Д-р Рик Брајт (БАРДА) : „Немаше научна причина за да се форсира било кој од овие лекови. Причината зошто ги форсираа беше затоа што претседателот тврдел дека тие се чудотворни лекови. “
Веднаш по прес конференцијата д-р Рик Брајт бил експресно сменет од неговата политичка функција.
Медицинска инфодемија (2 дел)
Со оглед на тоа дека овој лек се употребувал во третманот на пациенти, заболени од Ковид19 во болнички услови, истовремено тамошните специјалисти будно ги следеле состојбите за ефектите на лековите и пишувале медицински рапорти и рандом студии.
Во еден преглед на студија, Ди Кастелново и неговите колеги, се вели дека најголемиот дел од високо квалитетни докази кажуваат дека Хидроксихлорокин бил употребен како третман на пациенти со Ковид19 во профилакса пред и по изложеност на вирусот. А резултатите се дека нема бенефит во намалување на смртноста туку напротив, има рапорти за токсичност со која предизвикува Кардијална аритмија која го пролонгира QT интервалот на ЕКГ а неколку рапорти велат дека со тоа се зголемува ризикот за смрт. (Лансет)
ЕКГ PQRST интервал, фото: Игор Манев
Друг преглед на студија која била објавена пред 25 Јуни 2020, Фајолет и неговите колеги, каде Хидроксихлорокин бил употребен во третман кај пациенти кои биле хоспитализирани со дневна доза од 333-945мг покажува дека нема никаков бенефит во намалување на смртноста со употреба само на Хидроксихлорокин. А во комбинација со Азитромицин имало очигледни штети. Фајолет и неговите колеги направиле и подгрупа на анализа на студиите со дози над 500мг каде исто така дошле до заклучок дека нема никаков бенефит со употреба на овие лекови. (Лансет)
Која е оригиналната цел на овој лек Хидроксихлорокин и зошто е произведен? Одговорот е јасен, Хидроксихлорокин е антималаричен лек и тоа била неговата причина за производство и апликација кај заболени од Маларија.
Можам да разберам доколку тој се применува во Јапонија, островска држава, затоа што редовно имаат заболени од Маларија. Имено, веднаш по втората св. Војна повеќе од 10.000 случаи годишно биле регистрирани во Јапонија, вклучувајќи ги и тие кои биле импортирани. А во последните 10 години се забележуваат 100-150 случаи годишно на акутна Маларија импортирани или преку трансмисија со трансфузија. Пик возраст е 20 години а од вкупниот број 45% биле пациенти со Plazmodium falciparum и 45% Plasmodium vivax што претставува полесна варијанта.
Пренесувањето на човек оди така што најпрвин комарецот, кој го носи паразитот, го внесува во човечката циркулација со каснување и внесените паразити прво стигнуваат до црн дроб во кој се размножуваат а од тука продолжуваат кон Еритроцитите. Во црвените крвни клетки се размножуваат како ќерки паразити - Мерозоити а потоа со целосна деструкција на Еритроцитот излегуваат во поголем број и ги напаѓаат останатите Еритроцити. Мерозоитите мораат да се закачат за рецепторите на мембраната на Ер за да навлезат во неговата внатрешност.
Хидроксихлорокин (кин) во својот хемиски состав има Кинин кој е природна состојка од дрво и се употребува како природен лек кај заболени од Маларија во подрачја каде има женски Комарци Anopheles кои го пренесуваат паразитот Плазмодиум. Најчесто во Африка и Азија.
Од тие причини е направена студија кај глувци за да се спореди ефикасноста на Кинин в.с. Хлорокин. Во Април 2012 (НИХуса) ги објавиле резултатите на заразени глувци со Plasmodium Berghei во кои може да се прочита дека кај Хлорокин третирана група на машки глувци, по инекција, паразитемијата била редуцирана постепено. На 4-от ден по последниот третман паразитемијата била ,,нула“ и така било до 7-от ден. Што се однесува до смртноста на глувците, на 10-от ден околу 58.33% од глувците преживеале со потполно оздравување а така било до 28-от ден. Во оваа група немало ниту еден случај со Орхитис, воспаление на Епидидимис на Тестиси.
Во втората група машки глувци третирани само со Кинин во 10-14 ден смртноста била 91.7% и многу случаи со Орхитис.
