Слугите на Јуда во бел авион

Пред некое извесно време некаде прочитав, на интернет, дека ако лидери на некоја странска држава сакаат да уништат цел систем на друга држава тоа најдобро може да го спроведе преку таргет образование а на нишан би биле професори кои се под влијание на корумпирани политичари. Да се уништи нечие туѓо образование за да може една цела популација да се потчини или со други зборови да се надвладее, окупира и да се стави под чизма на друга држава окупатор.
  Не кликнав SAVE на оваа информација бидејќи сметав дека е во доменот на некоја воена доктрина или во најлош случај дека денес во 21 век такви работи би се случувале во Африкански држави или во Азиски каде доминира муслиманско население. А тие постојано се тепаат, убиваат па, ништо чудно дури и ако си го уништуваат високото образование едни против други.
  Но, за среќа оваа информација ја сејфував во мојата долготрајна меморија и затоа ви пренесувам без да ви го посочам изворот. Покрај многуте глупости што ги памтам и ги складирам привремено, среќен сум што истите автоматски се бришат од депото на мојата краткотрајна меморија. Тоа е во природата на секој човек.

  Претставниците на Македонското образование ниту од далеку не гледаат низ призмата на Европските стандарди но, ако сите ние погледнеме од поблиску низ истата стаклена пирамида може лесно да се сфати дека нашето образование не е ништо друго туку касапница за Македонски мозоци.                                                        
  Отворете го службениот лист на Европска унија за изработка и развој на статистика во образование и целоживотно учење, прочитајте и прашајте се што од тоа се спроведува во Македонија?
На 23 април 2008г. Комисијата на ЕУ парламент и советот предложила договор кој беше усвоен а се однесува токму на образованието. Текстот е претставен во неколку точки од кои ќе истакнам само дел од нив.
Имено, во точка 1. уште од 1994 година од Комисијата се барало во соработка со сите земји членки на ЕУ да го забрза развојот на статистика за образование и оспособување.
  Република Македонија не е членка на ЕУ и на прв поглед изгледа дека нашата држава нема обврски забрзано да го развива образовниот систем. Официјалниот статус на Македонија во ЕУ и во меѓународната политика е „кандидат членка“ и како таква мора да ги исполнува препораките кои подеднакво се однесуваат на сите кандидати или постојани членки држави на Европската Унија.
 
  Во точка 2. е запишан состанокот на Европскиот совет, одржан во Брисел на 22-23 Март 2005, на кој се повикува повторно Лисабонската стратегија со која се бара од Европа дека мора да ги обнови темелите на својата конкурентност, да се зголеми потенцијалот на раст и продуктивност и да се засили социјалната кохезија, ставајќи акцент на знаење, иновации и оптимизација на човечкиот капитал. Во тој смисол можност за вработување, прилагодливост и мобилност на граѓани се од витална важност за Европа.
  Со други зборови, човечкиот капитал претставува квалитетно образование со кое по завршувањето ќе се подобрат шансите за вработување и продуктивноста на работно место.
  Податоците од Indexmundi.com ниту одблиску не изгледаат така. Имено, со процентот на невработени кои завршиле високо образование ја рангира Македонија на 71-то место заедно со Кајмански острови 69-то, Азарбејџан 70-то и Латвиа 72-то место. Во таа смисла високото образование во Македонија не нуди можност за вработување и оптимизација на човечкиот капитал. Од тие причини граѓаните со високо образование емигрираат во голем дел надвор од нашите граници. Македонците се почесто констатираат дека не можат да обезбедат средства за сопствената егзистенција, не можат да се вработат и не можат да се прилагодат. Тоа се можности кои во точка 2. се потенцираат како витална важност за Европа и Македонија.

