Револуција во Медицината

Не можам да останам рамнодушен кога читам и слушам што им се случува на добрите луѓе кои јас лично ги познавам и од кои многу сум научил во Медицината.                                       За проф. д-р Нико Беќаровски можам да кажам дека е меѓу ретките со кои можам да комуницирам и конечно да стигнам до решение, во смисла дека е вистински професионалец и ги разбира работите во неговата област од Медицината.                                      
Но ова што се случува во Клинички центар во континуитет од 15 години не бара решение туку комплетна промена од точка во која е потребна револуција. Состојбите во Македонија не се нарушени туку напротив, состојбите во здравството и заедно со Медицинскиот факултет се дефектни односно „во состојба на мозочен удар“ што би рекле специјалистите Невролози и затоа мора да се реагира БРЗО и Ургентно! Доколку се испушти овој значаен краток иден период тогаш здравството во Македонија, во буквално смисла на зборот, иреверзибилно ќе го изгуби професионалниот Медицински персонал и секако Медицинските институции.


  Здравствениот систем е еден од столбовите на Македонија и ако
навистина целта е да се сруши тотално бидете сигурни дека дури тогаш ќе станеме како некои Афрички држави каде лекарски прегледи и лековите се издаваат и администрираат на некоја ливада, поле, улица, тротоар…
На било која локација само не во здравствена установа.

проф.д-р Нико Беќаровски, пред Миланска катедрала

Медицинскиот персонал, доктори, специјалисти професори веќе секојдневно си заминуваат
од Македонија и не се враќаат назад повторно што покажува за постоечки иреверзибилен
процес. А медицинските институции, како на пример клинички центар ,,Мајка Тереза“ веќе е
плен на квази корпоративни компании за купопродажба кои побрзо би направиле нов
трговски центар Mall или нов бетонски комплекс од висококатници т.н. чудовишта на Скопје.
Бидејќи тие имаат позадинска цел, покрај профитот истовремено да бидат највисоки и
„повисоки“ од секој Христијански крст во градот што покажува на ниските морални
вредности кои ги имаат сопствениците на компаниите, фирмите.
А приказната за нов Клинички центар е илузија и таа се сее за да се дефокусира јавноста од
вистинската цел за окупација на ,,Мајка Тереза“. Во компаративна смисла само ќе посочам на еден рефрен од познатиот хит на Грејс Џонс-Корпоративен канибал.

Клинички центар Мајка Тереза; фото Игор Манев

„Corporate Cannibal"
We can play the money game
Greedgame, power game, stay insane
Lost in the cell, in this hell
Slave to the rhythm of the corporate prison
„Корпоративен канибал“
Можеме да ја играме играта на пари
Игра на алчност, игра на моќ, останете луди
Изгубени во ќелијата, во овој пекол
Роб на ритамот на корпоративниот затвор.
Здравството има вулнерибилна структура и тоа веќе се гледа на очиглед на целата
јавност. Своевремено додека работев во новинарството до 2010 г. во таа година
веќе се појавуваа првите рогчиња кои навестуваа дека Здравството во Македонија
почнува да пука но, јас ниту пак моите професори, не верувавме дека можеме да се
доведеме до оваа ситуација на лудило. Имено, клиниката за Онкологија за првпат доби
рогчиња токму во 2009/2010г бидејќи уште во тоа време почнаа игрите на алчност и
моќ а денес само гледаме последици од тој континуитет од 15 години. Сосема доволно
време рогчињата да пораснат во големи рогови како на Тексашки говеда. И ништо
подолу не се ниту останатите клиники во истиот клинички центар, барем така дознаваме од информациите кои се објавуваат во медиумите со слична содржина како  последната со Клиниката за Токсикологија.

Тексашко говедо со најголеми рогови во свет, фото 4 Евер Грин

Не навлегувам во никакви медицински примери со пациенти бидејќи сметам дека
стручноста на професорите и докторите кај многумина е на високо ниво иако и во
тој дел има многу исклучоци, доктори кои поставуваат тотално погрешни дијагнози.
Пандемијата со Ковид 19 е приказна сама за себе во смисла како нашите исклучоци од
доктори и специјалисти ги дијагностицираа и лекуваа заболените пациенти, ѓоа со
модерни начини а всушност сега се појавуваат грозоморни информации поткрепени
со докази за тоа што всушност навистина се случувало и кои се причините-игра со
пари.                                                                                                                                    Препишувањето на лекот Ивермектин за паразити во дигестивниот тракт е само
еден од примерите. Колку мене ми е познато по предметот Микробиологија
студентите можеа да паднат на испит доколку кажат дека за причинител на вирусни
инфекции се препишува антипаразитарен лек. Бидејќи сите вируси, бактерии и
паразити спаѓаат во иста група како микроорганизми но меѓусебно многу се
разликуваат. Па затоа и борбата против нив не е иста, не може со истите лекови! Ама
ете, некои наши доктори го промовираа на големо токму овој лек Ивермектин во
борба против Корона вирусот Ковид19.
И бидејќи во време на Ковид19 често се движев во клиничкиот центар ,,Мајка Тереза“
имав намера доколку некако случајно се сретнам со овие професори специјалисти и
доктори по општа медицина, сакав само едно да ги прашам ,,како е можно
антипаразитарен лек да лекува пациенти заболени од Корона вирусот Ковид19? Ама
за жал немав таква среќа ниту еден од нив да сретнам.

Медицината е скапа наука и потребно е постојано финансиско вложување инаку, еве,
тоа се последиците што ги гледаме. Ако докторот нема услови за работа тогаш за што
зборуваме? Здравствениот систем е еден од столбовите на Македонија и ако
навистина целта е да се сруши тотално бидете сигурни дека дури тогаш ќе станеме
како некои Афрички држави каде лекарски прегледи и лековите се издаваат и
администрираат на некоја ливада, поле, улица, тротоар… На било која локација само
не во здравствена установа.

Медицински протести во Сеул со порака „Ние не сме криминалци“, 26 февр. 2024; фото Тхе Сун

Што е тоа револуција?
Таа никако не е шарена или моноколоритна, не е ниту финансиска благодет ниту пак
правна рамнотежа во која со превез преку очите правично се одлучува. Не е ниту убаво и пријатно ветерче кое го милува нашето лице ниту пак пријатна музика за нашите уши.
Револуцијата е точка од која повеќе не се продолжува по иста линија. Револуцијата е
ментален стадиум во кој секој од нас може да донесе сопствена одлука после многу
искуства во неговата околина позитивни и негативни и точка од која нема повеќе враќање. Револуцијата е свест со која ништо повеќе не може да ве натера да се предомислите.
И затоа лично сметам дека во нашето здравство после толку негативни и позитивни
искушенија од непосредна околина конечно е време сите доктори по Медицина да
сфатат дека не постојат никакви шарени понуди кои ќе ја променат нивната свест за
професионално работење во било која област во Медицината.
Автор
Игор Манев
23 април 2024