Човечки заби не се менуваат толку често како кај морска ајкула
Стоматолошка ординација
д-р Драган Филевски
Народен фронт 5/4
тел: 316 23 44; 070 618 244
Научени дека во природата сè се менува и обновува така и човечкото битие си мисли и така се однесува кон сопственото тело. Дека ако некој заб отпадне тој повторно ќе порасне, ќе се замени со нов и посилен, посјаен и побел заб од предходниот.
Нашите заби се објект на обсервација, додека растеме и се развиваме, а посебно во детскиот период кога пред огледало си ги гледаме забчињата како ни растат или се менуваат со нови заби. Новите секогаш придружувани со болка но сепак без страв ја издржувме таа борба на забот против меките непца.
И во првиот момент кога ќе си го видиме сопствениoт лик во таа рамна, мазна и сребрена рефлексија понатаму, полека стануваме свесни за сопствените заби и за тоа дека тие се лоцирани во нашата уста.
Првите т.н. млечни заби кај бебињата се јавуваат во просек во 6-от месец од животот. Секако дека постојат варијации во овој поглед, што значи дека кај некои бебиња тие се присутни од самото раѓање а кај други дури и во 13 или 14 месец. Како и да е, примарните млечни заби би требало комплетно да израснат до втората година од животот или со вкупен број од 20. Најпрвин се појавуваат единиците односно централни секачи central incisors а потоа и останатите.
Од шестата година млечните заби се заменуваат со трајни заби со целосни корени чиј број со текот на времето стигнува до 32.
Нашите заби си растат без човечкиот разум и волева активност што значи дека тие се дефинирани преку нашите генетски наследни особини.
Растат како билки кои од земја никнуваат без никаква најава, си имаат свој тек и се развиваат со целосен развој до нивно комплетно оформување со листови и цветови. Се восхитуваме на нивниот мирис и убавина додека тој природен колорит опстои на билката а потоа по некое време гледаме дека истата таа билка овенува. Нашите чувства на восхитување се заменуваат со мала доза на жал, тага, поради малечката загуба на таа толку убава билка. Ама почекај, до година таа повторно ќе порасне од истиот корен!
Научени дека во природата сè се менува и обновува така и човечкото битие си мисли и така се однесува кон сопственото тело. Дека ако некој заб отпадне тој повторно ќе порасне, ќе се замени со нов и посилен, посјаен и побел заб од предходниот.
Па, тоа впрочем и се случува нели? Млечните заби се заменуваат со нови посилни, па згора на тоа и со цврсти корени.
Да, тоа е вистина но, замената се случува само еднаш во текот на целиот живот!
Зошто нашите заби не се менуваат толку често како кај морската ајкула?
Одговорот е повторно во генетиката, изгледа дека не можеме да бидеме интелигентни и свесни суштества а во исто време да имаме заби кои безброј пати се менуваат.
На пример, кај еден тип на ајкула Carcharhiniformes тие заменуваат 35.000 заби во текот на нивниот живот. И поседуваат четири типа на заби и тоа: рамни, иглести, триаголнести, нефункционални заби и сите овие имаат потенцијал да се заменат со нови.
Сè додека уживаме во вкусот на оброците и можеме да мелеме, гриземе и кинеме со нашите човечки заби сè до тогаш сметаме дека добро ни служат за јадење. Сметаме дека тие ќе ни бидат во функција цел живот но во реалноста не е така.
Доколку, не дај Боже, не фати некоја болест на нашите сопствени заби и притоа се однесуваме игнорантски кон нив последиците доааѓат бргу.
Додека го гледаме сопствениот лик во огледало, истото тоа огледало, може на суров начин да ни ги рефлектира нашите заби. Од предните заби еден заб отпаднал и сега тој недостасува а на неговото место нема ништо, темна празнина која се губи во длабочината на нашата уста.
Во моментот кога ќе сватиме дека не се работи за дисторзија на нашиот лик поради искривено огледало туку, ние сме изгубиле еден заб веднаш тоа ни предизвикува чувство на горчина во нашата душа.
Што да се прави? Зошто здрави заби отпаѓаат?
Безброј прашања се појавуваат но ниту едно не ни дава спонтан одоговор од нашите мисли. Тој момент без одговор, за среќа кратко трае, создава мала доза на страв кој директно не поврзува со стравот за преживување. Имено, забите служат за мелење на храната а без заби не можеме да консумираме храна која ни е неопходна за да се одржуваме во живот.
