Петтиот Македонски елемент без протокол
Јавниот настап е тимска работа и тоа не е обврска само на еден човек. Затоа премногу критики во медиумите можат да направат повеќе штета отколку корист.
На една широка полјана обрасната со густа трева беа поставени метални вертикални конструкции на кои пишуваше FAIR и токму тука, под натписот кој беше јавно истакнат, се наоѓаше главниот влез низ кој јас и моите двајца пријатели требаше да влеземе.
Во околината на таа ливада, лево и десно, имаше неколку разеленети дрвја а таму подалеку се гледаше погуст распоред на исти стебла, кои беа дел од локален шумски појас.
На прв поглед оваа локација со ништо не се разликуваше од Македонските панаѓури кои исто така се одржуваат на локални места во предградие на Скопје.
Но високите 10 метарски тенди оптегнати со челични сајли укажуваа дека под нивниот свод најверојатно тендите нешто сокриваат во тој волумен на воздушен простор. Во 2000г. во околината на Кливленд, Охајо, УСА се одржа Саем.
Немавме распоред на активности за тоа што ќе се случува на Саемот во Америка но знам пријателите ме уверуваа дека ќе биде интересно.
Влеговме низ главниот влез на Саемот и уште на самиот почеток можевме да видиме многу Американки убави и млади девојки кои на сите посетители, што минува покрај нив, им го ловеа нивниот поглед. И тоа не беше тешка обврска, овие атрактивни девојки како фотомодели го привлекуваа сечие внимание. Проблемот за нас беше што не знаевме каде побргу да застанеме. Насекаде имаше девојки кои делеа брошури и со убава насмевка го започнуваа разговорот со нас. Репрезентација од Американски брендови, главно производи од автомобилската индустрија, модели на автомобили и спортски додатоци.
Се движевме полека за да апсорбираме што е можно повеќе нови експонати и предмети кои се појавуваа пред нашите очи. И тоа ни причинуваше задоволство, јас се чувствував задоволен а исто така и моите Американски пријатели, сите имавме насмевка на нашите лица.
Под високите тенди се одвиваше настан кој беше несекојдневен. Иако активностите се случуваа преку ден сепак, од височина, од сводот на тендите не осветлуваа рефлектори со различни бои но доминираа сина, портокалова и жолта боја. Во тој колорит од вештачка светлина приметив, во еден десен агол, чиста бела светлина која се истакнуваше во споредба со сите други луминисценции. Некаков чуден сјај беше тоа и ме потсети на сјајот на нашите Охридски бисери.
Без размислување им предложив на пријателите да одиме во тој правец. Белата светлина всушност беше насочена кон сателитска антена која пак беше поврзана со оптички кабел неколку комјутери и лаптопи. Тоа беше Американска фирма која промовираше најнова електронска опрема и секако најбрз интернет. Една девојка веднаш ни пријде и не поздрави со ,,Хај!“ а ние исто одговоривме со поздрав ,,Хај!“. Убавата девојка не чекаше многу и веднаш почна да ни објаснува за каква компјутерска опрема се работи а потоа мене лично ми понуди да седнам пред еден лаптоп со бела боја и да отворам било каква страница на интернет. Тоа беше неверојатна технологија бидејќи страниците се отвораа во еден клик па дури и тие кои имаа многу содржина како на пример официјалниот сајт на НБА кошаркарска национална лига на Америка. Веб страниците се отвораа многу брзо, без чекање.
„Можете да испратите мејл ако сакате господине“ - ми се обрати девојката.
Јас сум од Европа, Македонија, дали може таму да испратам мејл?
, ,Да секако господине, слободно испратете мејл." - девојката
Со неколку зборови испратив поздрав од Америка до моите во Скопје. И ете, пораката со еден клик веќе со брзина на светлината беше во Македонија.
Тоа беше мојот прв мејл што во 2000г. преку сателит и оптички кабел го испратив од Америка до Македонија. Белата светлина со сјај на Охридски бисер всушност беше уметничка инсталација и претставуваше сателит преку кој се испраќаа сите пораки од Саемот-FAIR.
Се заблагодарив на девојката за нивната услуга, сервис, а потоа продолживме со пријателите понатаму. Тие веднаш ме прашаа дали сум задоволен. Дали сум задоволен? Секако дека сум задоволен, во тој момент се чувствував како да сум дел од флотата на Ентерпрајз во друштво со капетан Џејмс Кирк и Спок, од филмот Ѕвездени патеки.
