Како резултат на недостаток на љубов, во рамките на некое семејство, децата кои растат и се развиваат во такви услови со текот на времето остануваат емотивно неразвиени. Тие физички се развиваат и растат во возрасни луѓе но нивните морални вредности се на многу ниско ниво токму заради тоа што не почуствувале што е тоа вистинска љубов од сопствените родители. Овие „вечни деца“ во психијатријата се третираат како Нарцисисти и за тоа пишува во стручна литература во голем обем.  На тема Нарцисизам разговарав со господинот Сем Вакнин а повод за интервју беше неговата книга кој тој ја објави за читателската публика.
Во Нарцисистичкиот брак мажот Нарцисист се споредува како Лаптоп а неговата сопруга како надворешен хард диск, фото: chutterstock
  Игор Манев: Бидејќи Нарцисистот се создава во раното детство кој има поголемо влијание кај детето, доколку е машко, мајката или таткото?

  Сем Вакнин: За машко дете е мајката а за девојче е мајката но подоцна таткото.

  Игор Манев: Значи мајката е клучниот елемент?

  Сем Вакнин: Да, мајката има главна улога. Мајката е апсолутно доминанта.

  Игор Манев: Сосема нормално е да се има планови за брак, претпоставувам дека на сличен начин планираат и Нарцисистите. Како тие се справуваат во нивниот брак, релација сопруг - сопруга?

  Сем Вакнин: Нарцисистите не прават социјална разлика, тие бараат извори на Нарцисистичка достава, набавка – supply. Тоа е внимание.

  Игор Манев: Supply е внимание?

  Сем Вакнин: Тоа е Нарцисистичко внимание. Константно внимание. Внимание кое го храни егото. Вниманието му е потребно за да потврди дека Самољубието не е фалш туку е реално. На пример ако јас сум нарцисист и мојот фалш supply e дека јас сум интелигентен тогаш, ќе очекувам луѓето околу мене да ми кажат дека јас сум навистина многу интелигентен. Понатаму, јас ќе го соберам тој фидбек и ќе си речам:„Гледаш, твојот фалш supply не е фалш туку е реално.“ Си зборувам сам на себе си со фидбекот од другите луѓе. Значи овој фидбек е нарцисистички supply, односно нарцисистичка набавка – внимание. Нарцисистот е машина за собирање нарцисистичка набавка. Ако може да го собере тој supply од тебе тогаш ќе го направи тоа од тебе, ако може да го направи од нејзе тогаш, ќе го собере од нејзе. Кога се работи за брак тој/таа го прави од исти причини. Сė што прави е за нарцисистичка набавка supply и само тоа. Нарцисистот нема друга мотивација во животот освен тоа, тој е зависник.

  Игор Манев: Нема ли вистинска љубов во нивниот брак, меѓу маж и жена?

  Сем Вакнин: Нема, но постои силна зависност и приврзаност.
Малигно самољубие-Нарцисизам повторена визита
(Интервју со Сем Вакнин, втор дел 2.)
  Игор Манев: Ако Нарцисистот е во брак значи ли тоа дека жената е во инфериорна позиција во рамките на бракот?

  Сем Вакнин: Не се работи за пониска позиција туку за функција, јас тоа го нарекувам Нарцисистичка акумулација. Со други зборови жената е како дата база, банка на меморија и таа ги памети успесите на Нарцисистот. И во моменти кога Нарцисистот сака да најде supply, пробува ама не успева тогаш, жената ќе му каже:„Ти си Голем!“. Во моменти кога тој е нерасположен, депресивен оди кај жена му и вели дека е неуспешен, не е генијалец и дека таа омажила не успешен човек. Но таа му одговара:„Ти си генијалец, зарем не се сеќаваш кога имаше предавања пред 2 милиони луѓе и потоа сите ти ракоплескаа и ти велеа дека си генијалец?“ Значи таа е како банка на меморија.

  Игор Манев: Тоа изгледа како жената му да е хард диск?

