Медицинска инфодемија
Сведоци сме дека во изминатиот период и денес сеуште трае, масовно етикетирање на хронично болните дека починале од Ковид19.
Пред појавата на Ковид19 многу побрзо можеше да се договори средба со пријатели на веќе позната локација а дружењето со нив се доживуваше со чувства на задоволство и повеќе доверба во споредба со денешниве онлајн социјални мрежи кои овозможуваат дружење преку монитор од 15 инчи.
И токму во тој пред пандемиски временски период имав можност, со кратки пораки на ФБ месенџер, да прецизирам една таква пријателска средба во „Стар Град“ кафанчето на Бит Пазар веднаш карши музејот св.Спас. Два дена подоцна, во петок навечер се сретнавме со Лидија, се поздравивме најдругарски со весели насмевки и очигледно заедничко задоволство на лицата за тоа што се гледаме in life.
Седнавме на дрвени клупи и на маса на која сеуште имаше празни чаши од гостите пред нас. Празни чинии на кои имаше кечап од изедени сендвичи и еурокрем од палачинки. Изгледаше несмасно од келнерите што ни дозволија да седнеме баш на таа маса која сеуште не беше расчистена но, ниту јас ниту пак Лидија не покажавме посебни емоции на одбивност. Не се пожаливме и никој не кажа ниту збор на персоналот. Додека чекавме, еден од вработените ги собра остатоците од маса а брзо по него ни пријде келнер и не праша што ќе нарачаме? Тој веднаш ни понуди нивно домашно пиво од сопствена рецептура и затоа јас нарачав баш една таква кригла пиво и овошен џус за Лидија. Таа не сакаше алкохол вечерта па, од тие причини нарачав една голема чинија печен помфрит со намера двајцата нешто да грицкаме.
Се гледавме со Лидија во очи седејќи секој од спротивна страна на масата а потоа се насмеавме и двајцата. Тоа беше вовед во муабет. ,,Што има ново Игоре, што ќе се пофалиш?“
“Ништо посебно Лидија, еве, гурам некако“ ѝ одговорив. Иако имав испланирано што да ѝ раскажам сепак, не се избрзав веднаш со тешки теми и затоа муабетот го почнавме спонтано.
По кратко време муабетите си фатија сопствен тек и се фокусиравме на аерозагадувањето во Скопје. Беше тоа 2019 година кога имавме навистина превисоки вредности на ПМ10. Лидија ми се жалеше дека чувствува и помали вредности на аерозагадување кои се под 100 микрограми и велеше: ,,се гушам и имам недостаток на здив, не можам да дишам. Навечер кога има загадување се будам во 2-3 часот и до сабајле не можам да спијам“. Нејзините симптоми се совпаѓаа со ноќните токсични вредности на аерозагадување бидејќи, токму во тој период а посебно преку викенд нивоата на ПМ10 достигнуваа плафон.
Веднаш ѝ поверував во тоа што ми го кажува бидејќи бројките се поклопуваа со тие на
,,Мој воздух“ чии вредности беа преку 200 и преку 300 микрограми. Воздухот во доцните часови во Ченто исто така беше загаден како и во Карпош, во цело Скопје.
Затоа ја посоветував барем да залепи ленти околу рамките на прозорците и вратите од станот бидејќи, дома јас истото го направив. Секако дека тоа не е трајно решение ама самолепливите ленти навистина, колку толку, блокираат влез на загаден воздух внатре во домот, во било кој дом.
Поблиску до себе, автор: Лидија Зорба
Потоа муабетот го пренасочивме кон високото образование. Се жалев на лошиот педагошки однос на некои професори кон нивните студенти. Едно зборуваат а друго прават, друго се случува. Се жалев за тоа дека се прави неподобна селекција меѓу студентите, тестовите се фарса и не проаѓаат сите кои знаат а висината на оценките се посебна приказна, нема критериум! „Поздрави ги татко ти и мајка ти и то…“
Чудна психологија на однесување има на Медицински факултет и јас лично таквото однесување го проценив како дефектно. Затоа ѝ предложив таа и нејзините колеги да се вработат на Медицински факултет со цел да ги истражуваат овие девијантни појави меѓу медицинскиот кадар. Тие како поединци се здрави и лесно оздравуваат од болести предизвикани од микроорганизми но, нивната Психологија на размислување и однесување е многу чудна, наликува на криминална психологија на размислување.
