Изненадување за прво место, пинг понг

Овој пат бројката на пријавените за турнирот ги надмина очекувањата. Од вкупно 16 играчи изгледаше како да има преку 25 па, веднаш си помислувате дека конкуренцијата ќе биде голема. На сите 10 маси летаа бели и жолти топчиња, изворот на звукот кој го препознаваат само оние кои учествуваат во овој спорт.

  Додека се качувате по скали одејќи кон првиот спрат слушате еден специфичен звук, карактеристичен само за пластично пинг – понг топче. Звукот е со висока фрекфенција и се повторува периодично ц, ц, ц… можете да го изброите еден, два, три…       
  И додека така броите веќе имате претстава за играта, си замислувате луѓе кои ја играат оваа олимписка игра на сина пинг-понг маса со бела мрежа во средина. Замислувате играчи кои удирајќи го топчето истото го префрлаат од едната кон спротивната страна но, истовремено вие се качувате по скалите.
  Следејќи го звукот вие всушност го слушате ударот на пластичното ПВЦ топче во контакт со масата а тоа што не го слушате е ударот на топчето во контакт со рекетот обложен со гума, гумата е изолатор.
  При крајот на скалите, во првиот момент само што ќе ја подадете главата над подот од првиот кат, здогледувате навистина луѓе кои го прават токму тоа. Играат пинг-понг. И тогаш, упатувајќи се заедно кон групата му велите на пријателот кој прв пат доаѓа „Еве, тука сме ние!“

  Овој пат бројката на пријавените за турнирот ги надмина очекувањата. Од вкупно 16 играчи изгледаше како да има преку 25 па, веднаш си помислувате дека конкуренцијата ќе биде голема. На сите 10 маси летаа бели и жолти топчиња, изворот на звукот кој го препознаваат само оние кои учествуваат во овој спорт.
  А тие се тинејџери и пензионери, машки и женски на секоја возраст, аматери кои ги поврзува само еден линк меѓу пријателството и љубовта кон пинг-понгот.
  Пријавените на турнирот беа навистина 16 а останатите си дошле во слободна режија, тие не учествуваа во организираниот натпревар во пинг-понг.

  Во спортскиот објект „Борис Трајковски“ организаторите на турнирот во 19.00ч. започнаа со подготовките за тоа дали се сите присутни, со список на пријавени кандидати. Листа на имиња по групи кои предходно беа објавени на Фејсбук, 17 Февруари:

  група A   група Б       група Ц    група Д
  Андреј    Енес           Стефан     Александар
  Игор       Филип        Тони        Стефан
  Никола   Дејан          Ѓорѓи       Јово
  Михаил  Григоријан   Гихад

  Белите топчиња беа фрлени на маса и загревањето меѓу првите учесници започна. За тоа време организаторите продолжија со нивните евиденции и проверуваа кој на која маса се натпреварува. Иако обележани со бројка сепак масите не им беа дадени, на организаторите, така да бидат наредени една до друга туку една преку друга. Затоа ако на една маса играа учесници од турнирот на втората до нив играа пензионери ит.н.

Видео од полуфинале и финале, од лево 2. Стефан Блажевски, 1. Енес Ибрахим, 3. Андреј Гулевски; видео:  Игор Манев и Теодор Тодевски

  Играта изобилуваше со нови тактики, сечени сервирања, спинови, забивања, тело близу до маса или тело подалеку од маса… Вистински начин, за секој аматер, да се следи и учествува во најразлични пинг-понг ситуации кои овозможуваат подобрување на сопствената игра.
  Во период од 3 часа се завршија скоро сите натпревари а некаде до 22:00ч завршија полуфиналните и финалниот меч во пинг-понг за мажи, поединечна игра.
 
  Првото место го освои 1. Енес Ибрахим, второ 2. Стефан Блажевски и трето 3. Андреј Гулевски
  Следниот турнир е веќе закажан за 1-ви Март, 20:30ч во просториите на „Секој студент“ веднаш до Универзална сала. Вежбајте бидејќи ќе има играчи кои сакаат реванш!

Пишува Игор Манев
19 Февруари 2017г