  Сем Вакнин: Таа е надворешен хард диск – external hard disk. Тоа е нејзината функција да ја регулира нарцисистичката набавка. Кога нарцисистот не може да набави од други извори тогаш се вклучува сопругата, таа е стабилен начин за набавка. Како еден сателит за регулација на набавката. Има неколку критични психодинамични функции, нарцисистот очекува од неговата сопруга исполнување во замена за сите останати нарцисистички набавки supplies. Додека така функционира тој е приврзан за нејзе. Колку подолг период е тој со нејзе толку поголема меморија сопругата има за него. А колку поголема меморија има таа толку Нарцисистот е повеќе зависен од нејзе затоа што поголема е банката на меморија. Исто така, колку е подолго време тој со нејзе толку е тој поуплашен дека таа ќе го напушти. Бидејќи сопругата знае дека тој е грандиозен, генијалец но исто така и глупав, фалш, нереален и затоа е Нарцисистот толку приврзан кој нејзе. Поголем е стравот од напуштање дека сопругата ќе го напушти. Нешто слично како вештачки живот, има апарати кои ги одржуваат луѓето во живот т.н. вештачки бели дробови за дишење преку кои пациентот се одржува во живот со тие апарати. Приврзан за вештачки бели дробови но тој не ги љуби, не ги сака тие апарати.

  Игор Манев: Во вашата книга спомнувате дека Нарцисистот може да биде опасен за сопствените деца. Зошто е тоа така и од каде доаѓаа таа агресија кон нив?

  Сем Вакнин: Јас не би сметал дека Нарцисистите се опасни, туку дека се екстремно опасни!

  Игор Манев: Опасни кон сите?

  Сем Вакнин: Опасни кон сите, ќе објаснам зошто. Прво затоа што лесно мешаат фантазија со реалност, факти со живот. Затоа се патолошки лажговци ама не на начин како тоа го прават некои глупави лажговци, туку тие навистина веруваат во сопствените лаги што ги прави уште поопасни. Овие лаги влијаат на сите луѓе. И бидејќи Нарцисистите се самодеструктивни, кога тие ќе решат да се самоуништат тие ги уништуваат сите околу нив. Тоа е исто како да кажете дека нуклеарната бомба не е опасна. Атомската бомба не е опасна ако не си во близина но обратно таа е екстремно опасна. На пример ако има бизнис и вработени тогаш тој ги брка вработените, ако има сопруга тој ја напушта и ако има сопствени деца тој не плаќа алиментација за нив и така натаму. Сите се засегнати лошо. Бидејќи Нарцисистот е постојано самодеструктивен затоа акумулативниот ефект е лош.

  Игор Манев: Затоа нарцисистите се лабилни по карактер, не може да им се верува потполно бидејќи се деструктивни?

  Сем Вакнин: Лабилни се точно е а за да бидам по прецизен ќе кажам вака. Нивниот живот е поделен на два дела. Едниот дел е константен стабилен а другиот лабилен. На пример можете да најдете Нарцисисти кои имаат стабилен фамилијарен живот но од друга страна тој менува постојано работни места. Затоа еден дел е стабилен а друг лабилен, нестабилен. Или пак, втор пример каде Нарцисистот има стабилна работа има успех но од друга страна имал 6 жени. Се развел 6 пати! Значи има сегмент каде е стабилен и сегмент каде не е стабилен.
Што се однесува за децата би рекол дека на почетокот неговите деца се перфектен извор за нарцисистичка набавка supply. Децата постојано добиваат внимание од своите родители. Децата им се восхитуваат на нарцисистичките родители. Детето верува дека неговите родители не можат да направат грешка, дека постојано се во право. Значи, на почетокот неговите деца се вистински извор на нарцисистичка набавка. Перфектен начин за да се одржи самољубието но понатаму, децата имаат тенденција да пораснат а како растат така стануваат повеќе критични. Не се согласуваат и прашуваат прашања а тоа претставува контрапродуктивно за нарцисистот. Почнува да влијае на нарцисистичката набавка supply затоа што децата поставуваат непријатни прашања и се сомневаат. Од ситуација во која децата се восхитувале на родителите сега тие стануваат закана и даваат нешто што се вика негативна набавка-negative supply. 
Поделба на личноста Нарцисист, стабилен и нестабилен дел, фото: интернет
  Игор Манев: Дали познавата вистински примери каде нарцисистите го повредиле сопственото дете?

