Не можеме да седиме дома

Спротивно на овие стручни тврдења во јавноста кружат разни митови дека доколку имаме врнежи од снег или дожд тогаш нивото на аерозагадување ќе се намали, со други зборови воздухот ќе се прочисти а МАКСТИЛ и УСЈЕ можат да си продолжат со својата работа.

  Препораките на претпоставените од министерството за здравство и министерество за животна средина, меѓу другите, се граѓаните да не излегуваат и да не се задржуваат подолго време во моменти кога аерозагадувањето е над 50μg/m³. Нивните препораките се: „Граѓаните да си седат дома!“
  Точно е дека нашите домови ни нудат заштита од загадениот воздух, бидејќи живееме во простор кој не дозволува влез на отровни честички низ вратите и прозорците.
  Но сепак, во што се состои гаранцијата на овие министерства? Дали гаранцијата важи за ситуации кога аерозагадувањето надвор од нашите домови изнесува преку 666μg/m³, дали тие претпоставени можат да ни дадат писмена гаранција дека истите тие честички од кои сите се вардиме нема да навлезат преку вратите и прозорците? Или усмена гаранција пред ТВ камери, во време на високи вредности на ПМ 10 преку 666μg/m, дека сите скопјани нема да го почуствуваат непријатниот мирис во сопствените домови.
  Претпоставените не ни ја кажуваат разликата за влијание на аерозагадување во атмосферскиот воздух врз амбиенталниот воздух а тоа е дека ако има големо количество аерозагадување преку 50μg/m³ тоа сигурно ќе влијае и на амбиенталниот воздух, односно воздухот што го дишеме дома. Од ова произлегува дека препораките се паушални и не корелираат со вистинската состојба на аерозагадувањето во Скопје.
  Овие претпоставени си дозволуваат преку секоја мерка! Во однос на загадувањето на воздухот црвените граници се далеку, далеку надминати и сега, сите ние, се соочуваме со граници во црна боја. Што тоа значи?          
  Јас лично бројам седум случаи кои се директно поврзани со аерозагадувањето.                                                   
  1. Мало девојче од Велес почина од компликации како резултат на тешко аерозагадување од топилницата за олово и цинк во истиот град. Аерозагадувањето направи такви компликации врз нејзиното здравје што ниту медицински третмани во Лондон не помогнаа девојчето да се излекува. Почина на 9 годишна возраст.

  2. Неколку години подоцна нејзиниот татко почина од канцер на бели дробови. И не само тој. Имено, велешките муабети кружат и велат дека се загубени илјадници велешани затоа што умреле токму од заболувања на белите дробови. Тоа е причина што сега секоја иницијатива за повторно рестартирање на топилница Велес наидува на силен отпор меѓу тамошните граѓани. Топилницата е затворена!

  3. Пензионер околу 65г. одеднаш почувствувал недостаток на воздух и гушење. Однесен е во клинички центар ,,Мајка Тереза“ а потоа и во „Ачибадем Систина“ каде било констатирано дека во неговите бели дробови се собира течност т.н. вода во бели дробови и без покачена телесна температура. Со пункција и дренирање водата била извадена. Пензионерот се вратил дома но повторно се акумулирала вода во неговите бели дробови и затоа истата постапка била повторена неколку пати. Сега неговата здравствената состојба е стабилна но човекот живее со голема претпазливост.

  4. Пензионер исто околу 65г во младоста бил спортист и физички многу активен. Иако во години сепак, неговите навики за активен живот продолжиле. До скоро тој често си одел на прошетка во нас. Аеродром и покрај кејот на Вардар. Но, околу 20-ти декември 2016г. ги почувствувал истите симптоми на недостаток на воздух и гушење. Навечер станувал од спиење и во доцни часови морал да седи бидејќи само во таква позиција можел да земе доволно воздух.
  Следниот ден е однесен во клинички центар „Мајка Тереза“ и таму е констатирано присуство на вода во бели дробови, без покачена телесна температура. Со пункција и дренажа водата е успешно извлечена. За среќа акумулацијата на течноста не се повторила а пензионерот сеуште е на антибиотици и други лекови.                          
  5. Во разговор со пензионерка на 75г. исто така се дознаваат потешкотии со дишењето. Еве, дел од разговорот:
 
  Роднина: Надвор е многу загадено.
 