Целото тоа доживување беше како научна фантастика бидејќи мојата мрежна картичка во Македонија, во истата година, беше со Dial up и брзина на интернет од 16kbit/s. Колку за споредба оптичкиот кабел пренесува податоци преку интернет со брзина на светлината.
„ОК, баш ни е драго што е така“ ми рекоа Американците а потоа ми најавија втор интересен настан кој требаше да се случи во следните 15 минути.
Пренос на интернет преку сателитска антена, фото: Ривјуз
Излеговме од просторот под тендите и се најдовме на отворено а тука силна дневна светлина ни ги затвори очните капаци, за момент додека се адаптираа нашите зеници. Тоа беше рефлекс што се случува без наша воља. Беше август и силното летно сонце биеше во Кливленд со силни ерупции кои во форма на фотони стигнуваа на земјата и ги стимулираа силно нашите ретини.
Нашата следна дестинација беше кон една комплетно алуминиумска конструкција, монтирана за да се седи и гледа било каков јавен настап. Немаше дрвени даски туку долги алуминиумски профили со иста форма на даска и сите седнавме таму, во очекување на следниот настан.
Бев фасциниран од предходното доживување и почнав да се прашувам зошто во Македонија не е така како во Америка? Изгледа толку едноставно и јасно а истовремено толку комплицирано и тешко во Македонија. Секако, размислувањата за перманентен престој во УСА исто така ми се вртеа низ моите мозочни виуги.
Слушнав некаква најава на англиски јазик а потоа пеење, женски глас. Сите станаа веднаш а јас сеуште седев.
“Стани Игор и симни ја капата - Stand up Igor and take your cap out!“- ми рекоа пријателите. Станав, но не гледав причина зошто би го правел тоа. Во истиот момент сватив дека девојката всушност ја пееше Американската химна-Anthem. Да, ја препознав Американската химна веднаш и додека стоев се завртев лево и десно околу мене за да видам што прават останатите. Имаше уште двајца на кои исто така им се сугерираше да станат. Претпоставувам дека и тие беа туристи како мене. Без разлика, туристи или не, сите стоевме простум со симнати капи и ја слушавме химната без да кажеме ниту еден збор за време на пеењето. Сите ќутевме.
Така наредени на таа алуминиумска конструкција, под линија, изгледавме како пешачки пиуни на шаховска табла. Некои од пиуните ја држеа десната рака на срце и со тоа го изразуваа нивниот длабок респект кон сопствената земја.
Моето искуство, за таков однос кон химна на сопствена земја, беше војничко имено таков однос кон Југословенската химна од нас бараа офицерите додека служев војска во ЈНА. Затоа односот кон Американската химна ми беше чуден бидејќи таму сите бевме цивили и сите присуствувавме на културен настан. Нејсе, ме воодушеви тоа што во било која ситуација кога се свири Американската химна сите стануваат, па дури и туристи. А кога химната заврши сите ракоплескавме за убавиот музички перформанс на девојката а потоа седнавме.
Пред нас имаше земјена патека, која намерно беше израмнета во должина од околу 200метри. Помислив дека ќе гледаме коњски трки но набргу се слушна најава од разглас дека ќе гледаме ,,камион влечи тежина – truck pull weight“. Камионите беа поделени во неколку категории според моќноста на нивните машини. Почнаа со категорија од 5000см3 и стигнаа дури до 15.000см3
Моторите беа толку моќни што се слушаше звук толку силен што на моменти човек да си помисли дека се наоѓа на аеродром, чиниш како да полетуваат авиони. И навистина, последниот учесник имаше вградено авионски џет мотор на сопствениот камион. Неочекувано овој камион со мотор од Боинг, патнички авион, имаше послаб звук за разлика од тие кои беа билдани со клипови.
Победникот на овој интересен натпревар беше конструкторот на камионот кој направил мотор на бензин. Второто место беше за камион со мотор на дизел.
Иако камионот со џет мотор имаше силен воздушен потисок сепак тој не успеа да повлече голема тежина од неколку тони. Заклучокот беше дека камионите кои беа билдани со клипови имаат поголема влечна моќ отколку тој камион со џет мотор од авион. Но затоа клиповите произведуваа огромна галама, бучава што сигурно имаше 100-110dB јачина на звук.
Сателит за комуникација во орбита, фото: Енгаџет
Truck pull weight - натпревар на камиони во влечење на тежина, фото: Википедија
Неколку денови пред новогодишните празници, за време на Католички Божиќ, ми се јави еден мој роднина од Прага, Чешка република и изрази желба да дојде во Скопје за да прослави Нова година заедно со нас.