Невработени со високо образование во Македонија, фото: Индекс Мунди

  Вториот податок исто така од Индекс Мунди, на кој порано се повикуваше и нашиот предходен премиер Никола Груевски, денес не покажува никакви вредности бидејќи во последните 17 години од Македонската Влада никој не испратил податоци до Еуростат. Во секој случај податоците од 2000-та покажуваат страотни бројки. Македонија се наоѓа на 41-то место заедно со Руанда 38-то, Никарагва 39-то, Конго 43-то место.
  Овие податоци се однесуваат на тоа колку високообразовани Македонци емигрираат годишно во странски држави. Бидејќи условите за егзистанција и достоинствен живот во 2017-та се многу полоши од тие во 2000-та тогаш, може само да се претпостави дека сенката е уште по темна. Колку поблиску до првото место на ранг листа толку поцрна е состојбата на една држава.
  Се прашувам дали имаме нешто заедничко со Сирија и зошто Сиријците ја одбрале баш Македонија како нивна транзит држава?
Емиграција на високо образовани Македонци, фото: Индекс Мунди
  Во точка 3. се вели: За да се постигнат овие цели, Европските системи за образование и оспособување мораат да се прилагодат на барањето на друштвото на знаење и потреба за подобрено ниво на образование и квалитетно вработување. Статистички податоци за образование, оспособување и целоживотно учење се од најголема важност како темел за политичка одлука.
  И секако, во овој сегмент не може а да не се спомене т.н. ЕКТ систем на студирање кој и покрај тоа што имаше многу несогласувања од директните учесници во високото образование во Македонија, а тоа се професорите, сепак со политичка одлука се одлучи овој образовен систем да се инпутира во веќе постоечкиот и целосно да се замени. Ако се споредат резултатите, од ЕКТС и Стариот предходен систем на образование, може да се види дека во Шангајска листа на универзитети не постои ниту еден Македонски универзитет кој се наоѓа во првите 1000 места за 2017г. Но, тоа не било така порано со стариот систем!    Имено, Универзитетот св. Кирил и Методиј се наоѓал на исто ниво како Белградскиот, Загребскиот и Љубљанскиот а сега тие се рангираат меѓу 200-450-то место на Шангајска ранг листа.
  Процесот за имплементација на ЕКТС во св.Кирил и Методиј може да се оцени било како само не нормален. И како што се очекувало така и се случиле промените, наместо да се почне од прва година студенти се почнало и од почеток и од крај. Завршени Апсолвенти од 2010г. ги вратија повторно назад во високо образовна настава во 2015г.
  Наместо да се почне само од главата реформаторите во образованието се фатија за oпашката.
  Давам акцент на ИТ технологија која се користи за електронска евиденција, преглед на сопствен студентски профил, електронско пријавување на испити во рамките на факултетите на Универзитетот св.Кирил и Методиј.
Медицински Апсолвенти од генерација 2010г. повторно беа вратени на факултет во 2015г. со методи на булинг, интелектуална уцена од страна на Деканската управа. Во електронскиот профил на овие Аполвенти се додадоа лажни податоци без одобрување а се работи за период од 4 лажни студиски години токму во истиот период од 2012-2015г.
  Вистината е дека овие студенти воопшто не студирале 4 години туку спремале преостанати испити или финален, дипломски испит но, никако не може да се каже дека студирале и ги слушале сите предмети кои за секоја година поединечно се измислени и запишани во нивниот електронски студентски профил.
Досие од Апсолвент на Медицински факултет и 4 лажни години на студирање, фото: Игор Манев
  Влез во овие студентски досиеа на интернет може да имаат само тие кои ја одржуваат веб страницата на факултетот, односно луѓе од ИТ технологија.
  Манипулација на овој начин преку интернет е во доменот на Сајбер криминологија - Cyber criminology и кражба на идентитет - Identity theft за кои во јавност зборуваше предходната министерска за внатрешни работи г-ѓа Гордана Јанкуловска. Нејзината најава се однесуваше на новини во борбата против криминалот но сепак, иако се донесе закон изгледа дека во реалноста работите стојат поинаку.
  Сликата која се гледа низ призмата на високото образование е во дисторзија, искривена е и само грди работи се појавуваат. А за да случувањата бидат уште поинтересни, во негативна смисла, има неколку работи кои се повторуваат денес а всушност имаат корени од 1952г. Според рапорт на ЦИА-CIA состојбата со високото медицинско образование во Македонија изгледала еве, вака:

„Скопје, 25 Февруари, Медицинското школо во Скопје, кое беше основано во 1947, е еден од најновите основани школи во Скопје Универзитетот. Во 1947, 112 студенти биле запишани на медицинското школо, додека 576 се веќе студенти. “ Борба 26 Февруари 1952

„Во обид да се развие систематски едукативен програм, школото се соочи најпрвин со недостаток од способни инструктори, адекватни екипирани лаборатории, институти и т.н.
Еден посебен проблем е истакнат од бројни дипломирани на Медицински факултет во Скопје кои го одложиле полагањето на нивниот финален испит.“ Борба 14 Јануари 1952
 
„Како и да е, Македонија има потреба од медицински персонал ургентно, затоа што медицински третман сеуште се дава претежно во селата, од нетренирани лица.
Затоа Советот за Дипломирани Школи и Наука во Комитетот за Едукација, Уметност и Науки на Македонија донесоа декрет во поглед на 5 годишните медицински студии во Скопје. Студентите кои се запишале во 1951 се запишани во 6 годишни студии но тие ќе бидат на пракса во текот на шест години, додека останатите студенти кои се запишале пред 1951 ќе одат на пракса по завршувањето на 5 годинишните курсеви за кои тие оригинално се запишале.“ Борба 26 Февруари 1952
Крај

  Ќе споредам само една работа а за останатите оставам на јавноста да ги пронајде сличностите. Имено, студентите по Медицина во 1952г. исто така истакнувале посебен проблем со нивниот финален испит.
Денес се истакнува истиот или сличен проблем но секако се однесува на финалниот, дипломски испит за кој Апсолвентите на Медицински заслужено се стекнаа со право да го полагаат. За жал Деканската управа се служи со методи од 1952г. за кои веќе истакнав погоре.