  Пензионерка: Загадено?
 
  Нели ти смета загадувањето?
 
  Кога ќе излезам на пазар и ако се задржам подолго време тогаш, чувствувам стегање во градите и печење, ме гуши. Ама не можеме да седиме постојано дома.

  6. Девојка на 45 години, околу 20 декември 2016г, одејќи на работа почуствувала силно печење на очите и солзење. По завршување на работното време на пат кон дома почуствувала благи вртоглавици и нагони за повраќање. Откако стигнала дома почнале силни главоболки и тешкотии со дишењето, поради со затнат нос, што било последица од силно изразен синуситис.
Девојката немала висока телесна температура и на своја рака си одредила терапија. Денес се чувствува одлично. Лошата здравствена состојба не се повторила.

  7. Последниот случај кој ви го изнесувам се однесува на пензионерка од околу 70 години која во месец декември пред Нова 2016 година, неколку денови се жалела на стегање во градите и недостаток на воздух. Иако најблиските и препорачале да оди на доктор сепак, таа одбила бидејќи немала телесна температура. Сметала дека е привремено и дека ќе биде во ред.
  Но нејзината здравствена состојба толку се влошила што пензионерката два дена кажувала на глас: „Се гушам, се гушам, не можам да дишам!“. Најблиските се обидувале да ѝ помогнат со лекови, витамини, Аспирин, чаеви, лесна храна и повторно со сугестија да посетат доктор.
  Ама, во амбуланта на дежурен лекар не отишле и во истиот ден таа покрај нејзините симптоми на гушење исто така почнала да кажува на глас: „Ќе умрам, ќе умрам!“. И навистина во попладневните часови нејзините предвидувања се случиле. Пензионерката почина, во првите денови на Јануари 2017г. Доктори на Брза помош констатирале присуство на вода во бели дробови и смрт.

  Првиот, вториот и седмиот случај покажуваат ситуации каде црната линија е помината. Тоа е значењето на линијата во црна боја.
  Од сите овие примери ви укажувам да обрнете внимание на три работи, а тие се:                                                    
1. месец Декември/Јануар
2. вода во бели дробови
3. без телесна температура.
  Првата работа е болеста на бели дробови Емфизем која постепено ги оштетува воздушните ќеси – алвеоли во вашите дробови, правејќи ви прогресивно да имате недостаток на здив, воздух. Емфизем е една од тешките болести колективно позната како хронична обструктивна белодробна болест или скратено ХОББ.
  При оваа болест внатрешните ѕидови на алвеолите ослабнуваат и тие пукаат, руптурираат, создавајќи еден голем простор наместо многу мали алвеоли. Кога се вдишува, оштетените алвеоли не функционираат правилно и стариот воздух останува заробен, неоставајќи место за свеж, богат со кислород воздух да навлезе во белите дробови.
  Причина за емфизем, покрај пушењето цигари и Марихуана, е секако аерозагадувањето.
Недостатокот на чист воздух и прогресивното оштетување на белите дробови доведува до ослабнување на срцевниот мускул и оштетување на залистоците.
  Кардио пулмонарниот едем е втората болест која се развива како резултат на ХОББ. Едем на бели дробови или водата во бели дробови се создава како резултат на зголемен притисок во срцето. Левата комора на срцето нема доволно сила да ја испумпа добиената крв од белите дробови и затоа притисокот се пренесува врз левата предкомора. Понатаму, од предкомората притисокот се пренесува врз капиларите и венулите а низ нивните ѕидови се пропушта течност која се собира во белите дробови. Тоа е процесот покажувајќи како преку оштетување на белите дробови и срцето се стигнува до пореметена здравствена состојба. На овој начин скопјани добиваат вода во нивните бели дробови, како резултат на токсични дози од аерозагадувањето.
  Не е случајно зошто ИЈЗ - институт за јавно здравје на нивната страница ги објави ефектите врз здравјето од аерозагадувањето низ цела Македонија. Тие потенцираат дека примарниот орган кој страда од овие токсични честички се белите дробови но всушност оштетувања претрпуваат сите човечки органи. Според нив годишно околу 1350 луѓе умираат како последица од загадување на воздухот.
  Спротивно на овие стручни тврдења во јавноста кружат разни митови дека доколку имаме врнежи од снег или дожд тогаш нивото на аерозагадување ќе се намали, со други зборови воздухот ќе се прочисти а МАКСТИЛ и УСЈЕ можат да си продолжат со својата работа.
  Да се верува во овие митови е вистинска утопија. Доказ за тоа е снимката направена во недела 29 Јануари 2017. од Камник каде можете да забележите дека насекаде има снег но и покрај тоа нивото на загаденост беше толку големо 338μg/m³ што буквално градот Скопје беше проголтан во магла, смог од аерозагадувањето. Никаде не можеше да се видат згради, куќи или било какви објекти од главниот град освен големата хала на МАКСТИЛ. Погледот од Камник ви дава чувство како да се наоѓате на некоја планина без населени места, како воопшто да не станува збор за главен град со најголем број на популација во Македонија. Следниот ден 30 Јануари аерозагадувањето имаше вредност од 518μg/m³.

