Тие физички се развиваат и растат во возрасни луѓе но нивните морални вредности се на многу ниско ниво токму заради тоа што не почуствувале што е тоа вистинска љубов од сопствените родители. Овие „вечни деца“ во психијатријата се третираат како Нарцисисти и за тоа пишува во стручна литература во голем обем.
На тема Нарцисизам разговарав со господинот Сем Вакнин а повод за интервју беше неговата книга кој тој ја објави за читателската публика.
Малигно самољубие-Нарцисизам повторена визита
(Интервју со Сем Вакнин, прв дел 1.)
Како резултат на недостаток на љубов, во рамките на некое семејство, децата кои растат и се развиваат во такви услови со текот на времето остануваат емотивно неразвиени.
Сем Вакнин во релаксирана положба
Игор Манев: Во вашата книга ,,Малигно самољубие-Нарцисизам повторена визита“ - Malignant Selflove-Narcissism revisited, пишувате дека оваа личност Нарцисист троши многу енергија и тоа е причина зошто е често заморен. Како ја троши неговата/нејзината енергија, дали е физички премногу активен?
Сем Вакнин: За да се разбере економијата на енергијата кај Нарцисизмот мораме да го разбереме најпрвин Нарцисистот. Се работи за одржување на внатрешниот баланс во форма на восхитување, внимание и одржување на било која форма на внимание а исто така и негативно внимание. Одржување на тоа внимание од надвор со цел да се подржи надуван, грандиозен, нереален, фантастичен поглед за самиот себеси. Нарцисистот е на прв поглед здрав човек но тој не се познава самиот себеси, не се познава воопшто. Тој создава приказни со фантастични настани, нешто слично на филм во кој тој е главна улога и тој знае сè, тој е перфектен, може да направи сè омнипотент. Но се разбира тоа е нереална слика за себе, нереална перцепција за себеси. Нарцисистот не е глуп повеќето од нив не се што значи дека тој знае дека е нереално тоа во што верува но за да го потврди истото овој човек мора да оди кај други луѓе и да им ја каже приказната. А другите луѓе би требало да им кажат дека тоа е реално.
Игор Манев: Дали тоа значи дека Нарцисистот постојано живее во свет на фантазија?
Сем Вакнин: Тие се постојано во светот на фантазијата но не се во делузија, не се психотични. Значи, на нив им требаат други луѓе за да им кажат дека всушност тоа не е фантазија. Всушност дека тоа е реалност. Нарцисистот проектира нешто за себе, тие се во интеракција со другите луѓе преку маска а таа маска е т.н. за себе. Понатаму, тој очекува другите луѓе да се во интеракција со неговата маска а не со него. Нарцисистот не е заинтересиран за реална интеракција, реална комуникација, блиска врска туку, за луѓето да гледаат во маската и да кажат ова не е маска.
Игор Манев: Дали Нарцисистот ја употребува маската како одбрана, дали очекуваат дека некој ќе ги повреди?
Сем Вакнин: Да, тоа е коренот на Нарцисизмот. Маската за себеси е создадена во раното детство бидејќи бил/а изложен/а на злоставување, траума или бил третиран како објект. Значи, родителот сексуално го злоставува детето, го тепа детето или го третира како објект но тоа не е класично злоставување. Класично злоставување е кога детето се користи од родителот како орудие, инструмент. Ако родителот сака неговото дете да биде голем пијанист тој тоа и му го кажува ,,ти ќе бидеш голем пијанист“ и на тој начин го злоставува детето. Или во друг пример кога родителот му вели ,,ти си генијалец и јас те сакам затоа што си генијалец“ а тоа не е вистинска љубов туку условена љубов. ,,Те сакам само кога си генијалец, те сакам само кога свириш пијано.“ Овие форми на злоставување создаваат многу болка кај детето.

Нарцисист, фото: интернет
Игор Манев: Дали е тоа сликата што родителите ја создале кај детето тоа да биде само успешно, така ли ја создале неговата маска?
Сем Вакнин: Да, преку многу форми на злоставување каде го тепаат детето постојано или пак го користат како инструмент во моменти кога му ветуваат награда, го прават да се чувствува горд или го величаат пред пријатели. Во друштво на пријатели или роднини родителите велат пред детето дека тоа свири пијано како генијалец. Во такви моменти детето се чувствува одлично, се чувствува големо, фантастично а исто така и родителите се чувствуваат одлично но, во суштина се работи за злоупотреба на детето како инструмент.
Формата на злоупотреба како објект со тепање на дете е исто како да се удира по маса, затоа што и масата е објект. Секогаш кога тоа дете се користи како објект тоа е злоставувачка ситуација. На почетокот детето едноставно се поделува - split. Тоа си вели „ова не ми се случува на мене“.

