Апсолвенти на Медицински факултет во Скопје не постојат!
Без никаква правна анализа се спроведуваат закончиња, низ мала врата, преку кои само поединци можат да се протнат, затоа што тие истите ги измислија.
Тоа што се случува на оваа високо образовна установа сигурен сум дека не може да биде идеја на генијалец или чесен човек, без разлика на неговата професија.
Пред да продолжам понатаму сакам да пренесам како се дефинирани во неколку речници само два збора, а тоа се зборот СТУДЕНТ и АПСОЛВЕНТ. И според онлајн дигиталниот речник на Македонски јазик зборот студент се дефинира како: Слушател на висока или виша школа. Во истиот дигитален речник зборот апсолвент се дифинира како: студент кој ги запишал и што ги заверил сите семестри и добил право да ги полага завршните испити. Многу слични објаснувања можете да прочитате во речникот на Милан Вујаклија како и онлајн на Википедија, слободна енциклопедија. Доколку не се прави разлика меѓу овие два збора тогаш многу е лесно да се создаде конфузија.
фото: дигитален речник на Македонски јазик
Но зборот апсолвент повеќе не постои во законот за високо образование иако морам да ви потенцирам дека во мојот индекс има правоаголен штембил на кој јасно пишува Апсолвент. Интересно е исто така да се спомне дека токму овој збор се користи исклучително и само во високо образовни институции-универзитети. А високото образование ако нешто надополнува и додава нови работи тоа секако се новите зборови, збогатен речник со зголемен фонд на зборови. Така да, во оваа смисла, бришењето на зборовите всушност претставува и осиромашување на високо образовниот речник со кој се служат членовите на академската заедница.
Мојот статус е Апсолвент на Медицински факултет во Скопје кој заслужено го стекнав 2010 година, со заверени XII семестри, завршени предавања и клиничка пракса. Студии организирани низ вкупно 6 години по т.н. Стара програма по која моите обврски беа да положам преостанати испити и секако дипломскиот испит. Меѓутоа од тогаш до 1 октомври 2015 година моите студиите беа во мирување.
Во 2015г. во обид да пријавам испит за Октомвриска сесија, пријавата за испит не беше прифатена од деканатот со образложение дека така повеќе не може. Во меѓувреме се случиле промени на Медицински факултет за кои ние не бевме известени. Зошто би се интересирале за законски промени? Ние не сме правници. Деканатот ги има сите наши лични податоци како домашна адреса, фиксен телефон, мобилен и
и-мејл адреса.
Деканат на Медицински факултет Скопје-УКИМ, фото: Игор Манев
Од моето прво запишување на Медицински факултет во 1990г. се сретнав со многу предизвици како студент и како новинар но морам да признам никогаш до сега со толку сериозен предизвик. За прв пат во мојот живот, во моментот кога ми беше кажана информацијата за условот на студирање, длабоко се замислив и ми отвори многу дилеми кои се однесуваат за понатамошното студирање, затоа што сепак, по толку време поминато на оваа високо образовна установа и на крајот да се добие само едно големо Ништо. Па, зарем е можно целиот мој труд да се претвори во ,,тресење празна слама?“
Нејсе, во следниот период посветив внимание на пронаоѓање на одговорот за проблемите и причините, зошто и како? Не можам да се откажам туку така, наивно, и затоа решив подлабоко да истражам за што всушност се работи. Не ми се допадна начинот, стилот со кој некој се поиграл со мене и затоа се почуствував навреден и понижен.
Се растрчав по неколку институции за кои сметав дека можат да ми помогнат и колку повеќе контактирам со нив толку повеќе добивам јасна слика дека целата игра, околу статусот Апсолвент, е всушност една фарса зад која е очигледно дека се работи за добро смислена манипулација. Финта на која можат да им позавидат и Хари Худини, Дејвид Коперфилд, Дејвид Блејн или Динамо Ман. Редоследот на имињата е според ранк листата на најдобрите илузионисти во свет.
Дејвид Коперфилд - илузионст, маѓионичар
Зачудува и игнорирањето кон фактите за завршена клиничка пракса и предавања до 12 семестар. Игнорирање на сите печати и потписи заведени во Индекс и во Картон за практична настава при Медицински факултет, како да тие факти не постојат или се прават на „Тошо“ како да не постојат. Па, како сум можел да ги добијам сите тие потврдувања ако не со завршување на предавањата и праксата во сите 12 семестри или 6 години?
