Дигитална федерализација во Скопје, Македонија

Доколку гледате телевизија и одеднаш сликата се закочи, па трае некое извесно време, тоа значи дека имате лоша услуга.
  „Пастеровиот институт, Парис. Една бомба експлодира, оган бесни и обновениот компјутерски научник е мртов. Д-р Шамборд работеше на молекуларен ДНК компјутер кој би можел виртуелно да ги контролира сите компјутеризирани операции низ целата земјина топка. Сега, неговото пионерско истражување недостасува. Преку ноќ, воените сателити и комуникации се изгаснати од непознат извор. И Тајна – Еден (Covert-One) агент д-р Џон Смит мора да се трка низ два континента за да ја открие следната генерација на терористи – широка мрежа на технолошки шпиуни кои имаат моќ да го репрограмираат светот. Секоја владина агенција. Секоја вооружена сила. Секое нуклеарно оружје…“
...Во само еден прочитан пасос од романот на Роберт Ладлам и веќе се приметува дејство на акција кое го задржува вниманието на читателот. Иако книгата е објавена во 2000 година, од неколку автори, истата е базирана врз некои негови идеи по неговата смрт.
Дејствието во книгата се одвива во трилер жанр а се работи за тим на политички, технички и компјутерски експерти во рамките на една врвна тајна организација во УСА Covert-One, во која сите заедно се борат против корупција, конспирација и биооружје во највисоките слоеви на општеството.

  Во истата година кога е објавена книгата „Париска опција“ во 2000-та година во светот на комуникациите и компјутерите се случуваа интересни работи. Зошто е значаен вториот милениум во споредба со сегашната 2017? Кој беше врвот што научниците го постигнаа со нивните компјутерски креации?
Се сеќавате ли на опасниот „вирус 2000“ кој долго се најавуваше пред новогодишните празници за 1999/2000 година во Скопје? Тоа не беше опасност во најава само за Македонија туку и за целиот свет. Сите корисници на компјутери беа во некаков страв дека на 1 Јануар 2000г. „вирус 2000“ ќе успее да навлезе во нивните персонални компјутери и дека ќе ги украде сите нивни важни податоци. За среќа сите големи банкарски коорпорации беа заштитени а финансиските конта со милијарди и милијарди долари не беа допрени. Компјутерите ширум светот не беа хакирани.
  Втората важна вест, во доменот на интернет и компјутерите, што се објави на 17 Август 2000г. во УСА беше дека за првпат повеќе од 50% од Американските домаќинства имаа пристап до интернет.
  И третата помалку важна но сепак, значајна вест беше објавувањето на ИНТЕЛ и АМД дека успеале да ја поминат бариерата од 1GHz процесор на матична плоча. Брзина за која многумина сметале дека е ненадминлива.
Брзината на процесорот беше пресудна за мрежната картичка за интернет бидејќи со спор процесор не можеше да се добие поголема брзина за сурфање. А Македонците сигурно се сеќаваат, барем тие што имаа персонални компјутери и мрежна картичка, дека тогашната интернет брзина во Македонија се движеше меѓу 16-20 Kb/s Dial up.

Компјутер со 1.1Ghz процесор, мрежна картичка, хард дискови...: Фото: Игор Манев

  Македонските домаќинства беа далеку од Американскиот процент од преку 50% пристап до интернет. Затоа во Скопје и околината на големо се раскопуваа тротоари и во истите ровови се поставуваа километри и километри бакарни кабли кои понатаму преку дрвени и бетонски бандери жиците стигнуваа до нашите домови. На тој начин сите ние за првпат имавме можност да го отвориме прозорецот Windows и преку интернет да погледнеме и видиме што се случува во светот.
  Жителите на населба Ченто ги знаеа можностите на интернетот и затоа нетрпеливо очекуваа до нивните домови да стигнат телефонските бакарни жици. Новите претплати беа на повидок а за тоа време кабелските оператори предвреме ги триеја рацете. Бројот на нови претплатници за интернет, ТВ и телефон се очекуваше да расте бидејќи интересот беше огромен.
 
