НАСА сака да одгледува компири на Марс
Компирите би можеле да станат првиот транспланетарен деликатес на галаксијата, како што НАСА објави еден фасцинантен план да одгледува скробно растение во услови слични на Марс.
  Работејќи заедно со Меѓународниот Компир Центар, агенцијата планира да се потпре на "неверојатната еластичност" на компирите да ги хранат астронаутите додека патувааат кон една од најнепријатните места познати за човештвото.
  Научниците повторно ќе создадат марсовски услови во некоја лабораторија, употребувајќи земја од Перу и тоа од пустината Пампас де ла Џоја, за да ја симулираат Црвената планета. Лекции научени од ова испитување на крајот ќе придонесат за развој на некоја контролирана купола на Марс способна за подржување на земјоделски активности.
  "Исклучителните напори на екипата поставија шанк Бар за вонземско земјоделство. Идејата за одгледување храна за човечки колонии во вселена би можела да биде реалност многу наскоро." Крис Мекеј, планетарен научник на Амес истражувачкиот центар на НАСА, така забележува во новите соопштенија.
  Проектот би можел да има дури и некое поголемо влијание блиску до дома. Едно растениe доволно еластично да преживее на Марс би можело да биде спој во глобалната борба против сиромаштијата и неисхранетост, особено затоа што планетава продолжува да ги доживува засилените влијанија од климатски промени.
Глобално, компир културата се очекува да има бенефит од зголемување на нивото на јаглерод диоксид. Додека најголемиот дел јаглеродна атмосфера на Марс е далеку од таа на земјината атмосфера (која содржи само траги количества на овој гас), одгледување на компири во високо јаглеродна средина би можело да им помогне на научниците подобро да се припремат за поголема јаглеродна иднина тука на планетата Земја.

Компир култура, фото: НАСА

  "Како подобро да се научи за климатска промена отколку преку одгледување на култура на некоја планета која умрела 2 милијарди години предходно?“ Интернационалниот Компир Центар на Џоел Ранк вели:
„Ни треба луѓето да разберат дека ако ние можеме да одгледуваме компири во екстремни услови како тие на Марс тогаш, ние можеме да спасиме животи на планетата Земја.

Атмосфера на Марс

Купола на Марс-имагинација

Превод од англиски: Игор Манев
датум: 22 Февруари 2016