или слично. Што ќе направите? Која злоупотреба ќе ја направите кога веќе децата ќе отидат? Ние им плаќаме таму за престој, националната агенција тоа го плаќа. Каде е злоупотребата тука за студентите, односно за факултетот?

Конзилиум прес на првата прес конференција од г-ѓа Лидија Димова, 8-9 Јуни 2020, беше кажано дека водилката на сите малверзации се всушност критериумите со дискриминирачки услов. Што доколку има протекции, протеже или со други зборови врски меѓу студенти и професори во однос на критериумите?
м-р Марко Ѓоргиевски: ама тука нема злоупотреба на средства. Тука може да биде проблем со изборот. Универзитетите аплицираат за мобилности за нивните деца и они добиваат чартер. Врз основа на тој чартер они аплицираат секоја година. Во зависност од перформансите од минатата година, дали студентот е добар или не според критериуми, ние оваа година даваме повеќе или помалку финансии во зависност од буџетот што ни го дава Европската комисија. Што размислувате вие која би била злоупотребата на универзитетите? Во критериумите? Они повторно мораат да го пратат некаде детето со име и со презиме и ние да исплатиме средства.

Министерство за финансии, фото Игор Манев

Конзилиум прес ако добиваат само 5 студенти нели бројот е лимитиран со такви критериуми за тоа кој добива?
м-р Марко Ѓоргиевски: да, лимитиран е бројот, така е! Студентот мора да оди на мобилност, да ја заврши мобилноста а ние да ги исплатиме средствата.

Конзилиум прес спомнавте дека кај тие училишта на кои им биле скратени средствата, во делот каде имало малверзации, дали се тоа ваши пресметки или на Министерство за финансии?
м-р Марко Ѓоргиевски: наши пресметки во времето кога директорка беше г-ѓа Лидија Димова.

Конзилиум прес значи, вие имате податоци дека се работи за малверзации па, националната агенција одлучила да ги скрати средствата за училиштата?
м-р Марко Ѓоргиевски: не сум ги скратил јас. Во тој момент кога се увидело дека јавните набавки од училиштата се префрлени преку јавни набавки на трети лица тогаш, се одлучило да им се скратат средствата менаџмент фис. Меѓутоа тоа е во времето на Лидија Димова.

Конзилиум прес дали финансова полиција знаат за овој случај или тие немаат врска со тоа дека средствата од грантовите биле регрантирани?
м-р Марко Ѓоргиевски: не знам, не знам. Пред да дојдам јас на оваа функција доаѓаа од финансова полиција и јавно обвинителство и таа постапка сеуште не е завршена. Тука јас не би коментирал ништо повеќе.
Конзилиум прес имате ли вие некаков доказ, евиденција дека финансиските средства се злоупотребени во конкретниов случај за јавните набавки кои биле дадени на трети лица?
м-р Марко Ѓоргиевски: доказот е на електронскиот систем за јавни набавки ЕСЈН. Кога училиштето ја дава целата јавна набавка на трето лице без да не консултира нас. Документот е тој. А исто така се коси со правилата на Еразмус кои се објавени на нашата официјална веб страница.

Конзилиум прес јавно обвинителство го примиле овој случај од Ерасмус како сомнеж за сторени повеќе кривични дела, на кој датум точно е поднесена пријавата? Дали има пресуда од Судот за овие здруженија или правни лица?
м-р Марко Ѓоргиевски: има постапка пред јавното обвинителство за злоупотреба. Не знам до каде е постапката. До сега сето она што се барало од мене е да дојдат службите од јавно обвинителство и финансова полиција со претходна најава, тие бараа дополнителни информации. Но мене лично никој не ме контактирал ниту јавен обвинител ниту од финансова полиција а нема ниту потреба, нормално. Иначе, на 1 Јуни 2022г покренато е обвинение против три лица за злоупотреба на европски пари. Тоа е последното што го имаме ние. Надлежен јавен обвинител од основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставил обвинителен акт против три лица кои злоупотребиле средства на Европската заедница.

