Во 4-то годишно време секогаш се очекува снег и студ
Белата боја доминира во пејсажот на Скопје, снегот ја покрива целата земна површина. Таму во дворовите и парковите се гледаат деца кои со радост легнуваат во длабокиот снег, лежејќи се насмевнуваат пред своите родители и бараат тие да ги гледаат. Со внимание возрасните погледуваат. А потоа нивните деца ги движат рацете и нозете лево-десно правејќи на тој начин вдлабнувања во снегот. Веднаш стануваат задоволни од тоа што го направиле и гледај, вдлабнувањето наликува на бела пеперутка. Задоволни се и родителите бидејќи децата го прават токму тоа што тие ги научиле.
Повозрасните луѓе поинаку ги доживуваат врнежите на снег. Некои велат:„Ќе ги уништи сите микроорганизми!“ а притоа мислејќи на сопственото здравје. Снегот има симболика на добро здравје и не случајно додека има дебела снежна покривка до тогаш вирусите и бактериите се немоќни да се размножуваат и брзо угинуваат.
Информациите од УХМР-управа за хидрометеоролошки работи дека не очекува поларен бран се покажаа како точни. Тие навистина убаво ги прочитаа предвидувањата од Јаху Време Yahoo Weather дека во периодот кој следува ќе имаме врнежи од снег и ниски температури на територија на Македонија и град Скопје.
Ако УХМР ги прочиташе предвидувањата од Јаху Време пред 6 Август немаше да имаме голема поплава во с. Стајковци, с.Арачиново и околината со човечки жртви.
Yahoo Weather app е достапна како апликација за мобилни телефони со Андроид ОС која во секое време пренесува верни информации за тековните временски услови низ целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија. Со приближна точност нуди и временски прогнози во следните 10 денови но, најточни се предвидувањата за следниот ден.
Ајде да видиме кои се предвидувањата за утре во Скопје! Yahoo weather предвидува дека во нашиот главен град во вторник температурите ќе бидат преку ден -8 Сº а преку ноќ -18 Сº, со Преципитација од само 25%. Брзината на ветерот и атмосферскиот притисок не се дадени како информации во прогнозата за вторник.
За Торонто, Канада, yahoo weather предвидува дека во Канадскиот главен град во вторник температурите ќе бидат преку ден +6 Сº а преку ноќ -4 Сº, со Преципитација од 70%.
Ајде да видиме кои се предвидувањата за утре во Малмо, Шведска! Yahoo weather предвидува дека во Шведскиот град во вторник температурите ќе бидат преку ден +2 Сº а преку ноќ +1 Сº, со Преципитација од 5%.
За утре во Москва, Русија. Yahoo weather предвидува дека во главниот Руски град во вторник температурите ќе бидат преку ден -6 Сº а преку ноќ -17 Сº, со Преципитација од 0%.
Од споредбата може да се види дека во Скопје е најладно иако сме многу поблиску до екваторот отколку Торонто, Малмо и Москва. Зошто во Канада, Шведска и Русија не се крева паника толку како во Македонија? Каде се крие стравот кај надлежните луѓе вработени во институции „ЦУК“ и „Македонија пат“?
Ајде да видиме кои се предвидувањата за утре во Анкориџ, Аласка! Yahoo weather предвидува дека во главниот град на Аласка во вторник температурите ќе бидат преку ден -6 Сº а преку ноќ -7 Сº, со Преципитација од 0%.
Значи повторно Скопје ќе биде поладен град дури и од Анкориџ, Аласка. Доказ дека поларниот бран навистина е присутен во Македонија.
Повозрасните луѓе поинаку ги доживуваат врнежите на снег. Некои велат:„Ќе ги уништи сите микроорганизми!“ а притоа мислејќи на сопственото здравје.
Временски прогнози за Вторник од Yahoo weather, читај најдолу - Tuesday
Изјавите на надлежните од „ЦУК“ и „Македонија пат“ дека проблемот со расчистувањето на патиштата низ државава оди тешко заради ниските температури и висината на снежната покривка не држи воопшто!
Бидејќи Преципитацијата на снегот во изминативе денови беше само 5%-10%, за разлика од Торонто 70%. Имено, овие проценти означуваат присуство на вода во снегот односно ако имаме врнежи од снег со висина од 20см тогаш 5% од тоа е вода. За потсетување дека во првите денови прецитипацијата во Скопје се движеше од 5%-10% кога беа првите обилни врнежи со снег.
Водата на температура од 0 Сº замрзнува и таа се претворува во тврда агрегатна состојба - мраз, што значи колку пониска преципитација толку помалку мраз. Најлошо е во Торонто со 70% преципитација, сведоци сме од снимките на интернет за т.н. смрзнат дожд - freezing rain кој со големо присуство на вода во снег паѓа и веднаш наталожува мраз врз сите објекти, автомобили, згради, електрични инсталациии …
Затоа велам дека расчистувањето на патиштата во Македонија треба да оди како песна ама тоа не е така! Одговорните луѓе во надлежните институции „ЦУК“ и „Македонија пат“ се антиталенти за музика и пеење.
Нивниот страв се крие во нивното незнаење и затоа имаат игнорантскиот однос кон тоа што треба да го сработат. Малите постигнати резултати од нивната работа им предизвикува чувство на несигурност и можност за повикување на одговорност а ако тоа се случи некој може да им ја одземе функцијата.
