Потеклото на кит тестовите кои се увезуваат во Македонија се исто така мистерија. Во докторските кругови кружи една информација дека тие се увезуваат од Италија
Лажно позитивен
(трет дел)
Изведувањето на физичка активност во време на тековнава Пандемија навистина стана предизвик со оглед на тоа дека постојано се апелира на почитување на превентивни мерки од кои најчести се дистанца, носење маска, редовно миење раце, избегнување гужва и подолг престој во затворени простории. И токму поради овие препораки, на епидемиолозите во Македонија, беа затворени сите indoor фитнес клубови и беа одложени огромен број на спортски натпревари со цел да се спречи ширењето на корона вирусот Ковид19, сарс2. Но, што се однесува до локации надвор/outdoor препораките од епидемиолозите беа многу штури. И затоа многумина се прашуваа како да се изведуваат физички активности и спорт на отворени места а притоа да се запазат мерките за превенција од Ковид19?
Минатата година во 2020 јас лично одлучив моите физички активности да ги изведувам со трчање најчесто покрај кејот на Вардар и стазата во Хиподром а поретко покрај булеварот во населба Ченто. Предноста на овие локации е во тоа што има долги километарски рамни асфалтирани патеки кои се одлични, во смисла дека нема мали дупки на кои треба постојано да се внимава додека се трча.
Моите лични физички перформанси беа 1-1.5км трчање а со одење стигнував до 4-5км еднаш во текот на една седмица. И така еден ден во Октомври 2020г решив да трчам покрај булеварот Александар Македонски па, затоа со себе земав мобилен со вклучена апликација за мерење дистанца, спортска опрема и вода. Се чувствував одлично и немав никакви здравствени проблеми но, само што почнав да трчам и веќе во првите стотина метри почувствував недостаток на воздух-Диспнеа. Помислив дека можеби треба малку да се загреам и затоа продолжив со одење 500м али чувството за недостиг на воздух не се намали баш толку колку што очекував. Не обрнав внимание на овие симптоми и затоа по 500м одење почнав повторно да трчам и повторно немав доволно здив за да трчам повеќе од 400 метри. Овој пат почувствував и стегање во ребрата под пазувите и во долниот страничен дел од ребрата, што анатомски одговара на малите бронхии односно бронхиоли.
Стегањето во моите ребра и благата болка во оваа регија не ми беа толку важни но тоа што не можев да вдишам доволно воздух колку што ми е потребно, ех тоа, малку ме замисли. И додека си поставував прашања себе си зошто ми се случува ова, дали можеби јадев нешто што е расипана храна или дали можеби сум дехидриран, одненадеж ми текна за симптомите на Ковид19. Не сум имал претходно такви чудни болки во ребрата.
Имено, овој корона вирус има афинитет токму на цилиндричните клетки од трахеа, бронх и бронхиоли кои се дел од долниот респираторен систем. Затоа почнаа да ми се врткаат разни црни облаци во моите мисли а по споредбата дека претходно без напор истрчував 1.5км а сега ниту 500м решив да прекинам и да си одам дома.
Сега веќе во домашни услови. Во седечка положба гледав телевизија релаксирано и малку навален но и покрај тоа, недостатокот на воздух не исчезна потполно. Можев да дишам но и понатаму чувствував стегање во страничниот дел од ребрата и под пазуви. Четири саати по трчањето а јас сеуште бев со такви благи симптоми и никако да исчезнат. Некаде околу полноќ донесов одлука дека ако до утре, задутре не ми поминат симптомиве тогаш ќе одам на ПСР испитување за да проверам дали имам Корона вирус?
Бели дробови и Корона вирус, извор: Гети имиџ, фотошоп: Игор Манев
Првата ноќ спиев нормално како и секоја претходна а следниот ден се чувстував подобро но стегањето во ребрата и недостатокот на воздух сеуште беа присутни. Утрото пред доручек си измерив температура и таа беше 37С што беше доказ дека мојот имун систем веќе беше во борба со некој микроорганизам а претпоставував дека е вирус.
Не сакав да пијам антипиретици и антивирусни лекови затоа што чекав да видам како мојот организам ќе се избори за мене. Антибиотици ми беа како резервна варијанта за одбрана од супер инфекција во случај да развијам воспаление бронхитис или ,,не дај Боже“ Пневмонија.