Одговорот се наоѓа во разговор и консултација со Стоматолог и сè додека тоа не го направите вашиот страв ќе биде присутен во вас. Муабетот со специјалистот можеби ќе ви открие нови зборови како на пример Пародонтопатија но сепак, бидете храбри и следете ги советите. Бидејќи се работи за вашето сопствено здравје.
Во интервјуто со д-р Драган Филевски ви пренесуваме во целост одговори на прашања кои се однесуваат за болеста Пародонтопатија и примена на мостови.
д-р Драган Филевски во неговата стоматолошка ординација, фото: Игор Манев
Игор Манев: Пародонтопатија се дефинира како дегенеративно заболување на потпорната структура на забите и затоа тие мигрираат или отпаѓаат. Што е причина за оваа болест?
Д-р Драган Филевски: Пародонтопатијата ги зафаќа меките ткива околу забот и коскеното ткиво секако.
Ако еден заб почне да мигрира, да се клати, дали тоа значи дека наскоро сигурно ќе отпадне?
Пародонтопатијата е заболување кое бара превентива. Ако се фати на време, превентивно, нема да се развива или ќе се стопира а ако се фати во подоцнежни стадиуми, рековме прогресивна болест, сигурно ќе прогресира. Но нашата цел е да го стопираме тој прогрес и да ги одржиме забите во функција сè додека може да се одржува, додека не стигне до тој терминален стадиум кога треба забите да се екстрахираат.
Како би се опишал овој процес, од присуство на бактерии до губење на еден заб?
Овој процес може слободно да се нарече на латински circus viciоsus затоа што откако ќе навлезе процесот нема повеќе враќање назад. Превенцијата е многу битна ако се фати на време да се санира во прв стадиум кога нема развиено големи промени во периодонциумот и во коската тогаш може да се одржат забите во функција и да трае долго забот.
Меѓутоа ако е стигнат до умерен или тежок стадиум тогаш само прогресира и ние можеме само да го одложуваме тоа што е неодложно. Тоа е исто така некое решение да се одложува со разни медикаментозни терапии, амбулаторни терапии за да може забот да остане во функција.
Која бактерија е најчеста во усната шуплина, што предизвикува воспаление на непца?
Во плакот ги има околу 100 милиони бактерии и сите тие се во некоја симбиоза, баланс, во организмот. Кога тој баланс ќе се поремети се јавува воспаление затоа што тие бактерии се опортунистички, наоѓаат момент и на почетокот се карактеризира само како гингивит. Тоа е крварење на гингивите и отекување, воспалени и отечени меѓутоа немаме гингивално проширување и периодонтално проширување. Во подоцна фаза се јавува периодонтален спациум, простор, меѓу коренот и коската. Просторот е проширен и тука гингивата веќе се одвојува од забот, значи зборуваме веќе за втор стадиум и тука се наоѓаат голем број на бактерии кои само ја влошуваат ситуацијата. Во трет стадиум веќе е касно.
Конзилиум прес
Модел на заби, фото: Игор Манев
Препарација на заби
Која би била една од тие бактерии кои се присутни во усната шуплина и предизвикуваат воспаление?
Има Стрептококи, Лактобацили... многу. Има многу патогени бактерии во латентна фаза кои кога ќе најдат шанса тогаш букнуваат и прават воспаление.
Ако нема присуство на бактерии кои се други причини кои можат да предизвикаат
Пародонтопатија?
Воспаление е поврзано со бактериска инфекција. Парадонтопатија е болест каде што е карактеристично воспалениево. Пародонтоза од друга страна е исто заболување но не воспалително. И таму имаме гингивална и коскена рецесија меѓутоа немаме воспаление и гингивите не крварат и не се отечени. Пародонтозата нема ист тек како Пародонтопатија, тие се две различни болести.
Воспалителни процеси се јавуваат и кај други состојби на уста, (дијабетес) како еден човек може да си ги препознае симптомите за да свати дека се работи за сериозна состојба и да закаже термин кај стоматолог?