  Еден убав сончев ден одејќи пеш до зеленото пазарче во населба Ченто случајно видов мој пријател, вработен во ПТТ Телекомуникации, кој во тој момент беше до раменици во ров ископан врз тротоарот на нашата улица. Од неговото тело се гледаше само неговата глава и врат. Бидејќи тој беше речиси целосно под земја, моите стапала беа на исто ниво како со неговата глава. Ми беше смешна оваа несекојдневна перспектива на нашите тела, под и над земја па, не сакав погрешно да ме свати и затоа решив да поразговарам малку со него.
  „Што правиш?“ го прашувам. А тој ми одговори „Еве, спојувам жици за да имате интернет“ и се насмевна. Се приближив со неколку чекори поблиску до ивицата на ровот и внатре го видов пријателот облечен во маица со кратки ракави, работнички сини панталони со трегери и чизми. Во рацете тој држеше многу жици во разни бои кои излегуваа од кабел заштитен со црн изолатор и се протегаше назад намотан на една голема дрвена макара.
„Ви се погоди времето за работа“ му велам јас а тој ми одговори „Земјата е сеуште влажна и студено е на нозете ама се издржува, не е толку страшно“ и повторно се насмевна, изгледаше како да е навикнат на сите температурни разлики, топло-ладно.
  Ме интересираше квалитетот на кабелот и затоа го прашав дали знае од каде се увезени тие што ги поставуваат. А тој ми одговори дека се од Турција. Три, четири прашања од моја страна беа сосема доволни, пријателот си имаше работа и не сакав да го задржувам повеќе. Затоа му предложив „во ред пријателе, ајде ако си за кафе повели кај мене на гости“. Го поканив ама тој ми одговори дека не смее да излегува бидејќи имаат доста работа деновиве. И така, се договоривме муабетот да го продолжиме друг пат. Му посакав аирлија работа а потоа продолжив кон зеленото пазарче. Секој со својата работа.

  Без разлика дали каблите се донесени од Турција или не тоа нема никаква врска кога се работи за квалитен, сигурен и брз трансфер на податоци. Тоа што е навистина важно е колку проценти на бакар Cu има во жицата? Процент за кој пријателот не знаеше да ми одговори.
  Доколку процентот на бакар во жицата е 100% тогаш електроспроводливоста ќе биде подобра и обратно, ако процентот на бакар е околу 80-90% тоа ќе ја намали спроводливоста и трансферот на податоци.
Не случајно, производителите на бакарни кабли и жици што потенцираат дека нивниот производ е со 100% чист бакар а не со примеси на Алуминиум или Калај. Производителите кои огласуваат на E-bay гарантираат за сопствениот производ. Постои разлика во нивните цени за бакарни кабли и жици со чист бакар или примеси на Алуминиум и Калај.

Надворешен бакарен кабел за телекомуникации, фото: Ebay

Гола бакарна жица, фото: Ebay

Гаранција за жица со 100% чист бакар, фото: Ebay

  Асоцијација за Телекомуникациска Индустрија (TIA) или Интернационална Организација за Стандардизација (ISO) обезбедува сертификати за бакарни кабли преку употреба на алатки за тестирање. При тестирањето се добиваат само два резултата Одобрено (Pass) и Неодобрено (Fail). Што се однесува за квалитетот на каблите во Македонија не е познато дали имаат сертификат или било какво одобрување за квалитетен бакарен кабел за телекомуникација.
 
  Која е користа од овие сертификати за граѓаните, каква полза и зошто е потребно да знаеме?
  Како крајни корисници и претплатници на телекомуникациски провајдери за ТВ, радио, интернет и телефон за нас е важно да имаме квалитетна услуга. Доколку гледате телевизија и одеднаш сликата се закочи, па трае некое извесно време, тоа значи дека имате лоша услуга.
  Замрзната слика на ТВ екраните се потенцира и подолго трае доколку временските услови се лоши, при дожд или грмотевици.
  Се почесто се слушаат поплаки од обични граѓани дека и интернетот исто така не ја задоволува бараната брзина за сурфање или истата варира а истовремено телевизискиот сигнал не е добар.
 
  Доколку ја зголемите резолуцијата на вашиот екран од 720HD на 1080HD многу почесто ќе бидете сведоци на ТВ слика која се закочува и така стои долго време додека сама не се откочи. Нема движење на сликата доколку сте гледале филм или серија туку стои само еден кадар. Не помага ниту ако го рестартирате ресиверот со прекидачот од задната страна.
  А коментарите се дека: „Кога е најинтересно тогаш прекинува... се закочува... сликата од ТВ се замрзнува и т.н.“. Причината за овие технички проблеми секако треба да се бара и во квалитетот на бакарните кабли бидејќи колку е повисока резолуцијата во HD и колку е поголема брзината на интернет, толку повеќе неквалитетните бакарни жици преставуваат препрека за поголема и квалитетна брзина при трансфер на податоци за телевизија или интернет.

  Во светот на телекомуникациска технологија бакарните кабли се сметаат за застарен начин на употреба. Тоа што се бара сè повеќе и повеќе е оптички кабел.