Мојот роднина е машински инженер но работи во сопствено музичко студио и таму снима забавна музика за Чешки естрадни музичари. Тој исто така е дел од таа естрада бидејќи е лидер на музички бенд па и сопствената музика ја снимаат во студиото.
Покрај тоа тој организира сценски настапи на домашни и странски музички групи низ Чешка но претежно во главниот град Прага. Неговата обврска за тие музички фестивали е да направи конекција и тестирање меѓу музички инструменти и сите други музички апарати како концертни појачала, звучници, еквилајзери, миксети, микрофони за пејачи и инструменти ит.н.
Со задоволство ја прифативме неговата желба и така, еден ден пред Нова година, роднината пристигна на Скопскиот аеродром.
По пречекот отидовме дома а потоа веднаш разговор и прашања типични за една домашна македонска фамилија. Како се твоите? Што правиш ти, како си?
Обврската за прошетка на роднината, кој живее во Чешка, ја превземав јас и затоа уште истиот ден излеговме на плоштадот Македонија. На 31 декември 2017 година очекувано атмосферата беше празнична. Плоштадот беше исполнет со луѓе а наоколку можеше да се видат балони, елки, лампиони и централно поставена монтажна сцена.
Овој објект веднаш го привлече окото на мојот роднина па, се повртка 5 минути околу сцената и се врати со чудење.
Многу опасно – рече тој
Што е опасно? - го прашав
Сцената, звучниците, струјата не е направена како што треба – ми одговори роднината
Ајде објасни ми за што се работи? - јас
Игоре, сцената нема сигурносна челична сајла, нема ниту една а треба да има четири. Во случај да има посилен ветер тој ќе направи воздушен притисок под ПВЦ платното на кровот од сцената и платното ќе се однесува како балон. Што значи дека ќе ја подигне целата сцена нагоре а потоа може да се сруши врз луѓето. Затоа мора да има 4 сајли од безбедносни причини.
Меѓу луѓето, во тоа време на плоштадот, имаше повеќе деца отколку возрасни луѓе и затоа потенцијалната опасност за рушење и повреда првично се однесуваше на најмладите а потоа за сите возрасни, родители и постари лица.
„Дојди Игоре ќе ти покажам“ - ми рече и веднаш се приближивме заедно до сцената. Навистина таму немаше ниту една сајла која требаше да биде закачена за металната конструкција од сцената. А ПВЦ платното на кровот од сцената трепереше иако немаше никаков ветер, што беше доказ дека струењето на воздухот е посилно на 5 метри висина отколку на висина на луѓето.
Втората работа на која роднината ми посочи беше електричната инсталација од кабли кои беа потполно не заштитени. А се работеше за струја од 220-250 волти. Имено, сè што работеше на струја беше приклучено токму на тие кабли за струја.
Третата грешка беа звучниците кои беа поставени на висина на луѓето. Тоа беа квалитетни JBL звучници со голема јачина бидејќи беа приклучени на концертно појачало. Силниот звук беше насочен во телата на сите присутни луѓе и тоа не е добро по здравјето како за децата така и за возрасните. Звучниците требаше да бидат над главите на сите присутни на плоштад Македонија. Но тоа не беше случај!
Сцена за јавен настап, плоштад Македонија, Скопје, 31 декември 2017, фото: Игор Манев
Сега ми стана појасно, имено, Медицината има конкретни докази дека човечкото тело природно го апсорбира звукот и затоа причинува оштетување најпрвин на сетилото за слух а потоа на сите шупливи органи. Вибрациите од силниот звук делуваат штетно на кранијалниот 8-ми парен нерв а тоа е n.vestibulocochlearis.
Нервот Кохлеарис добива импулси од рецептори во Кохлеов апарат а потоа ги пренесува во продолжениот мозок medula oblongata. Импулсите се создаваат во присуство на звук но во ситуација кога има силен звук овие рецептори трајно се оштетуваат и доаѓа до привремено или трајно оштетување на слухот па дури и до глувост.
Н. Вестибуларис исто така има свои рецептори во Утрикула и Сакула – вреќичка кои меѓусебно се поврзани со полукружни каналчиња исполнети со течност. Вибрациите од силниот звук делуваат врз циркулацијата на течноста и тоа предизвикува нарушување на центарот за ремнотежа и секако паѓање. Во случај да се работи за паѓање на деца тогаш родителите никогаш не би помислиле дека причината за падот е силниот звук. Исто би било и за постари лица со потенцијална опасност за фрактура на коска.