Како прво најбитна работа е контроли на Стоматолог. Пациент кој знае дека има и други состојби медицински треба да биде ушто по агилен и да доаѓа многу поредовно на преглед. Затоа што Дијабетот и некои хормонални заболувања, некои други фактори како пушење, стрес исто така знаат да предизвикаат воспаление на меките ткива во устата, оралната шуплина и гингивите и периодонциумот. Значи, дијабетичарите се доста на удар а посебно тип Б. Тие треба многу почесто да доаѓаат на контрола и да го одржуваат дијабетот на некое задоволително ниво со инсулинска контрола. Редовните контроли на Стоматолог се исто така потребни за да ја пратиме таа ситуација за да можеме да интервенираме и ако се влоши да можеме медикаментозно да делуваме за да болеста не прогресира брзо.
Рентгенска снимка на пациент со Пародонтопатија, фото: д-р Драган Филевски
Како се открива, дијагностицира оваа болест кај Стоматолог?
Значи прво се прегледи, анамнеза, пациентот со клинички преглед, рентген снимки и нормално со редовни контроли за да се прати пациентот. Ако во анамнезата е наведено дека има генетски предиспозиции тогаш пациентот е суспектен и треба да се знае на време дали се појавува и кај него и во која фаза е за да може да се третира на време а процесот да се одложи.
Болеста е дефинитивно прогресивна, но како да се забави или стопира оваа прогресија? Со
кои медикаменти и начин на терапија?
Има многу медикаменти но не може да биде само тоа решение. Пред сè терапијата се состои од навремено доаѓање на Стоматолог и ако се примети дека има воспалителни процеси на гингивите да се реагира. Тие се најбезопасните каде можеме да делуваме и да добиеме некое решение. Кога ќе тргне работата кон втор стадиум знаеме дека таму веќе нема назад но можеме да го стопираме со мануелна обработка на џебовите, киретажи, испирање а некогаш и хируршки интервенции се решение, ласерски интервенции се исто така решение во џебовите.
Може комплексно да биде лекувањето не значи дека само медикаментозно може да го реши проблемот, може да биде комплексен. Медикаментозно се решава со антибиотици, витаминска терапија, со усни водички…
Ако причината за Пародонтопатија е Стрес, што би било терапија во тој случај?
Анти стрес терапија. Мора да се реши стресот, ако стресот е дефинитивен причинител тогаш проблемот со стресот мора да се реши. Инаку, нема резолуција на проблемот. Меѓутоа не е само стрес, проблемот е комплексен за Пародонтопатијава. Значи, локални фактори, надворешни фактори, генетски фактори, малоклузии, траума, трауматски оклузии сето тоа се причини. Само ако е стрес најчесто не удира на заби.
Редовно или прекумерна употреба на алкохол или наркотични средства колку тие навики влијаат за стекнување Пародонтопатија?
Алкохол и наркотични средства немам слушнато дека влијаат директно на Пародонтопатија.
А пушење цигари?
Пушењето цигари, никотинот да.
Состојба пред и по имплементирање на протетска конструкција-мост, фото: д-р Драган Филевски
Во напредна фаза на Пародонтопатија отпаѓа еден или повеќе заби. Од естетска и
функционална причина на местото каде недостасуваат заби се препорачува замена со
т.н. вештачки заби. За каква замена на забите се работи и од кои материјали се истите?
Протетско решение за Пародонтопатија треба да се гледа подлабоко и пошироко во комбинација со Периодонтолози. Значи ако зборуваме за некоја понапредна Пародонтопатија а сепак има варијанта да се зачуваат некои заби мора Периодонтологот да ги обработи тие проблематичи заби, џебови и ако треба хируршка интервенција за вештачки коски за да се стабилизира а потоа да се врзат тие заби во некоја протетска конструкција.
Се препорачува, ако има доволен број на заби кои се пародонтопатични меѓутоа се сеуште функционални можат да се искористат и да се врзат во циркуларен мост cross arch дизајн мостови кои ќе ги врзе тие заби за да не се веќе подвижни, да не трпат индивидуално притисок. Но ако има притисок тогаш тој ќе се пренесе по должината на циркуларниот мост и сите заедно ќе го трпат тој притисок. Нема индивидуално да се оптеретува и побрзо да се расклати. Сите заедно ќе бидат врзани и тоа е многу подобро и подолготрално.