Родителите ја проектираат маската кај сопственото дете
Манев Игор: Како возрасен човек тој постојано е фокусиран да биде грандиозен, да привлекува внимание, така ли ја троши сопствената енергија и затоа ли се чувствува постојано заморен?
Сем Вакнин: Да, одржувањето на таа состојба да се биде грандиозен одзема многу енергија. Затоа што мора да им кажува на луѓето за себе, мора да се претставува во најдобро светло и мора да ги убеди луѓето дека тој е реален а не фалш. Затоа мора да ги шармира, да ги хипнотизира и да бида харизматичен. Потоа мора да земе фидбек од нив, а потоа мора да го инкорпорира тој фидбек во себе и така натаму и т.н. што значи многу работа. Одржувањето на состојбата ,,за себе“ бара многу работа а таа троши негова/нејзина енергија. Како еден вид перпетуум мобиле. Тој најпрвин мора да најде некој што ќе го убеди во неговите способности а потоа тој другиот да му каже „ти си генијалец, ти си одличен“ и така тој си создава енергија за себе. Тој е во константна потрага по некој што ќе сака да го импресионира, да го конвертира или да те приклучи кон некој култ, нешто слично како да е во политичка кампања секоја минута, секоја секунда. Затоа не може да се релаксира. Манев Игор: Кога спомнавте политика, гледам дека на Фејсбук постиравте еден критички пост за Доналд Трамп, зошто го правите тоа сега во средина на претседателската кампања на господинот Трамп?
Сем Вакнин: За да го предупредам. Го направив истото и за Обама, кога тој беше сенатор. Во Јули 2008 год. објавив есеј, анализирајќи го, во кој предупредив дека доколку победи Обама тогаш државата ќе биде тотално поделена и тој ќе се соочи на патот како диктатор. Тоа го напишав во јавност. Истата година ги предупредив луѓето дека Обама е Нарцисист и ако биде избран ќе има сериозни импликации за демократијата во Америка.

Фејсбук пост од Сем Вакнин за Доналд Трамп
Манев Игор: Не е затоа што вие сакате да привлечете негово внимание кон вас?
Сем Вакнин: Негово внимание, не! Зошто би привлекувал негово внимание? Не како внимание, сакам да го предупредам народот дека има многу тешка цена за тоа. Тоа не е нешто од кое јас имам бенефит. Тоа е нешто што ми прави многу непријатели кои ми го хакираат веб сајтот, кои ставаат лоши работи за мојата книга, кои ми претат, вклучувајќи и смртни закани. Јас не го правам тоа за задоволство или бенефит.
Манев Игор: Зборувајќи за релација Нарцисист и некоја друга личност, а посебно кога се работи за љубов, спомнувате во вашата книга Самољубие - Selflove. Што тоа значи?
Сем Вакнин: Тоа значи дека не можеш да се сакаш себеси ако не се знаеш себеси. Нарцисистот не се сака себеси бидејќи не се знае, не знае кој е тој. Има тотално нереален аспект за себе. Нарцисистот е избришано дете. Бидејќи Нарцисистот нема љубов за себе, не знае за себе и тогаш нема љубов таму. Тој има измислена перцепција за себе. Не се работи за љубов се работи за одржување. Нарцисистот е неспособен за самољубие, а кога тој е неспособен за самољубие тој не може да ги љуби ниту другите. Да се љубат другите значи да се љубиш самиот себеси најпрвин а потоа и да прифатиш дека другите те љубат таков каков што си. Прифатен си безусловно и т.н. Постои силна интеракција меѓу самољубие и љубов кон другите луѓе значи, ако не се љубиш самиот себеси тогаш не си способен ниту да ги љубиш другите.
Манев Игор: Нема интимност?
Сем Вакнин: Да така е, Нарцисистите се умешни да се приврзат за некој/а, да бидат зависни од некого. Но да се биде прикачен и да се љуби не е исто. На пример можам да кажам дека јас сум приврзан за мојата златна рипка. Но тука нема никаква љубов. Нема интимност, нема можност да се развие самиот себеси и да се љуби и затоа нема способност да ги љуби другите. Нема емпатија.
Манев Игор: Дали може да се каже, на емотивно ниво, дека Нарцисистот е „вечно дете“ бидејќи е емотивно неразвиен?
Сем Вакнин: Да, Нарцисистите се заглавени во процесот на развој меѓу 4-9 годишна возраст во период кога злоставувањето се случило. Некои се заглавени на 4 а некои на 9 годишна возраст. Сите деца нормално се нарцисисти и тоа се нарекува Примарен Нарцисизам кој се разликува од Патолошки Секундарен Нарцисизам. Тоа е кога детето не може да се ослободи од примарниот нарцисизам на 9 годишна возраст. Додека нормалните деца кои се ослободуваат од нарцисизмот на оваа возраст тие развиваат емпатија и способни се да се сакаат себеси и другите луѓе. Со тек на време примарниот нарцисизам се намалува и потполно исчезнува а се развива самодоверба.
