Трамадол нема ниту за лек!

Фармаколошките лекови се употребуваат за лекување, дијагноза, третман или превенција од болести а нивната употреба, за ова цел, се нарекува фармакотерапија која воедно претставува важен дел од медицинските науки. Оваа терапија се потпира на наука која се нарекува Фармакологија.
  Според типот на фармаколошките лекови тие се делат за примена во повеќе човечки системи, па затоа постојат тип на лекови кои се употребуваат за кардиоваскуларниот систем, гастроентерохепатолошки, респираторен, ендокринолошки, систем на централен нервен систем, лекови за болка ит.н.
  Акцентот, во овој текст, се однесува токму на овие лекови за болка односно аналгетици. Тие се делат на 3 основни класи и тоа NSAID, опоиди и локални анестетици. Нестероидни антивоспалителни лекови – NSAID се употребуваат за намалување на болката а најпознати се Аспирин и Ибупруфен додека Парацетамол не се смета за целосен нестероиден антиинфламаторен лек бидејќи не делува на цело тело.
  Опоидите се лекови кои служат за ослободување од болка, за разлика од намалување, и ефектот кои го предизвикуваат е здрвеност, без чувство на сензација или пак предизвикуваат нагони за спиење. Пример за тоа е лекот Трамадол кој на рецепт може да се купи во нашите аптеки. Опоидите делуваат на рецеторите на централен и периферен нервен систем и затоа се губи чувството на сензација. Долготрајна употреба на Опоиди предизвикува зависност.
  Анестетици се лекови кои привремено го намалуваат чувството на сензација, во случај да се употребуваат локално за време на хируршка операција при која пациентот не ја губи свеста или при тотална анестезија при која пациентот целосно ја губи свеста, односно спие.

  Во секојдневниот живот обичните луѓе, во моменти кога чувствуваат болка, од нашите аптеки купуваат најчесто Аналгин-metamizole sodium, кој намалува болка и има антивоспалително дејство. Значи доколку имате главоболка, забоболка, болка од исчашување на зглоб или болка на другите делови од вашето тело тогаш, Аналгинот може да ви помогне.
  Што е разлика меѓу Аналгин и Трамадол? Трамадолот има силно опијатно дејство и, во зависност од дозата, ве ослободува од силна и неподнослива болка. Се употребува кај болки по операција или пак болки предизвикани од канцер. Силни ревматски болки исто така можат да се третираат со Трамадол но во краток временски период, токму заради можноста од предизвикување зависност.

  Дали може овие лекови наменети за човек да се употребуваат и за домашно милениче, животно? Одговорот е позитивен а што се однесува за Македонија, ветеринарите препишуваат рецепти на лекови и ве упатуваат да ги купите токму во Аптека. На исто место каде се купуваат и лекови за луѓе. Разликата е само во дозата, имено доколку споредите телесна маса на човек и мачка одговорот е јасен.
Еден вистински настан открива со какви препреки можете да се сретнете доколку се најдете во ситуација да купите Трамадол на рецепта. На фотографиите долу се гледа за колку страшна и сериозна повреда се работи кај мачорот чиј опаш бил фатен на домашна врата, кај шарките, и го скинал опашот. Неговото мјаукање само можеше приближно да ни претстави за колкав степен на болка се работи, со оглед на тоа дека животните не можат со зборови да ни објаснат. Но ние како човечки суштества можеме да ја разбереме тежината на повредата и да помогнеме.