Мислите ми работеа 300 на саат и размислував на многу работи во насока на зачувување на моето здравје но сепак, една од најчестите мисли ми беше да отидам во Институт за Јавно здравје и таму да се проверам со ПСР за да видам дали имам Корона вирус?
Чекав до четвртиот ден и притоа секој ден внимателно ги следев моите симптоми и заклучив дека недостатокот на воздух всушност не беше Диспнеа иако првично така си проценив. За среќа тие потполно ми исчезнаа токму во четвртиот ден но сомнежот дали беше Корона или некој друг сезонски вирус продолжи да ме копка и во деновите кои следуваа. Отгогаш почнав поинтензивно да сурфам по интернет за да дознаам што е можно повеќе за овој вирус.
Имено, Корона вирус (lat. Corona = круна) под микроскоп изгледа како круна и затоа го добил името Корона. Припаѓа на редот Нидовируси Nidoviridae во кој се наоѓа цела фамилија на Корона вируси. Во оваа Корона фамилија има 4 типови/соеви и тоа алфа, бета, гама и делта тип. Само во алфа и бета има 7 вируси кои ја напаѓаат хуманата популација и затоа се обележуваат како HCoV - human corona virus. Гама и делта типови на Корона вируси ги напаѓаат животните!
Во алфа тип се наоѓаат HCoV-229E за кој е карактеристично дека се јавува со помали симптоми и обично напаѓа имунокомпромитирани лица, постари лица. Но вирусот на кој сакам да дадам акцент е HCoV-NL63 кој е вториот најчесто распространет од сите хумани Корона вируси. Се шири низ популацијата во целиот свет. Ознаката NL всушност значи Nederland затоа што е откриен во лабораторија во Холандија во 2003г.
Симптомите за настинка се: назална конгестија-затнат нос, ринореа-течење од нос и кивање. Интересно е да се спомене дека многу луѓе во Македонија кои го прележаа вирусот даваа изјави на телевизија, емисијата Јади Бурек, опишувајќи симптоми со затнат нос како бетон или затнат нос како зацементиран па, дури и со губење на чувството за мирис. И токму преку изјавите на Македонските граѓани може да се заклучи дека тие всушност прележале Холандски вирус а не Ковид19, сарс2.
Како е можно да се биде Корона ПЦР позитивен со симптоми на Холандски вирус?
Понатаму, симптоми на HCoV-NL63 кои се јавуваат поради раширеност на вирусот во клетките на ГИТ-гастроинтестинален тракт се: нагони за повраќање, повраќање и диареја.
И манифестните симптоми доколку се прошири вирусот надолу на долно респираторни патишта се: Бронхитис, Пневмонија, АЕХОББ – акутна егзацербација на хронично обструктивно белодробно заболување. Мора да се спомне дека во голем ризик за оваа влошена здравствена состојба, која се манифестира со спутум, кашлица и диспнеа – недостаток на воздух, се постарата и помладата популација како и имунокомпромитирани лица.
Ред и типови/соеви на Корона вируси HCoV ЈЈМедицина.
Дека Холандскиот вирус може да биде многу опасен покажува и една Белгиска студија објавена во Лансет. Се работи за ,,Мониторинг на хумани корона вируси во Белгија примарна заштита и болници, 2015-20г.“, една набљудувачка студија во која учествувале Natalie Fischer, Nicolas Dauby, Nathalie Bossuyt, Marijke Reynders, Michèle Gérard, Patrick Lacor, Siel Daelemans, Bénédicte Lissoir, Xavier Holemans, Koen Magerman, Door Jouck, Marc Bourgeois, Bénédicte Delaere, Sophie Quoilin, Steven Van Gucht, Isabelle Thomas,
Cyril Barbezange*, Lorenzo Subissi*.