Затоа вината секогаш се префрла на временските непогоди, Господ или други институции кои немаат врска со нив а притоа државните функцонери си ја задржуваат сопствената позиција. И така одново, одново… Тоа се вика маѓичен круг.
За сега од медиумите слушаме изјави токму само од одговорните луѓе. ТВ прилозите се миксани со изјави од случајни минувачи, граѓани кои многу често знаат каде ќе биде снимањето на анкетата и со намера одат на иста локација за да дадат изјава. Тие се договорени со Mr. Х да дадат изјава на микрофон пред тв камера како сè е добро и како постојано се на терен и засега излегуваат на крај со предизвиците. Се мисли на политичките членови вработени во „ЦУК“ и „Македонија пат“.
Но изјавите на засегнати граѓани кои случајно се соочиле со снежните врнежи, наноси и слично, се спротивни на овие предходните. Тие велат дека ситуацијата на терен е драматична а расчистувањето со механизација не оди така успешно против предизвиците. Една од ретките изјави кои ја опишуваат реалната состојба е: „Ако вака продолжи снег да паѓа, Господ нека ни е на помош“.
Начинот на кој ТВ медиумите известуваат се повторува исто како за време на големата поплава во с.Стајковци, с.Арачиново и околината. Изјави се снимаат и пренесуваат само од политичари а изјавите на граѓаните се вистинска реткост.
До сега, не сме слушнале ниту една изјава на вработени лица во „ЦУК“ и „Македонија пат“ кои директно се на терен. Дали шофери на булдожери имаат парно во кабина? Дали имаат ракавици, капи, шалови, зимски винтјакни, панталони и чизми? Дали им се плаќа за прекувремената работа деноноќно надвор на снег и ниски температури?
Сведоци сме за уште една манипулација на релација Влада-ТВ медиуми!
Снег и мраз на улица Финска, нас. Ченто, општина Гази Баба, фото: Игор Манев 9 Јануари 2017
Министерството за здравство со закаснување од неколку денови конечно излезе со официјални препораки за работниците на отворено во кои се препорачува тие да работат во временски период од 10-16:00 часот и со пауза по 2 часа работење. Но колку треба да изнесува таа пауза, 5 минути, 10 минути, 15 минути? Тоа не се прецизира, туку само пауза! Колку време му треба на работник без зимска опрема да се загрее во топла просторија и да пие топли напитоци?
Препораките на Министерството за здравство во текот на сите временски сезони насочува само кон една дестинација а тоа е Вашиот дом.
Во текот на високите летни температури со висок индекс на УВ зраци, препораките се: „граѓаните да не излегуваат на отворено и да седат дома...“
Во текот на затемнување на сонцето-Еклипса препораките на Министерството за здравство повторно се слични: „граѓаните да не излегуваат на отворено и да седат дома...“
Во текот на сезона на грипови и вирусот на Инфлуенца изјавите на Министерот за здравство и неговите поданици се: „граѓаните да не излегуваат на отворено и да седат дома...“
И сега со задоцнување од неколку денови повторно со слична изјава која се однесува на вулнерабилни групи како хронично болни и бремени жени: „да се ослободат од работни обврски бремените жени и хронично болните лица над 60 годишна возраст.“ Со други зборови да седат дома.
Зошто би ги советувале така, зошто граѓаните да си седат дома? Одговорот е дека ако сите ние се одмораме во сопствените места на живеење тогаш сите предизвици ќе си поминат стихијно а вработените во Министерство за здравство нема да се соочуваат со предизвиците, ќе немаат ангажмани на терен. Еве, прашувам кои се ангажманите на вработените во Министерство за здравство? Освен припремата за пишани изјави пред ТВ камери.
Теренската работа константно се избегнува во Министерството за здравство а тоа што се прифаќа е канцелариско работење, разговор на телефон, принтање документи, средби по кафеани и службени патувања. Главната тајна парола на вработените во Министерството за здравство е: „Клати врата, земај плата!“
Рачно плетени волнен елек и ракавици за зима, фото: Игор Манев
Странските интернет страници се полни со опции за пребарување и купување на зимска и топла облека. Што не е случај со програмите на македонските национални телевизии.
Доколку сакате да се заштитите од ниските температури најдобриот начин е да облечете волнена облека. Старите добри плетени елечиња, чорапи, ракавици, шалови и капи секогаш се покажуваат како извонредни штитови на вашето здравје. Веднаш по облекувањето на само едно волнено елече ќе почуствувате топлина на градите а истиот електрицитет ќе го почуствувате и на рацете доколку ставите волнени ракавици.
Ако не обрнувате внимание на дизајнот на волнената облека и не сакате да купувате од продавница тогаш, сите овие зимски реквизити можете да ги нарачате од некоја бабичка која знае да плете. Тие се многу ретки но можете да ги најдете на зелените пазари како продаваат волнени работи. По нарачка овие бабички можат да ви земат мерка и сите волнени реквизити ќе ви бидат рачно сплетени во една боја, за еден до два дена.
Идеите за колоритот и шарите на плетените работи можете да ги нарачате, но волнените конци во боја треба вие да си ги купите. Така на ефтин начин ќе добиете оригинални плетени работи, само за вас, кои можете да ги носите и следната зима.
Пишува: Игор Манев
датум: 9 Јануари 2017