Програма Еразмус + и минус
Во Македонија веќе неколку години младите кои се желни за ново знаење имаат избор да аплицираат за едукација низ програмите на Еразмус+. За сите кои се прашуваат, што е тоа Еразмус+? Еве ви можност!
Се сеќавам дека во мојата детска возраст, додека бев ученик во основното училиште ,,Крсте Петков Мисирков“, од само два-три учители ја слушнав неколку пати оваа изрека на познатиот филозоф Сократ ,,Јас знам дека ништо незнам“. И колку пати ја слушав толку пати ме збунуваше. Затоа што во тоа време предизвик ми беше да ја научам на памет целата таблицата за множење од 1-10. Но откако ја научив сметав дека Сократ не е во право! Како тоа, ако знам колку е 8х7, 9х6, 7х7 тогаш како е можно јас ништо да не знам? Згора на тоа ме чудеше зошто упорно нашите учители ни ја повторуваа оваа негова изрека? Тоа на што денес сеуште се сеќавам е изразот на учителите кои секогаш ни ја кажуваа со насмевка а потоа во училницата сите заедно се смешкавме. И долго време сметав дека целта на оваа изрека е само да се насмееме и ништо повеќе.
Суштината на овој Сократов парадокс е во нешто друго, имено се однесува на сите нас но пред сѐ на учителите, наставниците и професорите кои ја забораваат понизноста.
Денес признавам дека Сократ имал право! Суштината е да се остане скромен и да се цени фактот дека никој не знае сѐ. Тоа што го знаеш и се трудиш да го одржиш е исто така желба и способност за континуирано учење, поставување прашања, развој во двете насоки психички и физички... За среќа желбата и потрагата по знаење нема крај бидејќи секогаш има нешто ново да се научи а тоа на животот му дава значење и некаква цел. Како и да е, за тоа што сакате да научите изборот е ваш.
Во Македонија веќе неколку години младите кои се желни за ново знаење имаат избор да аплицираат за едукација низ програмите на Еразмус+. За сите кои се прашуваат, што е тоа Еразмус+? Еве ви можност! Имено, тоа е ЕУ програма за подршка на едукација, тренинг, млади и спорт во Европа. Еразмус има буџет од околу 26 милијарди евра кој е приближно дупло финансиран за разлика од претходната програма во периодот 2014-2022.
Новата програма за 2021-2027г. строго се фокусира на социјална инклузија, зелена и дигитална транзиција и промовирање на млади учесници во демократскиот живот. Ги подржува приоритетите и активнотите кои се спроведуваат во Европската едукативна област, дигитален едукативен акциски план и Европска агенда за вештини.
За да дознаете повеќе за состојбите во Националната агенција и детали за Еразмус+ го поканив г-н Марко Ѓоргиевски на интервју:
Игор Манев - Конзилиум прес во периодот од 2016-2018г. Еразмус објави програми за доделување финансиски средства. Во кои образовни програми, конкретно, се направила злоупотребата на финансиите откако биле доделени?
м-р Марко Ѓоргиевски тоа што јас го начекувам во оваа институција се неколку постапки со комисија за заштита на конкуренција на десетина и повеќе училишта низ државата. Адвокатот на агенцијата пушта постапка, до комисија за заштита на конкуренција дека кај тие организации во делот на јавните набавки не ги спроведувале јавните набавки. И во тоа е злоупотребата односно дека некој друг им ги пишува проектите на тие десетина училишта. И особено се потенцира дека тие се поврзани со неколку туристичкии организации.
фотошоп: Игор Манев
Конзилиум прес во кои образовни институции конкретно се случувале овие малверзации, дали во градинки, основни или средни училишта?
м-р Марко Ѓоргиевски во основни и средни училишта, поделено е нема преференци.
Конзилиум прес додека беше г-ѓа Лидија Димова директор на Еразмус таа на прес конференција во 2022г спомна дека имало, малверзации на финансиски средства од Еразмус+ програмата, во рамките на некои универзитети во Македонија. Дали вие знаете за такви злоупотреби?
м-р Марко Ѓоргиевски до денешен ден јас не знам за ниту една постапка покрената против било кој универзитет, ниту тогаш ниту до ден денеска немам такви информации.