Јавно обвинителство на РМ-ЈОРМ, фото Игор Манев

Конзилиум прес се спомнуваат Естонија, Бугарија, Италија, Шпанија и Португалија како земји во кои биле трошени парите од грантовите надвор од границите на Македонија. Дали во овие случаи злоупотребата е поради соработката на образовните институции со некои туристички агенции? Дали во тие држави се носеле само деца или и персонал?
м-р Марко Ѓоргиевски: за да се излезе надвор од границите мора да се има партнери. партнер организација, училиште. А треба и оператор кој ќе ја врши самата обука, тренинг или слично.

Конзилиум прес во Шпанија дали се одвивала обука, тренинг или децата и персоналот само се шетале туристички?
м-р Марко Ѓоргиевски: таму биле обуките. Многу е добро напишано во самата програма за тоа колку средства за ученик или персонал следува. Колку за пат а колку за дневница во Шпанија. Зависи од училиштето како и на кој начин ќе го спроведе тоа. Меѓутоа се знае дека следува на пример 120 евра дневница плус пат… сето тоа е пропишано и многу е лесно да се пресмета. А имало ,,све и свашта“ но, во принцип се знае како е пропишано според правилата на Еразмус.

Ерасмус Шпанија, фото гетбајбас

Конзилиум прес дали во Еразмус има програми за грантирање на специјализации за доктори по медицина?
м-р Марко Ѓоргиевски: во делот на мобилност Еразмус дава за студенти, додипломски, постдипломски и ПЕД (ПиЕјџДи)-PhD. ПЕД е од оваа година ама е редок. Најчесто се грантираат пониските степени на образование. Еразмус програмата нуди мобилност, на пример еден семестар, од Правен или Медицински факултет, да се помине на друг универзитет и од таму подоцна да се стекнете со диплома од двата универзитета. За докторати и специјализација се многу повисоки средствата, од оваа година почна полека да се навлегува и во тоа поле но сепак, тоа сеуште не е пракса.

Конзилиум прес во просек специјализациите траат од 2-4 години дали се тоа многу средства?
м-р Марко Ѓоргиевски: особено за медицината да, тоа навистина се многу средства.

Конзилиум прес во новинарството има многу фриленсери-freelancer кои работат индивидуално, самостојно и не припаѓаат на ниту еден новинарски медиум, тв или пишан медиум. Кога постојат проекти за финансирање во новинарството критериумите се многу високи, дека морало да се има фирма и слично. И затоа тие се насочени кон телевизии или дневни новински агенции а не за индивидуалци-фриленсери кои по тие критериуми се аут од конкуренција. Дали во рамките на новинарството имате програми со кои би се финансирале доедукации за овие новинари?
м-р Марко Ѓоргиевски: неформалниот дел на образование е за возрасни. Возрасна група која не е во образовен процес, тие кои веќе завршиле средно или високо образование. Има образовни интитуции кои нудат едукација за повозрасна група на луѓе и така преку нив да се аплицира за грантови кои би финансирале обука, едукација за новинари и други професии. Понатаму, како пример би можело ЗНМ да аплицира за грант за мобилност на 10 новинари кои би отишле 15 дена било каде низ Европа и би работеле на едукација за превенција од ширење на лажни вести, дезинформации и слично. И така тоа би било во делот за возрасни кои би имале бенефит од обуката. Правилата се исти за цела Европа без разлика дали е во Македонија или Германија, сите се базираат на еден ист правилник.

ЈОРМ табла на Мајка Тереза, фото Игор Манев

„Верувам во меѓусебната почит на човек кон човек. За мене, секој човек е Христос и бидејќи има само еден Исус Христос, тогаш кој било човек во секој момент е најважниот човек на светот“ – Мајка Тереза, Скопје 1910 - Калкута 1997г.
автор Игор Манев
дата: 29 септ, 2022