Светите Кирил и Методиј
Кирил и Методиј морале често да се прашуваат, како и ние денес, како Господ би можел да донесе духовно значење надвор од световните грижи. На секоја мисија каде тие отишле, секојa борба што ја воделе била резултат на политички борби, не спиритуални, сеуште политичките борби се забораваат а нивната работа живее во Славјанските луѓе и нивната литература.
Традицијата ни кажува дека браќата Методиј и Константин (тој не го земал името Кирил непосредно до пред неговата смрт) израснале во Солун како синови на проминентна Христијанска фамилија. Затоа што многу Славјански луѓе беа населени во Солун, се смета дека Константин и Методиј биле запознати со Славјанскиот јазик. Методиј, најстариот од двајцата браќа, станал важен цивилен претставник кој би имал потреба да го знае Славјанскиот. Тој се заморил од световните работи и се повлекол во манастир. Константин станал ученик и професор познат како „Филозофот“ во Константинопол. Во 860г. Константин и Методиј заминале како мисионери во денешна Украина.
Кога Византискиот император решил да побара назначување на мисионери од Моравскиот принц Растислав, Методиј и Константин биле природниот избор, тие го знаеле јазикот, тие беа способни администратори и веќе се докажале себеси како успешни мисионери.
Но беа далеку повеќе од ова барање и одговорот отколку некоја желба за Христијанство. Растислав, како останатите од Славјанските принцови, се бореше за независност од Германското влијание и инвазија. Христијанските мисионери од Истокот, за да ги заменат мисионерите од Германија, би помогнале Растислав да ја консолидира моќта во својата сопствена држава, посебно ако тие зборувале на Славјанскиот јазик.
Константин и Методиј беа посветени кон идеалот на експресија кај луѓето на мајчин јазик. Во текот на нивните животи тие би се бореле против оние кои гледале вредност само во Грчкиот или Латинскиот. Пред тие дури и да заминат на нивна мисија, традицијата вели, Константин создал некоја скрипта за Славјаните, една скрипта која денес е позната како глаголица. Глаголицата е, според некои, како предвесник на Кирилицата која беше именувана по него.
Доаѓајќи во 863 во Моравија, Константин почнал да ја преведува литургијата во Славјанска. На Истокот, тоа било нормална процедура да се преведува литургија на народниот. Како што знаеме, на Западот обичајот бил да се употребува Грчкиот и подоцна Латинскиот, до Ватикан II. Германската хиерархија, која имаше моќ над Моравија, ги употреби овие разлики да се бори против братското влијание. Германските свештеници не сакале губење на нивната контрола и знаеле дека јазикот има голем удел во создавање на независност.
Значи кога Константин и Методиј отишле во Рим како ракоположени кандидати за да добијат Славјанско свештенство (ниту беше бискуп во тоа време), тие мораа да се соочат со критицизмот што Германците го израмнија против нив. Но ако Германците имале мотиви кои се разликувале од спируталнaта загриженост, значи имал и папата. Тој беше загрижен околу Источната црква која земаше премногу влијание во Савјанските провинции. Помагајќи им на Константин и Методиј со тоа би дал на Роман Католичката црква повеќе моќ во таа област. Значи по разговорот со браќата, папата дозволил употреба на Славјанскиот во служби и ракоположени нивни ученици.
Константин никогаш не се вратил во Моравија. Тој умрел во Рим и се претпоставува, откако ги земал монашките облеки и името Кирил на 14 Февруари 869г. Легендата ни вели дека неговиот постар брат бил погоден од жалост и најверојатно вознемирен од политичките турбуленции, со кои тој имал намера да се справи во манастир во Константинопол. Предсмртната желба на Кирил била Методиј да се врати во мисионарска работа која тие ја почнале.
Тој не можел да се врати во Моравија поради политички проблеми таму, но друг Славјански принц Косел, се распрашал за него, восхитувајќи се на братската работа за преведување толку многу текстови на Славјански. На Методиј му било дозволено од папата да продолжи да зборува на Миса и да спроведува крштевка на Славјанскиот јазик. Методиј бил конечно осветен бискуп и уште еднаш поради политиките на Косел кој знаел дека да се има Славјански бискуп би ја уништила моќта на Салзбуршката хиерархија низ неговата земја. Методиј станал бискуп на Сирмиум, едно античко море близу Белград и му се дала моќ низ Србско-Хрватската, Словенечката и Моравската територија.
Германскиот бискуп го обвинил него за повреда на нивната моќ и го затвориле во манастир. Ова траело до воените порази на Германија во Моравија. Во тоа време папата интервенирал и Методиј се вратил во неговата епархија со триумф во исто време кога Германците биле присилени да ја признаат Моравската независност. Таму била вклучена загуба а за да ги смири Германците малку, папата му рекол на Методиј дека не може повеќе да слави литургија на народниот јазик.
Во 879г. Методиј беше повикан во Рим да одговори на Германските обвинувања на кои тој не се покорил на овие ограничувања. Тоа работело против Германците бидејќи му дало на Методиј шанса да објасни колку важно било да се слави литургија на јазикот кој луѓето го разбрале. Наместо јавно да го осудат, папата му дал дозвола да го употребува Славјанскиот во Миса, во читање од Скрипта и на служба. Тој исто така го унапредил на водечка позиција, глава на хиерархијата во Моравија.
Критиката никогаш не заминала, но таа никогаш не го сопрела Методиј исто така. Се вели дека тој ја превел скоро целата Библија и делата на „Татковците на Црквата“ на Славјански, пред тој да умре на 6 Април во 884г.
Во период од 20 години по неговата смрт, би изгледало дека сите дела на Кирил и Методиј биле уништени. Унгарските инвазии ја уништиле Моравија. И без браќата да ја објаснат нивната позиција, употребата на народниот јазик во литургија бил официјално забранет. Но политиките никогаш не би можеле да преовладат над Господовата воља. Учениците на Кирил и Методиј кои беа водени надвор од Моравија не се сокриле во заклучена просторија. Инвазијата и забраната им даде шанса да одат во други Славјански земји. Братските дела на ширење на Христовиот збор и преведувањата во Славјански продолжија и ја поставија основата за Христијанството во регионот.
Тоа што почна како барање водено од политички загрижености произведе двајца од најголемите Христијански мисионери, почитувани од двете, Роман Католичката и Источно Православните цркви како и двајца од татковците на Славјанската литературна култура.
Во нивните стапки:
Кирил и Методиј верувале во важноста да се слави литургија на наш сопствен јазик, привилегија која ние ја имаме само во последните 20 години. Ако оваа промена завземеше место пред вашето време, прашајте ги постарите Католици за разликите кои завземаат место во нивното обожување заради оваа промена. Ако сте обожувале за време на промената, тоа влијаело како да се слави на народниот јазик, помогнало на вашето обожување и вашиот спиритуален живот.
Молитва:
Свети Кирил и Методиј, внимавајте на сите мисионери но посебно на тие во Славјанските земји. Помогнете на тие кои се во опасност и во проблематични места. Внимавајте на луѓето на кои им ги посветивте вашите животи исто така. Амин.
Превод Игор Манев
Датум 24 Мај 2016