м-р Марко Ѓоргиевски директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
Конзилиум прес без разлика дали се работи за државен или приватен универзитет?
м-р Марко Ѓоргиевски тоа на нас не ни прави никаква разлика. Дали имало и што имало, но ако се посочи кон некого ние треба да отидеме на контрола и да видиме што се случувало? До сега преставка дека некој ги злоупотребил средствата нема!
Конзилиум прес за кои средни или основни училишта имало злоупотреба на Еразмус програмата?
м-р Марко Ѓоргиевски не знам дали е тоа злоупотреба или не! За тоа треба некој друг да оцени затоа што завршена е постапката за тие десетина училишта. Со покренатата постапка пред Комисија за заштита на конкуренција одговорот што ние го добиваме од Комисијата е дека тие не се надлежни и можат да ни дадат само препорака за идните апликанти. Односно на идните добитници на грантови треба да им се укаже, на самиот состанок во агенцијата, дека не треба целиот грант што го добиле да се регрантира. Тоа значи дека не треба да се дава на некоја трета страна за користење.
Кај тие кои регрантирале на трета страна постапката била следна. Им се уиажало дека нема да ги добијат сите средства, односно дека на последната уплата скратени се средствата за менаџмент фис. Средствата што треба да ги користи менаџментот на училиштето за своите потреби. Од тие средства се плаќаат средства на координаторот на проектот (пример 100-150евра) месечно во зависност од проектот. Треба да се плати адвокат, некое стручно лице за јавни набавки и пропратни работи кои они си ги имаат како средства, опишани во апликациите за буџетот, за трошење на тие намени. Односно за организациска подршка-супорт со други зборови Менаџмент ФИС. Ех, кај сите овие десетина училишта тие средства им се скратени. Никој не добил средства!
Конзилиум прес во што е тука злоупотребата, дали се работи за регрантирање на финансиските средства од овие училишта?
м-р Марко Ѓоргиевски злоупотребата е дека не требало да се даде целиот грант (пр.50.000 евра) за градење на младински капацитети во стручно училиште. И сите средства се дадени на јавни набавки ЕСЈН ама буквално сите средства. А не може сите средства бидејќи мора да остане за градење на младински капацитети. Не може сите добиени средства од Еразмус+ да му се дадат на некој друг.
Ние им кажуваме дека патувањето во Шпанија, Португалија, Италија… сеедно е каде биле со авион потоа, хотелско сместување и сите тие работи требале да ги дадат на јавна набавка и така требало да биде затоа што како училиште тие не можеле сами да го спроведат аранжманот. Понатаму, на јавна набавка не требало да биде пишување на рапорт, давање можност во алатките ит.н. тие се спорните работи на кои агенцијата им потенцираше и напиша дека тие никаде од нас ниту пак од Европската комисија не доставиле барање за да се регрантира самиот проект. А во самото упатство пишува во кои услови е исклучително а во кои мора да се побара одобрение од наша страна од националната агенција и од Европската комисија ако се дава регрант.
Конзилиум прес на почетокот од аферата ,,пирамида во Еразмус“ се спомнуваше дека во нејзе се вклучени група на луѓе, здружение, кои беа наречени злосторници затоа што пишувале некакви програми а потоа ги нуделе до основните и средните училишта со кои склучиле договор и на крај ги објавувале како тендери на електронскиот систем за јавни набавки. Кои се тие лица? Дали се организирале во здруженија, фирми и дали имате било какви податоци за нив?
м-р Марко Ѓоргиевски тие се две или три туристички организации кои во тековната состојба сигурно имале сопственици. Еден од најголемите проблеми се надворешните пишувачи кои носеле готови проекти на некое училиште за аплицирање. И тогаш тоа не е злоупотреба туку само не се градат капацитетите на таа организација затоа што таа не е целосно вклучена во процесот на градење. На крајот на денот тие грантови од проектите се реализирани но самата идеја на програмата Еразмус е да реализирате ама да научите како да реализирате таков проект. Со други зборови да се гради капацитетот на сопствената организација.