И продолжува ,,Имавме за цел да ја разјасниме епидемиологијата и тежината на сезонските болести HCoV NL63, 229E и OC43 кај пациенти во примарна заштита-амбуланти и болници во Белгија во период од 2015-2020г.“
„Кај пациенти со акутна респираторна болест со симптоми во претходните 10 денови, со измерена температура или пријавена треска од 38С или повеќе, кашлица или диспнеа. И кај пациенти прифатени во болница најмалку една ноќ.“
„3168 примероци од примарна заштита и 8931 примероци од пациенти прифатени во болница беа поднесени во Националниот Инфлуенца Центар во Белгија, за време на зимската сезона декември/април од 2015-2016 и така до 2019-2020 година.“
“NL63 инфекции останаа слични од година во година за 5 сезони додека 229E и OC43 покажаа зголемување на инциденца во зимските сезони од 2016-2017 и 2018-19г. “
„Респираторните примероци од земениот материјал биле детално тестирани и анализирани, пример и проба секвенци и ПЦР состојби за присуство на респираторни вируси. Сите резултати биле детално опишани од Белгискиот Национален Инфлуенца Центар.“
Инциденца, компликации и смрт од HCoV вируси меѓу кои и Холандскиот вирус NL63, извор: Лансет
Од графиконите може да се забележи дека има и смртни случаи 3.1% кои биле најчесто како последица на компликации кај пациенти кои веќе имале хронични заболувања. Сите пациенти биле тестирани со ПЦР=PCR polymerase chain reaction со употреба на соодветни кит тестови за препознавање на овие три HCoV вируси. Во спротивно ако нема кит тестови тогаш вирусот не може да се детектира. Значи за детектирање на Корона вирусот Ковид19 САРС2 мора да постои соодветен кит тест за да може пациентот да се регистрира како позитивен или негативен.
Состојбата со вирусната пандемија предизвика многу социјални и медицински потреси во Америка. Од тие причини медицинските лица биле под силен притисок од јавноста од почетокот на Јануари 2020 година. Но некои научници беа желни да вратат и да притиснат во обратна насока и затоа претставници на Јавно здравје од УСА изразиле сомневање кон ЦКБ-CDC (центар за контрола на болести) за нивниот одговор кон вирусот Ковид19 САРС2 дека не биле доволно брзи и загрижени. Од тие причини Американските научници испратиле циркуларен е-мејл ланец со наслов „Црвена зoрa“ до е-мејл адресите на политичките соработници на претседателот Доналд Трамп. Во тие ,,Црвена зора“ е-мејлови имало многу предупредувања и препораки од експерти кои учествувале во време на пандемискиот одговор. Но и покрај тоа, политичарите не успеале да препознаат дека е-мејлите всушност биле лекцијата што требале да ја научат.
Циркуларни е-мејлови и е-мејл до г-н Скот Бејкер
ЦКБ направиле тестови кои функционирале во нивните лаборатории. И во многу кратко време овие тестови стигнале во Вашингтон со авион на 20 јануари а од тука тест китовите биле пренесени до јавните лаборатории ширум УСА. Критиката од експертите била дека ЦКБ не може да ги дели тестовите сè додека не добијат авторизација за тоа. Но од ЦКБ сметале дека нема потреба да се работи по стари начини и да се чека една година туку може да се направи по скратена постапка и затоа во ФДА издале документ до ЦКБ за авторизација на 4 февруари 2020г. А веќе од следниот ден илјадници кит тестови биле испратени до лабораториите низ цела УСА, еден тест кит покривал 800 пациенти.
Лабораториите почнале да ги отвораат добиените кутии со кит тестовите но веќе од 8 февруари почнале да стигнуваат е-мејл пораки до шефот на Асоцијација на лаборатории на Јавно здравје г-н Скот Бејкер (Scott Becker CEO chief Executive Officer Association of Public Health Labs.) Имено, 90% од сите лаборатории во УСА пријавиле проблем со N3 компонентата од кит тестовите за Ковид19, САРС2. Компонентите N1 и N2 заедно биле дизајнирани да го детектираат вирусот но N3 компонентата ги детектирала сите 7 вируси од фамилијата Корона.