Оваа студија јасно покажува дека Хлорокинот има подобри лековити ефекти во третман на заболени машки глувци од паразитот Plasmodium Berghei предизвикувач на Маларија. Ако е веќе јасно дека овој лек делува против паразити а не против вируси тогаш се поставува прашањето, зошто се форсираше Хидроксихлорокин во Македонија за лекување на Ковид19?
Дрво Синкона за Кинин фото: кидс Британика; Мерозоити влегуваат во Еритроцит фото: Малариасајт
Вториот лек, кој се популаризираше во Македонските национални телевизии, за лекување на Ковид19, беше Азитромицин. Антибиотик во група на Макролиди заедно со Еритромицин Ц14 и Рокситромицин Ц14, Јозамицин Ц16, Спирамицин Ц16…
Разликата меѓу овие е во бројот на Ц атоми во нивниот голем Лактонски прстен. И затоа Азитромицин е означен како Ц15 (C15Azythromicyn)
Макролидите делуваат бактериостатски на грам позитивни бактерии на тој начин што прават инхибиција на транслација mRNA во Рибозоми во бактеријата а тоа значи дека не може да се синтетизираат нови аминокиселини за создавање протеини потребни за истата бактерија.
Макролидите имаат висока перфузија во телесни течности и ткива а такви лекови се Еритромицин и Рокситромицин. Што не е случај со Азитромицин Ц15. Од тие причини Азитромицин Ц15 не се аплицира кај тешки инфекции на долни респираторни патишта, тежок бронхит и Пневмонија. Затоа што не може да дифундира доволно, не може да стигне во поголема концентрација во овие органи. Азитромицин исто така не дифундира во задоволителна концентрација во Цереброспинална течност - Ликвор и нервно ткиво. Азитромицин има добри лековити ефекти кај Ангина и инфекции на уринарни патишта од грам позитивни бактерии во случај на алергија на пеницилин.
И затоа прегледот од студиите на американските доктори, при лекување на Ковид19 пациенти во болнички услови, покажува дека Азитромицин Ц15 не само што нема ефект во намалување на смртноста туку има негативен токсичен ефект на срцето а на ЕКГ покажува пролонгиран QT интервал.
Тврдењата дека Хидроксихлорокин и Азитромицин се ефектни при лекување на болни од Ковид19 се дезинформации.
Макро Лактонски прстен на Азитромицин фото: Yikrazuul; Азитромицин таблети фото: Викимедиакомонс;
Ваквиот пристап во лекувањето на болните од Ковид19, со употреба на лекови кои немаат никаков ефект и прават повеќе штета отколку корист, ме потсети на еден вистински настан кој се случи пред повеќе од 15 години додека работев во Телма како водител на едукативна емисија за медицина ,,Семеен лекар“.
Во телефонски разговор со еден професор на Медицински факултет бев поканет да се видиме во неговата канцеларија во Клиника за белодробни заболувања. Не ми кажа за што точно сака да разговараме па, затоа јас си претпоставив дека сака да учествува во мојата емисија. Следниот ден го посетив професорот во клиниката и по краток вовед тој ми објасни една ситуација што беше големо изненадување за мене.
Имено, професорот ми кажа дека во нивната клиника лежат пациенти со тешки белодробни заболувања и сите тие имаат воспалителни реакции кои ги третираат со антибиотици или други лекови. Но во изминатите 10 денови тој и неговите колеги приметиле дека и покрај третманот со антибиотици сепак, немало никакво подобрување во здравствената состојба на пациентите кои лежат на клиниката за белодробни болести. Професорот и неговите колеги подоцна дознале дека причината за неуспешниот третман биле лековите кои немале активни супстанции. А тоа се состојки кои треба да имаат антибактериски својства доколку се работи за бактерии кои предизвикуваат воспалителни реакции во белите дробови.
Можете ли да си замислите таква ситуација? Во државната болница каде лежеле тешко болни пациенти им биле давани лекови кои немаат никаков лековит ефект. Згора на тоа лековите биле внесени, со пикап возило од фармацевстска компанија во Скопје, во самата клиника а професорот и останатите вработени, без нивно претходно знаење, препишувале терапија токму со тие лекови кои немаат никаква активна супстанција. Од таа причина времето на лекување на пациентите се зголемило за период подолго од 10 денови а кај некои од нив дури имало влошена здравствена состојба.
Со оглед на тоа дека не се работи за пациенти на кои им бил даван Плацебо, туку редовна болничка антибиотска терапија, заклучокот бил дека нешто не е во ред со лековите и затоа овој професор бараше од мене јас да ја објавам таа информација на телевизија. Професорот не сакаше да даде изјава на тв туку сакаше да остане анонимен.