Конзилиум прес дали во проектите од училиштата се барале грантови за насгавни помагала како на пример, анатомски модели, микроскопи, препарати, глобуси, електронски табли...?
м-р Марко Ѓоргиевски во самите менаџмент трошоци пишува дека средствата можат да се користат за научни стручни помагала кои училиштата можат да ги купуваат. Предмети кои ќе помогнат во самиот образовен процес. Значи ако анатомскиот модел помогне во реализација на наставниот процес тогаш нема никаков проблем.
Наставни помагала електронска табла, глобус, анатомски модел на човек, микроскоп ; фотошоп И.Манев
Конзилиум прес дали манипулацијата, малверзацијата со грантовите е само на релација образовна институција и туристичка агенција или имало и други релации со т.н. економски оператори?
м-р Марко Ѓоргиевски во овој случај се вклучени само туристички агенции но не би можел да кажам повеќе од ова затоа што ние не сме МВР ниту пак истражен орган. Тоа е приватен бизнис. Агенцијата пушта проект до училиште дека за реализација на Еразмус проект за мобилност на ученици и наставен кадар во Шпанија се потребни 30.000евра. За оваа сума на пари учениците и наставниците-професорите се носат со авион во Шпанија во хотелско сместување, реализираат програма а по враќањето поднесуваат рапорт и тоа е тоа.
Конзилиум прес еден од тие критериуми се задолжителен склучен договор меѓу туристичка агенција и образовна интитуција. Дали постоеле дискриминирачки критериуми со кои полесно се добивале тендери на јавни набавки?
м-р Марко Ѓоргиевски ние кога распишуваме оглас истовремено БЈН велат дека учесниците имаат право на жалба во која можат да ги запишат критериумите за кои сметаат дека биле дискриминирачки кон нив, кон некој економски оператор. За тоа и ние дознаваме од БЈН-биро за јавни набавки.
Конзилиум прес дали знаете за примери каде некоја образовна институција аплицирала за грант за купување наставни помагала, пример електронска табла за која парите се земени а табла нема или дали електронската табла е купена а потоа е дадена на некое трето место?
м-р Марко Ѓоргиевски електронската табла може да биде во училиштето додека трае проектот а потоа може некој да ја земе, да ја украде. Но тоа не треба да го пријавиме ние бидејќи таблата се купува во името на училиштето и се потпишува директорот. Без разлика дали се работи за табла, анатомски модели, микроскопи и т.н. за сите наставни помагала одговара директорот. За време на проектот ние можеме да ги видиме помагалата но сепак, училиштето треба сите тие да ги има во нивниот училишен попис.
Конзилиум прес како ќе се служи и како ќе функционира електронската табла останува обврска на училиштето. Дали вашите обврски, во однос на тоа како се потрошени грантовите, ве задолжуваат додека трае проектот?
м-р Марко Ѓоргиевски додека трае проектот да, они треба да ја чуваат документацијата уште 5 години откако ќе заврши проектот и после тоа они треба да поднесат дека ќе имаат одржливост на самиот проект, самофинансирачки.
Конзилиум прес дали правите мониторинг на училиштата кои добиле грантови, пример за образовни помагала, проверка во тие 5 години како истите се користат?
м-р Марко Ѓоргиевски да еве, вчера колешките беа во едно средно училиште во Кочани каде што направија проверка на помагала за деца, тоа беа наочари и се докажа дека се издржани тие набавки.
Конзилиум прес како се вика името на тоа училиште?
м-р Марко Ѓоргиевски училиштето се вика ,,Љупчо Сандов“ средно стручно училиште. Нашите колеги беа во Кочани и видоа дека има такви помагала.
Конзилиум прес дали универзитетите имаат право да учествуваат во апликација за грантови од Еразмус програмата?
м-р Марко Ѓоргиевски најголеми корисници се токму тие. Самата програма е така започната во 1987г. со мобилност на студентите и затоа најголемиот дел од средствата завршуваат кај универзитетите. Тие ги трошат средствата на мобилност, сите деца кои отишле на Еразмус во друг универзитет за да достудираат, да се доедуцираат се всушност средства кои доаѓаат преку Еразмус.
Продолжува втор дел ...
Автор: Игор Манев
19 септември 2022