Со други зборови, третата компонента била контаминација на првите две и затоа кит тестовите почнале да регистрираат огромна бројка на заразени Американци од Ковид19 затоа што во комбинација на сите три компоненти N1, N2, N3 тестовите ги регистрирале сите седум Корона вируси од типот алфа и бета. По оваа информација изјавата за јавност на шефот на лабораториите Скот Бејкер била: „Oh my God, this is а nightmare = Ох Господи ова е ноќен кошмар.“
Кит тестовите се произведувале во Германска лабораторија но дистрибуцијата низ целиот свет ја правела СЗО. Но, и покрај фактот дека грешката била пронајдена и можела лесно да се корегира во смисла дека требало само третата компонента да се отстрани сепак, ФДА дигнале кочница и не дозволиле промена во протоколот за употреба на кит тестови во референтните лаборатории. И така Американците ширум Америка добивале лажни Ковид19 резултати а со тоа и статистичките податоци биле со многу високи бројки кои рапидно растеле, особено во Њујорк.
Лабораториска фореза и N3 компонента од тест кит за сите Корона вируси
Ако се земе ова неверојатно и несекојдневно искуство со Америте тогаш се поставува прашање како стојат работите кај нас во Македонија? Веќе имавме неколку изјави на медицински лица вработени во референтните лаборатории кои велеа дека се случува често еден ист пациент во првото испитување да бил Ковид19 позитивен но, со повторно испитување тестот покажал Ковид19 негативен резултат. Овие изјави може да навестуваат само едно а тоа е дека N3 компонентата ги прави сите проблеми со бројот на заболени во Македонија бидејќи таа ги регистрира сите Корона вируси. Тоа значи дека ако некој е заболен од Холандскиот Корона вирус NL63 и се тестира во лабораторија тогаш N3 компонента ќе покаже дека е позитивен на Ковид19 САРС2 затоа што во комбинација се употребуваат уште две компоненти N1 и N2. Резултатите ќе бидат дека пациентот е заболен од Ковид19 САРС2 а тоа е лажно позитивен резултат и ова е најверојатната причина зошто во Македонија имаме огромен, мега број на лажно дијагностицирани пациенти заболени од Ковид19, САРС2 вирусот.
Затоа сите кохортни студии на нашите Македонски епидемиолози паѓаат во вода затоа што со лажни резултати се добиваат лажни бројки, Македонски ноќен кошмар, за вкупниот број на заболени од Ковид19, САРС2. Првиот епидемиолог во Македонија во една прилика за ТВ изјави дека во нивно време кога тие студирале Медицина немало Корона вирус Ковид19, САРС2. Овој спец. Епидемиолог беше во право но, затоа не треба да се занемаруваат останатите 6 Кооооорона вируси од типот на алфа и бета. Како дополнување би сакал да истакнам дека приватните лаборатории во рамките на болниците исто така се вклучени во тестирање на Ковид19, САРС2 вирусот. А тие се толку „инвентивни“ што нудат т.н. фамилијарни пакети за сите членови по цена од 2000ден. Затоа што поединчено е 2500ден. Само Господ знае какви резултати се добиваат во приватните лаборатории и колку компоненти употребуваат со кит тестовите. Иако во тестирањето се вклучени молекуларни биолози сепак, тие не можат да гарантираат за квалитетот на кит тестовите затоа што не учествуваат во нивното производство.
Потеклото на кит тестовите кои се увезуваат во Македонија се исто така мистерија. Во докторските кругови кружи една информација дека тие се увезуваат од Италија, од истата држава од која се извезуваа брисеви-swabs за Америка. Во секој случај би требало да се провери во Биро за јавни набавки или при министерство за Здравство/транспарентност/јавни набавки и да се потврди потеклото на кит тестовите.
Сите овие комбинаторики и манипулации треба да се разјаснат бидејќи веќе имаме нова најава за Делта сојот на Корона вирус. Овој тип/сој до 2020 година беше запишан како вирус кој ги напаѓа само животните но, очигледно дека се случила некаква мутација и пренос од животно на човек. Доколку Делта сојот навистина се пренел и одомаќинил кај човекот тогаш тој ќе биде осмиот 8 Корона вирус кој ја напаѓа хуманата популација. Затоа ако не знаеме со какви кит тестови се тестира целата популација во Македонија за Ковид19 тогаш уште помалку ќе знаеме како ќе се тестираме за вирусот од Делта сојот/типот.
Автор
Игор Манев
дата: 31 август 2021
Игор Манев
дата: 31 август 2021