Внатрешно уво, фото: Интернет
Бидејќи сите бевме лоцирани во близина на сцената лесно ги констатиравме истите пропусти како тие на плоштадот ,,Македонија“. Единствената разлика беше дека оваа сцена на ,,Јадран“ имаше само една сајла што е повторно недоволно. Пропустите се однесуваа и на тонот кој изобилуваше со ,,фонија“ и повеќе бучава отколку чист тон. Звукот беше толку неквалитетен што навистина за тоа не требаше никакви мерни инструменти, сите реагиравме исто. Таквиот звук само го расипуавше нашето новогодишно задоволство во траење од околу 30 минути.
Таа вечер првпат слушнав за зборот Протокол за музички сценски настап. Мојот роднина ми кажа дека во Скопје не се работи според Протокол и тоа не е добро. Неговата проценка беше професионална и никој од присутните не можеше да се спротивставува бидејќи не се разбиравме а од друга страна сè беше очигледно, се случуваше пред нашите очи и уши.
Признавам никогаш предходно не размислував на овој начин, но беше лесно да се разбере и да се сфати дека работите со организацијата за Нова година не стојат баш добро. Сцената за настап беше темпирана бомба и среќа не се случи ништо лошо.
Ноќта меѓу 31 декември и 1 Јануари 2017/18 ја планиравме на плоштадот ,,Јадран“. Во организација на општина Центар имаше музичка забава на кои присуствуваа домашни групи и пејачи.
Го игнориравме известувањето дека за таа вечер се најави аерозагадување од ПМ10 преку 120μg3. Сепак и покрај нашите најдобри желби факт беше дека на плоштад ,,Јадран“ можеше многу лесно да се види темно-црвена прашина која најдобро се забележуваше високо на рефлекторите од градските бандери. Светлината ги осветлуваше сите партикли од прашината во воздухот.
Забавата започна и полека сите се препуштивме на добриот ритам и музика во изведба на наши групи меѓу кои имаше и познати музичари за кои ние мислиме дека се квалитетни. Народот не размислува многу за квалитет на музиката туку на неговите чувства кои најлесно си ги регистрира. А тоа се субјективни чувства кои му причинуваат задоволство па, во комбинација со алкохол, пиво, вино и сендвичи многу лесно сите мисли одат во права линија.
Плоштад Јадран 31дек/1јан 2017/18, фото: Игор Манев
Некаде околу 01:00 решивме да заминеме од ,,Јадран“ за да прошетаме низ централниот дел од градот, роднината сакаше да разгледа повеќе. Новите објекти беа слични на тие во Прага и затоа Скопје многу лесно го препозна како метропола. По пат јас го прашав кој од музичарите му се допадна. Тој не објаснуваше многу, само на кратко рече:
Таа малата девојка е добра
јас – мислиш на Тамара?
Роднина – Да, Тамара
јас – што мислиш дали добро пее за локално ниво во Македонија или може и надвор
Роднина – Мислам дека може да успее само таа, останатите се аматери.
Мојот роднина имаше право! Тамара Тодевска годинава на Евровизија во Тел Авив, Израел отпеа професионално и затоа успеа да се пласира во првите 10 места.
И сега стигнуваме до последниот инцидент кој се случи за време на прославата на 4 Јули во дворот на Американската амбасада во Скопје.
Критиката во медиумите кон Тамара Тодевска и како таа ја испеала Македонската химна дигна повеќе врева од сите тие кои присуствуале на манифестацијата. Имено, не слушнавме критика од ниту еден Македонец кој во живо ја слушал Македонската химна во изведба на Тамара. Единствено, според медиумите, било извинувањето од Американската амбасада.
Од друга страна пак останува нејасно, која била улогата на организаторите и најблиските соработници на Тамара? Дали тие работеле според Протокол за јавни музички настапи или дали воопшто постои Протокол за работа од овој тип? Има ли Протокол во кој би биле наведени постапките како треба да се изведува Македонската химна?
Јавниот настап е тимска работа и тоа не е обврска само на еден човек. Затоа премногу критики во медиумите можат да направат повеќе штета отколку корист. Јас лично не познавам ниту еден уметник, од било која фела, што одлично ги познава законите или било каков Протокол за јавен настап. Не би било лошо да се испитаат причините за инцидентот во разговор со целиот тим соработници на Тамара пред да се излезе во јавност со било какви шпекулации, манипулации со партиска позадина кон граѓаните на Македонија и говор на омраза.
Тоа што имало официјално извинување од Американската амбасада не ме изненадува бидејќи од лично искуство го познавам нивниот однос кон Американската химна а кој си ја почитува сопствената не му е тешко да ги почитува химните и на други држави, во овој случај химната на Македонија.