Индекс со штембил Апсолвент, фото: Игор Манев
Терминот Апсолвент е вториот пример за игнорирање на факт што постои. Бришењето на овој збор од вокабуларот во високото образование е во суштина бришење на студентите кои веќе се стекнале со тој статус. И затоа, очекувано, бришењето на статусот Апсолвент е бришење на сите права на Апсолвенти а тоа се полагање на преостанати испити во секој месец и така по ред до дипломски-завршен испит. Но невозможно е да се избриши цела генерација апсолвенти од 2010г. која беше јавно промовирана со апсолвентска забава во хотел „Холидеј ин“ и со Табло кое видно беше на излог во центарот на градот а како примерок добивме сите ние во формат Ц3 (324 × 458). Голема фотографија на која можеше да се видат и останатите апсолвенти за Радиолошки технолози, Логопеди, Физиотерапевти, Медицински сестри/техничари, покрај Општа медицина.
Апсолвенти 2010 Медицински факултет Скопје-УКИМ
И по овие убави спомени, зошто би се враќале назад во 3 година? Тоа е вистински апсурд! Толкувањето на законот за високо образование не е во корист на студентите-апсолвенти а посебно кога се работи за правата да ги продолжат студиите што ги прекинале под услови определени со статутот на високообразовната установа. Толку ли е тешко да се прифатат овие факти?
Бришењето или не признавањето на зборот Апсолвент секако понатаму не брише сите нас кои тоа се и не претворува во гел форма која може да се дефинира било како со новите законски условувања, кои за мене лично, претставуваат законски лавиринти каде не се знае дали и зад кој агол патеката продолжува или треба да се враќаме назад. Од тие причини се обратив и до УСАИД во Скопје за правен совет.
Никаде во основно училиште не се бара враќање на ученик од 8-мо одделение во 5-то или во средно училиште враќање од 4-та година во 1-ва. Зошто тоа би било исклучок со Медицински факултет? Од сите факултети во УКИМ Медицинскиот е уникатен, единствен, со овој начин на работење.
Понатаму, се игнорира целата практична настава односно апсолвентски стаж кој во рамките на Медицински факултет се спроведува во 12 семестар. Секако дека имам потврда со Картон за практична настава во кој може да се видат сите мои активности и нивно потврдување од страна на асистентите и професорите со потпис и печат, во зависност од предметите. Индексот е дополнително игнорирање, односно заверката на 11 и 12 семестар како и штембил на кој јасно стои АПСОЛВЕНТ.
Картон за практична настава при Медицински факултет Скопје - УКИМ,
Страница 1 и 2
Сите предмети од 1-ва до 6-та година ги следев, практично и теоретски, според Стара програма која дозволи да се стекнеме со статус апсолвент иако предметите сеуште не беа положени од предходните студиски години. Секоја следна учебна година, семестар и пријави за испит ги пријавував токму по оваа Стара програма при деканатот на Медицински факултет.
Се работи за една мала група на апсолвенти, околу 10-15, кои се оштетени и згора на тоа од нив се бара да се вклучат во квази образовен процес кој не кореспондира со реалноста. Процес кој може слободно да се нарече Академска коруптивност во високото образование при УКИМ во рамките на Медицински факултет.
Уште повеќе и повеќе и повеќе овој начин на постапување во македонските образовни институции, кои веќе ги посетив, јасно ги покажува класичните симптоми на Неофашизам. Впрочем, во денешно време Неофашистичките движења јавно го игнорираат Холокаустот како тој воопшто да не постоел, никогаш не се случил. Со интенција потполно да се избрише од човечката меморија.
Иако веќе се поднесени приговори, молби и жалби основното барање е да се дозволи нов разумен рок за да си ги завршиме студиските обврски, како положување на преостанатите испити во секоја сесија и така до конечно дипломирање.
Пишува: Игор Манев
датум: 29 Февруари 2016
Според индексот на Транспаренси интернешионал Македонија е рангирана за 2015 г. на 66 место од вкупно 176 земји. Односно за 2 места подолу отколку што беше рангирана во 2014 година. Местото го делиме со Русија и Ел Салвадор. Колку за споредба земјите Оман и Куба, кои се познати како недемократски земји, се рангирани неколку места пред нас. Околу 40 поени на оваа ранг листа има Македонија додека тие без корупција имаат околу 100 поени.
Се работи за Медицински факултет, државна установа која е во рамките на УКИМ, и чија деканска управа во 2015г одлучува кофинансирањето од 50 евра, за Апсолвенти, да го зголеми за 8 пати или 800% до износ од 400 евра за една година. За да биде со уште погорчлив вкус Апсолвентите се враќаат назад во 3-та студиска година за да може, секако, да се добие супер профит од 1600 евра од Апсолвент. Додека завршат со студиите треба уште 4 и нешто години а тоа значи сума меѓу 1600-2000 евра до дипломирање. Притоа, за одлуките на Деканатот, Апсолвентите не се информирани и не се во тек туку со условувачки интелектуални заплашувања bullying се бара од нив плаќањето да се одвива во 2 рати по 12.000ден иначе, Апсолвентите ќе мора да се вратат на приемен испит на Медицински факултет.