Странски банки во земја на фараоните, Македонија
Тоа е апсолутно граѓанско право невработени лица да прашаат и да добијат финанскиска помош во форма на кредит, во износ толку колку што побарале.
Летото започна точно пред четири денови и сега ни остануваат уште 86 на располагање за да одлучиме кога во блиска иднина ќе ги искористиме нашите слободни денови за одмор. Најтоплата сезона трае до 22 септември затоа што календарски тогаш започнува есента, нема многу време за размислување туку, парите в џеб и сите да купиме аранжмани па макар тоа биле и најефтините.
Летен одмор – Summer holiday
Сите ние одиме на летни одмори
нема повеќе работење за една седмица или две
забава и смеење на нашите летни одмори
нема повеќе грижи за мене и тебе за една седмица или две
одиме на сонце расположени
одиме каде морето е плаво
го видовме на филмовите
сега ајде да видиме дали тоа е вистина?
Клиф Ричардсон, американски пејач
Фото: Абрахам Хикс
Месец Мај се смета за пред сезона, иако календарски е во пролет сепак, аранжманите се најефтини во тој период и затоа се купуваат како сладолед.
А Фејсбук е полн со фотки од наши пријатели кои постираат од места покрај море или езеро, било каде само да е покрај вода. Спас од високите атмосферски температури, водата е течност која дефинитивно ја намалува телесната температура и ни дава чувство на свежина.
Колор фотографии со насмеани лица уживаат во убавините на природата околу нив, задоволни се од изборот на аранжманот што го платиле.
Додека ги гледаме сликите од пријателите во оваа состојба на задоволство кај некои предизвикуваат дури и чувство на завист: „Зошто тие имаат пари за одмор а јас сеуште не сум ниту приближно до таму? Невработен и без пари. Ок, ќе земам заем од банка а потоа од септември ќе си најдам некоја чесна работа или ќе одам во странство. Таму сигурно ќе заработам за да ги вратам парите во банка.“
И во моментот кога сме ја донеле таа одлука, одиме во најблиската странска банка за да побараме кредит за реализација на нашите идни планови. Впрочем, наши македонски банки и не постојат во Македонија затоа единствените каде можете да се упатите се Стопанска Банка купена од Грција, Охридска Банка купена од Франција, Шпаркасе Банка во сопственост на Австрија, Комерцијална Банка… и така по ред за сите банки во Македонија.
Нејсе, нашата решителност ни вели дека треба да се распрашаме, под кои услови овие странски банки даваат кредити?
Стопанска и Комерцијална банка во нас. Ченто, фото: Игор Манев
Иако невработени, сите граѓани имаат право да побараат и да добијат кредит! Тоа не е простотија како што сметаат некои пензионери, затоа што невработени не треба да бараат кредит. Тоа не е ниту храброст како што сметаат интелектуалците со слаби морални вредности.
Тоа е апсолутно граѓанско право невработени лица да прашаат и да добијат финанскиска помош во форма на кредит, во износ толку колку што побарале.
Во стилот на Клиф Ричардсон, американски пејач, се поставува прашање: „Ајде да видиме дали е тоа вистина?“ Kои се условите за да се земе кредит во Стопанска Банка? Eдна службеничка одговори:
Службеничка во Стопанска банка: Може да се земе кредит максимум до 84 рати, тоа е 7 години, а минимум 6 месеци рок на отплата. Во првите 2 години фиксна каматна стапка од 6%, остатокот е 10.13%
Критериуми за кредит се дека мора да бидат државјани на Македонија, со пасош, во редовен работен однос, минимален приход 8.100ден. Минимум 20 г. и максимум 67 години возраст.
Невработен: Дали можете да ми дадете кредит во износ од 180.000 ден?
Ако не сте во работен однос нема да можете да аплицирате. Морате да бидете вработени минимум 6 месеци. За овие што не се вработени нема услови за аплицирање.
Имате ли некоја опција за патување во странство? Бидејќи 3000 евра во странство не е ништо таму се заработува повеќе.
Да ве разбирам меѓутоа…
Ако се работи за кредит со оваа сума и рок на отплата од 7 години тоа ќе се врати сигурно!
Ве разбирам меѓутоа нема опција да не сте во работен однос и да аплицирате.