Веста ја пренесов истиот ден на новинари во информативната редакција на Телма но, тие се сомневаа во вистинитоста затоа што јас не им дадов никакви докази а ниту пак професорот ми даде било каков евидентен документ. Никој од Телма не ја објави оваа информација и ниту пак знаев дали новинарите понатаму истражувале нешто за да дознаат повеќе.
Еден месец подоцна МВР организираше акција за апсење на неколку вработени професори и доктори од државна болница, денес позната како ,,Мајка Тереза“ Клинички центар. Веста беше помпезно следена од сите национални телевизии а меѓу уапсените беше токму тој професор кој мене ми ја пренесе информацијата дека на клиниката за белодробни заболувања се даваат лекови без активна супстанција. Кои беа вистинските актери во тој медицински криминал навистина до денешен ден не е сосема јасно. Изминаа повеќе од 15 години а јас сеуште не сум имал можност да се видам со истиот професор. Дали беше местенка или не? Но факт е дека сите информации во јавноста се пласираа преку истиот триаголник МВР, националните телевизии и судството.
Ремдесивир антивирусен лек за третман на болни од Ковид19
Со оглед на тоа дека се работи за РНК вирус Ковид19, најновите медицински извештаи покажуваат одлични резултати при лекувањето на оваа болест со антивирусен лек Ремдесивир.
Извештајот од Ноември 2020 (ЊИЏМ) покажува дека по метод на случаен избор биле одбрани пациенти кои биле хоспитализирани со Ковид19 и имале доказ за инфекција на долни респираторни патишта. Интравенозно им бил даван Ремдесивир 200мг во првиот ден а до 9-от ден по 100мг дневно.
Од вкупно 1062 пациенти 541 примиле Ремдесивир а 521 Плацебо. Резултатите се дека тие што примиле Ремдесивир имале средно време на опоравување од 95% за 10 дена. Додека тие што примиле Плацебо имале 95% за 15 денови.
Проценката е дека морталитетот бил 6.7% со Ремдесивир и 11.9% со Плацебо на 15-от ден а понатаму, 11.4% со Ремдесивир и 15.2% со Плацебо на 29-от ден.
Сериозни споредни ефекти се пријавени кај 131 од 532 пациенти со Ремдесивир (24%) и кај 163 од 516 пациенти со Плацебо (31.6%)
Заклучокот е дека Ремдесивир бил супериорен во однос на Плацебото во скратување на времето на опоравување кај возрасни кои биле хоспитализирани со Ковид19 и имале докази за инфекција на долни респираторни патишта.
Ремдесивир е вистинска информација која се однесува на третманот кај пациенти со Ковид19 со доказ дека имале инфекција на долни репираторни патишта.
Познатата Германска телевизија DW дојче веле, пред повеќе од една година, околу Новогодишните празници 2019/20, испрати сопствен новинар во Кина и Индија. Овој новинар разговараше со специјалисти вирусолози и пренесуваше изјави од нив кои се однесуваа на Ковид19 и неговото влијание врз човечкото здравје од повеќе аспекти. На пример, еден Индиски специјалист вирусолог кажа интересна прогноза, со предупредување дека ако не се сфати сериозно појавата на овој вирус тогаш за една година (2021) светот може да се соочи со нов вирус ,,Булет“ кој може навистина да убие цела државна економија. Предвидувањето на вирусологот во доменот на економијата беше навистина чудно но, еве, денес гледаме дека се соочуваме со огромни рестрикции и lock down кои прават големи штети во МК економија а веќе се појавува и новата мутација на вирусот која се совпаѓа со предвидувањата за ,,Булет“.
Мисинформацијата чини животи. Без правилна вистинска и коректна информација може дијагностичките тестови да бидат неупотребливи, кампањите за имунизација или кампањи за промоција на ефективни вакцини нема да стигнат до нивната цел и вирусот ќе продолжи да опстојува.
Дезинформацијата ги поларизира и јавните дебати на теми кои се поврзани со Ковид19, засилувајќи го говорот на омраза, зголемувајќи го ризикот од конфликт, насилство и прекршувње на човекови права и прети долгорочно на просперитетот за напредок на демократијата, човекови права и социјална кохезија. (СЗО)
Продолжува… трет дел
автор: Игор Манев
26 Февруари 2021