Камник со поглед кон Макстил, град Скопје и нас. Ченто, фото: Игор Манев 29 јан. 2017

  Тоа што навистина се случува е во спротивност со лажните митови. Поради загадениот воздух се загадува сезонскиот снег кој ги апсорбира токсичните честички ПМ10 а потоа при топење ги таложи на почвата во Скопје и околината. Во урбани средини каде има аерозагадување не се препорачува децата да го јадат снегот. Toa e последицата од т.н. загаден снег polluted snow кој ја загадува почвата и делува токсично на луѓето а исто така на флора и фауна.

Загадување на воздухот во Гази Баба, според mojvozduh.eu

  Еден мал процент како причина за загадени снегови се вулканите кои во воздухот исфрлаат огромни количества на пепел, сепак во најголемиот број случаи загадување на снег се создава од фабрики, автомобили и oд преработка на фосилни горива. Освен згаснатиот вулкан во градот Кратово други вулкани во Македонија немаме.
  Втората работа на која ви посочувам да обрнете внимание е месец Декември/Јануар. Бидејќи од календарот на аерозагадувањето во Скопје, од фотките, можете да видите дека деновите пред 25 декември се означени со црвена боја покажувајќи високи, екстремни и токсични нивоа на загаденост. За да потоа за време на религиозниот празник Христовото раѓање, според Католици и Протестанти, нивото на аерозагадување се намали.
  Нешто слично се случи и во првите денови на месец Јануари каде до 5-ти имаше високи, екстремни и токсични нивоа на загадување а за време и по Православниот празник на Христовото раѓање нивото на аерозагадување исто така се намали.

Видео од Камник, аерозагадување во Скопје, Макстил, Игор Манев

  Може да се констатира дека некако, на непознат начин, Католичката, Протестантската и Православната МПЦ црква имаат влијание врз работењето на најголемите загадувачи во Скопје. Верувајќи дека е тоа така, тогаш се поставува прашањето зошто овие христијански цркви не го употребат сопственото влијание во сите 365 денови од годината за намалување на смртоносните дози од аерозагадувањето во Скопје?
  Не верувам дека без амин на христијанските цркви се дозволува Кракен да пустоши и да го застрашува населението ширум Македонија, кое кашла и намерно го трујат до изнемоштеност, буквално до смрт.
Големиот христијански празник на раѓањето Христово секоја година медиумски се пренесува, преку телевизиите во живо, па често можеме да го видиме присуството и на нашиот претседател г-дин Ѓорѓе Иванов најпрвин во Католичка а потоа во Православна црква. Баш би сакал да слушнам одговор, дали нашиот претседател размислува и кој е неговиот план за намалување на токсичните нивоа на аерозагадување во Скопје и на целата територија на Македонија?

  И третата работа на која ви посочувам да обрнете внимание е токму влошена здравствена состојба а без телесна температура. Имено, во случаи кога чувствувате стегање во градите, гушење, недостаток на воздух, вртоглавици, нагони за повраќање и главоболка а во исто време немате покачена телесна температура, знајте, тоа се симптоми од акутно труење преку инхалација. Труење од аерозагадувањето во Скопје.
  Покачена телесна температура се јавува секогаш кога во вашиот организам има микроорганизми како вирус, бактерија или паразит.                                                                                                                                                        
Пишува Игор Манев
Датум: 1 Февруари 2017г.