Што правиме со тоа дека во Македонија има официјално 30% невработеност а неофицијално околу 60% ? Како тогаш со таква ниска стапка на вработеност, зошто е тоа услов?
Такви се условите господине, значи услов да сте во работен однос. На кој начин би го вратиле, под предпоставка дека ќе одите во странство на кој начин би го враќале самиот кредит? Сепак тоа ви е услов да се аплицира!
За да може да се оди во странство мора да се земе Виза, значи еве и вие спомнавте една од опциите треба да се биде државјанин со пасош. Ако во пасошот има Виза тогаш тоа значи дека тој човек ќе оди во странство.
Така меѓутоа можеби визата е земена на основ на туриста, мислам нема, нема начин, мора да сте во постојан работен однос за да се аплицира. Сепак, вас визата не ви гарантира дека ќе отидете во странство и дека ќе имате приливи таму.
Па, сите што одат во странство одат да заработат.
Така ве разбирам меѓутоа не може на тој основ да се аплицира.
Еве за пример, во Швајцарска банка, за швајцарците тие што ќе земат кредит Швајцарска банка им дава бонус плус.
Да меѓутоа јас ви кажувам какви се условите во Стопанска Банка.
Да, ама јас ви кажувам како е во други држави каде што банките се грижат малку повеќе во оваа смисла од финансиски аспект за сопствените граѓани. Значи овие услови кои вие ги нудите се само за тие кои што работат. А процентот на вработени во Македонија е на многу ниско ниво. Затоа!
Во ред меѓутоа тоа е условот! Тие се првични услови значи, мора да сте во работен однос.
Добро значи ако не е вработен нема шанси да земе кредит без разлика што е државјанин на Македонија така?
Без разлика значи, вие исполнувате само еден од условите. Меѓутоа тој дополнително не го исполнувате.
Добро ви благодарам
Нема на што пријатно.
Од овој разговор кој можете да го проследите и чуете може да се заклучи дека во странските банки не постои интерес за Македонските граѓани, апсолутно никаков за невработените. Тие се заинтересирани само за 16% вработени кои чекале помалку од една година за да се вработат.
Кликни за видео, разговор со службеничка од Стопанска банка; Фотошоп: Игор Манев
Податоците кои статистички се обработени и можат да се најдат на indexmundi.com се фрапантни. Околу 83.20% од граѓаните во Македонија се водат како невработени под графата long term unemployment што во превод значи граѓани кои во просек се невработени повеќе од една година додека да најдат работа. Па, што ако најдат? Дали е тоа сигурна работа? Можеме ли ние да се повикаме на сигурна работа на истиот начин како што странските банки бараат сигурност од нас дека ќе им ги вратиме парите?
Македонија меѓу првите 3 земји во светот по долгогодишна невработеност, фото: индекс мунди
За нашите соседни земји како Грција, Србија, Бугарија и Романија состојбата со невработеноста е слична но, најлоша е во Македонија. Ние сме хит, ние сме најгоре на графата, во негативна смисла се разбира со 83.20%. Изгледа дека ѓаволот ја мати водата на Балканот. Со какви верувања живееме, дали сме верници на Неофашистичка идеологија, Неокомунистичка можеби или Атеисти, дали сме Христијани?
Во Македонија не постои сигурно вработување и тоа е факт. Доколку земете кредит на 7 години како вработен, никој не ви гарантира дека заради тоа ќе си го задржите работното место за да го вратите кредитот. Се случуваат токму обратни работи! Веднаш само што ќе ги земете денарите од кредитот и во вашата канцеларија, кон вас ќе почнат методи на заплашување т.н. bulliyng. Со зборовите „ако не направиш така како што ти кажуваме ќе добиеш отказ…!“
Рацете на Македонецот дури тогаш се врзуваат во ланец, симболот за модерно ропство. Доколку некои се спротистават дефинитивно добиваат отказ и згора на тоа долг кој во Македонија нема да можат да го покријат лесно. „Во која држава сега да си заминам?“
Странските амбасади се најчестото решение, апликациите за Виза со можност за работа засега се единствениот клуч за сопствено ослободување од прангите на финансиското ропство во Македонија. Службеничката на Стопанска банка е убедена дека визата не ви нуди гаранција дека ќе го вратите долгот но, фактот дека во Американската амбасада имате опција да побарате Виза од типот Temporary Worker Visas привремена работна Виза ја открива неинформираноста и тоталната незаинтересираност на банката за апликантите. Слични опции за вработување можете да најдете на официјалните веб страници на други странски амбасади во Македонија.