Повредениот мачор пред хируршки да му биде ампутиран опашот, фото: Игор Манев

  Мачорот Блеки беше однесен во ветеринарна станица при УКИМ во нас. Автокоманда, во нови простории кои наликуваат на оние во западните земји. Чисто, уредно и опремени со лекови, инструменти а најважно од сè беше добриот однос на ветеринарниот персонал. Навистина за пофалба.
  Уште при првиот преглед беше констатирано дека и тој мал дел од опашот, што останал без кожа, мора да се ампутира. Во спротивно постоеше голема можност да се воспали и прошири до таа мерка што можеше да му го загрози животот на мачорот. Предлогот беше прифатен од сопственикот и по 2 часа интервенција мачорот Блеки се разбуди без опаш. Зашеметен од анестезијата и превениран од било каква понатамошна компликација. Што се однесува до антибиотици и аналгетици тој беше покриен за цел ден. Но од следниот ден и во останатите 6-7 дена Блеки мораше да прима секојдневна антибиотска терапија и аналгетици додека сошиениот дел од опашот комплетно зарасне. Тие препораки беа усмено пренесени а лековите се препишаа на рецепта, од ветеринарниот доктор Т.Н, меѓу кои и лекот Трамадол.

  Од каде да се купат овие лекови ако не од Аптека? Во населба Ченто има 5 Аптеки од кои само една е т.н. Државна Аптека EUROFARM која се наоѓа во објектот на Поликлиника Ченто, а сите останати се приватни. Иако на прозорците и на влезната врата е закачена реклама на Еурофарм сепак, фармацевтите велат дека се работи за Државна Аптека.
  Сметајќи дека ZEGIN Аптека е најснабдена, лекот Трамадол и антибиотиците ги побарав токму таму. Но реакцијата на една од вработените не го оправда реномето на Зегин. Рецептата од ветеринарот на вработената ѝ изгледаше сомнително па следуваа прашања зошто е така напишано? Каков е овој печат? Иако ѝ беше објаснето дека се работи за животно мачор. Потоа следуваше гледање, апла, во подлактиците на површината од кожата на клиентот кој беше облечен во маица со кратки ракави. Хе, хе, вработената покажуваше сомневање дали клиентот е корисник на дрога со игла и шприц. Каква мизерија!
  Одговорот на вработената беше дека постои забрана за продажба на Трамадол. Претпоставив дека можеби се работи за злоупотреба на Трамадолот од зависници од дрога и затоа ѝ потенцирав. Следуваше реакција на вработената со многу повисок тон, да не кажам викање, што само ја потврди нејзината дрскост и непочитување на нивните клиенти кои купуваат лекови. Со што клиентот ја испровоцирал толку вработената во Зегин останува одговор кој се наоѓа само во нејзините мозочните виуги. Бидејќи за тоа немаше објаснување од вработената со сини очи. За да работата некако се амортизира комуникацијата ја превзема втора но поискусна вработена во Зегин која на фин и смирен начин ми понуди приближна замена на Трамадолот со Аналгин ампули. Морам да констатирам дека вработените немаа беџови со име и презиме на белите мантили, ете, баш во вакви случаи можете да ги пријавите за недолично однесување.
Беџови за име и презиме
  Несакајќи да се спроведе терапијата на мачорот без Трамадол во капки, во следните денови, потрагата по лекот - опијат продолжи. Во приватната BETTY Аптека одговорот беше дека за продажба на Трамадол потребна е дозвола а таа била многу скапа и не се исплатело за Аптеки кои се по мали.
  Приватна Аптека JANA, одговор сличен на предходните, за Трамадол е потребна лиценца и затоа Трамадолот не се продава во секоја Аптека.
  Во т.н. Државна Аптека на EUROFARM конечно имаше за продажба Трамадол но во форма на таблети. ,,Не можам да ти дадам Трамадол во таблети бидејќи на рецептата имаш во капки.“ беше одговорот на вработената.
  Во приватната Аптека на EUROFARM, од спротивната страна на истата улица, повторно немаше Трамадол. Немаат дозвола за тоа.
  Заклучокот е дека Трамадол не се добива лесно иако е регистриран како лек, кој може да се аплицира на луѓе и животни. Трамадолот го нема ниту за лек! Затоа единствената приближна замена е Аналгин во форма на ампули кои можат да се купат без рецепт.
  Во телефонскиот разговор со ветеринарот Т.Н. тој изрази чудење како за Трамадолот е потребна дозвола тој изјави: „Прв пат слушам ваква работа!“. Според неговото мислење Трамадолот може да се купи во било која Аптека со рецепта и за тоа не е потребна дозвола што треба да ја поседуваат Аптеките.

