Електронски Здравствени Картички со пиратски чипови

  Но со откривањето на вештачката леќа се открива и уште една нејзина способност а тоа е да ги зголемува димензиите на предметите доколку истите ги гледаме низ леќа. Човекот за првпат имал можност да влезе во светот на минијатурата. Деталите од секојдневните предмети околу нас изгледале сосема поинаку додека се зумирало кон нив со леќа од стакло.                                             
  И во секој понатамошен чекор, во секој момент кога некој ќе почувствувал поголема радозналост за тоа како функционираат законите во природата, истрајноста во истражувањето ги доведувало до нови откритија.
Способноста на една капка вода да направи фокус од сончеви зраци и да предизвика пожар во суви предели и во сосема природни услови секако било инспирација за човекот, во дамнешно време, природниот ефект на водата да го повтори тој самиот но во вештачки услови. И успеал, а предметот со кој предизвикал оган бил што друго ако не, вештачка леќа од стакло.
  Така било и со системот на леќи кои откако ги наредиле во туба, на права линија, можело да се гледаат многу ситни предмети. Тоа всушност било откритието на микроскопот кој овозможувал да се гледаат микро предмети кои не биле видливи со голо око. Иако точно не може да се каже кој бил првиот што го создал микроскопот сепак, се смета дека тоа бил Корнелис Дребел од Холандија во 1620 година. Навистина голем успех за пронајдокот.
Во медицината и во денешно време употребата на микроскопот е стандардна работа, инструмент кој многу го олеснува работењето на докторите кои секојдневно истражуваат во светот на микроорганизмите.

  Сите инструменти кои се измислени биле со цел да се подобри квалитетот на животот на човекот во сооднос со целата околина за која тој смета дека е важна за него. Значи со напредокот на науката и развојот на технологијата, рака за рака, се развиваат инструменти кои ги следат сите нови откритија во светски рамки. Во интерес на човекот се развива и неговата заедница, општеството се хуманизира.
Процесот за модернизација во медицинската наука во Македонија, за жал во некои сегменти кои исто така се важни за македонскиот граѓанин, одат во погрешна насока. Често пати можеме да слушнеме и видиме дека во медицинските установи се инсталираат медицински апарати и инструменти за кои нема квалификуван кадар за работа со нив. Навиката е најпрвин да се купи а потоа ќе се види кој и каде ќе оди за т.н. ,,доусовршување“.
Купувањето на огромен број вакцини, за сезонски болести, е вториот пример кој покажува на слабостите во здравствениот систем. Имено, секоја година остануваат многу вакцини кои како залиха се депонираат. Вакцините имаат рок на траење и ако не се искористат на време нивната одложена употреба е бескорисна, истите мораат да се фрлат како медицински отпад.

Електронска Здравствена Картичка, предна и задна страна, фотошоп: Игор Манев 

  Здравствените електронски картички се третиот пример! Иако се најавуваа како дел од модернизација во медицината сепак од тоа нема ниту трага. По навика се нарачаа околу 1 милион поливинилни картички со чипови чија цел беше комплетна замена на здравствените книшки. Но замената успеа да се случи само за сините картони, кои беа доказ дека пациентите си ги плаќаат редовно здравствените придонеси.
  Од модерната технологија останаа само бројки кои ласерски се гравираат на картичките а означуваат уникатен сериски број на правоаголната пластика и со цена од 250 денари по парче. Но тоа е само економскиот аспект сепак, дали електронските здравствени картички финансиски ја оправдаа нивната функција, имаше ли профит во Фонд за здравство и министерството за здравство?
  Од медицински аспект ЕЗК – електронска здравствена картичка е најголемата утка, слободна проценка 100% неуспех. Поливинилната пластика требаше да ги содржи сите базични податоци за пациентите во Македонија, односно здравствените осигуреници. Но исто така и здравствните податоци од историја на болести запишани во картони и архивирани во секоја медицинска установа. А тоа се податоци за Имунизација, крвна група, РХ, лекарски прегледи, боледување, рецепти, хронични, детски и фамилијарни болести, ортопедски помагала, импланти, алергии, индикатор за бременост …
  Лични, интимни и многу важни податоци за секој Македонец без разлика на неговата раса, националност, вера, пол и возраст.
  Тоталната нефункционалност на електронските картички пациентите ја открија на шалтери од поликлиники, клиники и медицински центри ширум целата држава. И тоа најпрвин во моменти кога медицинските работници покрај ЕЗК бараа од пациентите да си ги донесат и здравствените книшки. Изгледаше како привремен проблем додека се ,,внесат“ податоците од здравствените книшки во ЕЗК.
  Во периодот што следуваше можеше да се слушнат и други оправдувања на шалтерските работници, кон пациентите, дека ЕЗК не се потребни бидејќи немаат читачи за нив. Читачите требаше да ги прочитаат податоците од ЕЗК и преку нив истите да се внесат во компјутер и обратно. Но проблемот остана нерешлив за здравствените установи.