Инаку, од типот на материјал кој најмногу се употребува е порцеланот кој е индиферентен, не дава воспалителни процеси кај гингивите. Комбинацијата дали ќе биде метал-керамика или фул-керамика или циркон-керамика се постигнува доста добри резултати.
Каква е прогнозата по поставување на метал-керамички мостови, при состојба на
Пародонтопатија?
Прогнозата е индивидуална, зависи во кој стадиум се носечките заби и од тоа колку е упорен и агилен пациентот истите да ги одржува. Секоја протетска конструкција бара посветеност за одржување на хигиена во устата и мора таа ригорозно да се спроведува по насоките на Стоматологот што ќе ги даде. Значи, редовно миење заби, редовно плакнење заби, одржување хигиена, редовни контроли кај Стоматолог на 3, 4 или 6 месеци зависи како ќе може. Забите треба да се контролираат и за секоја воспалителна состојба, ако се примети, да се реагира на време за да конструкцијата трае што подолго.
Ако се работи за избор на пациентот меѓу метал-керамика мост (врз сопствени заби) или
имплант, кое би било подобро решение при оваа болест?
За генерална Пародонтопатија, значи цело забало, пологично решение е протестка конструкција која ќе ги опфати сите заби, тие кои се до одреден степен расклатени. Тие треба да се сплинтуваат, врзат и да го продолжат животот.
Каде што е локална Пародонтопатија, да кажеме на еден до два заба, а другите заби се стабилни тука логично би било Имплант. Значи, не мора да се опфаќаат сите заби ако другите се стабилни, ако нема Пародонтопатија. Ако е локално, на одреден дел од квадрантот тогаш може да се реши локално со импланти меѓутоа, цената е тука исто така фактор на одлучување бидејќи имплантот е поскапо решение.
Кои се обврските на пациентот откако ќе му се имплементира едно протетско решение,
дали грижата за хигиена на метал-керамички мостови (врз сопствени заби) или импланти
продолжува и понатаму?
Дефинитивно ако кај пациентот уште на старт приметиме дека не одржувал предходна хигиена и ќе му се дадат насоки дека тоа комплетно ригорозно ќе треба да го промени а гледаме дека кај него нема интерес тогаш, контраиндицирано е кај него да се работи некоја поголема протетска конструкција. Затоа што пациентот целиот тој труд ќе го фрли во вода за краток период. Советот е ригорозно одржување хигиена кај протетски конструкции во уста.
Интервју со д-р Драган Филевски, монтажа: Игор Манев
Без разлика за какво протетско решение ќе се одлучите, мост или имплант, едно е сигурно дека ќе добиете. Новата порцеланска насмевка нема ниту приближно да наликува на предходната ваша природна насмевка. Ќе биде многу поубава, посимпатична, поатрактивна.
Имате избор на бои една цела палета, од најсветли до најтемни и доколку ја одберете вистинската тогаш вашите нови керамички заби ќе бидат потполно исти како тие на фудбалската ѕвезда Паоло Малдини или сестрите Кардашианс.
Естетскиот изглед ќе биде ваш и уникатен исто како отисок од прст бидејќи, вашите предходни вистински заби се секогаш оригинален модел за идните форми на забите.
Не е лесно да се поправаат или реставрираат повеќе заби но, во секој случај потребно е да знаете дека треба да се размислува постојано а за сите непознати работи да му поставувате прашања на вашиот Стоматолог. Колку повеќе ги дознавате работите толку подобро ќе го поминете патот од почеток до крај, од екстракција на заби и препарација до поставување нови керамички заби.
Нашите заби не се само за јадење или убава насмевка, тие се важни и во секојдневната вербална комуникација. Имено, оштетени и заболени заби се опишуваат и како болест во Комуникологија а не само во Стоматологија. Слушаме какви ли сè неартикулирани звуци кои излегуваат токму низ такви оштетени заби а истовремено ние неможеме да ги препознаеме дали некој рекол број „сто 100“ или пак ве прашал „Што?“
Фонацијата е исто толку важна колку и јадењето или насмевката па, дури и многу поважна. Ако не можеме да се разбереме преку разговор тогаш како ќе побараме што ни е потребно во секојдневниот живот? Не е важно што влегува во уста туку што излегува - Библија.
Пишува: Игор Манев
дата: 6 Јули, 2017