  На веб локаторот од EUROFARM нивната Аптека во нас. Ченто не е запишана, доколку побарате нејзина локација изгледа како таа да не постои иако има две реклами. Зошто од сите нивни локации на аптеки ја нема токму оваа во нас. Ченто?
  Додека на линкот од ZEGIN ако побарате лек Трамадол ќе ви се појават варијации на истиот лек со неговата грамажа но нема фотографии. Што би требало да значи дека лекот не се продава во истата Аптека.
Веб страницата на Зегин, Трамадол
  Очигледно е дека постои различно размислување кога се работи за продажбата на Трамадол – опијат, не се знае дали е потребна или не е потребна дозвола за неговата продажба и од кои причини се бара тоа? Дали навистина постои забрана за Аптеките? Исклучок е само т.н. Државната Аптека EUROFARM во која има Трамадол но повторно селекција во продажбата заради формата на лекот. Зошто таблетарната форма не се продава доколку на рецепт е запишан Трамадол во форма на капки?
  Не е познато дали се работи за локален проблем на снабдување на аптеките во нас. Ченто или пак е тоа масовен проблем кај сите аптеки. Но дефинитивно е дека, ниту една од овие во населбата, не го почитуваат литературниот македонски јазик. Сите реклами на нивните фирми се напишани со латиничното писмо. Вечна ви слава свети Кирил и Методиј!

  За Македонија не е познато кој има контрола врз лековите со опијатно дејство но затоа во Америка таа функција ја има DEA-Drug Enforcement Administration LINK. Според оваа владина американска организација лекот Трамадол се наоѓа во 4-та категорија. Заедно со Xanax, Soma, Darvon, Darvocet, Valium, Ativan, Talwin, Ambien. И сите се опишуваат како супстанци, или хемикалии кои се дефинирани како лекови со низок потенцијал на злоупотреба и низок ризик на зависност.
  Во 1-ва категорија се наоѓаат следниве лекови: heroin, lysergic acid diethylamide (LSD), marijuana (cannabis), 3,4-methylenedioxymethamphetamine (ecstasy), methaqualone, and peyote.
Овие се супстанци, или хемикалии се дефинирани како лекови со не прифатлива медицинска употреба и висок потенцијал за злоупотреба. Лековите во 1-ва категорија се најопасните дроги од сите други лекови, во останатите категории, со потенцијално сериозни психолошки и психички зависности.
  Споредувајќи ја категоријата на лекови според ДЕА, продажбата на нашиве лекови - опоиди во Македонија се поставени наопачки. Имено, лековите од 4-та категорија во кои спаѓа и Трамадол, не се продаваат без рецепт. Додека тие најопасните во 1-ва категорија, од вчера 14 Јуни, се продаваат без рецепт како на пример маслото од Марихуана-Cannabis. Се прашувам како би реагирале агентите на ДЕА за овој начин на продажба во Америка? Дали ДЕА има контрола врз продажбата на лекови-опијати во Македонија?
  Во регистарот на лекови, при министерство за Здравство на Македонија, наведени се неколку производители на Трамадол, под генеричко име, за Македонија. Тоа се: KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија, HEMOFARM A.D., Вршац, Србија, АД ЈАКА 80 Радовиш, Скопје, Македонија, АЛКАЛОИД АД, Скопје, Македонија, PharmaS d.o.o., Поповача, Хрватска, BELUPO lijekovi i kozmetika d.d., Копривница, Хрватска.
  Малопродажната цена за Трамадол се движи од 74 ден. до 425 ден во зависност од грамажа, форма и концентрација на лекот.
  Скоро сите лекови-опоиди во себе содржат Морфин кој се употребува од 1920г. и од тогаш се продава под разни бренд имиња. Делува на ЦНС за да се намали или ослободи чувството на болка, која може да биде акутна и хронична.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                     Пишува: Игор Манев
Датум: 15 Јуни 2016