Читач на картички, фото: card-reader

  Истовремено на ТВ можевме да слушаме, гледаме и сеуште слушаме и гледаме реклама, промоција и воздигнување до облаци на учесниците во проектот Медицинска Здравствена Картичка и нивниот успех. Успехот репетиран за тоа колку Тие, како Тие и што Тие направиле во здравствениот систем за граѓаните на Република Македонија. За граѓаните на Република Македонија... за граѓаните на Република Македонија... за граѓаните на Република Македонија… Така повторуваат политичките папагали кои фразата ,,за граѓаните на Република Македонија“ постојано ни ја кажуваат.
  Ако нешто навистина научивме во последните 26 години од осамостојувањето на Република Македонија е тоа дека вистината секогаш се наоѓа кај народот. Еве ја вистината што денес се кажува на еден од шалтерите во државните медицински установи.

Пациент: Еве здравствена картичка.

Здравствен работник: А книшка?

Пациент: Еве и книшка.

Здравствен работник: Земи си ја картичката да не си ја загубиш.

Пациент: Не внесувате податоци во компјутер?

Здравствен работник: Не, не, не ни треба воопшто!

  Тоа што за политичките папагали и нивните полтрони во здравството претставува невиден успех, за обичните и чесни здравствени работници нивниот квази успех не им треба воопшто! Прегледите на пациентите од медицинскиот персонал се одвиваат по навика, по ред, а личните здравствени податоци, историја на болести, се читаат од здравствените книшки на болните без употреба на електронски читач или било каков електронски апарат.
  За да биде лакрдијата уште поголема во здравството, при влезот во истиот медицински објект, на стаклата од една мала просторија беа залепени 2 листа хартии А4 формат на кои сеуште пишува : Прием за уплата за здравствена картичка – Фонд за здравствено осигурување.
  Дали ЕЗК има доволно РАМ меморија за да ги сочува сите доверливи податоци за осигуреникот?
Големината за капацитетот на електронската меморија се изразува во B – бајт но со оглед на тоа дека во ЕЗК би се чувале повеќе лични податоци, претпоставка е дека меморијата би требало да достигне капацитет од неколку GB – гигабајти.
  ЕЗК е всушност smart card – паметна картичка заради тоа што има чип кој во неговата структура има сет од интегрални кола. Овие интегрални кола се поврзани во минијатурна електронска шема и имаат единечна примена-само за една функција. Во групата на smart cards спаѓаат и SIM картичките за мобилен телефон а исто така и USB мемориски стик кој го употребуваме како надворешна меморија за нашите компјутери.
  SIM картичките имаат сопствен капацитет да запамтат околу 500-1000 телефонски броеви плус дополнителни информации како име, презиме, мејл, адреса и слично.
  Што се однесува до USB мемориските стикови добро е познато дека новите генерации се продаваат со поголем мемориски капацитет, па се движи од 8 GB до 1 ТВ терабајт.
Значи, Електронската Здравствена Картичка не е така комплицирана како што некои сакаат да ни ја прикажат. Тогаш зошто ЕЗК не функционираат? Зошто граѓаните на Македонија плаќаат за Поливинилна пластика 250 денари? Зошто чипот воопшто не е во употреба?