Лидија се надоврза на мојот муабет и ми раскажа нејзина приказна со некои професори Психолози. ,,Колку е повисоко во образовната хиерархија толку е полошо“ ми рече а потоа продолжи да ми кажува со конкретни примери и имиња од нејзината фела. Не ѝ дозволувале да докторира а големи противници биле токму тие од нејзината професија.
Бев изненаден затоа што мислев дека таква анксиозност и силен негативизам и потценување се случува само на Медицински факултет но, ништо поарно не било ниту меѓу Психолозите. Па нели, Психијатрите и Психолозите треба да решаваат и да фиксираат проблеми во меѓучовечка комуникација? Што е ова што се случува?
Разговорот го продолживме за болните од канцер. Лидија беше фокусирана на психолошката подршка кај овие болни па, дури и ми даде нејзин текст токму на оваа тема кој подоцна го објавив на Конзилиум прес.
Неколку пати ме прашуваше дали има лек против Канцер? Јас ѝ раскажав за конкретни случаи на четири мои роднини кои сите завршија летално. Иако едниот од нив живееше во Америка и беше милионер сепак и тој заврши како роднините во Македонија. Разликата беше во тоа дека американецот живееше подолго заради подобра Палијативна грижа.
Зборувавме така интензивно неколку часа и за тоа време неколку пати ја понудив Лидија да земе од помфритот но, таа зема само неколку парчиња. Јас лично чувствував како да трошам енергија во моите приказни и затоа буквално ги ,,топев“ солените компирчиња со зачин од Чили пипер и вкусно домашно пиво. Седевме на отворено а таа вечер во Октомври беше ведра и топла, времето баш ни се погоди за разговор под ведро небо.
Добрите муабети брзо поминуваат и неколку саати ни летнаа за миг со Лидија. Двајцата чувствувавме спиритуално олеснување и затоа нашата комуникација ја привршувавме кон крај. Се договоривме повторно да се видиме во скоро време.
Но, веднаш по Новогодишните празници се појавија интензивни информации за Ковид19 во Вухан а од Февруари 2020 се пласираа најави за можна пандемија затоа што вирусот веќе почна да коси во Италија.
А во Македонија кон крајот на март, на Фејсбук некој постирал фотографија за која не ми се веруваше и помислив дека се работи за лажна вест ама откако проверив на неколку места излезе дека веста е точна. Се појави некролог со името на Лидија. Таа имала канцер и тоа била причината за нејзината прерана смрт. Не ми кажа дека имала канцер кој бил детектиран уште пред 8 години.
Лидија беше вистински другар и не сакаше пријателите да ги вознемирува со сопствените проблеми бидејќи, сите ние имаме такви или слични. Беше борец против аерозагадувањето во Скопје и одличен професионалец Психолог.
Сите муабети дека Лидија починала од Ковид19 се Мисинформации.
Вечна ти Слава Лидија Зорба.
Навистина не можам да сфатам како може некои луѓе да бидат толку злобни и намерно да шират такви Мисинформации и Дезинформации кога се работи за човековото здравје. Сведоци сме дека во изминатиот период и денес сеуште трае, масовно етикетирање на хронично болните дека починале од Ковид19. Ако овие жртви веќе имале Астма, ХОББ, КАБ, Дијабетес, Канцер, бактериска Пневмонија, пациенти со намален имунитет а посебно постарите над 65г … тогаш тоа значи дека вирусот ја влошил состојбата на веќе компромитиран имун систем или бил тригер фактор кој го забрзал леталниот исход. Ковид19 како втора болест во исто време симултано – коморбидитет. Ако за Дијабетесот второто име е ,,тивок убиец“ тогаш што треба понатаму да се објаснува?
Вирусот навистина постои и не треба да се игнорира неговото присуство во природата без разлика на дилемите дали тој потекнува од лабораторија, вештачки или не е вештачки. Затоа препораките за превенција со држење 2м дистанца и носење маски треба да се почитуваат не толку за тие кои се потполно здрави туку најмногу за хроничните болни. Во вулнерабилна група има и мали деца кои исто така имаат хронични заболувања а од друга страна секој здрав човечки организам кој е носител на Ковид19 асимптоматски може да пренесе вирус на мало дете со астма и да му направи огромни здравствени проблеми со ризик за смрт.
