Сериозни сомневања за корупција во
Управа за водење на матични книги
Покрај толку основани сомненија и ризици најголемата срамота е недостапноста на документи на Македонски јазик.
Во Извод на матични книги немаат Барање за родени, венчани и умрени на Македонски јазик. Имаат двојазични Барања на Албански и интернационални Барања ама кога ќе добијат не се знае точно. Официјалниот одговорот е по 20 дена! Можете ли тоа да си го замислите?
Од Барањата кои се на располагање и за нивниот квалитетот на хартијата може слободно да се констатира дека тие немаат никаква вредност. Затоа што се печатени на обична Копи-Copy paper која се продава во секоја фотокопирница во топ од 500 листови а згора на тоа Барањата не се ниту заштитени со воден жиг ниту имаат колорит.
Дури и квалитетот на принтаните букви од Барањата се мизерни бидејќи буквите на десната страна од документот се со црна боја а на левата со бледо црна-сива боја. До толку се бледи буквите што морате да се доближите поблиску до листот за да прочитате што пишува до празните линии, какви лични податоци се бараат од граѓанинот за да ги запише со пенкало.
А причината зошто едната половина од документот е читлива а другата е бледа е заради несоодветни кертриџи инсталирани во принтерите на ДКСК.
Имено, на интернет можете да сретнете многу огласи во кои се нудат услуги од приватни лица за полнење на стари кертриџи кои се со пониска цена од новите во продавница. И доколку се решите да платите за полнење на вашиот потрошен кетриџ тогаш продавачот од огласот за цена од околу 900-1200ден. Може да го исполни кертиџот со боја и да го замени чипот. Бидејќи само полнење боја а без промена на чипот го прави самиот кертриџ нефукнционален.
Значи, доколку купите или однесете ваш кертриџ подоцна, добивате половен кертриџ со боја, чип и усмена гаранција дека вашиот принтер ќе може да си принта сосема нормално.
Но, во пракса ,,нормално“ е далеку од ветувањата затоа што дури тогаш приметувате дека вашиот принтер печати текст на хартија кој не е со истиот квалитет како оригиналниот. Добивате токму такви ,,нормални“ страници каде половината е со црна боја а другата половина е со сива боја, некои параграфи се со црна боја а некои со бледа црна боја.
Колку за споредба, во минатото имавме пример со Електронски Здравствени картички со пиратски чипови кои требаше да бидат замена за здравствените книшки. Но и овие картички завршија со катастрофален крај бидејќи личните податоци за здравствената состојба на граѓаните на Македонија беа во сериозна опасност од нелегални и хакерски измами.
Огласи за полнење на испразнети кертриџи за разни видови принтери, фото: Игор Манев
Со оглед на тоа дека квалитетот на Барањата од Извод на Матична книга се со „нормален“ квалитет се јавуваат сомнежи за манипулации и некакви приватни зделки со лица кои полнат кертриџи со боја и менуваат чипови за потребите на државна фирма.
Колку време е потребно да се замени потрошен кертриџ со нов, да се стави хартија од 500 листови и да се испринтаат 500 Барања на Македонски јазик?
Секој кој има домашен мал принтер како Канон, Епсон, за А4 формат на хартија, може да ви каже дека во просек би требало околу 83 минути. Еден лист во просек околу 10 секунди принтање односно 5000 секунди за 500 страници.
Ако во домашни услови со мал принтер можат да се испринтаат 500 страници за скоро еден час и половина тогаш, како е можно на државна институција како Извод од Матична книга да им требаат 20 дена за да изготват Барања?
Од еден сосема друг аспект, смртта и животот се почеток и крај на еден човечки живот. Додека едни се раѓаат други умираат а нивните имиња се исто толку важни како за упокоени така и за новородени. Со крштевка во црква секое новородено добива име пред Господа со кое ќе го гради сопствениот идентитет во годините кои му претстојат. Во текот на животот бебето се развива психофизички и се оформува како зрело момче или девојка. Растат сосема доволно за да на сопствени 18г стекнуваат официјално право, со документ лична карта, кој докажува дека се самостојни личности. Особено потенцирам на правото на глас да одбере за која политичка партија ќе гласа на избори, кој ќе ја води Македонија во секои наредни 4 години.
Упокоените души и нивниот идентитет остануваат во меморијата на нивните најблиски роднини и пријатели. А државните институции бргу забораваат на нив освен што постои некаква евиденција за нивното постоење во минатото, запишани имиња на хартија како дел од државна архива и складирани во фасцикли. Или во дигитална архива во фајловите од компјутерите на државните институции каква што е Извод на Матична книга.
Колку за потсетување, кога се работи за добивање лична карта и правото на глас, во минатото за време на изборите постоеја отворени сомневања за избирачките списоци наместени од ,,Кибритџии“ со кои се правеа манипулации.