SIM паметни картички за мобилен апарат и USB мемориски стик, фото: hokuwireless; wisegeek

  Доколку самите го извадите контакт чипот од ЕЗК кој се наоѓа во левиот горен агол и го свртите од задната страна ќе видите дека на чипот нема никакви ознаки. Секој оригинален чип мора да има ознаки преку кои може да се идентификува истиот, без разлика дали се работи за лого на производителот, сериски број на делот или датум. Доколку нема тогаш се работи за „пиратски чип“ а Македонските Електронски Здравствени Картички со голема веројатност имаат токму тоа.
  ,,Пиратските чипови“ се предмет за кои се отвора судски спор во Америка и доколку се докаже вина тогаш сите учесници завршуваат во затвор. Во УСА постои закон за Полупроводник Чип Заштита од 1984 година – Semiconductor Chip Protection Act of 1984.
  Mask works е дел од овој закон со кој се заштитуваат авторските права за оригиналниот чип и преку кој се наплатува за неговата употреба.
  Enforcement е законска одредба со која сопственикот на авторските права за чип може да побара акција за спроведување на лицата и нивно одведување пред федералниот суд на УСА.
Не е познато дали во Македонија има закон за заштита на овие авторски права, но секако доколку се докаже Геометриската слика, оригиналноста на електронската шема, дизајн, како и сопственикот на чипот тогаш тој човек може легално да побара акција за спроведување на учесниците, пред Врховниот суд на Македонија, за отворање на судска постапка против нив.

Контакт чипот од ЕЗК свртен од задната страна, нема ознаки, фото: Игор Манев

  По сериското производство на чипови тие наменски се вградуваат како дел од некој електронски апарат и така готовиот електронски производ се продава на пазарот. Тоа е суштината на оригиналниот чип дека неговиот сопственик наплатува за тоа што го создал, електронскиот дизајн. Затоа во Америка, а најверојатно и во сите останати држави во светот, постои закон за заштита на авторските права на чип.
Да се вратиме во Македонија. Сите ние плаќаме за Електронските Здравствени Картички по 250 денари за електронски дизајн – Mask works чиј сопственик не е познат. Згора на тоа од Министерството за здравство и ФЗОМ се најавуваат нови ЕЗК.
  Во Србија ситуацијата е слична и таму Србските граѓани плаќаат 400 динари.
Во Европската Унија сите земји членки имаат Здравствени Електронски Картички кои се презентираат како European Health Insurance Cards – EHIC. Еден од условите за влез на Македонија во ЕУ беше токму тоа Електронски Здравствени Картички, па бидејќи нашите не функционираат логично е да се помисли дека Здравствената политика во Македонија нема намера да се вклучи преку здравствениот систем во големото семејство на Европски држави.
  ЕЗК во Велика Британија се бесплатни и таму на ТВ јавно се повикуваат Англичаните да не ги купуваат картичките бидејќи тие им следуваат. Измама можеби постои и таму но сепак апелот до јавноста е да не ги купуваат Електронските Здравствени Картички.

  Имајќи ги во предвид сите горе наведени работи се поставува прашањето што сите ние ќе правиме со ЕЗК? Што ќе ни се картичките ако тие се компромитирани? Најверојатно во акција ќе се вклучат МВР и ДЗИС – државен завод за интелектуална сопственост кои би требало да направат конфискација на сите Електронски Здравствени Картички и нивно јавно уништување во Дрисла, како што тоа досега се правеше со пиратски ДВД, рачни часовници и други предмети. Судбината на ЕЗК најверојатно ќе биде истата доколку се докаже дека чиповите се пиратски, а потоа би следело нивно унишување со Багер дупли ваљак или со спалување во печката на Дрисла.

фотошоп: Игор Манев

  Поставување на машините и електрониката пред одредена група на луѓе е всушност потценување на човечките вредности кое се опишува како дехуманизација. Личностите што се вклучени и го спроведуваат овој нехуман акт, било индивидуално или преку институции, во Психијатрија и Психологија се опишуваат како личности кои немаат чувство на Емпатија. А тоа е чувство преку кое може да се разбере како се чувствува другиот во состојба на болест, несигурност, тага, болка, страв. Во оваа смисла, да се размислува само за заработка и профит од Електронска Здравствена Картичка а притоа воопшто да не се размислува за личните и интимни медицински податоци кои директно корелираат со здравјето на граѓаните, е тоа наликува на еден вид медицински експеримент. Како во времето на Адолф Хитлер кога се правеа медицински експерименти врз Евреите затоа што Нацистите сметаа дека Евреите не им се достојни на оние кои припаѓаат на Ариевската раса. 
  Додека се расчисти за судбината на ЕЗК, во иднина болните граѓани на РМ ќе мораат да се лекуваат со Здравствена Книшка која засега постигнува невиден успех. Најсигурната варијанта за презентирање на историја на болести и евидентирање на новите здравствени состојби на пациентите е токму со ХЗК односно „Хартиена Здравствена Книшка“.
Датум: 5 Август 2016

Кликни на ФБ профил и напиши коментар