Западно-Европските држави се на таргет од Македонските граѓани. Меѓу нив најчести дестинации се Америка, Австралија, Германија, Англија, Франција, Италија и Шпанија. Зачудува фактот дека тамошните банки даваат кредити на странци како Македонците. Кредит за кола, кредит за компјутери, кредит за куќа со базен, кредит за сопствен бизнис... Кредити на избор за Македонци од кои изгледа дека Швајцарска банка нуди најдобри услови за заем и отплата. Што е разликата меѓу Стопанска и Швајцарска банка, во поглед на давање кредити за Македонци во Македонија?
Банките во Македонија не се омилени во нашата популација, тие нудат услови кои всушност ја покажуваат алчноста на директорскиот управувачки борд. Со нивните т.н. критериуми за позајмување финансиски средства, шансите за невработени граѓани да се напијат вода од нивниот извор се сведени на нула 0 бидејќи, таква опција не постои.
Од оние пак кои се сметаат за вработени, треба да се направи разлика меѓу тие што работат со договор на дело, потоа вработени на определен рок и тие кои навистина се вработени со решение и на кои им тече работен стаж. Шансите да добијат кредит од банка, за граѓаните со договор на дело и тие на определен рок, се толку мали што побрзо ќе добиете на спортска прогноза 1 0 2 отколку 200евра од банка. Кредитите се ништо друго освен варијанта за игри на среќа.
Централна банка на Бразил и Британска банка, фото: лист25
Банда на крадци го пронашле својот пат до сефот на централната банка Banco Central во Бразил, благодарение на куќа под кирија која им овозможила влез преку тунел ископан под земја. Како што се очекувало од висок профил на банка во Бразил, сефот бил екипиран со аларми и разни сензори кои биле успешно деактивирани. Преку 5 контејнери биле украдени во кои имало вредност од околу 95 милиони долари.
Ова е вистинска сторија која е рангирана на 15 место од топ 25 најголеми кражби во светот. Следната приказна се однесува на грабежот во Англиска банка The British Bank во Бејрут, средниот исток.
Имено, во Јануари 1976 год. група поврзана со Палестинска Ослободителна Организација (PLO) влегле во продавниците на банката преку ѕид на Католичка црква, кој бил разнесен со експлозив. Во период од два дена крадците натовариле камиони со пари, злато, накит, акции и бондс. Крадците никогаш не биле фатени. Грабежот е рангиран на 11 место.
СМБЦ банка, фото: лист25
Петтото место го завзема грабежот на Sumitomo Mitsui Banking Corporation (SMBC). Акцијата започнала со предходна подготовка на интернет мрежа преку која тајно биле пресретнати офшор акаунти, пасворди и детали за акаунтите. Употребувајќи ги украдените информации еден тим од странски хакери шверцувале во банката отворени нарачки за плаќање кон секој агол од земјината топка. Доколку интернационалната банда успееше да извлече 229 милиони фунти од СМБЦ тоа ќе беше најголемиот грабеж во Британската криминална историја. Оваа елаборирана операција скоро да ги помина безбедносните системи на Свифт (Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunication) платежен механизам. Но за жал, бандата крадци погрешно пополниле некои електронски формулари.
Заклучокот од овие искуства е дека не постои 100% сигурност за заштита на капиталот во банките. Во денешно време, криминалците од највисок ранк тежнеат да вклучат компјутери и интернет мрежа повеќе отколку пушки и торби со кеш.
Криптовалути се најновите средства за трансакции на разни финансиски добра, преку интернет, и токму овие дигитални валути се мета за хакери кои знаат како да си ги присвојат во сопствена корист. Иако Криптовалутите се вулнерабилни сепак, најголемите кражби во историјата се случиле без софистицирана технологија. Сè што било потребно е доволно време за планирање и секако алчност.
Пишува: Игор Манев датум: Понеделник 26 Јуни, 2017