На пример, куќниот број 0002, 002, 02 и само 2 во суштина е исто односно еднакво = 2 два. Со таа разлика дека ако вистинската домашна адреса е ул.Антон Попов број 2 понатаму, може да се додадат нови фантомски гласачи на иста улица но со различен број 02, 002 и 0002. Земајќи во предвид дека просекот на македонските фамилии бројат околу 4 членови тогаш се добиваат 12 фантомски гласачи. По 4 членови од куќен број 02, куќен број 002 и куќен број 0002 дава токму таков просек на фантомски гласачи.
Со најлош квалитет е Барањето за умрени а потоа за родени и венчани, фото: Игор Манев
Со оглед на тоа дека постои отворено сомневање за манипулација со Барањата за новородени, венчани и умрени, комплетната евиденција која опфаќа целосен човечки животен циклус е компромитирана. Од раѓање до смрт!
Очигледно е дека постои цел ланец на манипулации со кои се постигнува некаква цел но, која е целта на измамата? Во суштина, секоја измама е Сатанска или според народната поговорка ,,Ѓаволот ниту ора ниту копа“.
Имено, на седницата на ДКСК, јули 2023, во време кога претседателка беше г-ѓа Билјана Ивановска се констатиралоо дека во рамките на Управа за водење на матични книги немало заштитни мерки со цел да се зачува приватноста на личните податоци при скенирање, контрола, управување, пренос и обработка. Податоци кои се во приватна сопственост на сите Македонци во Македонија. Интересно е да се спомене и дека токму оваа седница не е достапна, на официјалната онлајн страница на ДКСК а се одржа во периодот меѓу 19-27 Јули 2023. Нема никакво официјално соопштение, никаков запис за седницата дека воопшто се одржала во минатото пред скоро 15 месеци. Што отвара сомнеж дека и веб страницата на ДКСК е компромитирана.
На истата седница се кажало дека Агенцијата за заштита на личните податоци влегла и направила вонредна супервизија во УВМК и констатирале дека постојат:
„Сериозни пропусти при т.н. дигитализација на матичните книги.
Контролорот, односно УВМК нема евиденција за хардверот, серверите и софтверските апликации на кои личните податоци се обработуваат, нема логови за влез во матичната евиденција, личните податоци се складирани на сервер без да може да се идентификува кој има пристап до серверот, економските оператори ги собирале податоците без придружба од службени лица од УВМК, просторијата каде што се скенирале личните записи не била физички обезбедена, не може да се утврди идентитетот на лицето кое пристапило до софтверските модули каде што се внесени скенираните записи и личните податоци, преносните медиуми не биле заштитени, немало докази за превенирање на неавторизиран пристап до личните податоци, не се знае кој пристапил до личните податоци, каде истите биле изнесени, каде завршиле и со каква цел“.
„Сериозни пропусти при т.н. дигитализација на матичните книги.
Контролорот, односно УВМК нема евиденција за хардверот, серверите и софтверските апликации на кои личните податоци се обработуваат, нема логови за влез во матичната евиденција, личните податоци се складирани на сервер без да може да се идентификува кој има пристап до серверот, економските оператори ги собирале податоците без придружба од службени лица од УВМК, просторијата каде што се скенирале личните записи не била физички обезбедена, не може да се утврди идентитетот на лицето кое пристапило до софтверските модули каде што се внесени скенираните записи и личните податоци, преносните медиуми не биле заштитени, немало докази за превенирање на неавторизиран пристап до личните податоци, не се знае кој пристапил до личните податоци, каде истите биле изнесени, каде завршиле и со каква цел“.
„Имаме ситуација на изразени ризици дека се изнесени лични податоци и не се знае каде се отидени на граѓаните на оваа држава од страна на Управата за водење на матични книги преку економските оператори што го добиле овој тендер и нивната меѓусебна поврзаност“ изјава на член на ДКСК Владо Горгиев.
Зградата на Управа за водење Матични Книги, фото: Игор Манев
Срамота, срамота, срамота!
Сепак и покрај толку основани сомненија и ризици најголемата срамота е недостапноста на документи на Македонски јазик. На располагање се само двојазични Барања на Албански и интернационални Барања.
Според законот за употреба на јазиците, во член 1 пишува:
На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Законот е потпишан од претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, 14 март 2018.
А подоцна истиот закон со надополнување е потпишан и од претседателот Стево Пендаровски с.р. на 26 јануари 2024 година во Скопје, Република Северна Македонија.
Во денешно време кога нашите соседни земји отворено го негираат постењето на Македонскиот јазик во нивните држави, но и во меѓународни разговори при дипломатски средби, навистина е срамота во сопствената нѝ држава да се чека 20 дена за принтање на документи на Македонски јазик.
Автор
Игор Манев
датум: 26 ноември, 2024