Пиењето алкохол е една од навиките што студентите најчесто ја развиваат за време на студиите. Многумина од нив не разбираат дека развиле зависност од алкохол и воопшто не помислуваат на тоа сè до оној момент кога                                                ќе повредат некој од своите пријатели, со кои биле блиски.                                                                                         
  Руските научници патентирале алкохол во таблети кои лесно се консумираат и дозираат во чаша вода. Аповите лесно се       пренесуваат во џеб, така да, алкохолот во иднина би можел да се пие на сличен начин како што се пие лек. Технологијата која овозможува алкохолот да се претвори во прав и понатаму да се дистрибуира во облик на апче ја развил професорот Максим Тимотенко од Москва. Со оваа нова техника може било кој вид на алкохол да се претвори во цврста состојба, пиво, вино, ракија, виски.
  Таканаречената „Сува Водка“ е новиот вид на оригиналната Водка и таа може секаде да се носи со себе. Токму поради лесното консумирање, едноставна е и нема налевање а алкохолот што се добива со мешање во вода нема силен вкус во устата.
  Благодарејќи на новото пакување, консументите ќе можат полесно да водат сметка за количеството алкохол што го внесуваат. Имено, на опаковката има доза односно процент на алкохол содржан во секоја таблета. Но и покрај овие предности има многу скепса кон вотката во таблети, особено што омилениот пијалок на русите не служи само за консумирање туку и за затоплување во студените зимски ноќи. Понатаму, кога треба да се чистат прозорци, очила или да се употребува како лосион за чистење кожа и стимуланс за растење коса, во овие случаи „Сува Водка“ не може да биде од корист.

Вотка Финландија, фото: distinctwiskey

Во лоша средина и здравите луѓе
можат да се разболат
                                Русите и Водката

  Русите се потрошувачи број еден, кога станува збор за Водка. Постои верување дека првата вотка ја направиле монаси од Кремљ, најверојатно во 1503г. и тоа со намера да ја употребуваат за дезинфекција на рани кај војници од фронтот. Денес, алкохолот во Русија е надвор од контрола и затоа се трошат околу 18 литри по глава на жител. Според стандардите на СЗО, здравјето на секоја нација е загрозено ако се консумира повеќе од осум литри алкохол по глава на жител.
  Пред крајот на минатата година во Русија биле регистрирани преку два милиона алкохоличари. Пијалокот е главниот виновник за нивната голема смртност. Со популација од 143 милиони во Русија, секоја година умираат околу 700.000 граѓани како последица од прекумерно консумирање алкохол.
  Колку политиката може да влијае врз длабоко вкоренетите навики покажува и најавата на претседателот на Русија, Димитриј Медведев есента 2009 година, дека за спас на нацијата мора да се превземат мерки против алкохолот.
Дали популарноста на претседателот ќе остане иста ќе покаже времето.
  За време на една ваква кампања во 1985 година, популарноста на Михаил Горбачов многу опаднала затоа што тој вовел рестрикции за алкохол. Луѓето кои поради рестрикциите сакале да го убијат Горбачов се враќале дома со објаснување дека редот за убиство пред Кремљ е поголем од оној за купување алкохол. 
  Се разбира, ова е еден од вицовите кои руската „алкохоличарска опозиција“ ги пласираше на сметка на претседателот Горбачов.
  Алкохолизмот секоја година ја намалува работната способност на руското население. Според прогнозите, до 2017 година, на пазарот за работна сила ќе недостасуваат околу 13 милиони луѓе.
                                                                            Ние и ракијата                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                      
  Нешто слично се случува и во Македонија, ако некој заглави до ситните часови во друштво кое консумира големи количества алкохол следниот ден неговите колеги треба да имаат разбирање за мамурлакот на тој што сеуште се трезни. Тој со жолто бледа кожа, со неподнослив мирис од устата а можеби и со некоја мала повреда на ножен зглоб затоа што случајно згазнал/а на шише. За обврските на работно место да не зборуваме. Додека се зборува едно, трезниов разбира нешто сосема трето или ако се договориш да се најдеш на една локација трезниов отишол на сосема друга страна.
  Пиењето алкохол е една од навиките што студентите најчесто ја развиваат за време на студиите. Многумина од нив не разбираат дека развиле зависност од алкохол и воопшто не помислуваат на тоа сè до оној момент кога ќе повредат некој од своите пријатели, со кои биле блиски.
  Не постои дефиниција преку која ќе може со голема сигурност да се дефинира кој е алкохоличар но затоа, кога ќе се постави прашање дали алкохолот е проблематичен за некого тогаш, се евалуира разговор со консументот помага приближно се одредува неговата дијагноза. Традицијата во Македонија сè уште е победник во многу работи па и во пиењето алкохол.

Украинска ракија Немироф, фото: Игор Манев

Пиво на точење, Златен даб, фото: exploring macedonia

  Рекламите на телевизија промовираат пиење алкохол. Ако кон тоа се додаде и промоција на концерти на странски ѕвезди и останати сељанки од глобалното село, чии газиња се предмет на обожување од страна на масата, тогаш предлогот „ајде да љокаме“ на концерт многу лесно ќе се прифати.
  Форсирањето реклами е една од новите работи што ние ги прифаќаме во времето на транзиција. Целта е интелектуалното ниво на населението да се сведе на нула поради нивна подобра манипулација. А конспирацијата потекнува од политичката власт, наточена со голем профит од бизнис со производство на алкохол.
  Медицинските истражувања докажуваат дека редовно консумирање и пиење во големи количества алкохол придонесува до мозочна деменција бидејќи, во суштина алкохолот е психо депресант. Течност која делува на централниот нервен систем и неговите функции во вид на моторичка забавеност и намалување на менталните способности.

Танчерка со реклама на Скопско пиво, фото: grid

  Рекламите во функција на сегашниов квази капитализам само потврдуваат дека за доминација на капиталот потребни се заглупени, кондиционирани и меѓусебно изолирани поединци. Со вакви начини на репресија секако дека ќе има војска од разочарани кои многу лесно преку алкохолот ќе најдат утеха а подоцна ќе развијат и алкохолна зависност.
  Психолошките третмани се терапија на избор, со препорака од нашите лекари и псохотерапевти, како начини за откривање на вистинските причини за прекумерно консумирање алкохол и развивање алкохолна зависност.                                                                                                                                                                                             
Пишува Игор Манев
Датум 25 јануари 2017г                                                                                                                                                   
Текстот е за првпат објавен во алкохолошкиот гласник „Полет“ во месец Март 2010г,
финансиран од Општина Карпош.