Манев Игор: Во вашата книга спомнувате дека има ситуации кога нарцисистот бара од своите пријатели, колеги на работа и блиски луѓе тој да биде казнет па дури и понижуван. Дали тоа барање редовно се случува и зошто?
Сем Вакнин: Тоа не значи дека нарцисистот не може да биде претседател на една држава. Нарцисистите се конструктивни бидејќи можат да привлечат внимание од други луѓе и затоа се добри лидери, харизматични луѓе но на крајот тие ќе уништат сè. Ќе уништат сè што изградиле, ќе сè уништат самите себеси и ќе ги уништат сите околу нив.
Манев Игор: Дали тие го прават тоа само во еден момент или тоа се случува континуирано уништувајќи?
Сем Вакнин: Не тоа не е во еден момент, тоа е циклус. Тие постојано градат и унишуваат, градат и уништуваат. Самоуништувањето има многу психодинамични функции, тоа е форма на ослободување, самоказнување и можност да се почне од почеток.
Манев Игор: Дали чувствуваат задоволство кога уништуваат?
Сем Вакнин: Точно е дека чувствуваат задоволство бидејќи се мазохисти. Мазохистите наоѓаат задоволство во самоуништувањето и уништувањето на другите. Можете да најдете примери кога тие велат: „Ооо, јас се ослободив од целиот товар“ а тоа значи дека тие имаат чувство на ослободување кога се самоуништиле или некого уништиле односно дека ја напуштиле жената, фамилијата или пак, го затвориле бизнисот...Не е повеќе во затвор, тој е слободен човек.
Има силни елементи на самоказнување бидејќи, сетете се, Нарцисистот бил злоставуван и казнуван кога бил/а дете. Тоа е последицата кога детето се третира како објект и таквиот третман остава порака дека сте вишок или дефектен. Тоа во психологијата се нарекува третман на лош објект. На детето постојано му се вели дека е безвредно, дека е дефектно, безкорисно или му се кажува ,,ти си добар само кога изведуваш, перформанс. Ако не изведуваш тогаш си лош!“ Тоа е условена љубов. Постои елемент во Нарцисистот, длабоко во него, чувство на несигурност, недовршеност и инфериорност. Секогаш! И за да се компензира сето тоа тука е Грандиозноста и фантазијата. Но и покрај грандиозноста и големината која ја претставува Нарцисистот тој има чувство дека е дефектен, незадоволен и тоа чувство никогаш не заминува. Ако девојчето е навредувано од родителите дека е грдо, ружно, глупаво и неспособно понатаму, кога таа ќе стане возрасна девојка и успешна сепак сеуште ќе се чувствува грда и ружна и глупава. Колку и да е успешна таа постојано ќе има чувство на инфериорност.
Тоа значи дека постои еден голем јаз меѓу реалноста и нивната перцепција за себеси. Колку и да се успешни нивното чувство е лошо за нив самите. Тој јаз може да се пополни само со самоуништување или кога не успеваат. Тоа е така наречена Конфордна зона, во која како територија е единствена, која Нарцисистот ја знае вистински кога родителите ги нарекувале глупави, дефектни и слично. Позната ситуација во која се чувствува како дома.
Манев Игор: Тој ја знае вистинската ситуација, реалноста и тој не се одвојува тотално од реалноста бидејќи тоа би било Шизофренија. Каде се наоѓа Нарцисистот?
Сем Вакнин: Точно е, тој ја знае реалноста но му треба некој друг за да му го потврди тоа. Тој има чувство на т.н. ладна емпатија. Знае како му е на другиот но без емоции, нема вистинско чувство. Нарцисистот може да гледа во некого, како еден вид рентгенски зраци и веднаш да ги примети лошите и слабите точки на тој другиот а потоа да го манипулира. Може да каже, на пример, дека на ,,тој“ човек му е потребна помош и треба да му се помогне. Ако во просторијата има и други луѓе тогаш тие може да почуствуваат жалење за „тој“ човек за кого се зборува. Тоа е емпатија со чувство, вистинска емпатија. Но Нарцисистот кажува дека „тој“ човек има потреба од помош, тој е интелигентен ама дајте ми го да го злоупотребам, да го манипулирам и да му ги земам парите. Значи Нарцисистот калкулира со вистинските емоции на емпатија кај другите луѓе за да може да ги искористи, злоупотреби.
(Интервјуто со Сем Вакнин продолжува…)
Пишува: Игор Манев
датум: 31 Март 2016г.