  Во точка 5. се зборува за целите кои биле донесени во период од 2001-2011г. кои претставуваат важен чекор во почитување на обврските за модернизација и подобрување на квалитетот во образовниот систем…Министрите за образование превземале одлучувачки чекор во Мај 2003г. за пристапување кон пет европски мерки кои треба да се спроведат до 2010г.
  Но, што превземале нашите министри за образование само Господ знае. Во јавноста се појави Ревизорскиот извештај за Октомври 2016г. за работењето на Министерството за Образование и Наука во кој се изнесоа работи кои никако не можат да се наречат “...Одлучувачки чекори за пристапување кон пет Европски мерки...“ Ами можат да се наречат хаос, криминал и трошење на државни пари за кои не им се знае крајот каде точно се потрошени. Ревизијата го опфаќа работењето на министерот Абдулаќим Адеми и претходниот Спиро Ристовски.
Се спомнуваат фантоми кои земале плата во износ од околу 200.000 евра, преводи на стручни литератури за кои не се знае каде се а за нив се потрошиле околу 8 милиони евра, не евидентирани трошкови за хотелски сместувања, јадења, превоз со такси и т.н.
 
Извештај на Државен завод за ревизија 2016, стр.61/62
Имајќи го предвид значењето на образованието и науката за развојот на РМ, а во насока на ефикасно извршување на активностите кои произлегуваат од надлежностите на министер- ството, со извршената ревизија на регуларност за 2015 година утврдивме :
» недоследности во функционирањето на воспоставените контролни механизми при оценка на системот на внатрешни контроли во процесот на плати;
» во однос на реализацијата на Програмата за опремување за лаборатории на државните високообразовни установи и јавни научни институции констатирани се недоследности во постапките на давање на движните ствари, начинот на испорака, примопредавање и инсталирање на лабораториската и научно истражувачката опрема од страна на министерството;
» неправилно евидентирани материјални средства, капитални расходи за инвестицио- ните вложувања кои се во тек и преземени обврски кон добавувачите;
» побарувањата од вработените по основ на дадени аванси за службени патувања во најголем дел се застарени;
» непостоење евиденција за состојбата и движењето на средствата на платежните картички со кои располага министерството, а пописот на средствата и изворите на средства за 2015 година не е целосно и правилно спроведен;
» утврдени се одредени недоследности во начинот на набавка, користење и располагање со недвижните и движните ствари во државна сопственост, не се води евиденција за примените и издадените книги/учебници од Проектот за превод на 500 стручни, научни книги и учебници и не се склучени договори за нивно примопредавање со институциите и установите на кои истите им се предадени;
» не е обезбедена целосна и веродостојна документација врз основа на која се евидентирани дел од расходите и не е почитуван во целост Законот за јавни набавки при набавките на стоки и услуги.
Министерска функција пред и потоа, фото: порталб и ју тјуб
  Додека во Европската Унија во 2000-2001г. на големо се заседавало и разговарало како да се подобри квалитетот на високото образование во исто време, во Македонија, се водеше војна.
  Конфликт кој воопшто не се разликуваше од останатите минати воени судири наоколу во светот. Во смисла дека секој учесник во такви крвави настани не може да остане имун и да не добие т.н. Пост трауматски стрес болести ПТСБ – PTSD.
  Голем дел од вооружените учесници Македонци во АРМ и странски вооружени државјани припадници на УЧК и АНА посетуваа психијатри кои ги лекуваа овие психички пореметени личности со дијагноза ПТСБ.
Во еден службен разговор, со покоен д-р Михаил Левенски спец. Невропсихијатар, во 2009г. заеднички констатиравме дека без разлика дали се работи за припадници на воено или политичко крило на вооружени сили сепак, стресните ситуации и можноста да за загуби сопствениот живот направија штета врз психата на многу личности.
  Случајот за инцидентот на борците со ПТСБ за време на нивната психијатриска сеанса во едно мало градче во Македонија ни беше и на двајцата добро познат. Имено, таму се лекувале припадници на АРМ и странски припадници на АНА за да во еден момент дојдат во случајна средба при која малку фалело да заврши фатално.
  Спротивно на овој факт, како можете да тврдите дека психички-психијатриско не третирани учесници од воениот конфликт можат да работат сосема нормално а притоа да не направат инцидент? Доказ за тоа е токму една личност која беше политички ангажирана како претседател на армија – prezident of arm, најверојатно АНА, за ДУИ за с. Јегуновце. Истиот тој учесник околу 11 години подоцна стана министер за Образование и Наука во Македонија.
  Што може да се очекува од таков човек, без психијатриски третман, доколку го ставите на функција Министер за Образование? Одговорот лежи токму во Извештајот на Државна изборна комисија за нелегалните и криминални активности во рамките на Министерството.
  Изгледа дека навистина се работи за воена доктрина чија цел е тотално уништување на Образовниот систем во Македонија со несогледливи последици по Македонските студенти.

(Продолжува)
                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                    пишува Игор Манев                                                                                                                                             8 ноември 2017, среда