фото: Игор Манев
Добрата вест е дека сите тие кои се здрави, имаат добар имунитет, физички се активни и имаат навика за консумирање на здрава исхрана, вирусот на Ковид19 кај овие лица се манифестира со неспецифични симптоми и тоа со главоболка, замор, покачена температура, нагони на повраќање, недостаток на здив, стегање во градите и потоа оздравуваат. А голем дел од здравата популација случајно откриваат дека се заразени од Ковид19 и тие немаат никакви симптоми односно болеста ја победуваат асимптоматски. Сите овие информации ги дознавме токму од нашите граѓани кои мораа да останат на домашно лекување затоа што биле дијагностицирани тест позитивни на вирусот.
Кристиано Роналдо, светски познатиот фудбалер на Јувентус, бил исто така позитивен на Ковид19 и асимптоматичен. Неколку месеци подоцна Роналдо ѝ се придружил на неговата девојка во прославувањето на нејзиниот 27 роденден во Италија. Но сепак, тој бил критикуван за неговото однесување како „Арогантно и потценувачки“ затоа што не го почитувал протоколот за Ковид19. (ББС)
За жал, Македонските ТВ медиуми а посебно нивните информативни редакции одработуваат политички агенди за приватни групи и нивните бизнис интереси. Во Македонија царува Инфодемија.
Инфодемија е прекумерно количество на информации, онлајн и офлајн. Таа вклучува намерни обиди за дисеминација на погрешни информации за да се поткопа одговорот на Јавното здравје и да се промовираат алтернативни агенди на групи или индивидуалци. Мисинформација и Дезинформација можат да бидат штетни за физичкото и менталното човечко здравје, да зголеми стигматизација, да загрози драгоцени здравствени придобивки и води кон сиромашна обсервација на мерките на Јавно здравје со што се намалува нивната ефективност и ја загрозува способноста на државите да ја стопираат пандемијата. (СЗО)
Барање за итна употреба, Авторизација; Нема достапна дата за супорт на Хлорокин
Без разлика дали болеста ќе се појави со манифестни симптоми, неспецифични симптоми или асимптоматски сепак, најчестото прашање е како да се лекува, кој лек да се употреби за третман на Ковид19, Корона2, САРС ?
Во изминатиов период, назад повеќе од една година, сите држави во светот си го поставуваа тоа прашање за лековите а посебно за потеклото и генетската структура на вирусот.
На пример, во Америка кон крајот на март 2020, се појавил некојси д-р Владимир Зеленко кој предложил пациентите со Ковид19 да се лекуваат со еден т.н. маѓичен куршум. Имено, неговиот лек содржел сопствена и недокажана каша mash-up од Цинк, Азитромицин и Хидроксихлорокин. Не постоеле реномирани клинички случаи кои можеле да ги потврдат тврдењата на д-р Зеленко дека раната употреба на овој коктел може да ги излечи заболените од Ковид19 но сепак, неговата изјава била пренесувана на националните телевизии во УСА
д-р Рик Брајт (БАРДА); д-р Владимир Зеленко
Д-р Зеленко : „Не правев истражувања јас само третирав пациенти. Не сум глупав. Видов што се случува пациентите престанаа да умираат.“
Предлогот на д-р Зеленко (d-r Vladimir Zelenko) за користење на Цинк, Азитромицин и Хидроксихлорокин во третманот на заболени од Ковид19 стигнал и до д-р Рик Брајт, директор на БАРДА (d-r Rick Bright BARDA Biomedical Advanced Research and Development Authority.)
Пред да даде конечен одговор тој се јавил кај неговиот научен тим за совет а одговорот од нив бил: ,,No way“ или во превод ,,Никако!“.
Но советниците на американскиот претседател го убедувале д-р Рик Брајт дека овие лекови ќе се применуваат само кај хоспитализирани болни и затоа мора да се пушти во промет низ аптеките. Тоа било причина зошто бил потпишан документ со кој се дозволува примена на Хидроксихлорокин и Азитромицин. За Цинкот не се спомнува ништо дали бил во форма на минерал и дали е во комбинација со витамини?
Во секој случај д-р Рик Брајт и неговиот научен тим не се согласувале со таквата политика и затоа тој решил да го прекрши протоколот и да ги информира американците на друг начин а тоа било да се појави на прес конференција, март/април 2020г.
Д-р Рик Брајт (БАРДА) : „Немаше научна причина за да се форсира било кој од овие лекови. Причината зошто ги форсираа беше затоа што претседателот тврдел дека тие се чудотворни лекови. “
Веднаш по прес конференцијата д-р Рик Брајт бил експресно сменет од неговата политичка функција.
(Продолжува… втор дел)