  Сем Вакнин: Го проучувам нарцисизмот 20 години и на почетокот имав во групата 200 луѓе. Денес имам 60.000 луѓе.

  Игор Манев: Спомнавте дека нарцисистите се многу амбициозни, дали сметате дека во улога на политичари тие карактеристики би биле добри за успех во водење политика?

  Сем Вакнин: Мислам дека не се подобни за политика бидејќи се самодеструктивни. Најдобар начин за тоа е Адолф Хитлер кој беше многу успешен политичар и на почетокот беше многу конструктивен. На почетокот ја подобри економијата на Германија, го изгради Аутобан системот, освои територии што порано и припаѓале на Германија, го воспостави Рајхот. Тој беше многу конструктивен и до 1938 г. тој навистина беше успешен политичар. Беше толку успешен што народот во Велика Британија велел:„Ние би сакале да имаме наш Адолф Хитлер!“. Важни луѓе како на пример Винстон Черчил.

Златна лопата, награда за Аутобан-автопат

Адолф Хитлер ја фрла првата лопата

  Игор Манев: Винстон Черчил го рекол тоа?

Сем Вакнин: Да, токму тој пред да го открие вистинското лице на Адолф Хитлер. Бидејќи навистина Хитлер до 1938 г. беше успешен интернационален политичар. Имаше луѓе, како Евреите, кои велеа дека тој ги мрази нив, дека е лош и слично. Но за германските цели тој беше успешен колку неговиот предходник Бизмарк. Нарцисистите не се успешни во ништо, тие се постојано следени од неуспех. Во ограничен временски период можеме да слушнеме нешто што се нарекува Продуктивен Нарцисизам. Како бизнис империи на Доналд Трамп, тој гради и уништува, гради и уништува. Неговата компанија отиде во банкрот 4 пати, не тој но, неговата компанија.

Виртуелна бизнис империја, фото: интернет

  Игор Манев: Затоа ли мислите дека ако Доналд Трамп победи на претседателските избори дека тој ќе ја уништи економијата на УСА?

  Сем Вакнин: Ако било кој Нарцисист ја освои позицијата на моќ тој е опасност!Нарцисистите нормално гравитираат кон професии каде се добива внимание, каде можат да добијат моќ врз народ. Затоа можете да најдете нарцисисти меѓу полицајци, можете да најдете нарцисисти меѓу доктори, свештеници. Тоа им дава внимание, ги прави центар. Како на пример доктори кои решаваат за живот и смрт. Професори, судии, свештеници, доктори, полицајци, психотерапевти и т.н. не се сите нарцисисти но во тие професии бројот на нарцисисти е многу поголем отколку во други професии и меѓу обичните граѓани. Во сите овие професии нарцисистот е зависен од внимание нешто слично како кај зависник од дрога. Целото внимание на наркоманите е свртено кон дрога. А нарцисистите се зависни од вниманието на другите луѓе кои можат да се разберат со термини од психологија на зависност. 
  Игор Манев: Зависниците од дрога имаат ниски морални вредности се случува ли тоа кај Нарцисистите?

  Сем Вакнин: Секако, зависниците во криза паѓаат на многу ниски морални вредности и затоа крадат од нивната мајка, сестра, брат од било кој роднина или пријател за да стигнат до дрога.
Потоа оштетените дознаваат и така зависниците повторно го добиваат своето внимание од тие на кои им украл нешто. Постојано е така.

(Интервјуто со Сем Вакнин продолжува…)

Пишува: Игор Манев
датум: 6 Април 2016г.