  Доколку отворите на официјалната страница на T-Home во Германија можете да видите дека таму се нудат слични пакети како овие во T-Home/Телеком Македонија. Но сепак постои огромна разлика, таму и тука, во услугата и цената на штета на Македонските граѓани.
Имено, во Германија, T-Home нуди три Магента пакети и тоа: StartTV со месечна претплата од 19.95 евра или 1.226 денари, EntertainTV – 24.95 евра или 1.532 денари и EntertainTVplus – 29.95 евра или 1.840 денари. Едно евро за 61.47 денари.
  Ги анализирав сите три пакети но сепак се одлучив да ви ја презентирам средната варијанта на пакетот Магента Ентертејн ТВ со месечна претплата од 1.532 денари. Доколку оваа Германска опција би постоела во Македонија, прашањето е што граѓаните би добиле ако имаат можност да се претплатат за овој пакет? Одговорот е фантастична услуга за многу помалку пари. А деталите се следниве.
  Со Магента М Ентертејн ТВ добивате брзина на интернет од Flat 50Mb/s download и 10Mb/s upload што е за 10 пати побрзо од сегашната интернет брзина во Македонија 10Mb/s download и секако upload 0.700 Mb/s. во рамките на македонски пакет Family box чија претплата никогаш не изнесува помалку од 2000ден. месечно.
Германската Магента М Ентертејн ТВ ви нуди телефонски разговори со HD voice квалитет. А што се однесува до ТВ понудата на располагање имате околу 100 ТВ канали, вклучувајќи и над 20 во HD и пристап до 50.000 филмови, телевизија и серијали. Серијалите сигурно не се од Турска или Србска продукција. Со оглед на тоа дека Германската филмска продукција не произведува само еден филм годишно како Македонската.
 
  Македонскиот T-Home (Телеком) ви нуди исто така три Магента пакети и тоа:
Magenta S со месечна претплата од 1.947ден. Magenta M=2.547ден. и Magenta L=4.047ден. Многу лесно можете да забележите дека македонските Магента пакети се два пати поскапи од Германските Магента пакети и згора на тоа нудат 10 пати послаба услуга.
  Овој пат за споредба ќе ја земам средната варијанта, македонската Магента М пакет, кој ви нуди за 2.547ден. неограничени СМС пораки и разговори кон сите домашни мрежи.
Интернетот не е прецизиран со бројка, но се претпоставува дека е иста како и до сега а тоа е 10Mb/s download и секако upload 0.700 Mb/s. Додека за ТВ се добиваат 80 канали од кои не се знае колку се во HD.

  Сите варијанти на Германската Магента пакети јасно ви пишуваат дека услугите се обезбедуваат преку оптички кабли VDSL/Fiber а не преку бакарни кабли како што е во Скопје, Македонија.
  Можете да приметите дека Германскиот ценовник за Магента пакетот, на табела во жолта боја, е со пониска цена за цели 58,8% во споредба со Македонскиот Магента пакет.
  Пакетот, на табела со зелена боја, покажува дека Македонскиот Магента е поскап за 66,2% во споредба со Германски Магента пакет.
  И Македонскиот пакет, на табела со пурпурна боја, е поскап за неверојатни 119,9% во споредба со Германскиот а притоа ви нуди 10 пати послаба услуга. Сите услуги кои ви ги преставувам на табелите покажуваат дека Македонскиот граѓанин носи неверојатен финансиски товар врз неговиот грб а притоа добива 10 пати помалку во споредба со Германскиот граѓанин.
 

Табела за услуги и ценовник на три пакети од Магента во Германија и Македонија, Фотошоп: Игор Манев

Рангирање на држави според ГДП, Јапонија 3-то, Германија 4-то и Македонија 133-то место, фото: IMF

  Според податоците на ММФ (меѓународен монетарен фонд) Германија се наоѓа на четврто место со 3.466.639 милиони долари ГДП за 2016 година а Македонија на 133 место со 10.912 илјада долари ГДП, разликата е за 317.69 пати во корист на Германија. Со други зборови Германија има 317 пати подобар стандард од Македонија а сепак ние граѓаните плаќаме од 58.8% до 109.9% повеќе отколку Германците.
  Јапонија пак, има подобар стандард од Германија и таа се наоѓа на третото место со 4,938,644 милиони долари ГДП, што значи дека има скоро два пати подобар стандард од Германија. Поентата преку овие податоци е во тоа што сите ние Македонци плаќаме два пати поскапо како да живееме во Јапонија со Јапонски стандард, исто како да сме Јапонци. А сепак не е така, плаќаме два пати повеќе од Германците за телекомуникациски услуги на Т-Home.
  Зошто се случува ова, зошто плаќаме толку поскапо?                                                        Да се надеваме дека одговорот на ова прашање ќе го дадат вработените во СЈО кои најавија соработка со вработени од Германскиот T-Home. И конечно транспарентно да се објават сите нерегуларни постапки кои прават огромна штета на Македонскиот народ.

Пишува: Игор Манев                                       Датум: 24 Мај 2017